Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
okay-face.jpg


Со 11 октомври ке може да игра Рангелович ??
 
Епа ако неможеш ти да дадеш, викни некој другар, брат, сестра, мајка, татко братучед. Важно е да се соберат што може повеќе едници крв.
 
Акцијава е во понеделник така?
А јас во недела на свадба сум.:DСепак ке дојдам па ако ми земат крв ми земат ако не следен пат.
 
Хуманитарна Акција- Крводарителство

Вториот дел од хуманитарната акција- "Октомври- месец на хуманост" ќе содржи дарување на крв, а истото ќе се реализира во Домот на Арм, во Понеделник во 18.00 часот.
Поканети се сите хумани луѓе да присуствуваат, да дадеме крв и да спасиме живот, да допридонесеме за оние на кои најмногу сме им потребни..
Повикајте ги вашите пријатели, колеги, родители да бидат дел од оваа хуманитарна акција и сите заедно да го изработиме ова успешно.
Напомена дека на денот на дарување крв(Понеделник) да не се конзумира алкохол, а исто така пожелно е и ден пред тоа, односно во Недела исто така да го избегнете алкохолот.
Третиот дел од акцијата ќе биде донација на 300 маички за Македонците во Албанија, кои ќе се поделат на Македонските деца низ училиштата. Повик до сите кои сакаат да помогнат за да се набават тие 300 маички да не контактираат на нашиот меил komitizapad@komiti.org
320180_175377572546162_100002217615526_371306_561955956_n-1319546635.jpg
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1024112013532&id=19&prilog=0&setIzdanie=22413
Поминаа 50 години од првиот настап на Македонски тим во Европа.
Во 1961 година Вардар гостувал кај Шкотскиот Данфермлајн и бил поразен со 5-0.
Вардар е екипа со најмногу настапи во Европа од Македонија, и конечно после 5 години пауза, летово одоново ќе играме во квалификациите од некое натпреварување, а се надевам дека тоа ќе бидат квалификациите во ЛШ:)
 
НАПОМЕНА ДЕКА СИТЕ ШТО ЌЕ ДАДАТ КРВ СПОРЕД ЗАКОН ДОБИВААТ 2ДЕНА СЛОБОДНИ ОД РАБОТА/ ШКОЛО И ИСТИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ БЛАГОДАРНИЦА ОД НАВИВАЧКАТА ГРУПА КОМИТИ
 
^ И најверојатно ќе се игра во Маџари на стадионот Борис Трајковски.
 
Натпреварот против Работнички ќе го судат судии од Малта...
Малта?:confused:

Инаку денеска имаше некој наптис за Комити во Спорт, околу известувањето ама само насловната ја видов.
Мислам дека насловот беше КОМИТИ НЕМА ДА СОРАБОТУВААТ СО ЛОПОВСКОТО ФФМ:)
 
Малта?:confused:

Инаку денеска имаше некој наптис за Комити во Спорт, околу известувањето ама само насловната ја видов.
Мислам дека насловот беше КОМИТИ НЕМА ДА СОРАБОТУВААТ СО ЛОПОВСКОТО ФФМ:)
Тоа е. Околу формирањево на навивачката група за репрезентација шо ќе биде, пренесен е ставот на Комити :)
 
Натпреварот Вардар- 11 Октомври ќе се игра во Сабота во 14.00часот на стадионот во Ѓорче.
Потребни сме му на Вардар секој натпревар, бидејќи секоја победа е чекор поблизу до долго очекуваната титула.
Повик до сите членови да присуствуваат на овој натпревар, да направиме добра атмосфера, да ја наполниме трибината во Ѓорче и да славиме победа.
Собирање ќе има на Железничка и на Фонтана во 13.00 најкасно, бидејќи во 13.20 ќе се трга !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom