Емирот од Катар ќе инвестира половина милијарда евра во Македонија?

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.744
Поени од реакции
4.507
Слободно нека си изгради откупни центри за овошје и зеленчук како на хрватски Агрокор и слободно нека си тера бизнис со овошје и зеленчук, јас немам ништо против тоа, во случај на суша или недостиг на храна, логично ќе биде да се забрани извозот на храната, како што беше случајот со пченицата неодамна.

Но кога сме кај сточарството, тоа е веќе прашање на совест кај сточарите, дали сакаат да го хранат народот или да си ги наполнат џебовите, но и тука треба да интервенира Владата исто како што беше случајот со пченицата неодамна, да се воведе фиксен процент на стока која не смее да се извезе од Македонија, 35% (или повеќе) е прифатлива цифра како за почеток, а остатокот слободно нека го извезуваат.

А кога сме кај водата, мојот одговор бил, е и ќе остане:

ДЕФИНИТИВНО НЕ !!!

МАКЕДОНСКАТА ВОДА

НЕ БИЛА,
НЕ Е
И
НЕМА ДА БИДЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА !!!
Братче верувај инвестицијата е добра работа како и да гледаш(единсвен проблем е ако има идиоти на власт)
Може многу едноставно да му стави 500% данок на извоз и нормално дека нема да извезува ќе отиде у минус за 1 месец.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
Братче верувај инвестицијата е добра работа како и да гледаш(единсвен проблем е ако има идиоти на власт)
Може многу едноставно да му стави 500% данок на извоз и нормално дека нема да извезува ќе отиде у минус за 1 месец.
Со власт како денешнава можеме само да сонуваме 500% данок на извоз, напротив, денешнава власт до бескрај повторува дека сме даночен рај за странските инвеститори, а со оглед на фактот дека идиоти се на власт уште од 1992 кога падна првата независна влада на Македонија на чело со Никола Кљусев, слободно можеме да дојдеме до заклучок дека е тешко, ако не и невозможно, да дочекаме асални луѓе на власт во блиска иднина.

Ич нека не доаѓа, како што веќе спомнав претходно, најавување инвестиции без конкретни имиња и рокови, е исто што и продавање магла.

Работава, се спуштила магла над Мариово, селаниве го прашуваат Итар Пејо што е тоа, а Итар Пејо им одговара: "Волна, селани, волна", па селаниве предизвикуваат стампедо симнувајќи се доле во Мариово да соберат од "волната". :pos:
 
H

HITCH

Гостин
за тоа има кој да мисли, ваљда знае што прави државава. не се без памет со толку поминато искуство и советници околу нив
За советници се поставуваат деца од 23-4 години! Ај, немој да ми мудруваш, те молам! Многу убаво ќе ти објаснам: секоја инвестиција е добредојдена, НО мора да се внимава на се`. Нешто што недостасува во македонската економија е некој да направи резиме што се случува, кој и како инвестира, кој и како гради, кој и како кради...
На крајот на краиштата, ако имаше кој да мисли за инвестиции немаше да се земаат заеми за да се изгради Скопје 2014, туку ќе најдеа инвеститори, граѓаните немаше да земаат кредит за да платат друг кредит. (Немој ни да си се обидел топката да ја префрлиш на други Влади, оти муабетот ќе појде во сосема друга насока, башка што оваа влада доби мандат да ја средува економијата!!!)
Повторувам, убаво е што ја поддржуваш катарскава инвестиција, но јас мисалм дека ризикот да изгубиме е поголем, отколку да добиеме нешто.

П.С. И јас сум десничар по убедување, но тоа не значи дека треба да ја поддржам секоја одлука на Владата на Р. Македонија. Имам своја глава за да размислам, сфатам и одлучам што е добро, а што е лошо прво за мене како поединец, а потоа и за мојот народ.
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
П.С. И јас сум десничар по убедување, но тоа не значи дека треба да ја поддржам секоја одлука на Владата на Р. Македонија. Имам своја глава за да размислам, сфатам и одлучам што е добро, а што е лошо прво за мене како поединец, а потоа и за мојот народ.
Ај ќе те наплавиме платеник во Соблание следниот мандат и ќе видиме дали ќе гласаш за сите одлуки како ќе наледам јас Глујо, има пипелевка да иглаш :pos:

Абе дошол емирот да ебне нешто на стари години и да бара пички за харемот и затоа не го земал син му со него, слушам правеле журка и пушеле трава во Аце палас Глујо му дал од некои млекари што саделе трава по бавчите, па се запалиле зашто Ивона од Сител многу вовлекувала, и на крај и направиле букаке и такви ствари . . .

Нема врска муабетов со емирот од Катар, го донесоа само да се испосликаат со него на Сител за пред народ, домашна пропаганда, го напунија со подароци и си отиде човекот како и да не дошол воопшто . . .
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
за тоа има кој да мисли, ваљда знае што прави државава. не се без памет со толку поминато искуство и советници околу нив
Никот ти е баш на место со вакви постови.
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Со власт како денешнава можеме само да сонуваме 500% данок на извоз, напротив, денешнава власт до бескрај повторува дека сме даночен рај за странските инвеститори, а со оглед на фактот дека идиоти се на власт уште од 1992 кога падна првата независна влада на Македонија на чело со Никола Кљусев, слободно можеме да дојдеме до заклучок дека е тешко, ако не и невозможно, да дочекаме асални луѓе на власт во блиска иднина.

Ич нека не доаѓа, како што веќе спомнав претходно, најавување инвестиции без конкретни имиња и рокови, е исто што и продавање магла.

Работава, се спуштила магла над Мариово, селаниве го прашуваат Итар Пејо што е тоа, а Итар Пејо им одговара: "Волна, селани, волна", па селаниве предизвикуваат стампедо симнувајќи се доле во Мариово да соберат од "волната". :pos:
Нема овој пат ќе ги поштедам ми е жал:icon_lol: ама овој со карираната чорапа на глава ќе им даде млеко од камила да пијат па може ќе им се избистри главата па ќе прогледаат заложнициве на пропагандата на Гебелс:icon_mrgr:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Никот ти е баш на место со вакви постови.
какви?

види дечко, јас го кажувам моето мислење, а ти можеш до утре да "паметуваш" со улични муабети за мојот ник и мислења.
како прво немаш пишано ниедно мислење на темава а се кладам и дека го немаш а не па да ми вратиш со аргументи а не со тресење глупости. Затоа не ме вознемирувај.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Многу здраво за готово се земаат вакви објави. Сепак нема ништо конкретно останува еден типичен новинарски штрек. На крајот според мене една единствена инвестиција можеби онаа со јагнињата, никакви рафинерии.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Де бе само за пари сте зинале колку проблеми имаме ние овде на ова парче земја.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
ЕееМирЧо, многу малку, бе.
Мислиш нас од небо ни врнат ќебапи. Не е ова нафта..(n)
Ај плати си таму што ни дојде на гости и повеќе да не сме те виделе тука.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
убав вовед на темата......единствено шо ми падна негативно во очи - Сител дознава !
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Абе што сте запнале лелееее емирот ќе ни ја земел водата леееее ќе останеме без вода цццц...а не гледате како секој ден нерационално се троши вода :mad::mad:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Абе што сте запнале лелееее емирот ќе ни ја земел водата леееее ќе останеме без вода цццц...а не гледате како секој ден нерационално се троши вода :mad::mad:
И? Да не сакаш и изворите да му ги дадеме?
Мене ми се допаѓа секој денар во оваа економија, буквално секој е добредојден да вложи пари и да отвори работни места. Сакал јагниња, ене му бујрум нека одгледува и нека ги извезува. Сакал хотели, ене му места нека гради. Сакал образование, ене му факултети нека стипендира.
Но немој да ми се чепка за природни ресурси, вода, воздух и пасишта. Оти само тоа го имаме!
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Еве бе и весникот Вечер дознава не е само Сител тв
Околу половина милијарда евра се очекува да бидат инвестирани во Македонија од страна на Катар, дознава дневниот весник „Вечер“.

Како што пишува „Вечер“ Емирот од Катар Хамад бин Калафа ал Тани, долго време ја анализирал Македонија и по направените анализи тој се одлучил да ја посети земјата. Најмногу инвестиции се очекуваат во земјоделството.
Шеикот бил презадоволен од квалитетот на македонската храна, а особено од македонското јагне, кое било многу поквалитетно од она што се увезува во Катар. Поради тоа Катарците сакаат да одгледуваат околу 10 илјади јагниња кои ќе се колат според ХАЛАЛ стандардите во новоизграден објект.
Планирана е и изградба на рафинерија која ќе треба да го снабдува со нафта целиот Балкан.
Емирот сака да финансира и во домашното образование, посебно во дефицитарните гранки во Катар, по што дипломците ќе може да бараат работа на истокот.
Катарците биле исто така заинтересирани и за инвестирање во македонската вода, изградба на хотели и преработувачки капацитети.
За неговиот тим Македонија била интересна за инвестирање најмногу поради одличните услови за производство на здрава храна.
Дека постои интерес за инвестирање, потврди и бизнисменот Мендрес Кучи, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија, кој присуствуваше на свечената вечера во чест на Емирот.
- Од нивна страна интерес за инвестирање има само бараат конкретни проекти. Интересот за економска соработка доаѓа од таму што тие немаат се она што ние имаме и обратно. Така катарската делегација се интересираше за нашата вода а ние за нивната нафта, вели Кучи.
И во владиното соопштение по повод посетата на Ал Тани на Македонија се нагласува дека од страна на Емирот на Катар била изразена нивната заинтересираност за реализација на инвестициски проекти во Република Македонија во повеќе области, со особен интерес за енергетскиот сектор, банкарството, земјоделството и инфраструктурата.
http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/47058-Katar-ke-investira-polovina-milijarda-evra-vo-Makedonija
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
^

Сител, Курир и Вечер се еден ист медиум, но во различни формати, телевизискиот формат е Сител, Интернет форматот е Курир, а печатениот формат е Вечер, се е кристално исто кај овие три формати на еден ист медиум, реториката и политичката, односно партиската ориентираност, им се кристално исти и затоа треба да се третираат како еден ист медиум, а не како повеќе различни медиуми.

Вода за нафта ?

Звучи познато, нели и во Ирак, Авганистан, Саудиска Арабија и останатите арапски земји има слична програма која се вика Нафта за Храна, па уште и под покровителство на Организацијата на Обединетите Нации ?

Арапите си ја продаваат нафтата за храна, па сега и ние да си ја продаваме водата за нафта ?

Зависни сме од вода, нема замена за водата, водата е живот, а нафтата е енергенс кој, за разлика од водата на која не можеме да и најдеме замена, на нафтата можеме да и најдеме замена, како за почеток, можеме да преминеме на гориво од етил алкохол, кој може и во Македонија да се произведува со домашни суровини, речиси сите возила во светот користат мотори кои или можат да согоруваат етил алкохол, или со мали и евтини модификации ќе можат да согоруваат етил алкохол.

Така е во Јужна Америка, која е богата со нафта, но уште побогата со шеќерна трска од која се произведува шеќер од кој со дополнителна обработка, се добива етил алкохол, во Јужна Америка има цели градови во кои се возат само возила кои согоруваат етил алкохол, а не фосилни горива.

Не се премногу брзи ?

Тоа е проблем за тие кои сакаат брзина, важно е транспортот да биде безбеден, ефикасен, ефективен и евтин, а користењето на етил алкохол како гориво е многу поисплатлива инвестиција и од економски гледна точка и од еколошки гледна точка, а за тие кои сакаат брзина, ќе чекаат подобри времиња.

Ем еколошко гориво, ем можеме од сопствени суровини да го произведуваме, ем евтино, а заклучокот од овие 3 важни фактори е: дефинитивно поисплатливо од зависноста од увоз на нафта.

За водата нема замена, а за нафтата има.

Не ни треба арапската нафта, треба владата да даде поголеми субвенции за одгледувачите на шеќерна репка, а одгледувачите на шеќерна репка треба заедно да се здружат и да изградат нова шеќерана, за да се ослободат од зависноста од Битолска Шеќерана, која е синоним за шеќерен рекетар.

Но како што спомнав, преминувањето на гориво од етил алкохол треба да биде само почетна фаза, понатаму можеме да преминеме кон хибридни автомобили кои ќе работат и на етил алкохол и на електричен мотор, па понатаму да преминеме и кон целосно електрични автомобили итн. но преминувањето на гориво од етил алкохол е првиот чекор кон ослободување од зависноста од нафтата.

А емирот од Катар нека си го носи капиталот за вода и за градење на религиски објекти кај нашите соседи, за се останато слободно нека инвестира во Македонија колку му душа сака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom