Емирот од Катар ќе инвестира половина милијарда евра во Македонија?

Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.393
Доколку емирот откупува повеќе тогаш логички е дека ке се зголеми производството :) пласманот е најголем проблем,а доколку тоа се реши за другото немај гајле..ако треба ја ке чувам јагниња доколку имам сигурен купец.
 
H

HITCH

Гостин
една милијарда долари од тајван, а емиров од пола до една милијарда евра
Вредноста на доларот не беше ваква!

Убаво е што се радуваш на инвестиции, но треба малку поубаво да ги разгледаш работите. Треба да видиш кој колку пари инвестирал во Македонија, да провериш каква е политиката, која е причината за да инвестира во Македонија, колку сака да инвестира, од каде се парите... Малку подетално позанимавај се со темава и ќе ти стане јасно дека ова е помалку и ризична инвестиција. Катар е многу богата муслиманска држава. Ќе треба да се провери дали финансирале некои македонски невладини организации.

1 (една) милијарда не се никакви пари за една држава да може да застане на нозе. Многу се за нас како поединци, оти ги немаме. Нас ни требаат многу пари, затоа не се согласувам со констатацијата демек ете влегоа некои пари, колку - толку нешто мрдна... Пристапот колку - толку за државата покажува колку е (не) сериозна.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Вредноста на доларот не беше ваква!

Убаво е што се радуваш на инвестиции, но треба малку поубаво да ги разгледаш работите. Треба да видиш кој колку пари инвестирал во Македонија, да провериш каква е политиката, која е причината за да инвестира во Македонија, колку сака да инвестира, од каде се парите... Малку подетално позанимавај се со темава и ќе ти стане јасно дека ова е помалку и ризична инвестиција. Катар е многу богата муслиманска држава. Ќе треба да се провери дали финансирале некои македонски невладини организации.

1 (една) милијарда не се никакви пари за една држава да може да застане на нозе. Многу се за нас како поединци, оти ги немаме. Нас ни требаат многу пари, затоа не се согласувам со констатацијата демек ете влегоа некои пари, колку - толку нешто мрдна... Пристапот колку - толку за државата покажува колку е (не) сериозна.
за тоа има кој да мисли, ваљда знае што прави државава. не се без памет со толку поминато искуство и советници околу нив
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Не се радувајте пред време, кога ќе ги инвестира тие миљарди тогаш ќе се радуваме.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
Не се радувајте пред време, кога ќе ги инвестира тие миљарди тогаш ќе се радуваме.
Ако ни ги дава неговите милијарди во замена за нашата храна и вода, воопшто нека не се малтретира да ги троши кај нас, нека ги троши кај нашите соседи, не ни требаат неговите милијарди за такви цели.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
^ Намали доживљај со водава, аман ... нема вода кај нас за продавање разбери веќе еднаш ...им дошло на нив за нашата вода ... нема проблем ...
За вистинските цели на арапите употреби малце фантазија ќе ти стане јасно што бараат тука ... види пост на Хич малце погоре
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
^ Намали доживљај со водава, аман ... нема вода кај нас за продавање разбери веќе еднаш ...им дошло на нив за нашата вода ... нема проблем ...
За вистинските цели на арапите употреби малце фантазија ќе ти стане јасно што бараат тука ... види пост на Хич малце погоре
Вода за пиење - ДА, Вода за продавање - НЕ,
од твоја уста во Божји уши !!!

И секако дека арапите не се толку дарежливи за инвестирање во Македонија, па ако во период од 5 века под турско ропство инвестирале исклучиво во џамии и затвори, тогаш нема што да се дискутира околу нивниот интерес за инвестирање во Македонија, ај ќе речеш тогаш не се живеело во вака глобализирано општество, но 5 века и ниту една посебна инвестиција, ти се молам.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Се некои турци, арапи, косооки, италијани со сомнително потекло..... кај се бе нашите тајкуни да го инвестираат „тешко’’ заработеното...
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Ќе инвестира ... во бурмали џамија и ќе се отворат нови работни места, не се секирајте ич!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
Се некои турци, арапи, косооки, италијани со сомнително потекло..... кај се бе нашите тајкуни да го инвестираат „тешко’’ заработеното...
Вистината е дека нашите тајкуни всушност се претопија во западњаците.

А како заработуваат западњаците ?

Па преку позајмување пари, преку кредити, кратко и јасно, преку задолжување.

Но со светската економска криза од 2008, сето тоа што го имаа "тешко" заработено се стопи, бидејќи очигледно не го заработиле тешко, туку по пат на задолжување, со други зборови кажано, тие не се повеќе тајкуни, кој знае како врзуваат крај со крај, а ако има тајкуни меѓу нив, последно нешто што би им паднало на ум би било да инвестираат во Македонија.

Минатава зима 2010/2011 и минатово лето 2011, во повеќе наврати нашите тајкуни повторија дека Македонија е добро место за доаѓање на одмор, но не и за живеење и работење, а особено не сега, кога се презадолжени до тој степен што и 10-то колено после нив ќе се раздолжува плаќајки ги нивните долгови.

А зошто би инвестирале во Македонија ?

На крајот на краиштата, тие си заминале од овде бидејќи не биле задоволни од економските и социјалните стандарди во Македонија, не им должат ништо ниту на Македонија ниту на македонскиот народ, а своите пари можат да ги трошат на што сакаат, бидејќи тоа се нивни пари.

Ќе инвестира ... во бурмали џамија и ќе се отворат нови работни места, не се секирајте ич!
И тоа ќе го дочекаме, за жал.

Еве, баш минатава недела, во темата за облакодерите кои е планирано да се градат во Аеродром, а треба да ги гради турски инвеститор, ја спомнав информацијата дека турскиот инвеститор наводно планира да гради црква и џамија на таа локација, оштина Аеродром ја негира оваа информација, но тешко е да се бира на кого да му се верува, на општината која повеќе не е сопственик на тоа земјиште, или на турскиот инвеститор кој е сегашен сопственик на тоа земјиште и може да гради што сака на тоа земјиште, откако претходно ќе обезбеди соодветни дозволи за сето тоа, се разбира:

http://forum.kajgana.com/threads/Како-ќе-изгледаат-четирисеткатниците-во-Аеродром.55012/

Можеби во позадина тоа е почетна инвестиција од емирот од Катар, кој знае, фактот дека е од Катар не значи дека мора да е катарска инвестиција.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
На крајот на краиштата, тие си заминале од овде бидејќи не биле задоволни од економските и социјалните стандарди во Македонија, не им должат ништо ниту на Македонија ниту на македонскиот народ, а своите пари можат да ги трошат на што сакаат, бидејќи тоа се нивни пари..
Тајкун је неформални израз којим се означава човек који заузима истакнуто место у свету индустрије, захваљујући чему је стекао велико богатство. То је веома богат и моћан пословни човек или индустријалац. Поред назива тајкун, за пословне магнате се још користи израз могул.
Тоа погоре е дефиниција за тајкун, но во нашиот случај тајкун означува човек кој во „транзицијава’’ преку ноќ се енормно збогатил... така да дискутабилно е кој на кого должи и кое чие е.
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
vo koj film vlevate bre luge????
ke ja nosat vodata vo katar so tubi ili vo cisterni???
ako ne da im ja stavime vo dzeb pa ke pijat voda
koj gi znae sto biznisi matat site a ne vodata ke ja nosele
da reces za nafta da razberam
da napravat uste edna rafinerija
sega da pocnat da ja gradat a koga ke im pomine ekskluzivata na OKTA da mozat da ja zavrsat so izgradba i da ja aktiviraat a voda deka ke si nosat ???
jas ne veruvam ima pobliski mesta voda od kade da pijat
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
Тоа погоре е дефиниција за тајкун, но во нашиот случај тајкун означува човек кој во „транзицијава’’ преку ноќ се енормно збогатил... така да дискутабилно е кој на кого должи и кое чие е.
Е па, тогаш значи јас погрешно сум те разбрал.

Мислев, кога веќе спомнуваш странски инвеститори (турци, арапи, косооки, италијани...), дека прашуваш што со нашинците кои се во странство, мислев дека на нив мислиш кога ги нарекуваш тајкуни.

А кога сме кај нашинците кои преку ноќ станаа богаташи, тие не се викаат тајкуни, туку олигарси, или поедноставно, профитери, а од профитерите нема што да се очекува, тие мислат само на тоа како да го задржат и зголемат своето богатство, тоа е веќе изгубен капитал, плачењето по правда и по враќање на украдениот капитал ништо нема да ни донесе.

Прашање на време е додека да сегашните профитери го напуштат овој свет, а сето богатство кое го испокрале ќе биде наследено од нивните потомци, односно од нивните наследници, а тогаш веќе ќе нема кој да одговара за извршените кражби на народниот капитал.

Дали е газда Штерјо, дали е Свето пивара или било кој друг од нивни калибар, откако ќе го напуштат овој свет, нивните потомци, односно нивните наследници, ќе ги наследат нивниот капитал и нивното богатство и тогаш веќе ќе нема кој да излезе пред лицето на правдата да одговара за извршените кражби, бидејќи крадците кои ги извршиле истите тие кражби повеќе нема да бидат меѓу живите за да одговараат за своите постапки.

Наместо да плачеме и кукаме по тоа што веќе сме го изгубиле, треба да се организираме и заедно да создадеме нов капитал, така функционира западот, дури и грчиштата кои веќе втора година по ред се во криза, ги почитуваат мерките за штедење иако секојдневно протестираат и штрајкуваат поради истите, бидејќи знаат дека самите се виновни за глупостите кои ги правеле нивните политичари во нивно име и знаат дека е подобро сега да се плати цехот, отколку да им се остави на идните генерации, како што ние сеуште го плаќаме цехот за задолжувањата од време на Југославија.

Доста со плачење и кукање, лопатата в рака, плугот и заработувај за леб.

Но тешко дека ваква порака ќе стигне до главите на нашата младина, чиишто лепотани и лепотанки се гледаат себеси како идни менаџер(к)и, директор(к)и, економист(к)и, банкар(к)и, било која професија која е во затворен и удобен простор, а полето не е удобно, треба да се копа, да се трпи пот, изгор лето, кочан зима.

Но еве, емирот од Катар ќе ни инвестира во храната, ќе ги обработуваме полињата за него и ќе го одгледуваме добитокот за него, ние на него храната, тој на нас парите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom