Тоа погоре е дефиниција за тајкун, но во нашиот случај тајкун означува човек кој во „транзицијава’’ преку ноќ се енормно збогатил... така да дискутабилно е кој на кого должи и кое чие е.
Е па, тогаш значи јас погрешно сум те разбрал.
Мислев, кога веќе спомнуваш странски инвеститори (турци, арапи, косооки, италијани...), дека прашуваш што со нашинците кои се во странство, мислев дека на нив мислиш кога ги нарекуваш тајкуни.
А кога сме кај нашинците кои преку ноќ станаа богаташи, тие не се викаат тајкуни, туку олигарси, или поедноставно, профитери, а од профитерите нема што да се очекува, тие мислат само на тоа како да го задржат и зголемат своето богатство, тоа е веќе изгубен капитал, плачењето по правда и по враќање на украдениот капитал ништо нема да ни донесе.
Прашање на време е додека да сегашните профитери го напуштат овој свет, а сето богатство кое го испокрале ќе биде наследено од нивните потомци, односно од нивните наследници, а тогаш веќе ќе нема кој да одговара за извршените кражби на народниот капитал.
Дали е газда Штерјо, дали е Свето пивара или било кој друг од нивни калибар, откако ќе го напуштат овој свет, нивните потомци, односно нивните наследници, ќе ги наследат нивниот капитал и нивното богатство и тогаш веќе ќе нема кој да излезе пред лицето на правдата да одговара за извршените кражби, бидејќи крадците кои ги извршиле истите тие кражби повеќе нема да бидат меѓу живите за да одговараат за своите постапки.
Наместо да плачеме и кукаме по тоа што веќе сме го изгубиле, треба да се организираме и заедно да создадеме нов капитал, така функционира западот, дури и грчиштата кои веќе втора година по ред се во криза, ги почитуваат мерките за штедење иако секојдневно протестираат и штрајкуваат поради истите, бидејќи знаат дека самите се виновни за глупостите кои ги правеле нивните политичари во нивно име и знаат дека е подобро сега да се плати цехот, отколку да им се остави на идните генерации, како што ние сеуште го плаќаме цехот за задолжувањата од време на Југославија.
Доста со плачење и кукање, лопатата в рака, плугот и заработувај за леб.
Но тешко дека ваква порака ќе стигне до главите на нашата младина, чиишто лепотани и лепотанки се гледаат себеси како идни менаџер(к)и, директор(к)и, економист(к)и, банкар(к)и, било која професија која е во затворен и удобен простор, а полето не е удобно, треба да се копа, да се трпи пот, изгор лето, кочан зима.
Но еве, емирот од Катар ќе ни инвестира во храната, ќе ги обработуваме полињата за него и ќе го одгледуваме добитокот за него, ние на него храната, тој на нас парите.