Прво да кажам дека у последно време многу педерски се понашате, 2 рецензии неделно има, шо мислите вие, како ние простиот народ ќе најдеме асален филм за глеање?
Он топик еве што гледав и што препорачувам ќе редам филмови деновиве.
Unbreakable
Сторијата е базирана врз двајца луѓе кои ќе се поврзат на необичен начин. Првиот е многу силен, и поседува голема физичка сила, вториот е обратното од него, односно е многу слаб и боледува од болест на коските(мислам тоа) и многу лесно му се кршат, при најмал допир.
Слабакот кој го глуми Семјуел Л.Џексон е вљубеник во стрипови, и проучувајќи ги открил дека за секое зошто има затоа, и дека за секое добро има и зло, така според него доколку тој е слабакот мора да постои некој многу силен наспроти него и ќе даде се за да го пронајде. Јакиот дечко е Брус Вилис, кој за своите способности ќе дознае откако ќе се судри со слабакот.
Филмот според мене е многу добар, ги нема оние срања од суперхерои кои можат со поглед да кренат зграда, се открива силата на херојот во неговиот карактер и во неговата желба за подобро утре, не подобро за целиот свет, туку за него и неговата шанса да ја пронајде среќата повторно во неговиот живот.
Џексон е одличен глумец, го знаеме сите тоа, но во овој филм има многу потешка улога отколку глумење на обичен лош човек или класичниот bad guy што се гледа во филм. Во сцените кога се обидува да си докаже себеси дека го пронашол силниот човек се гледа во неговите очи патењето по нормален живот, живот во кој ќе може да се движи нормално без страв да му се случи нешто.
Режисерот е критикуван поради многуте last minute twist што ги дава на филмовите, но мене ми се допадна тоа во овој филм затоа што ги откри сите мотиви.
Го препорачувам на тие што го немате гледано, иако е 2000 година излезен, јас го немав гледано.