Атеистите и бракот

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
* * *
Ако си атеист, тоа значи дека твојата етика не се поклапа со христијанската.
Ако христијанската вели дека треба да бидеш со само еден човек до крајот на животот тогаш значи дека ти НЕма да бидеш со еден човек до крајот на животот. Така ли? Така.
* * *
Јас би рекла, религијата т.е. христијанството во нашето општество, го диктира она што е правилно. Нашите предци порано, биле големи верници. Можеби не не научиле во целост за христијанството, ама општеството почнало да се гради на тој начин, уште од стар Израел.
* * *
Ај правници, од каде настанал законот? Каков и да е закон во една држава, од каде еј?
Просто е волшебно колку фалична логика се изначлитав кај тебе и кај Princ на овие 5-6 страни. Не е ни чудно што ти треба uber-авторитет у животот.

Ако си атеист, тоа не значи дека немаш морал (еј, ова е стварно више напорно за повторување).

Моралот е динамичка социјална категорија и не е од бога даден. Моралот се менува постојано и зависи од заедницата и од нејзиниот развој. Ти си одлучила да следиш 3000 години стар морал + и не го ни следиш, ко што ти читам од постови.

Ако си христијанка, тогаш ти треба да си девица, хименот да го чуваш за првата брчна ноќ во која „како пичка под кошула“ (народна поговорка), тајно и со срам и страв ќе му се жртвуваш на мажот. Тоа го налага моралот за кој мислиш дека е од бога даден. Ти, верувам, си се ебеш вака вонбрачно и не ти ни паѓа на памет дека според „моралот кој е од бога даден“ ти правиш смртен грев.

Најстариот зачуван закон, другарице, е Законот на Ур-Наму. Годината на производство му е некои илјада години пред Мјсие да тргне да се качува на планина, и уште двапути толку пред Јустинијан да пишува римско право.

Интересно е човек да прочита кои се ПРВИТЕ ДВА од малкуте сочувани закони. Бујрум:
One mina ( 1/60 of a talent ) was made equal to 60 shekels ( 1 shekel = 11 grams ) . Among the surviving laws are the following:
  • 1. If a man commits a murder, that man must be killed.
  • 2. If a man commits a robbery, he will be killed.
  • 3. If a man commits a kidnapping, he is to be imprisoned and pay 15 shekels of silver.
...мислам, што да ти кажам?!?!

Можеш да го погледнеш и Законот на Хамураби. У, ствари, можеш да ги видиш и сите останати стари закони.

Срамота е да мислиш дека све почнува со твојата религија. Таа е само една од илјадниците митологии од човековата историја. Тоа што е актуелна никако не ја прави вистинита. Уште помалку ја прави авторитативна.

Религиите отсекогаш се обидувале да монополизираат церемонии кои постојат далеку пред нив - погреби, венчавки, празници... све за пари, моќ и влијание.

И, за крај, како последен осврт на долгиот но обилно игнорантен пост, мала пажња - официјални статистики на САД за бракот и религијата:

Divorce rates among conservative Christians were significantly higher than for other faith groups, and much higher than Atheists and Agnostics experience.

Е, така е коа не се чита.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.448
Граѓанскиот брак е потреба предизвикана од барањата на државата. Почнувајќи од лични карти, интеграција во социјалниот систем на државата и слично.

Инаку граѓанскиот брак не е венчавање и е потполно ист со статусот вонбрачна заедница.
Дали некој склучил брак пред матичар или живеат заедно без тоа, нема никаква врска. Што е тоа матичар, држава, документи...? Измислени термини кои немаат никакво значење, освен во светот на таквите имагинарности, како болдот по горе.
Ритуалот на венчавање ја дава верификацијата на бракот. Брак е само доколку има венчавање извршено од страна на свештено лице.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин

Сакаш да кажеш дека сите Муслимани, Евреи, Будисти и т.н кои не се венчани во Црква всушност не се во брачна заедница?
И ако граѓанскиот брак нема значење зошто пред попот да ти пее во црква и да ти менува круни, бара писмено известување од матичното дека всушност двајцата што се пред него се веќе венчани? Тоа значи дека доколку се венчаш само во црква нема да е легитимен брак.
 
P

Princ

Гостин
43 офтопик/тупаџиски мислења се избришани. Ќе го повторам raziel, ова не е подфорумот Религија. Не ме интересира што кажува поединечна религија за бракот, или за жената, или за адетите. За тие муабети отворете си посебни теми (или има веќе такви). Тука дискутираме зошто атеистите стапуваат во брачна институција, институција во која не веруваат. Еден атеист рече дека ќе стапи во брак кога ќе одлучи со некој да прави дете, но тоа се коси со принципите на атеистичката религија, односно почитуваш религиозно правило (стапи во брак пред да имаш дете) а не си религиозен. Нема никаква смисла.
Некои други дадоа интересни/издржани мислења.
И не мислам да се конфронтирам на темава, ја отворив чисто од интерес да се расчисти нешто што мене лично ме буни. Значи не можам да ја разберам потребата на нерелигиозно лице да стапи во брак, иако бракот како заедница ја наложува религијата, и само религијата.

Xak, ова е јавна опомена пред бан од форум. Уште еден кикс и нема да не дружиш некое време.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.448
Сакаш да кажеш дека сите Муслимани, Евреи, Будисти и т.н кои не се венчани во Црква всушност не се во брачна заедница?
Не знам зошто си го помисли ова од мојот пост. Веројатно затоа што се послужив со христијанска терминологија...
Мојот груб одговор би бил - се во брачна заедница.
--- надополнето: Oct 23, 2011 5:15 PM ---
Тука дискутираме зошто атеистите стапуваат во брачна институција, институција во која не веруваат.
Многу е просто:
Не стапуваат во брак. Терминологијата што ја употребуваат е погрешна, во крајна линија.
Не е секоја паста за заби Каладонт и не е секој сметач Дигитрон.
 
P

Princ

Гостин
Терминологијата што ја употребуваат е погрешна
Стигнуваме некаде. Дали може да резимираме дека според тебе атеистите користат погрешна терминологија? Бидејќи делумно ова е и мое мислење.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
<< Едитирано од Princ: премногу офтопик >>
Ако христијанската вели дека треба да бидеш со само еден човек до крајот на животот тогаш значи дека ти НЕма да бидеш со еден човек до крајот на животот. Така ли? Така.
Од тука следствено, зошто воопшто стапувате во брак?
Ако твојата идеологија е дека ти нема да бидеш со еден човек цел живот, зошто имаш потреба да бидеш со еден човек цел живот? Зошто ете, сакаш да имаш маж и деца со него и останато?
Логикава ти вришти...
Ако христијанството вели не убивај, а јас сум атеист, по твојава логика следи дека ЈАС УБИВАМ?

Како ли само успеа да ги поврзеш атеизмот и моногамноста, па уште и да дојдеш до заклучок дека атеистите не се моногамни?
Атеистите не веруваат во постоењето на божества, а тоа нема ама баш никаква врска ни со моногамноста, ни со моралот.
Знам дека на вас верниците ви е тешко да го сфатите тоа, ама постојат луѓе кои се верни и морални и без свети писанија и закани за вечни маки во пеколот.
--- надополнето: Oct 23, 2011 5:25 PM ---
Тука дискутираме зошто атеистите стапуваат во брачна институција, институција во која не веруваат.
Од каде сега тоа дека атеистите не веруваат во институцијата брак?
Атеистите не веруваат во постоењето на богови, а бракот склучен кај матичар нема никаква врска ни со богови, ни со религија, не знам зошто е толку тешко да се разбере ова.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Граѓанскиот брак е потреба предизвикана од барањата на државата. Почнувајќи од лични карти, интеграција во социјалниот систем на државата и слично.

Инаку граѓанскиот брак не е венчавање и е потполно ист со статусот вонбрачна заедница.
Дали некој склучил брак пред матичар или живеат заедно без тоа, нема никаква врска. Што е тоа матичар, држава, документи...? Измислени термини кои немаат никакво значење, освен во светот на таквите имагинарности, како болдот по горе.
Ритуалот на венчавање ја дава верификацијата на бракот. Брак е само доколку има венчавање извршено од страна на свештено лице.
Има врска и тоа голема.

Кога не си во брак (нема хартија нема ништо) можеш кога сакаш и за најмала ситница да си ги собереш стварите и да кажеш ЧАО ПРИЈАТНО, толку беше, да затвориш врата позади себе и веќе никогаш да не се вратиш. Нема делба на имот, нема ништо.

Кога си во брак нема тек така да ги гледаш караниците, баш таа ХАРТИЈА те држи да пробаш да ги решиш конфликтите наместо да си заминеш и нормално имотот стекнат заеднички е ЗАЕДНИЧКИ и според закон.

Јас не сум голем верник но ако девојка ми сака ќе се венчаме и во црква, зашто да не. Имам другари атеисти па си се венчаа во црква ама не верувам дека црковното венчавање ги држи повеќе од тоа кај матичар, сепак највеќе зависи од нив колку се сакаат и се спремни за заедничкиот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Xak

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.448
Стигнуваме некаде. Дали може да резимираме дека според тебе атеистите користат погрешна терминологија? Бидејќи делумно ова е и мое мислење.
Да.

Вака, во суштина е ова:
- Ние живееме заедно тука.
- "Разликата" е што ние ќе живееме пак исто заедно тука, само што ќе отидеме еден ден на одалеченост од 3 километри да запишеме у една книга, дека живееме заедно тука. Е после, тоа ќе го наречеме "брак".

Ако сакаме "разликата" да прерасне во разлика, треба да се венчаме, па навистина "бракот" да прерасне во брак.

Мене ми е сто посто јасно дека атеистите имаат поинаков аспект на гледање на заедничкото живеење, кој директно произлегува од нивниот атеизам, па затоа и сосема го занемаруваат правилното толкување на зборот брак.
 
Колку и да не сакав да коментирам веќе овде (бидејќи очигледно секогаш сум оф топик и имам тупаџиски мислења) Но те молам објасни каков е тој поинаков аспект на гледање на заедничко живеење од страна на атеистите?
 
Н

нихилист

Гостин
па затоа и сосема го занемаруваат правилното толкување на зборот брак.
Не постои правилно толкување на зборот брак. Бракот е пред се социјален конструкт кој постоел пред христијанство и другите популарни монотеистички религии. Твојата религиозна дефиниција е тотално ирелевантна.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Тука дискутираме зошто атеистите стапуваат во брачна институција, институција во која не веруваат. Еден атеист рече дека ќе стапи во брак кога ќе одлучи со некој да прави дете, но тоа се коси со принципите на атеистичката религија, односно почитуваш религиозно правило (стапи во брак пред да имаш дете) а не си религиозен. Нема никаква смисла.

* * *
И не мислам да се конфронтирам на темава, ја отворив чисто од интерес да се расчисти нешто што мене лично ме буни. Значи не можам да ја разберам потребата на нерелигиозно лице да стапи во брак, иако бракот како заедница ја наложува религијата, и само религијата.
Мислм дека за модератор со долгогодишно искуство правиш премногу логишки и перцептивни грешки во своите постови. Темава е можеби отворена во филозофија, али како си ја поставил од неа вришти исклучиво религија. Оти така, Принц?

Прво поставуваш прашање, а во истата реченица лепиш субјективно тврдење кое е апсолутно погрешно. Од кај к*р атеистите не веруваат во брак!?!? Кај си го прочитал тоа? Кој ти го кажал? Како си се прелажал? Јас сум атеист и сум 11 години во брак, за кој сметам дека е среќен, исполнет и квалитетен. Моите родители се атеисти и се веќе 40 и кусур години во брак и, колку што јас знам, никогаш не си ги прекршиле ветувањата кои си ги дале пред матичар.

Од каде ти тебе право да одлучуваш кој како интимно доживува некоја институција? Како модератор, кој треба да биде највнимателниот овде, мислам дека си, на оваа тема - тапа.

Твоето користење на игнорантни оксиморонски кованици од типот „Принципите на атеистичката религија“ покажуват само колку си неук во поглед на атеизмот и неговото тврдење. Една од најчестите перцептивни грешки кои ги прават луѓето е хејло-ефектот - придодавање на карактеристики на една личност врз основа на стереотипи и предрасуди кои ги имаш во главата. Оттаму, твоите инфантилни тези за атеистите те лизгаат во пишување постови полни незнаење, неосновани претпоставки и фалични заклучоци.

Историски, очигледно е дека за тебе светото почнува со алах, и тоа во не така далечното минато. Оттаму и не е изненадувачки што не ти е јасно дека бракот постоел далеку пред религиите, а атеистите пред верниците.

Бракот е социјална институција. Постои кај сите народи и култури без оглед на нивната вероисповест, економски или културен развој. Тажно е што луѓето се толку заслепени од лажните учења што не можат да го разберат човештвото и неговиот развој.

Пошто полесно е да се тресе на памет наместо да се истражува, нели, Принц?
 
B

Black Guard

Гостин
Во грешка си, и тоа голема. Темата е дефектно поставена, и не заслужува коментар. Прашањето зошто атеистите стапуваат во брак има исти смисла како да прашаш зошто кошаркарите јадат шпагети.

Одговорот на двете е, а зошто да не...
Добро ти па не карај;)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Инаку граѓанскиот брак не е венчавање и е потполно ист со статусот вонбрачна заедница.

Дали некој склучил брак пред матичар или живеат заедно без тоа, нема никаква врска.

Што е тоа матичар, држава, документи...? Измислени термини кои немаат никакво значење, освен во светот на таквите имагинарности, како болдот по горе.

Ритуалот на венчавање ја дава верификацијата на бракот. Брак е само доколку има венчавање извршено од страна на свештено лице.
Добро, бе, дај прочитајте нешто пред да земете да тресете зелени... Во еден пост толку глупости... толку грешки и толку незнаење. Чудо едно.

Граѓанскиот брак е единствената формално-правна институција која има некакво фактичко значење. Чатењето на попот е симболика. Нема никаква правна тежина. Нема никаква социјална тежина. Нема никаква тежина - освен стравот на верникот од пекол. Толку. Детски работи.

Измислени термини се бог, тројство, „наш образ“. Овие измислени термини се, ирационални и непроверливи. Тие се во доменот на филозофијата и фантазијата. Од друга страна матичар, држава и документи се фактички реални9 и рационални институции кои ги измислил човекот за да си го подобри животот во заедница... а ти имаш уште многу за учење у животу чим не ти е јасно што е држава и што значи таа...

...не можу више - ми се повраќа од оволку незнаење...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom