Атеистите и бракот

S

Sagan

Гостин
Тезата од воведниот пост е погрешно поставена.
Бракот не е религиозна работа, туку јавна согласност дека мажот и жената ќе живеат заедно, ќе израснат деца и ќе си помагаат во животот.
Постоењето на два вида брак: црковен и граѓански, ја руши воведната теза.

Како и обично, религиските институции монополизирале све живо и диво во минатото, па ни бракот не бил поштеден. Цела среќа работите денес се сменети.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Значи имам една нелогичност која со години ме копка но никако да најдам интерес/време да го расчистам муабетов.
Прашањето ми е: зошто атеистите сакаат да стапат во брак?
Бракот нели е религиозна работа, нешто на кое сме обврзани поради религијата, и не разбирам зошто луѓето кои не веруваат на ниту една религија сакаат да стапат во брак.
Јас сум грешка во моето сфаќање или атеистите навистина имаат проблем?

Значи, на брак не обврзува религијата, и не разбирам како тоа двајца атеисти, луѓе со ВСС, сакаат да стапат во брак иако не се религиозни. Зарем едното со другото не се коси?
Еве ти го до некаде одговорот
Постои разлика меѓу граѓански и црковен брак.
Јас сум атеист и не планирам се венчам во црква, туку едноставно да се потпишам во матично, т.е да стапам во граѓански брак.

И не ми е јасно како го поврза бракот со религијата, брачната заедница настанала многу пред појавата на монотеистичките религии.
Денешното општество налага да стапиш во брак за остварување на некои граѓански права, првенствено на потомството. Тебе никој не те спречува и вонбрачно да живееш и деца имаш, ама во вакво општество можеш само проблеми и потешкотии да имаш.
 
Член од
9 август 2009
Мислења
104
Поени од реакции
115
Повеќе не постои категорија „вонбрачно дете“ туку секое дете кое е родено во брачна или вонбрачна заедница и е признаено од таткото е БРАЧНО ДЕТЕ. Околу презимето, незначи дека ако се венчаш треба да менуваш презиме. Адресата на живеење исто така немораш да ја менуваш. Факат, се заштитуваш околу материјалните нешта вложени во текот на заедничкото живеење што воопшто не е никакво користољубие туку ако ја спукате си го земаш она што ти си го вложил без да се натегаш и нервираш. Но сепак, доколку вонбрачната заедница постои повеќе од една година во законот се третира исто како брачна во однос на материјалните нешта и ако не се сеќавате кој што купил фино лепо се тоа оди на пола. Но има тука еден друг момент кој што како што читам на никој не му текна. Ај замислете што ќе се случи доколку партнерот ви заглави во болница каде што исклучиво семејството ќе има пристап да го посети? Во ваков случај, доколку не си законски во брак нема да успееш да си го видиш либето. На шалтери за документи, еве конкретно извод за родени, ако не си венчан автоматски немаш овластување да ги подигнеш документите и ред други работи. Ете ви неколку причини зошто и атеистите склучуваат бракови ;)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Презадоволна сум од одговорот на атеистите токму така и си мислев, атеистите влегуваат во брак чисто од материјални причини, не се венчаваат во црква и нема потреба зашто тој брак е граѓански брак а и за да ги поштедат децата да не ги викаат у школо на идно именце што почнува на буквата К.
Дури им чини, дур имаат корист од тој брак, ќе бидат во него послем развод, во осталом нив не им е ниту тешко да бараат развод со оглед на тоа дека не прават никаков грев..
Мајка ми и татко ми не се венчани у црква па уште се во брак, комшивкана се венча во црква па по две години се разведе. Оти море така?

Зошто вие религиозните идете во општина да се венчате, што па у општина, не ви е доволен религиозниот брак?
Ја не сум сретнала до сега атеисти што склучиле религиозен брак, склучуваат исклучиво граѓански, а вие ги применувате и двата. Зошто?

А што е муабетов, не сфаќам. Дека ако атеистот склучи брак тогаш не е атеист, демек не се однесува атеистички, демек религиозен е, а? Вистина, од која религија е море?
--- надополнето: Oct 23, 2011 11:03 AM ---
Леле браво за темава, и јас тоа се прашувам и баш ме интересира како тие луѓе се однесуваат во брак?
Дали ги почитуваат Божјите заповеди како на пример:
1.Не лажи
2.Не врши прељуба
И биди со партнерот во болест и здравје, во сиромаштија и богаство...
Сега повеќето ќе речат дека ги почитуваат, и дека во брак се влегува од љубов блабла, ама јас лично верувам дека тие луѓе немаат скрупули и ги изневеруваат партнерите кај стигнат не ме напаѓајте ама тоа е мое лично убедување и размислување, па дури и ги оставаат во најтешките животни ситуации сами да се справуваат со тоа....сум видела примери не зборам од памет
Ами можеш да замислиш како се однесуват, тоа колење, бесење, абе живи се палат, ручек кој не ќе се зготви меѓусебе се јадат.
Ја ќе ти кажам, ја и дечко ми секој ден се лажиме, на два саати се прељубуваме и сваки пут кој ќе го фати пролив мене ме нема. Ете тоа е, што си у право-у право си.
Живот, јбг.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
Леле браво за темава, и јас тоа се прашувам и баш ме интересира како тие луѓе се однесуваат во брак?
Дали ги почитуваат Божјите заповеди како на пример:
1.Не лажи
2.Не врши прељуба
И биди со партнерот во болест и здравје, во сиромаштија и богаство...
Сега повеќето ќе речат дека ги почитуваат, и дека во брак се влегува од љубов блабла, ама јас лично верувам дека тие луѓе немаат скрупули и ги изневеруваат партнерите кај стигнат не ме напаѓајте ама тоа е мое лично убедување и размислување, па дури и ги оставаат во најтешките животни ситуации сами да се справуваат со тоа....сум видела примери не зборам од памет
Не се само божји заповеди во христијанската религија туку и во многу други, а јас би ги нарекол општо прифатени морални норми...
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
163
Поени од реакции
85
Леле браво за темава, и јас тоа се прашувам и баш ме интересира како тие луѓе се однесуваат во брак?
Дали ги почитуваат Божјите заповеди како на пример:
1.Не лажи
2.Не врши прељуба
И биди со партнерот во болест и здравје, во сиромаштија и богаство...
Сега повеќето ќе речат дека ги почитуваат, и дека во брак се влегува од љубов блабла, ама јас лично верувам дека тие луѓе немаат скрупули и ги изневеруваат партнерите кај стигнат не ме напаѓајте ама тоа е мое лично убедување и размислување, па дури и ги оставаат во најтешките животни ситуации сами да се справуваат со тоа....сум видела примери не зборам од памет
Извини а од каде ти тоа дека атеистите ги изневеруваат партнерите кај стигнат? Според ова што ти го пиша:
1.Ти би стапила во брак поради религиозни причини а не од љубов ( по луда логика немам видено)
2.Да се биде со партнерот во сиромаштија и богатство нема врска со религијата, ниту со божјите заповеди.
3.Како тоа лажењето и прељубата ги прават само атеистите? Извини, ама имаш чуено за морални норми :)?
Додека атеистите (според твоја статистика) ги оставаат своите партнери на цедило, религиозните луѓе оставаат илјадници жени вдовици, и деца сираци во "свети" војни.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.780
А ти наместо да вреѓаш кажи ми одкаде дозна дали јас ги знам само 10те заповеди на грав да не гледаш случајно а м? кажи да дојдам да ми загледаш може ќе видиш нешто хахахха
јас би се венчала само во црква и би го сметала тој брак за многу поважен и посвет,од колку било кој друг брак потпишан на бела хартија во матично
А како ќе го изведеш тоа? Не сум знаела, ете еден член кажа.... мораш во матично, од црквата тоа ти го бараат.
Штета, атеист ова го знае... а верник не.
 
I

indigo child

Гостин
<< Едитирано од Princ: премногу офтопик >>

Онтопик: Бракот е јавно ветување дека ќе бидеш заедно со еден човек до крајот на животот. Тоа не го измислил Бог. Го измислиле луѓето, не за друго, него да се знае дека „Од денес оваа женска е моја и не ми ја допирајте“.
Ако си атеист, тоа значи дека твојата етика не се поклапа со христијанската.
Ако христијанската вели дека треба да бидеш со само еден човек до крајот на животот тогаш значи дека ти НЕма да бидеш со еден човек до крајот на животот. Така ли? Така.
Од тука следствено, зошто воопшто стапувате во брак?
Ако твојата идеологија е дека ти нема да бидеш со еден човек цел живот, зошто имаш потреба да бидеш со еден човек цел живот? Зошто ете, сакаш да имаш маж и деца со него и останато?

Јас би рекла, религијата т.е. христијанството во нашето општество, го диктира она што е правилно. Нашите предци порано, биле големи верници. Можеби не не научиле во целост за христијанството, ама општеството почнало да се гради на тој начин, уште од стар Израел. Ако читнеш стар завет, пишува дека не треба да се лаже, не треба да се краде и останато. Зошто во денешно време се оди во затвор за кражба? Инстинкт? Од каде тој инстинкт? Од законите во државата? Од каде тие закони? Сами ги смисливме? Се пренесувале од генерација на генерација? Постоеле добри луѓе како нас и виделе дека постојат лоши луѓе што крадат и затоа ставиле закон дека не треба да се краде?
Ај правници, од каде настанал законот? Каков и да е закон во една држава, од каде еј?
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
ми зборуваш за љубов,.... љубовта помеѓу брачните партнери преоѓа во навика,,,, ти си глупавата што мислиш дека љубовта трае вечно, неможеш само на љубовта да се ослониш за да го зачуваш бракот, ти треба нешто повеќе, нешто повозвишено од љубов а ТОА драга моја е светото заедништво на бракот благословено од Единствениот Возвишен Бог, што ти како атеист не мораш да го почитуваш,............. beat that
Извини ама морав да те цитирам...
љубовта не е вечна а ? значи и твојата љубов кон Бога не е вечна туку веќе преминала во навика.. или можеби ти имаш корист од сето тоа....
каков ли верник си ти мајко мила...
не сум атеист али ме навредија многу твоиве зборови... како можеш бре да зборуваш вакво нешто.. ти свесна ли си што кажа?
па цела наша религија е заснована на љубовта.... се почнува со љубов и се завршува со љубов...
ако има нешто шо го движи човекот напред и што го тера да живее тоа е љубовта... не навиката.. не обврските.. ЉУБОВТА !
љубов има и после првите 5 години од бракот... ако ти не веруваш во тоа тогаш не треси .. има луѓе кои се и по 50 години заедно па се сакаат и не можат еден без друг.. и не мора да значи тоа дека се верници или не...
ти и да не си религиозна ако од дома те воспитале ќе бидеш добар човек и ќе почитуваш и брак и се... а ако не те воспитале како шо треба и секој ден во црква да одиш.. ти пак ќе изневериш и ќе потфрлиш во брак... а богами со твоиве размислувања не си далеку..
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Јас би рекла, религијата т.е. христијанството во нашето општество, го диктира она што е правилно. Нашите предци порано, биле големи верници. Можеби не не научиле во целост за христијанството, ама општеството почнало да се гради на тој начин, уште од стар Израел. Ако читнеш стар завет, пишува дека не треба да се лаже, не треба да се краде и останато. Зошто во денешно време се оди во затвор за кражба? Инстинкт? Од каде тој инстинкт? Од законите во државата? Од каде тие закони? Сами ги смисливме? Се пренесувале од генерација на генерација? Постоеле добри луѓе како нас и виделе дека постојат лоши луѓе што крадат и затоа ставиле закон дека не треба да се краде?
Ај правници, од каде настанал законот? Каков и да е закон во една држава, од каде еј?
Полека со претпоставкиве, Хамурабиев законик постоел 2000 години пред наша ера, што значи 2000 години пред појава на христијанството, па логичното прашање би било од каде религите всушност ги влечеле своите постулати.

Инаку мислам дека отварачот на темата помешал поими, и смета дека атеистите се луѓе контра законот (да не речам криминалци) и не треба да ги почитуваат законите на државата. Еве што вика Закон за семејство на РМ (каде што ние живееме нели):
Член 6
Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството.
Односите меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање.

Апсолутно не држи вода муабетот дека ако си атеист треба да кршиш закони, а ако не ги кршиш тогаш си религиозен o_O
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Јас мислам дека многу луѓе на темава не разликуваат црковен од граѓански брак.

Граѓанскиот брак е правна институција и нема никаква врска ни со Бог, ни со религија и затоа не гледам како на некој може да му биде чудно што атеисти склопуваат брак во матично.

Од каде ви е таа идеја дека само верниците имаат право да уживаат во сите тие законски придобивки што ги носи граѓанскиот брак?
Според вас атеистите требало да одат по нотари и да заверуваат милион документи за да си ги остварат истите права???
Јасно ли ви е дека тоа нема врска со здравиот разум?
Да не ја спомнувам Поблесавена, која со цел памет
тврдеше дека љубовта е "религиозно индицирана "?!
Демек, само религиозните можат да сакаат, атеистите се лишени од емоции!?

И после кукате како тоа атеистите биле woши и ве
исмевале...

П.С. Што се однесува до црковните бракови, слободно финансирајте го возниот парк на МПЦ, немам ништо против.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.780
Околу покорувањето, кажи ми дека си коњ што гледа само право, па ќе ти го оправдам ставов дека тоа е хиерархија, а не компромис.

Девојко. Не реков дека христијанството го диктира правилното и неправилното, туку општеството. А нашево општество Е христијанско, сакала ти или не сакала. И покрај тоа што сме секуларна држава (црквата е одвоена од државата) законите ни се христијански. Не е дозволен брак измеѓу истиот пол, не се декриминализирани некои лесни дроги и останато. Христијанско општество. Мнозинството од луѓето се изјаснуваат како христијани (дали се или не се, друг муабет).

И друго. Не знам дали си чула за Исус Христос? Да бе, според нас христијаните, постоел. И умрел за нашите гревови. И така, сега на нас христијаните гревовите ни се простени, единствено што треба да направиме е да го прифатиме фактов. Совршен никој не е. Нема ни да биде. И самиот Бог го знае тоа и затоа ни простува гревови, за ние да можеме да биде во рајот еден ден. Не знам кој те учел дека ако излажеш, ќе гориш во пеколот. Христијанството е многу повеќе од правила и закони, ако си вољна, можам да ти објаснам некој ден irl.

Јас сум член на Божја црква. Не на православна или протестантска или католичка или како и да е. На мојата свадба, ќе има и црковен брак, завет кој јас и партнерот мој ќе го дадеме пред Бог и пред *број на гости на свадба* сведоци. Нема да има поп, туку јас и он еден на друг ќе си ветиме дека ќе бидеме заедно до крајот на животот. Никаде во Библија не пишува дека бракот треба да го склучи свештено лице. А и да пишува, сигурно нема да се венчам во соба полна со „светци“ и „икони“ и некои суеверни обичаи, што се третираат како дел од религијата, него ќе викнам некој што студирал теологија и ќе му кажам да не венча.

И не се не потруди да ми одговориш на последното прашање. Од каде настанал правниот систем во една држава? Јас не сум го прашала брат ми, он е правник, сеа ќе искачам со него и ќе го прашам, па да видам што ќе ми одговори, од каде настанале или се создале законите во една секуларна држава?
--- надополнето: Oct 23, 2011 1:57 PM ---

Прочитај што пишува и за мажот, па ќе правиме муабет <3
За поголемиот дел од текстот (y)

За болдираното во Македонија, ,,христијанската ни земјичка,, главен збор има МПЦ. Бракот што не е склучен од МПЦ, а е православен.... не е важечки според истите, кои го диктираат православието во оваа земја.

И ти прашањето го постави на правниците, па не сум компетентна да одговорам, јас сум психолог, не правник.
 
B

Black Guard

Гостин
Значи имам една нелогичност која со години ме копка но никако да најдам интерес/време да го расчистам муабетов.
Прашањето ми е: зошто атеистите сакаат да стапат во брак?
Бракот нели е религиозна работа, нешто на кое сме обврзани поради религијата, и не разбирам зошто луѓето кои не веруваат на ниту една религија сакаат да стапат во брак.
Јас сум грешка во моето сфаќање или атеистите навистина имаат проблем?
Грешка ќе да си,па Бракот е првенствено правен договор а и ОПШТЕСТВОТО ги наведува кон брак а потоа следи она религиозното,патем и атеистите сакаат да бидат сакани...тоа е човечка особина-да сакаш и да бидеш сакан.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Зависи од атеист до атеист, имаш атеисти кои се стварно тоа и кои пред другите тоа гласно го потенцираат и навистина не сакаат да стапат во брак. Додека на друга страна имаме атеисти кои што само на некој начин „позираат“ и кога би требале со некој ваков чин да го докажат своето атеиство, ќе се уплашат, и нема да го направат тоа затоа што им е страв од оговарања, критики и така натаму. Исто така може да има „мешан“ брат, помеѓу атеист и верник, тука обично победува верникот во најголем дел случаи ;)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Бракот нели е религиозна работа, нешто на кое сме обврзани поради религијата, и не разбирам зошто луѓето кои не веруваат на ниту една религија сакаат да стапат во брак.
Јас сум грешка во моето сфаќање или атеистите навистина имаат проблем?
Во грешка си, и тоа голема. Темата е дефектно поставена, и не заслужува коментар. Прашањето зошто атеистите стапуваат во брак има исти смисла како да прашаш зошто кошаркарите јадат шпагети.

Одговорот на двете е, а зошто да не...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom