Околу покорувањето, кажи ми дека си коњ што гледа само право, па ќе ти го оправдам ставов дека тоа е хиерархија, а не компромис.
Девојко. Не реков дека христијанството го диктира правилното и неправилното, туку општеството. А нашево општество Е христијанско, сакала ти или не сакала. И покрај тоа што сме секуларна држава (црквата е одвоена од државата) законите ни се христијански. Не е дозволен брак измеѓу истиот пол, не се декриминализирани некои лесни дроги и останато. Христијанско општество. Мнозинството од луѓето се изјаснуваат како христијани (дали се или не се, друг муабет).
И друго. Не знам дали си чула за Исус Христос? Да бе, според нас христијаните, постоел. И умрел за нашите гревови. И така, сега на нас христијаните гревовите ни се простени, единствено што треба да направиме е да го прифатиме фактов. Совршен никој не е. Нема ни да биде. И самиот Бог го знае тоа и затоа ни простува гревови, за ние да можеме да биде во рајот еден ден. Не знам кој те учел дека ако излажеш, ќе гориш во пеколот. Христијанството е многу повеќе од правила и закони, ако си вољна, можам да ти објаснам некој ден irl.
Јас сум член на Божја црква. Не на православна или протестантска или католичка или како и да е. На мојата свадба, ќе има и црковен брак, завет кој јас и партнерот мој ќе го дадеме пред Бог и пред *број на гости на свадба* сведоци. Нема да има поп, туку јас и он еден на друг ќе си ветиме дека ќе бидеме заедно до крајот на животот. Никаде во Библија не пишува дека бракот треба да го склучи свештено лице. А и да пишува, сигурно нема да се венчам во соба полна со „светци“ и „икони“ и некои суеверни обичаи, што се третираат како дел од религијата, него ќе викнам некој што студирал теологија и ќе му кажам да не венча.
И не се не потруди да ми одговориш на последното прашање. Од каде настанал правниот систем во една држава? Јас не сум го прашала брат ми, он е правник, сеа ќе искачам со него и ќе го прашам, па да видам што ќе ми одговори, од каде настанале или се создале законите во една секуларна држава?
--- надополнето: Oct 23, 2011 1:57 PM ---
Прочитај што пишува и за мажот, па ќе правиме муабет <3