Го изгледав последниов. Добар, но да ги немав прочитано книгите, ќе имав многу прашања сега. Сепак, направиле максимум што можеле.
Е сеа друго ме мачи во постовиве погоре. Ок тоа за како Хари станал сопственик на Elder Wand, точно е, но тоа зошто се врати во живот кога Волдеморт го уби, не е поради тоа што беше поврзан со него, туку баш поради тие Deathly Hallows. Сетете се на трите волшебници и смртта (секако тие што ги имате читано книгите, ова во филмовите го нема), како сите побарале по нешто од неа, а тоа беа Каменот на мудрецот, Невидливата наметка и Стапчето. И некој кој што ги поседува сите три, може на некој начин да раководи со смртта. А Хари ги имаше сите три, благодарение на Дамблдор, кој цело ова време се обидуваше да пронајде начин како да го спаси Хари.
За стапчето е супер горе објаснето како, наметката знаеме дека уште од првиот дел е кај Хари, а за каменот, сетете се на наследството што го доби Хари од Дамблдор кога тој умре, тоа сничот (или како и да се викаше) што уште во првиот дел Хари го улови за време на играта Квидич. И баш во него Дамблдор го скри каменот, за Хари да биде негов господар.
Накратко тоа е, сепак во книгите е многу поопширно и подетално, и перфектно поврзано Се.
И среќен сум што ги прочитав пред да ги гледам филмовите.