МекКејн: Путин треба да биде нервозен заради смртта на Гадафи

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Што, за Путин ли прашуваш или погрешно разбрав?

Путин е диктатор, ја држи цела Русија веќе десет години, мометално има поставено марионета за претседател, новинарите кои се критички настроени спрема власта се убивани, медиумите против него затворани, политичарите против него апсени (Каспаров), кодошите труени (Литвиненко) и така натака. За време на втората војна во Чеченија забрането им било на новинарите да снимаат, извршувани се геноциди врз населението од страна на Руски војници, киднапирања, силувања и разноразни злосторства, сето тоа под одобрение на мистер Путин.

Секако тоа не ги оправдува безбројте глупости кои Американците ги направиле, но поуспешно ги сокриле, но сепак, убаво е да се знае дека се работи за исти гомна од различни држави.
Странските структури во државата (т.н. предавници) мора да бидат уништени.
Познато ти е ова со медиумите од некаде?
Ја знаеш политиката раздели па владеј? Путин одлично си ја брка работата, нешто што ние требаше да го направиме одамна....
--- надополнето: Oct 22, 2011 8:04 PM ---
Русија нема с од светска сила.
Да, треба да стои вселенска сила. Пошто моментално се и единствена таква.
--- надополнето: Oct 22, 2011 8:05 PM ---
Смешни муабети, една Јапонија има помоќна морнарица од Русија. За технолошки напредок не сакам да праам муабет.
Под светска сила не се рачуна кој има повеќе гас. Америка нема толку ама затоа ги има поробено земјите со природни ресурси. Светска сила за да си треба да имаш сојузници ко НАТО, треба да имаш воени бази во странски држави, треба да имаш моќна економија, валута, светски брендови итн.

Русија освен гас е пустош земја, освен во Москва, во другите градови народот тоне во сиромаштија, се соочува со исселување со многу низок наталитет и што уште не. Русија увек губела војни, да не беше помошта од САД прашање и колку ќе успееа во втора светска војна итн. Русија е влијателна земја, би било опасно за било која друга земја ако биде нападната од Русија, ама за светска сила, слабо...
Ја згреши декадата...
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Западноевропскиот фронт бил отворен предоцна, дури кога Сталин почнал со реализација на Операција Багратион, со која биле ослободени Белорусија, Украина, Литванија, Летонија, Естонија и делови од источна Полска.

Цел свет знае дека доколку не би бил отворен западноевропскиот фронт во 1944 година, можеби Русите ќе го ослободувале Париз веќе во 1945, а не сојузниците.

И како што веќе спомнав, да, САД дале помош за Русија за време на Втората Светска Војна, но во ниту една од клучните битки во источна Европа американската помош не играла клучна улога, туку руската воена машинерија.

А што се однесува до денешната руска воена машинерија, повеќе од јасно е дека е застарена и дека плаче по обнова, потонувањето на подморницата Курск во август 2000 е јасен доказ за тоа, со други зборови кажано, денешната руска воена машинерија е како ЈСП Скопје, плачат по обнова, тоа е факт.

Сакаш да кажеш дека една валута е моќна во зависност од тоа колку е користена во светот ?

Па ако е така, зошто тогаш 1 долар во 2004 чинеше 80 и кусур денари, а сега во 2011 чини 40 и кусур денари ?

Сакаш да кажеш дека вредноста на доларот е падната поради помало користење на таа валута ?

Е како е намалено користењето на доларот, кога бројот на жители на САД расте, баш според последниот попис спроведен во 2010, бројот на жители е речиси 310 милиони народ, а беше над 280 милиони народ пред 10 години ?

Русија нема потреба да напаѓа друга држава богата со нафта, кога и самата Русија има полни резерви со нафта, а веќе си тера бизнис со државите членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужно Африканска Република), кои се и тоа како богати со најразни ресурси, а се подготвуваат заедно да им конкурираат на ММФ и на Светската Банка како идни кредитори на сиромашните држави и на државите во развој.

Германските тенкови имале најмоќни топови, точно, но токму поради тоа тешко се движеле, баш битката кај Курск била битка од типот Дејвид против Голијат, Русите имале повеќе луѓе и повеќе тенкови, но Германците имале поголеми и помоќни тенкови.

Но руските тенкови Т-34 биле многу лесни за возење и ептен брзи, поради што германските тенкови тешко ги нишанеле и погодувале.

На крајот, помалиот и поброен, но меѓу другото и полесен и побрз руски тенк Т-34 во улогата на Давид, го победил германскиот поголем, потежок и помоќен германски тенк Тигар во улогата на Голијат.
Фронтот во Африка кога е отворен, Истоварувањето во Сицилија, потоа јужна Италија...?

Кога Германците ја изгубиле контролата над сопственото небо.

И најдобро е да си одговориш на едно едноставно пршање, колку ресурси троши еден пилот и каква логистика треба да му се обезбеди а колку еден војник со калашнилов или еден тенк?

Премногу е мал бројот на Тигар тенковите за таков заклучок, кај Германците главен е Панцирот кој е инфериорен во однос на Т34 но не во однос на брзината и подвижноста, додека Кралскиот Тигар кој е ремек дело не го произвеле повеќе од 500 примероци до крајот на војната.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.003
Поени од реакции
12.482
Дефинитивно било тешко да се војува на Окинава, Иво Џима, уствари на јапонска територија, или светата земја за Јапонците кои по никоја цена не сакале да ја окупира непријателот.
Не само тоа, Јапонците се народ кој верува во чест, како што спомнав во пост #29, среде земјотрес, било кој на запад, па и ние, би фатиле да бегаме за да спасиме живот, а Јапонциве со раце ги држат рафтовите за да не паднат шишињата со вино и за да не се скршат, на крајот на краиштата, и тоа е резултат на нечија работа која заслужува пристојна заработувачка, но среде земјотрес да внимаваш на материјални работи наместо на сопствениот живот, било кој би рекол дека не си со сите, но кај Јапонците е поинаку, тие се народ со чест и култура, кај нас го нема тоа, а уште помалку го има на запад.

Додека капиталот и богатствата го направија западот поразгален и покорумпиран, во Јапонија ги направија Јапонците народ кој цени се и сешто што ќе му се даде, кај нив доколку поради сообраќаен метеж задоцнат, министрите си поднесуваат оставка, ако ги фатат како примаат мито или вршат било што нелегално, се самоубиваат, кај нас на запад тешко дека ќе видиш да се случи нешто такво.

Во САД, Ричард Никсон си поднесе оставка за да не му се изгласа импичмент, а неговиот заменик Џералд Форд, кој го наследи на позицијата претседател на САД најкомотно го амнестираше и ајде здраво, не превзеде никаква директна одговорност за Вотергејт, како и за бомбардирањето на Камбоџа, иако Камбоџа се трудеше со максимални напори да остане неутрална во однос на војната во Виетнам.

Е тоа ти е пример за разликата во честа и културата помеѓу нас и западњаците од една страна и Јапонците од друга страна.
 
D

dystopian

Гостин
Странските структури во државата (т.н. предавници) мора да бидат уништени.
Познато ти е ова со медиумите од некаде?
Ја знаеш политиката раздели па владеј? Путин одлично си ја брка работата, нешто што ние требаше да го направиме одамна....
Јас не негирам дека Путин одлично си ја врши работата, па човекот ја владее Русија with an iron fist. Ама дали заради тоа треба да му се оправдаат сите злодела кои ги има извршено?
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
Смешни муабети, една Јапонија има помоќна морнарица од Русија. За технолошки напредок не сакам да праам муабет.
Под светска сила не се рачуна кој има повеќе гас. Америка нема толку ама затоа ги има поробено земјите со природни ресурси. Светска сила за да си треба да имаш сојузници ко НАТО, треба да имаш воени бази во странски држави, треба да имаш моќна економија, валута, светски брендови итн.

Русија освен гас е пустош земја, освен во Москва, во другите градови народот тоне во сиромаштија, се соочува со исселување со многу низок наталитет и што уште не. Русија увек губела војни, да не беше помошта од САД прашање и колку ќе успееа во втора светска војна итн. Русија е влијателна земја, би било опасно за било која друга земја ако биде нападната од Русија, ама за светска сила, слабо...
Абе ти си читнал ли историја некогаш во животот? Како прво ако не беше Русија, САД и другите сојузници немаше да видат ни Б од Берлин, уште помалку да ја победат Германија, Англија ја делеше ВЛАКНО од окупација ако Хитлер не ја направеше катастрофалната грешна да го прекрши договорот за ненапаѓање а САД влезе во војната 1942, значи пола војна ја промаши, во најголемиот екот. САД се тие што сегде кај што од ништото почнале војна се усрале.

Чист пример Виетнам, 20тина години да војуваш со народец во џунгла и да изгубиш... awesome... никаде не успеале, никаде, сите преврати што ги направија, ги направија не со способност и ум или со сила и војска, туку со поткупи на внатрешни умови, со предизвикување на внатрешен распад (исто како што самата Америка ќе се распадне) САД се тие што финансираат, обучуваат и финансираат екстремисти за цели што погоре ги спомнав па после самите не можат да се справат со нив и ако не е Русија да им ги оправува срањата штетите ќе се многу поголеми. Пример во исламските републики во и околу Русија, сегде кај што демек ќе им помагаа воено да се ослободат од руското „диктаторство“ русите ги срамнија со земја а овие што демек ќе им помагаа ако русите ги нападнат се направија на тошо, а онаму каде што самиот народ ги избрка е затоа што е задоволен од руското „диктаторство“ затоа што има даде писменост и од племе ги направи народи со држава.

Зашто е Путин диктатор? Затоа што не легализираат хомо бракови, затоа што на обездомените во пожарите им направи куќи и им даде неповратни средства, затоа што Олег Дерипаска пред целата руска и светска јавност го натера да потпише налог со кој наредува повторно отворање и рестартирање на фабриката што затвори и враќање на вработените, затоа што не станува американска кучка???

А тоа дека со штит ќе ја обиколи цела Русија...аман ќути и не лупетај...:drk: Пред САД критично да се доближи до руска граница Среќко Шојиќ ќе се симне од Бела Лаѓа, ќе стане реален и ќе ја одведе Србија во ЕУ :icon_lol:

МекКејн не е ни вреден за коментирање, просто е смешен
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Јасно ми е се околу WWII, и за Курск и за западен и за источен фронт. Патриотизмот бил клучен фактор, а не машинеријата. Во јуриш излегувале двајца војници со една пушка. Исто и тврдоглавоста на Хитлер, посебно кај Крим итн биле клучен фактор за поразот на Германската војска и за напредувањето на СССР. За тогашната машинерија на СССР океј, Т-34 бил подвижен, ефикасен и лесен за изработка, но авијацијата била доста слаба. Пример, еве линк, гледај колку трагикомични обиди за изработка на нешто квалитетно имале руските инженери http://www.cracked.com/article_19473_5-unintentionally-hilarious-soviet-versions-good-ideas_p2.html

Еј Русија немала потреба. Па и САД имаат резерви на нафта, Русија има 3 пати повеќе од нив, иако американците ја имаат најквалитетната нафта, плус се истражува пределот на Аљаска каде што се проценува огромно количество на нафта.

Е сега клучниот дел, тоа е болдот. Тоа го зборам цело време, со таква армија не може да биде доминантна светска сила, тоа е факт. Прочитав и дека им била во подем економијата, глеај, имам човек в комшии што работи во Русија со децении, кажува дека добар живот има само во Москва, остатокот е класично срање, нешто рамно на нас. Плус да не зборам за наталитетот што им е во голем минус итн.

То е то.
Еден од најдобрите тенкови на сите времиња е Рускиот T-34.
Во поглед на карактеристиките на авионите, Руските авиони се истакнуваат над Американските од третата генерација па нагоре со некои исклучоци.
С-400, најновиот ПВО е најдобар на светот. Дострел 400 километри. Ни пиле не поминува.
Су-35, Ка-50, 52, Ту-160, и наскоро Т-50ката.... најдобрите воени машинерии според своите карактеристики.
Најпродаваната пушка на сите времиња знаеме од каде потекнува.
Топољ и наскоро Булава... ракети против кои одбрана ќе нема и следната генерација на противракетни системи.
Военото присуство во многу земји во светот, нуклеарните подморници, сето ова ја прави Русија светска воена сила. Без сомнеж.

Русија директно влијае врз одлуките во советот за безбедност и може да одлучува што и како ќе биди во светот, ова ја прави Русија светска политичка сила.

Руската економија е со висок раст и се наоѓа некаде на 6-7 место во светот, што несомнено ја прави Русија светска економска сила.
Да не зборуваме за огромните ресурси што ги поседува.

Нема потреба повеќе да се дискутира, лесно се докажува дека Русија ги држи трите најважни карти - политиката, армијата и економијата. Со тоа Русија е светска сила.
--- надополнето: Oct 22, 2011 8:28 PM ---
Јас не негирам дека Путин одлично си ја врши работата, па човекот ја владее Русија with an iron fist. Ама дали заради тоа треба да му се оправдаат сите злодела кои ги има извршено?
Не, не треба да му се оправдаат. Всушност сите лидери имаат крв на своите раце. Несомнено.
Но во Русија постоеја странски структури и уште постојат како во повеќето земји, меѓу кои сме и ние. Многу добро знаеме која е нивната цел. Путин само си ја врши работата.
--- надополнето: Oct 22, 2011 8:30 PM ---
Фронтот во Африка кога е отворен, Истоварувањето во Сицилија, потоа јужна Италија...?

Кога Германците ја изгубиле контролата над сопственото небо.

И најдобро е да си одговориш на едно едноставно пршање, колку ресурси троши еден пилот и каква логистика треба да му се обезбеди а колку еден војник со калашнилов или еден тенк?

Премногу е мал бројот на Тигар тенковите за таков заклучок, кај Германците главен е Панцирот кој е инфериорен во однос на Т34 но не во однос на брзината и подвижноста, додека Кралскиот Тигар кој е ремек дело не го произвеле повеќе од 500 примероци до крајот на војната.
Само еден единствен факт - повеќе од 80% од Германската армија се наоѓаше на фронтот со СССР.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.003
Поени од реакции
12.482
Фронтот во Африка кога е отворен, Истоварувањето во Сицилија, потоа јужна Италија...?

Кога Германците ја изгубиле контролата над сопственото небо.

И најдобро е да си одговориш на едно едноставно пршање, колку ресурси троши еден пилот и каква логистика треба да му се обезбеди а колку еден војник со калашнилов или еден тенк?

Премногу е мал бројот на Тигар тенковите за таков заклучок, кај Германците главен е Панцирот кој е инфериорен во однос на Т34 но не во однос на брзината и подвижноста, додека Кралскиот Тигар кој е ремек дело не го произвеле повеќе од 500 примероци до крајот на војната.
Фронтот во Африка е отворен во 1940, а пресвртницата во војната во Африка се случува дури во 1942, а фронтот во Сицилија и јужна Италија е отворен во 1943, а сето тоа е после битките за Москва, Сталинград и кај Курск.

Германската авијација била приземјена дури во 1944, откако Романија преминала на страната на Советскиот Сојуз, по што Германија останала без романската нафта.

Што се однесува до воената авијација, германските пилоти без никакви проблеми уживале доминација на небото се до 1944 кога Романија преминала на страната на Советскиот Сојуз, по што Германија останала без многу потребната романска нафта.

Што се однесува до логистиката, германскиот логистички центар Дрезден бил бомбардиран од страна на Сојузниците дури во февруари 1945, кога било повеќе од јасно дека прашање на време е додека да Црвената Армија стигне до Берлин.

А што се однесува до тенковите, после Т-34 и Штурмовик, третото најважно оружје на руските воени сили против германските тенкови бил Молотовиот коктел, кој не само тогашните тенкови, туку и денешните тенкови многу лесно ги претвора во експрес лонци.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Абе ти си читнал ли историја некогаш во животот? Како прво ако не беше Русија, САД и другите сојузници немаше да видат ни Б од Берлин, уште помалку да ја победат Германија, Англија ја делеше ВЛАКНО од окупација ако Хитлер не ја направеше катастрофалната грешна да го прекрши договорот за ненапаѓање а САД влезе во војната 1942, значи пола војна ја промаши, во најголемиот екот. САД се тие што сегде кај што од ништото почнале војна се усрале.

Чист пример Виетнам, 20тина години да војуваш со народец во џунгла и да изгубиш... awesome... никаде не успеале, никаде, сите преврати што ги направија, ги направија не со способност и ум или со сила и војска, туку со поткупи на внатрешни умови, со предизвикување на внатрешен распад (исто како што самата Америка ќе се распадне) САД се тие што финансираат, обучуваат и финансираат екстремисти за цели што погоре ги спомнав па после самите не можат да се справат со нив и ако не е Русија да им ги оправува срањата штетите ќе се многу поголеми. Пример во исламските републики во и околу Русија, сегде кај што демек ќе им помагаа воено да се ослободат од руското „диктаторство“ русите ги срамнија со земја а овие што демек ќе им помагаа ако русите ги нападнат се направија на тошо, а онаму каде што самиот народ ги избрка е затоа што е задоволен од руското „диктаторство“ затоа што има даде писменост и од племе ги направи народи со држава.

Зашто е Путин диктатор? Затоа што не легализираат хомо бракови, затоа што на обездомените во пожарите им направи куќи и им даде неповратни средства, затоа што Олег Дерипаска пред целата руска и светска јавност го натера да потпише налог со кој наредува повторно отворање и рестартирање на фабриката што затвори и враќање на вработените, затоа што не станува американска кучка???

А тоа дека со штит ќе ја обиколи цела Русија...аман ќути и не лупетај...:drk: Пред САД критично да се доближи до руска граница Среќко Шојиќ ќе се симне од Бела Лаѓа, ќе стане реален и ќе ја одведе Србија во ЕУ :icon_lol:

МекКејн не е ни вреден за коментирање, просто е смешен
Не, ти имаш читнато историја. Смени ја реториката, делуваш ко напалено створење што сака да се докаже пред аудиториум. Еве ти 10.

Не треси глупости, Хитлер не можеше да ја добие Британија најмногу поради супериорноста на англиските борбени ловци, Хитлер го бомбардираше Лондон, ама претрпуваше огромни загуби, пола од бомбардерите воопшто не се враќаа назад поради брзите и супериорни англиски ловци. Ако за тебе западниот фронт е НИШТО тогаш незнам што да речам, можеби и огромната помош во опрема, храна и лекови за руската војска од страна на САД била ништо, Нормандија, Франција...

Искрено не знам до кај се со штитот, али бар имаат претензии некои да ја ограничат Русија, а Русија што прави, Путин негодува на потегот на САД, Медведев исто така, а уствари никој не ги става на гз. Чил аут, сабота е, излези од дома...

Хјуман дај молимте не го повторувај истиот муабет ко со Лет3. Најупотребувана пушка била Каљаш. Да де, ради тоа што е ефтина и може секој терорист да си ја дозволи... смешен муабет.
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
Реално ако гледаме да можеби во Русија нема демократија,за мене подобро е и што нема.Бидејќи таа демократија е најужасно нешто што постои.За џабе Платон и Аристотел не го вметнале терминот демократија во групата лошо владеење.
Еве гледаме Америка и Запад каква демократија ни продаваат,не мора за Либија и за други земји да збориме.Најдобро е да почнеме од нас,колку години само ни перат мозок и на крај пак ништо.
Да Америка можеби е сеуште број еден(иако не сум лично уверен)но уверен сум дека блокот БРИК кај и да е ќе се издигне над нив.
Ах да и последно во Америка цела демократија ти е заснована на пари што се гледа како резултира во последниве години.
 
D

dystopian

Гостин
Абе ти си читнал ли историја некогаш во животот?
Чисто колку за информација, и да не беше САД ќе пропаднеше Русија. Нивниот lend lease act ги снадби Русите со највитални залихи кои тие тогаш ги немаа, а без нив тешко ќе продолжеа да се борат против Хитлер. Англија не ја делеше влакно од окупација, напротив, успешно се бореа против Луфтвафе, исто така со помош на Америка. Победата над нацизмот беше резултат на колективна борба каде тешко е да се одлучи која држава дала поголем придонес.

Што се однесува до Виетнам, ниедна модерна армија не нашла ефективен начин на борба против герилците. Русите десет години војуваа во Авганистан и на крај и тие ги спакуваа торбите и си отидоа. Истото им се случува моментално на САД.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Не, ти имаш читнато историја. Смени ја реториката, делуваш ко напалено створење што сака да се докаже пред аудиториум. Еве ти 10.

Не треси глупости, Хитлер не можеше да ја добие Британија најмногу поради супериорноста на англиските борбени ловци, Хитлер го бомбардираше Лондон, ама претрпуваше огромни загуби, пола од бомбардерите воопшто не се враќаа назад поради брзите и супериорни англиски ловци. Ако за тебе западниот фронт е НИШТО тогаш незнам што да речам, можеби и огромната помош во опрема, храна и лекови за руската војска од страна на САД била ништо, Нормандија, Франција...

Искрено не знам до кај се со штитот, али бар имаат претензии некои да ја ограничат Русија, а Русија што прави, Путин негодува на потегот на САД, Медведев исто така, а уствари никој не ги става на гз. Чил аут, сабота е, излези од дома...

Хјуман дај молимте не го повторувај истиот муабет ко со Лет3. Најупотребувана пушка била Каљаш. Да де, ради тоа што е ефтина и може секој терорист да си ја дозволи... смешен муабет.
Има многу поефтини пушки од Ак-47 и верзиите, на никој не ги користи.
Калашот беше и сеуште е стандардна опрема на голем број армии во светот.

Фактите се тие, од нив не може да бегаш.
Русија е светска сила, како и САД, на сите полиња. Сега ја чекаме Кина да дојди таму...

А да... Германските инвазија врз Британија не успеа заради нешто сосем друго, а не Британските ловци...

Бтв, многу исцрпен одговор даде на твоето тврдење дека Русија нема ни с од светска сила...
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Чисто колку за информација, и да не беше САД ќе пропаднеше Русија. Нивниот lend lease act ги снадби Русите со највитални залихи кои тие тогаш ги немаа, а без нив тешко ќе продолжеа да се борат против Хитлер. Англија не ја делеше влакно од окупација, напротив, успешно се бореа против Луфтвафе, исто така со помош на Америка. Победата над нацизмот беше резултат на колективна борба каде тешко е да се одлучи која држава дала поголем придонес.

Што се однесува до Виетнам, ниедна модерна армија не нашла ефективен начин на борба против герилците. Русите десет години војуваа во Авганистан и на крај и тие ги спакуваа торбите и си отидоа. Истото им се случува моментално на САД.
Последната информација за WWII ја добила од книга во шесто одд, затоа се осеќа ко начитана персона. Англија ја делело влакно од окупација, ах Хитлер бе...

Инаку за Виетнам колку што сум информиран, Америка успеа да го подели на северен и јужен, оствари свој интерес, исто како што направи со Кореја.

Хјуман читај убаво, пишав дека реториката ми беше премногу потценувачка за Русија, така е, ама тоа не го менува мојот став дека Русија не е светска сила.
 
Да ама две години по повлекувањето од Виетнам, Југот беше окупиран од Северот, така да тоа сепак беше пораз за Америка. :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Чисто колку за информација, и да не беше САД ќе пропаднеше Русија. Нивниот lend lease act ги снадби Русите со највитални залихи кои тие тогаш ги немаа, а без нив тешко ќе продолжеа да се борат против Хитлер. Англија не ја делеше влакно од окупација, напротив, успешно се бореа против Луфтвафе, исто така со помош на Америка. Победата над нацизмот беше резултат на колективна борба каде тешко е да се одлучи која држава дала поголем придонес.

Што се однесува до Виетнам, ниедна модерна армија не нашла ефективен начин на борба против герилците. Русите десет години војуваа во Авганистан и на крај и тие ги спакуваа торбите и си отидоа. Истото им се случува моментално на САД.
Има решение против герилците... :)

Германија не беше на нивото на Британците и Русите, и изгуби заради фанатичноста на Хитлер. Лесно можеше да владее со Европа...

Русите ќе успееа и без Американската помош... како што и Американците би успеале без Руската помош во Јапонија, да не беше А бомбата.
--- надополнето: Oct 22, 2011 8:50 PM ---
Последната информација за WWII ја добила од книга во шесто одд, затоа се осеќа ко начитана персона. Англија ја делело влакно од окупација, ах Хитлер бе...

Инаку за Виетнам колку што сум информиран, Америка успеа да го подели на северен и јужен, оствари свој интерес, исто како што направи со Кореја.

Хјуман читај убаво, пишав дека реториката ми беше премногу потценувачка за Русија, така е, ама тоа не го менува мојот став дека Русија не е светска сила.
Не можеш да го поткрепиш твојот став со факти, тоа е проблемот, затоа и вака кратки одговори даваш.

Историјата на Виетнам е многу покомплексна одколку што очигледно знаеш. Виетнам (Индокина) беа во војна многу децении пред Американците да се одлучат да употребат нервни гасови, напалм и отрови врз земјоделието и другите индустриски гранки...
 
D

dystopian

Гостин
Има решение против герилците... :)

Германија не беше на нивото на Британците и Русите, и изгуби заради фанатичноста на Хитлер. Лесно можеше да владее со Европа...

Русите ќе успееа и без Американската помош... како што и Американците би успеале без Руската помош во Јапонија, да не беше А бомбата.
Мислам дека муабети од типот 'шта би било кад би било' не водат никаде. Којзнае дали би успеалe без Американската помош или не...

Јас знам само дека во времето кога Американците праќаа залихи во Русија, резервите од истокот уште не беа активирани зошто на Сталин му беше малку страв од Јапонска инвазија, и без тие залихи производството би било практично невозможно.

А кое е тоа решение против герилците, баш ме интересира. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom