Е сега клучниот дел, тоа е болдот. Тоа го зборам цело време, со таква армија не може да биде доминантна светска сила, тоа е факт. Прочитав и дека им била во подем економијата, глеај, имам човек в комшии што работи во Русија со децении, кажува дека добар живот има само во Москва, остатокот е класично срање, нешто рамно на нас. Плус да не зборам за наталитетот што им е во голем минус итн.
То е то.
Е ова ти е на место, но да не се залажуваме, денеска светски агресор се САД, а не Русија.
Освен Грузија, Русија на ниту едно друго место не се обидела да наметне свое влијание во последно време, факт е тоа дека му продаваше оружје на Гадафи во Либија, а најверојатно им продава оружје и на Асад во Сирија, на Салех во Јемен и на Ахмадинеџад во Иран, но сепак тоа е повеќе бизнис отколку обид за наметнување влијание.
Всушност, во 1941 и на почетокот на 1942, САД биле екстремно ранливи, нивните генерали дошле до заклучок дека доколку Јапонија одлучи да го нападне западниот брег на САД, најверојатно ќе успее да стигне до Чикаго, а до тогаш американските воени сили не би биле подготвени за војување против толку брз и напреден противник.
Зошто биле толку ранливи ?
Па затоа што не биле агресор во војната, не очекувале да се соочат со толку брз и напреден противник, кој им нанел бројни порази кон крајот на 1941 и почетокот на 1942, поради што биле слабо подготвени.
Истото го направил и генералот Василиј Чујков при битката за Сталинград, одлучил дека германците се премногу силни на отворено поле, па затоа ги намамил да влезат во Сталинград каде што, на улиците потешко би им било да извојуваат победа против противник кој се крие во урнатини на згради и во канализациски тунели.
Русија не ја интересира наметнување влијание, најверојатно токму поради тоа што ти го велиш, бидејќи нејзината воена машинерија е застарена, Медведев најави дека ќе ја модернизира руската воена машинерија, но само за одбрана, не и за офанзива, а притоа не наведе никаков конкретен рок, мислам дека беше спомнато 2035 или 2040, со други зборови кажано, во наредниве 15 до 20 години, освен ако сериозно се смени балансот на моќ и влијание во светот, Русија нема да ја видиме како се обидува да го наметне своето влијание врз било која друга држава, освен можеби врз нејзините соседи, како што беше во случајот со Грузија во 2008.
Лично мислам дека САД се повеќе загрижени за Кина отколку за Русија.
Имено, во 1980-те години, Кина нарачала брод кој ќе служи како носач на авиони од тогашниот СССР, но бродот никогаш не бил завршен, по распаѓањето на СССР, Кина го превзела бродот и ја завршила неговата изградба во Макао, кинескиот Лас Вегас, со разликата што Макао не е среде пустина, туку излегува на море, а бродот бил пренаменет, наместо носач на авиони, го направиле да биде луксузен хотел/казино брод.
Но сепак, оваа година Кина се премисли и одлучи да го пренамени бродот во носач на авиони и истиот би требало да биде готов за 2 или 3 години, не помнам точно.
Иако САД ги имаат над 10 носачи на авиони и истите се најголеми во цел свет, сепак западноевропејците и американците дигнаа фама околу овој потенцијален кинески носач на авиони, иако истиот ќе биде помал дури и од најмалиот американски носач на авиони.
Ова би требало да биде првиот кинески носач на авиони, што нема сериозно да го смени балансот на моќ и влијание на Далечниот Исток, а Русија од друга страна, има само еден носач на авиони, Адмирал Кузњецов и истиот треба да оди на ремонт кој ќе трае од 2012 до 2017 година, што значи дека руската морнарица нема да претставува сериозна закана во наредните 5 до 6 години.
Но сепак западноевропејците и американците ептен дигнаа фама околу потенцијалниот прв кинески носач на авиони, затоа мислам дека повеќе се загрижени за Кина отколку за Русија.