МекКејн: Путин треба да биде нервозен заради смртта на Гадафи

D

dystopian

Гостин
Во секоја војна има погинати цивили!
Ти се водиш на факти од западниве медиуми така? За мене тоа е неверодостојно.
Апсења на политичари кои се дел од криминални мрежи,корумпирани.
Имам цела фамилија што ми живее во Русија,татко што работи таму,подобар факт за мене од тоа не ми треба.Барем имам информации од втора рака.
А ти продолжи да пратиш BBC i CNN,нормално за тебе тие се фактите.
Не зборувам за колатерална штета, зборувам за намерно убивање на цивили! Како Американците што прават во Ирак, понекогаш.

Зборувам за убиства на новинари против власта. Убиства на дисиденти. Апсења на политички противници. Какви CNN и BBC, што глумиш удрен...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.003
Поени од реакции
12.482
Декстер, имам многу за учење инаку цел есеј ќе ти го одговорев. Ако не те мачи пробај да ги најдеш мислењата на Лет3 во врска со Руската армија уз факти, стварно немам време да ги барам, а ако зеам да пишувам до утре ќе треба да пишувам.
Само нешто, Русија доби огромна помош од САД, доби тенкови, авиони. Плус западниот фронт кој го отворија сојузниците беше клучен Хитлер да го намали бројот на трупите на источниот фронт, плус самиот тврдоглав Хитлер и покрај огромниот налет на СССР не им дозволуваше на војниците да ги напуштат борбените линии, па така Русија успеваше да пенетрира во Европа. Океј скроз друг муабет од тој што треба да се дискутира во врска со темава али ај.
Како која моќна валута? Па си слушнал нешто да се плаќа во Рубљи? :D

Peace out.

Ау. @Riki. А зошто Русија не земе да нападне некоја земја ради нафта? Зошто не е светска сила. Ајт :D
Западноевропскиот фронт бил отворен предоцна, дури кога Сталин почнал со реализација на Операција Багратион, со која биле ослободени Белорусија, Украина, Литванија, Летонија, Естонија и делови од источна Полска.

Цел свет знае дека доколку не би бил отворен западноевропскиот фронт во 1944 година, можеби Русите ќе го ослободувале Париз веќе во 1945, а не сојузниците.

И како што веќе спомнав, да, САД дале помош за Русија за време на Втората Светска Војна, но во ниту една од клучните битки во источна Европа американската помош не играла клучна улога, туку руската воена машинерија.

А што се однесува до денешната руска воена машинерија, повеќе од јасно е дека е застарена и дека плаче по обнова, потонувањето на подморницата Курск во август 2000 е јасен доказ за тоа, со други зборови кажано, денешната руска воена машинерија е како ЈСП Скопје, плачат по обнова, тоа е факт.

Сакаш да кажеш дека една валута е моќна во зависност од тоа колку е користена во светот ?

Па ако е така, зошто тогаш 1 долар во 2004 чинеше 80 и кусур денари, а сега во 2011 чини 40 и кусур денари ?

Сакаш да кажеш дека вредноста на доларот е падната поради помало користење на таа валута ?

Е како е намалено користењето на доларот, кога бројот на жители на САД расте, баш според последниот попис спроведен во 2010, бројот на жители е речиси 310 милиони народ, а беше над 280 милиони народ пред 10 години ?

Русија нема потреба да напаѓа друга држава богата со нафта, кога и самата Русија има полни резерви со нафта, а веќе си тера бизнис со државите членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужно Африканска Република), кои се и тоа како богати со најразни ресурси, а се подготвуваат заедно да им конкурираат на ММФ и на Светската Банка како идни кредитори на сиромашните држави и на државите во развој.

Кој колку придонел во 2СВ, што би било кога би било, итн. А што ако сојузниците не ја уништија Германската Авијација и Морнарица а потоа преку постојани бомбардирања Германската инфраструктура и индустрија? (Најдобри тенкови во 2СВ се Германските Тигар и Кралски тигар но Германците не можеле да ги произведат во доволен број). Фронтот во Африка, ЕлАламејн, Италија, Истоварувањето во Нормандија итн. Битката за Пацификтот...
Исто би му дошло и како Кина да ја поразила Јапонија поради големите жртви.. Вакви дискусии се беспредметни.

Инаку он топик, изјавата на МекКејн е глупост, како Жириновски да ја дал. (Политички кловн во Русија како и МекКејн во САД).
Германските тенкови имале најмоќни топови, точно, но токму поради тоа тешко се движеле, баш битката кај Курск била битка од типот Дејвид против Голијат, Русите имале повеќе луѓе и повеќе тенкови, но Германците имале поголеми и помоќни тенкови.

Но руските тенкови Т-34 биле многу лесни за возење и ептен брзи, поради што германските тенкови тешко ги нишанеле и погодувале.

На крајот, помалиот и поброен, но меѓу другото и полесен и побрз руски тенк Т-34 во улогата на Давид, го победил германскиот поголем, потежок и помоќен германски тенк Тигар во улогата на Голијат.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Незнам каква демократија е таа во САД, кога кој и да победи, дали републиканец или демократ, се менуваат само фирмите кои имаат концесии за нафтените полиња во светот.
Не гледам јас таму никаква опозиција на ништо.
Тоа ти е класична диктатура скриена позади превезот на некакви си демократски избори.

Русија е долга тема, дали некој за некого чини, се гледа со бројки.
Јас тука не видов бројки, само мрсули.
Истото се случува и тука кај нас.
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Кој колку придонел во 2СВ, што би било кога би било, итн. А што ако сојузниците не ја уништија Германската Авијација и Морнарица а потоа преку постојани бомбардирања Германската инфраструктура и индустрија? (Најдобри тенкови во 2СВ се Германските Тигар и Кралски тигар но Германците не можеле да ги произведат во доволен број). Фронтот во Африка, ЕлАламејн, Италија, Истоварувањето во Нормандија итн. Битката за Пацификтот...
Исто би му дошло и како Кина да ја поразила Јапонија поради големите жртви.. Вакви дискусии се беспредметни.

Инаку он топик, изјавата на МекКејн е глупост, како Жириновски да ја дал. (Политички кловн во Русија како и МекКејн во САД).

Тигар и Кралски Тигар најдобри? Немој вака куме .
--- надополнето: Oct 22, 2011 6:45 PM ---
Каква одбрана бре, зборувам за киднапирање и убивање на Чеченски цивили. Не ни станува збор за колатерална штета. Зборувам за убиства на десетици новинари критички настроени спрема власта на Путин, апсења на политички противници. Како тоа не е диктатура?
Чеченија доби независнот. Чеченија сама ја провоцираше втората војна. Убивање цивили? Колатерална штета ете ти демократски одговор.Та преку стојко ако убива новинари и така тие се ѓубре од луѓе. Диктатура? Изборите три пати по ред си ги добива со апсолутно мнозинство. Диктатура да беше ќе немаше избори и сите други партии ќе беа забранети. Сте слушнале пар збора или сте го прочитале Леткото и одма магистри сте.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
А што се однесува до денешната руска воена машинерија, повеќе од јасно е дека е застарена и дека плаче по обнова, потонувањето на подморницата Курск во август 2000 е јасен доказ за тоа, со други зборови кажано, денешната руска воена машинерија е како ЈСП Скопје, плачат по обнова, тоа е факт.

Русија нема потреба да напаѓа друга држава богата со нафта, кога и самата Русија има полни резерви со нафта, а веќе си тера бизнис со државите членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужно Африканска Република), кои се и тоа како богати со најразни ресурси, а се подготвуваат заедно да им конкурираат на ММФ и на Светската Банка како идни кредитори на сиромашните држави и на државите во развој.
Јасно ми е се околу WWII, и за Курск и за западен и за источен фронт. Патриотизмот бил клучен фактор, а не машинеријата. Во јуриш излегувале двајца војници со една пушка. Исто и тврдоглавоста на Хитлер, посебно кај Крим итн биле клучен фактор за поразот на Германската војска и за напредувањето на СССР. За тогашната машинерија на СССР океј, Т-34 бил подвижен, ефикасен и лесен за изработка, но авијацијата била доста слаба. Пример, еве линк, гледај колку трагикомични обиди за изработка на нешто квалитетно имале руските инженери http://www.cracked.com/article_19473_5-unintentionally-hilarious-soviet-versions-good-ideas_p2.html

Еј Русија немала потреба. Па и САД имаат резерви на нафта, Русија има 3 пати повеќе од нив, иако американците ја имаат најквалитетната нафта, плус се истражува пределот на Аљаска каде што се проценува огромно количество на нафта.

Е сега клучниот дел, тоа е болдот. Тоа го зборам цело време, со таква армија не може да биде доминантна светска сила, тоа е факт. Прочитав и дека им била во подем економијата, глеај, имам човек в комшии што работи во Русија со децении, кажува дека добар живот има само во Москва, остатокот е класично срање, нешто рамно на нас. Плус да не зборам за наталитетот што им е во голем минус итн.

То е то.
 
D

dystopian

Гостин
Чеченија доби независнот. Чеченија сама ја провоцираше втората војна. Убивање цивили? Колатерална штета ете ти демократски одговор.Та преку стојко ако убива новинари и така тие се ѓубре од луѓе. Диктатура? Изборите три пати по ред си ги добива со апсолутно мнозинство. Диктатура да беше ќе немаше избори и сите други партии ќе беа забранети. Сте слушнале пар збора или сте го прочитале Леткото и одма магистри сте.
То бре Србендо, нек убија новинаре, шта има везе, нек гину маму им јебем... Мислам, дај не заебавај. Каде со тој памет... Намерно и систематско убивање НЕ Е колатерална штета. Добива апсолутно мнозинство зошто ги контролира медиумите и ги затвара политичките противници. Тие што неможе да ги поткупи или ги убива или ги апси.
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
То бре Србендо, нек убија новинаре, шта има везе, нек гину маму им јебем... Мислам, дај не заебавај. Намерно и систематско убивање НЕ Е колатерална штета. Добива апсолутно мнозинство зошто ги контролира медиумите и ги затвара политичките противници. Тие што неможе да ги поткупи или ги убива или ги апси.

Каде бе ти со тој памет...
У Дебар.

Намерно и систематско убивање на штетници е должност кога веќе ти си им дал независност а тие пак бараат повеќе, или не прочита дека втората чеченска војна они сами ја започнаа?
 
Јас ти зборувам за обични цивили кои немаат никаква врска со муџахедините кои ја започнаа втората војна со нападот на Дагестан...
 
M

Mario Gómez

Гостин
Под диктаторство животот е убав бе.:ROFLMAO: Зашо Либијците не се организираа пред да нападни НАТО? Така и во Русија, Кина, С.Кореја и кај нас, иако длабоко угнетуван народот, без право на збор и критика на власта му е убаво. Диктаторите ја сакаат државата, го сакаат народот(тој дел шо оди зад нивната идеолошка доктрина) и им обезбедуваат пристоен живот за да не протестираат. Во главно вработувања во јавниот сектор ака нишај врата земај плата, и зашо би се жалеле?
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Јас ти зборувам за обични цивили кои немаат никаква врска со муџахедините кои ја започнаа втората војна со нападот на Дагестан...
Како немаат никаква врска кога ги кријат, ги облекуваат, ги снабдуваат? Нема невиност , само одредени нивоа на вина.
 
D

dystopian

Гостин
Како немаат никаква врска кога ги кријат, ги облекуваат, ги снабдуваат? Нема невиност , само одредени нивоа на вина.
Чеченија брои милион и кусур жители од кои само неколку илјади се директно или индиректно вмешани во борбата против Русија. Најголемиот број од настраданите биле жртви на рандом упаѓања од страна на исфрустрирани новопечени Руски војници.

Дури сметам дека злосторствата во Чеченија се "најмал" проблем за Русија. Убиствата на новинари и апсењата на политички противници постојат само во диктатура. Нема врска што на хартија пишува дека Русија е демократија, истото го пишува кај многу држави и треба да си навистина слеп за да мислиш дека тоа што се случува во Русија овие 20 години не е еднакво на диктатура.
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Чеченија брои милион и кусур жители од кои само неколку илјади се директно или индиректно вмешани во борбата против Русија. Најголемиот број од настраданите биле жртви на рандом упаѓања од страна на исфрустрирани новопечени Руски војници.

Дури сметам дека злосторствата во Чеченија се "најмал" проблем за Русија. Убиствата на новинари и апсењата на политички противници постојат само во диктатура. Нема врска што на хартија пишува дека Русија е демократија, истото го пишува кај многу држави и треба да си навистина слеп за да мислиш дека тоа што се случува во Русија овие 20 години не е еднакво на диктатура.
Исврустрирани од иживувања/обезглавувања на заробеници,самоубиствени напади низ Русија можда? Демократија според кој стандард? Бомбардирања на земји насекаде низ светот пошо така ти текнало е демократија? Јебала вас демократија и либерализам.
 
Јас никаде не продавав про-американски прикаски и либерализам. Напротив, Америка до срж ја мразам, поточно нивната надворешна политика. Ама од друга страна, глумење наудрен пред злосторствата на Путин, само зошто и Американците го прават истото, е глупаво...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.003
Поени од реакции
12.482
Е сега клучниот дел, тоа е болдот. Тоа го зборам цело време, со таква армија не може да биде доминантна светска сила, тоа е факт. Прочитав и дека им била во подем економијата, глеај, имам човек в комшии што работи во Русија со децении, кажува дека добар живот има само во Москва, остатокот е класично срање, нешто рамно на нас. Плус да не зборам за наталитетот што им е во голем минус итн.

То е то.
Е ова ти е на место, но да не се залажуваме, денеска светски агресор се САД, а не Русија.

Освен Грузија, Русија на ниту едно друго место не се обидела да наметне свое влијание во последно време, факт е тоа дека му продаваше оружје на Гадафи во Либија, а најверојатно им продава оружје и на Асад во Сирија, на Салех во Јемен и на Ахмадинеџад во Иран, но сепак тоа е повеќе бизнис отколку обид за наметнување влијание.

Всушност, во 1941 и на почетокот на 1942, САД биле екстремно ранливи, нивните генерали дошле до заклучок дека доколку Јапонија одлучи да го нападне западниот брег на САД, најверојатно ќе успее да стигне до Чикаго, а до тогаш американските воени сили не би биле подготвени за војување против толку брз и напреден противник.

Зошто биле толку ранливи ?

Па затоа што не биле агресор во војната, не очекувале да се соочат со толку брз и напреден противник, кој им нанел бројни порази кон крајот на 1941 и почетокот на 1942, поради што биле слабо подготвени.

Истото го направил и генералот Василиј Чујков при битката за Сталинград, одлучил дека германците се премногу силни на отворено поле, па затоа ги намамил да влезат во Сталинград каде што, на улиците потешко би им било да извојуваат победа против противник кој се крие во урнатини на згради и во канализациски тунели.

Русија не ја интересира наметнување влијание, најверојатно токму поради тоа што ти го велиш, бидејќи нејзината воена машинерија е застарена, Медведев најави дека ќе ја модернизира руската воена машинерија, но само за одбрана, не и за офанзива, а притоа не наведе никаков конкретен рок, мислам дека беше спомнато 2035 или 2040, со други зборови кажано, во наредниве 15 до 20 години, освен ако сериозно се смени балансот на моќ и влијание во светот, Русија нема да ја видиме како се обидува да го наметне своето влијание врз било која друга држава, освен можеби врз нејзините соседи, како што беше во случајот со Грузија во 2008.

Лично мислам дека САД се повеќе загрижени за Кина отколку за Русија.

Имено, во 1980-те години, Кина нарачала брод кој ќе служи како носач на авиони од тогашниот СССР, но бродот никогаш не бил завршен, по распаѓањето на СССР, Кина го превзела бродот и ја завршила неговата изградба во Макао, кинескиот Лас Вегас, со разликата што Макао не е среде пустина, туку излегува на море, а бродот бил пренаменет, наместо носач на авиони, го направиле да биде луксузен хотел/казино брод.

Но сепак, оваа година Кина се премисли и одлучи да го пренамени бродот во носач на авиони и истиот би требало да биде готов за 2 или 3 години, не помнам точно.

Иако САД ги имаат над 10 носачи на авиони и истите се најголеми во цел свет, сепак западноевропејците и американците дигнаа фама околу овој потенцијален кинески носач на авиони, иако истиот ќе биде помал дури и од најмалиот американски носач на авиони.

Ова би требало да биде првиот кинески носач на авиони, што нема сериозно да го смени балансот на моќ и влијание на Далечниот Исток, а Русија од друга страна, има само еден носач на авиони, Адмирал Кузњецов и истиот треба да оди на ремонт кој ќе трае од 2012 до 2017 година, што значи дека руската морнарица нема да претставува сериозна закана во наредните 5 до 6 години.

Но сепак западноевропејците и американците ептен дигнаа фама околу потенцијалниот прв кинески носач на авиони, затоа мислам дека повеќе се загрижени за Кина отколку за Русија.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Е ова ти е на место, но да не се залажуваме, денеска светски агресор се САД, а не Русија.

Освен Грузија, Русија на ниту едно друго место не се обидела да наметне свое влијание во последно време, факт е тоа дека му продаваше оружје на Гадафи во Либија, а најверојатно им продава оружје и на Асад во Сирија, на Салех во Јемен и на Ахмадинеџад во Иран, но сепак тоа е повеќе бизнис отколку обид за наметнување влијание.

Всушност, во 1941 и на почетокот на 1942, САД биле екстремно ранливи, нивните генерали дошле до заклучок дека доколку Јапонија одлучи да го нападне западниот брег на САД, најверојатно ќе успее да стигне до Чикаго, а до тогаш американските воени сили не би биле подготвени за војување против толку брз и напреден противник.

Зошто биле толку ранливи ?

Па затоа што не биле агресор во војната, не очекувале да се соочат со толку брз и напреден противник, кој им нанел бројни порази кон крајот на 1941 и почетокот на 1942, поради што биле слабо подготвени.

Истото го направил и генералот Василиј Чујков при битката за Сталинград, одлучил дека германците се премногу силни на отворено поле, па затоа ги намамил да влезат во Сталинград каде што, на улиците потешко би им било да извојуваат победа против противник кој се крие во урнатини на згради и во канализациски тунели.

Русија не ја интересира наметнување влијание, најверојатно токму поради тоа што ти го велиш, бидејќи нејзината воена машинерија е застарена, Медведев најави дека ќе ја модернизира руската воена машинерија, но само за одбрана, не и за офанзива, а притоа не наведе никаков конкретен рок, мислам дека беше спомнато 2035 или 2040, со други зборови кажано, во наредниве 15 до 20 години, освен ако сериозно се смени балансот на моќ во светот, Русија нема да ја видиме како се обидува да го наметне своето влијание врз било која друга држава, освен можеби врз нејзините соседи, како што беше во случајот со Грузија во 2008.
Да, да, се слагам дека агресорот е САД, тоа и ми беше поентата на целиов муабет. САД има страшно подготвена армија да завојува буквално насекаде низ светот, има носачи на авиони, страшни бомбардери, армија со најсофистицирана опрема. Има огромен број на сојузници, сојузници кои исто така се доминантни на таа воена мапа на светот. Па затоа си земаат за право да бидат агресори, да командуваат што и како ќе се прави, па нели е тоа една светска суперсила?

Од друга страна како што и самиот викаш, Русија има многу застарена опрема, па нормално дека нема да проба да наметне влијание и нешто ептен да се спротистави на САД токму поради тие причини. Можеби реториката моја беше ептен потценувачка за Русија, ама барем двајцата се слагаме дека Русија во моментов не е светска сила. Влијателна е, ама не толку за да биде опасен играч на таа шаховска табла за светска доминација и влијание.

Инаку секогаш ми биле интересни муабетите за WWII. Околу војната на пацификот, Американците биле во многу понеповолна ситуација од Јапонците. Јапонците биле утврдени, на свој терен и со одлично пешадиско оружје, додека пак Американците морале да се истоваруваат од бродови, да освојуваат остров по остров, да се борат против фанатици во тешки климатски услови.
Дефинитивно било тешко да се војува на Окинава, Иво Џима, уствари на јапонска територија, или светата земја за Јапонците кои по никоја цена не сакале да ја окупира непријателот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom