МекКејн: Путин треба да биде нервозен заради смртта на Гадафи

S

Sagan

Гостин

Како а да не ги обожаваш?
Башка, партнерката му, може да ја види Русија од пенџере. То ти е боље од шпионски сателит, брате.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да Македонија е светска сила не Русија.

Овој може да кења колку сака ама ако се реши некогаш Америка да ја нападне Русија ондак чао свету.
Никогаш Америка нема да ја нападне Русија, затоа што тие секогаш напаѓаат територии за кои сигурно знаат дека можат да ги покорат. Секогаш се тоа послаби земји кои немаат некоја јака муниција или војска или ептен слабо развиени земји. Кога Америка нападнала некоја екстра сила? Никогаш. И никогаш тоа нема да се деси. Секогаш играат на сигурна карта.
 
D

dystopian

Гостин
Е видиш, тука јас и ти, не се слагаме.
Сакаш земјата да ти оди напред по една постојано растечка експоненцијала? Уништи ги внатрешните непријатели.
Односно оние кои што се против тебе.
Затоа што тие што се против тебе, грешат.
Грешат, затоа што ти, докажано, си во право.

Како може да мрчиш за неговите методи на владеење кога истите од една крнтија направија светска сила?
Ви го испрале мозокот америте дека "диктатор" е ултимативно лош збор, безразлика што дур е он на власт јадете кавијар, а додека се демократи на власт јадете корки леб.
Страшно.
Ex, и Хитлер го подобрил животниот стандард во Германија, автопати изградил, започнал кампања против цигари, започнал разноразни социјални програми невидени во тоа време, повторно ја издигна Германија како економска и воена сила. И што?

Путин е диктатор, тоа што колку-толку успеал да ја подобри економската состојба во Русија никако не ги оправдува сите убиства, апсења, киднапирања извршени по негова наредба или наредба на неговите подредени. Барем не во мои очи, ако за тебе се оправдани, тогаш ти си тој со испран мозок. Меѓутоа, разбирам јас. Лесно е да се говори кога државата во прашање е оддалечена неколку илјади километри од тебе, па ни ти ни твоите блиски не се лично засегнати. Изгледа кул нели? Јас се прашувам како ќе постапеше ако Грујо или Бране или -напиши рандом политичар од РМ- е тој што постојано наредува убиства на дисиденти, новинари и политички противници. Дали тогаш ќе ја проголташе глупоста "се работи за доброто на државата и народот"?

И овде нема никаков обид за прикажување на Американците во подобро светло, пак ќе потенцирам, се работи за исти гомна!
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Смешни муабети, една Јапонија има помоќна морнарица од Русија. За технолошки напредок не сакам да праам муабет.
Под светска сила не се рачуна кој има повеќе гас. Америка нема толку ама затоа ги има поробено земјите со природни ресурси. Светска сила за да си треба да имаш сојузници ко НАТО, треба да имаш воени бази во странски држави, треба да имаш моќна економија, валута, светски брендови итн.

Русија освен гас е пустош земја, освен во Москва, во другите градови народот тоне во сиромаштија, се соочува со исселување со многу низок наталитет и што уште не. Русија увек губела војни, да не беше помошта од САД прашање и колку ќе успееа во втора светска војна итн. Русија е влијателна земја, би било опасно за било која друга земја ако биде нападната од Русија, ама за светска сила, слабо...
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Леле леле...
Хитлер со Путин..
Русија увек губела војни..
Wtf am I doing here?
 
D

dystopian

Гостин
Хитлер со Путин
Хитлер беше даден како пример, владетел кој значително го подобрил животниот стандард во неговата држава (пред да ја направат пуздер). Можеш да реплицираш на вториот пасус, ако не ти е тешко... ;)
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Леле леле.
Кај била Русија пред 10 години, а кај била сега.
На истото место, никаде.
Wtf are u...? Then gtfo. :rolleyes:
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Смешни муабети, една Јапонија има помоќна морнарица од Русија. За технолошки напредок не сакам да праам муабет.
Под светска сила не се рачуна кој има повеќе гас. Америка нема толку ама затоа ги има поробено земјите со природни ресурси. Светска сила за да си треба да имаш сојузници ко НАТО, треба да имаш воени бази во странски држави, треба да имаш моќна економија, валута, светски брендови итн.

.
или, да имаш сојузници како Кина и Северна Кореа, твојот противник да го има за противник пола арапски свет, итн...

Светска економска сила можеби не, но светска воена сила е сигурно. Никој неможе тоа да го замери. Нема врска што порано губела војни, и ние порано губевме у кошарка сеа газиме.

А муабетот со Хитлер... историјата ја пишуваат победниците, не !? Така да и „добрите“ работи кои Хитлер ги правел се окарактеризуваат како лоши, а тоа шо Америка фрла нуклеарки 2 дена по потпишувањето на конвенција е ql stuff...

Путин е диктатор, да! Но под негово водство Русија воскресна, повторно стана цврста светска сила. Само што западот сега гледа да ги извлече само лошите страни на Путин, иако она шо Путин го прави (од лошите работи) го прават и тие, но нели тие таквите работи ги прават за „светски мир“ и „благосостојба“...

А во врска со изјавава од МкКејн: Куче што лае, не каса...
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Смешни муабети, една Јапонија има помоќна морнарица од Русија. За технолошки напредок не сакам да праам муабет.
Под светска сила не се рачуна кој има повеќе гас. Америка нема толку ама затоа ги има поробено земјите со природни ресурси. Светска сила за да си треба да имаш сојузници ко НАТО, треба да имаш воени бази во странски држави, треба да имаш моќна економија, валута, светски брендови итн.

Русија освен гас е пустош земја, освен во Москва, во другите градови народот тоне во сиромаштија, се соочува со исселување со многу низок наталитет и што уште не. Русија увек губела војни, да не беше помошта од САД прашање и колку ќе успееа во втора светска војна итн. Русија е влијателна земја, би било опасно за било која друга земја ако биде нападната од Русија, ама за светска сила, слабо...
Појма немаш, без навреда ама така е.....

Да те прашам само......2008 година...Русија за 5 дена стигна до главен град на една држава и се повлече сакајќи на сите да им каже да не си играат со неа....Кај беа Морнариците, Авијациите, Специјалците на НАТО и САД да спасат еден нивни пион кој им помагаше нив во Авганистан??? Каде отидоа сојузниците на таа држава кога за 5 дена беше тотално опустошена, без никаков воен аеродром, цели градови бомбардирани...каде беа? или Олимпијада гледаа?
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723

брат сериозно ова го мислиш ? нез колку си запознаен ама БРИК државите имаат најголем економски раст значи за неколку години сите 4 ќе го стигнат САД(најголем раст кина потоа русија па бразил и индија) ако продолжи вака.. а друго Русија е позната како неподлева држава/нација значи никогаш немале пораз тоа е муабетот да кажеш дека увек губеле војни е апсурд ..
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Никогаш Америка нема да ја нападне Русија, затоа што тие секогаш напаѓаат територии за кои сигурно знаат дека можат да ги покорат. Секогаш се тоа послаби земји кои немаат некоја јака муниција или војска или ептен слабо развиени земји. Кога Америка нападнала некоја екстра сила? Никогаш. И никогаш тоа нема да се деси. Секогаш играат на сигурна карта.
Во Корејската војска војувале Америка vs Кина и Русија, загинале некаде пола милион Кинези.http://en.wikipedia.org/wiki/Korean_war 2 СВ со Јапонија и Германија. Инаку се сложувам дека денес нуклеарните сили нема да се напаѓаат помеѓу себе, од едноставна причина што не постои технологија која што може да заштити од нуклеарен напад, односно од балистички проектили како начин на испорака на нуклеарното оружје. Иако нешто работат на тој план со ткн. антиракетен штит, но тоа е многу далеку од накаква ефикасна заштита.
 
H

HITCH

Гостин
Секако тоа не ги оправдува безбројте глупости кои Американците ги направиле, но поуспешно ги сокриле, но сепак, убаво е да се знае дека се работи за исти гомна од различни држави.
Сакаш да кажеш дека се` е ок додека не те фатат? Грешиш!

Точно е дека МекКејн ужива многу мал углед и во интервјуата кои ги дава е повикан да одговори на прашањата бидејќи некогаш држел пушка в рака, тоа што е поранешен кандидат за преседник на САД не е причина поради која им текнало на него. Потполнил термин... :icon_lol: И кај нас има вакви „експерти.“ Не верувам дека ова е непромислена изјава од МекКејн, но нема кој да го чуе во Америката, па се` едно е што кажал. Има луѓе чиј збор вреди да се чуе, а има и луѓе чиј збор не вреди ништо, а МекКеј е во вториве.

Јас мислам дека кога државата има видлив напредок водачот не е диктатор*, туку напротив вистински водач.

* Во негативен контекст го спомнуваш Путин, а тој го покажува спротивното. Русија одамна не била толку силна како сега. Јелцин направи навистина добар избор! Не се согласувам дека Путин е диктатор. Имаш помешано термини.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Појма немаш, без навреда ама така е.....

Да те прашам само......2008 година...Русија за 5 дена стигна до главен град на една држава и се повлече сакајќи на сите да им каже да не си играат со неа....Кај беа Морнариците, Авијациите, Специјалците на НАТО и САД да спасат еден нивни пион кој им помагаше нив во Авганистан??? Каде отидоа сојузниците на таа држава кога за 5 дена беше тотално опустошена, без никаков воен аеродром, цели градови бомбардирани...каде беа? или Олимпијада гледаа?
Ти имаш појма.

Не треси глупости, му се заканиле на Грузија, јак курац, ко Америка да им скокне на Исланд. Имај на памет дека Америка и Русија никад нема да се судрат, тоа ти е муабет за 10годишни деца, двете земји имаат меѓусебни интереси.
Америка со антиракетен штит ќе ја обиколи цела Русија, овој за Грузија запнал :pos: Чеченци се разнесуваат по Руски метроа, пред некое време киднапираа цел театар, а руските специјалци имаа успешна и крајно професионална операција, имаше повеќе загинати цивили отколку киднапери. Русија лол.
http://www.funnymotivationalposters.info/wp-content/uploads/2010/06/Spetsnaz.jpg

п.с. ElNinho. Океј те разбирам, ама факт е дека Русија има слаба и застарена воена опрема, С.Кореја е класична нула за една Франција, Британија, Турција кои патем се сојузници на САД во НАТО, а цел блиски исток да ги составиш еден паметен човек нема да најдеш.

И не расправам веќе, глупо ми е да докажувам дека Русија е никој и ништо во споредба со САД.
--- надополнето: Oct 22, 2011 4:56 PM ---
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.537
Поени од реакции
11.609
Смешни муабети, една Јапонија има помоќна морнарица од Русија. За технолошки напредок не сакам да праам муабет.
Под светска сила не се рачуна кој има повеќе гас. Америка нема толку ама затоа ги има поробено земјите со природни ресурси. Светска сила за да си треба да имаш сојузници ко НАТО, треба да имаш воени бази во странски држави, треба да имаш моќна економија, валута, светски брендови итн.

Русија освен гас е пустош земја, освен во Москва, во другите градови народот тоне во сиромаштија, се соочува со исселување со многу низок наталитет и што уште не. Русија увек губела војни, да не беше помошта од САД прашање и колку ќе успееа во втора светска војна итн. Русија е влијателна земја, би било опасно за било која друга земја ако биде нападната од Русија, ама за светска сила, слабо...
Каде го најде ова дека Русија ќе изгубела во Втора Светска Војна ако САД не и помогнеле, појма немам.

Во случај да не си знаел, пресвртницата во Втората Светска Војна е во битките за Москва, Сталинград и Курск, во битката за Москва Русите сами извојувале победа, без ничија помош, САД тогаш сеуште биле неутрални, во битката за Сталинград Русите од САД добиле помош како храна, лекови и џипови, веќе во битката кај Курск Русите добиле значителна помош од САД, но во таа битка главен фактор биле руските тенкови Т-34 и руските борбени авиони од типот Штурмовик, така да, американската воена помош била дури трет значителен фактор кој им помогнал на Русите да извојуваат победа во Втората Светска Војна, прв значителен фактор бил патриотизмот и љубовта кон татковината, кои Русите до денешен ден ги негуваат, а втор значителен фактор биле руските фабрики кои по наредба на Сталин биле преместени источно од Урал по почетокот на Операција Барбароса и токму оддалеченоста на овие фабрики кои произведувале оружје и муниција за руските воени сили биле клучен фактор кој им помогнал на руските воени сили забрзано да се вооружат, засилат и регрупираат.

Да, Русија претрпела катастрофални порази на почетокот на Втората Светска Војна, во војната со Финска, Финска изгубила нешто над 26.000 војници, додека Советскиот Сојуз ги изгубил над 125.000 војници, во првите 3 месеци од почетокот на Операција Барбароса, Советскиот Сојуз ги изгубил над 3 милиони војници, но сето тоа било резултат на чистките и теророт кои Сталин ги спроведувал во 1930-те години во Советскиот Сојуз и во Црвената Армија, видни руски команданти како Михаил Тухачевски, Василиј Блихер и Александар Јегоров биле погубени по наредба на Сталин, но токму Тухачевски е таткото на блицкригот, воената тактика за брзо и незапирливо освојување на територии која ја користеле германците, а и до денешен ден ја користи целиот свет, вклучувајќи ги и САД.

Што се однесува до НАТО и нивната воена моќ, токму НАТО ја фалеше грузиската војска дека е пример за НАТО војска, а Путин ги срамна со земја за само 2 недели во 2008, ако така функционира една НАТО војска, тогаш подобро да се предадеме уште пред да започне војната, наместо да чекаме НАТО да не брани, со бранители како НАТО, подобро да се предадеме или да избегаме уште пред да започне војната, отколку на крајот на војната да не вадат од канализациска дупка каде ќе се криеме како стаорци, како што направија со Гадафи во Либија.

А која ти е таа моќна економија и моќна валута, те молам објасни ?

Американската економија, која се издигнуваше со странски пари, односно во најголем дел со кинески пари, 1 долар=80 и кусур денари во 2004, а денес во 2011, 1 долар=40 и кусур денари ?

Европската економија, која по трет пат ќе ја спасува Грција од банкрот во период од 2 години ?

Единствено за Јапонците си во право, да, Јапонија располага со најмоќна морнарица на Далечниот Исток, нивниот јавен долг изнесува над 200% од нивниот БДП, но сепак, Јапонците не се паничарски народ, додека во САД за време на ураганите Катрина и Рита се гледаше како криминалци го искористуваат хаосот за да ограбуваат продавници, во Јапонија по земјотресот и цунамито во март 2011, се гледаше како вработените во продавниците, наместо да бегаат за да си ги спасат животите, со своите раце ги држат рафтовите за вино, за да не паднат и за да не се скршат шишињата, а по земјотресот и цунамито, наместо да ограбуваат продавници, чекаат во редица еден позади друг за да купат најосновни средства за живеење, храна, вода, облека, лекови и слично.

Самиот факт дека Јапонија е трета најголема економија во целиот свет и покрај нејзиниот долг кој изнесува над 200% од нејзиниот БДП, говори повеќе од доволно за тоа дека економијата на една држава не се одржува во живот со пари, туку со работа и труд, тоа го имаш кај Јапонците, тоа го имаш кај Кинезите, тоа го имаш и кај Русите, Чесите, Германците, но го немаш кај Американците, напротив, токму Американските корпорации ги селат своите фабрики во странство за поголем профит.

Ако 10% од Американците се невработени, што мајка бара Џонсон Контролс да отвора втора фабрика во Македонија, зошто не ја отвори во САД за помогне во намалувањето на невработеноста во САД ?

Е па, затоа што Џонсон Контролс ги интересира нивната економска состојба и нивниот профит, а не економската состојба на американскиот народ и неговиот профит, поисплатливо им е да го шират својот бизнис во Македонија, отколку во САД, затоа отвораат нова фабрика во Македонија, а не во САД.

А од друга страна, во Русија, Путин го натера Олег Дерипаска пред целата руска јавност да потпише налог со кој наредува повторно отворање и рестартирање на една од неговите фабрики која тој ја затворил, како и враќање на вработените на работа, и тоа среде светската економска криза, не да си го сели бизнисот надвор од Русија, туку да го рестартира истиот тој бизнис во границите на Русија, токму таму каде што и го затворил, додека во САД, Обама ги купи со народни пари Џенерал Моторс и Крајслер, само за да, откако ги купи, ја информира американската јавност дека сепак ќе мора да затвори дел од фабриките на Џенерал Моторс и Крајслер поради нивната нерентабилност, е тоа ти е само уште една од разликите помеѓу САД и Русија.
 
D

dystopian

Гостин
Сакаш да кажеш дека се` е ок додека не те фатат? Грешиш!
Баш обратно, злосторствата на Америка воглавно поминуваат незабележано додека злосторствата на Русија ги има на секој западен медиум. Но тоа не го менува фактот дека, по стоти пат, се работи за исти гомна од различни држави. Тоа што и Америка врши злосторства никако не смее да ги оправда злосторствата на Русија.

Once again, two wrongs don't make a right.
Јас мислам дека кога државата има видлив напредок водачот не е диктатор*, туку напротив вистински водач.

* Во негативен контекст го спомнуваш Путин, а тој го покажува спротивното. Русија одамна не била толку силна како сега. Јелцин направи навистина добар избор! Не се согласувам дека Путин е диктатор. Имаш помешано термини.
Батали семантички расправии. Русија не е диктатура и Путин не е диктатор на хартија, реалноста друго покажува. Тоа што земјата покажува напредок треба да ги оправда сите злосторства кои биле извршени по наредба на Путин? Се работи за стотици убиства, апсења, киднапирања...

Јас реков и претходно, целото ова глорифицирање на Путин се должи на тоа што тој и пркоси на Америка, а на овие простори постои огромна (оправдана) омраза и одбивност спрема Американците.

П.С. Не верувам дека ненадејната оставка на Јелцин беше доброволен избор, ама тоа е друга тема.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom