Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
за разлика од Римско, Турско, Српско, Бугарско и пост Земјотресно Скопјекога никој нит ги праша нит ги консултира жителите, нит имаше дебатни емисии, ни геј паради за рушење цркви, овој проект (мегудругото) одеше на избори неколку пати. легитимно избрана власт, со легитимни буџетски пари, по проект изведен од докажани фирми прави десетина згради...не се секавам султанот да бил нешто потранспарентен кога ја правеа чаршијата.
Имало за овој проект транспарентност? Па ниту за пари нема официјална информација. Освен што знае дека ќе се трошат исклучиво на центарот на Скопје. А и што ако имало тук таму дебати кога советите на архитектите или други надлежни лица отидоа во ветер.
ЈАС ЛИЧНО и многу други никогаш не ставаа равенство идентитет = архитектура,
можеби не ти лично, да ја исправам грешката во моето писание -не треба да стои "стававте" туку -"ставаа".
многумина други, да.
Од Вечер
Во стилот на македонски национален деец и борец за македонската национална самобитност преставниците на Институтот Димитрија Чуповски" вчера заедно со поголемиот дел од јавноста застанаа зад проектот Скопје 2014. Како што изјавија од Институтот на трибината насловена Скопје 2014, нивната вчерашна иницијатива е дел од нивните редовните активности кои се во насока на организирање на јавни дебати за повеќе општествени прашања и останати актуелни теми. Според нив Скопје со него ќе ја добие својата државотворност и национален идентитет, како што му прилега на еден главен град.
Васил Иљов,
Суптилната архитектонска семантика, која е инспирирана од најуспешните реализации на македонската архитектура, ќе биде не само македонски „мемориски архив“ во просторот, туку ќе го презентира и националниот идентитет на македонскиот народ.
наш форумџија
За вкусовите не се расправа но ФАКТ е дека на Скопје му требаше ваков проект зошто Скопје како главен град немаше скоро ништо со што се одсликуваше нашиот идентитет.
...не се секавам султанот да бил нешто потранспарентен кога ја правеа чаршијата.
ако живееме во султанат, пеки. Само мислам дека споредбите не се соодветни на нашите услови.
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Имало за овој проект транспарентност? Па ниту за пари нема официјална информација. Освен што знае дека ќе се трошат исклучиво на центарот на Скопје. А и што ако имало тук таму дебати кога советите на архитектите или други надлежни лица отидоа во ветер..
точно дека поради политика немаше вистинска дебата туку се сведе на кошкање на два табора. кој од кој понекомпетентен

Најтивките, архитектите изведувачите и инжинерите кој го проектираат и изведуваат проектот се докажани, проверени и едни од најдобрите на Балканот па и пошироко, пред се мислам на Гранит и Бетон. тоа е неспорно.

*не зезај, деталните проекти на самите објекти ги има на билд (а не треба да ги има), цифрите се јавни, дури има известувања за милионските перални од анекси. Спиновите со бомбастични бројки и народецот наш што се пали на трач се сосема трета работа. Не викам дека е идеално, ама за разлика од еден лумикс, кисела вода и дебар маало, козјак, еден влајко и пола гуп на тетово и гостивар...ова ми се гледа како кристал, пука од транспарентност...
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570

:pos:

Дај не зезај...И тие планови што се ставени се едвај најдени.Ти виде некаде конкурси, ги виде сите проекти изложени некаде?
Тоа што на музејот се постави една табла со „рендер“ направен во Пеинт е за тебе транспарентност?
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Тодоровиќ призна: Наместо црква на плоштад ќе никне барокна зграда

Според новите измени во Деталниот урбанистички план на централното градско подрачје, се брише маркичката за црквата која што беше предвидено да се гради на плоштадот „Македонија“, а на нејзино место влегува во игра административна зграда, која најверојатно ќе биде изведена во стилот што се наметна како бренд на проектот „Скопје 2014“.

За црквата е предвидена друга локација, во близина на споменикот на Мајка Тереза, пред платото на Домот на армијата.
Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, денеска ги потврди гласините за новите измени на ДУП-от „Мал Ринг“, но бидејќи изработката на измените во планот е во тек, не даде прецизни информации за корегираната визија на проектантите за центарот на градот, во однос на црквата која во јавноста предизвика доста контроверзии, па дури и меѓуетнички тензии. Тој не коментираше ни за потребата од изградбата на уште една зграда за државна администрација, покрај оние две кои ќе се градат во зелениот појас спроти хотелот „Бристол“.

- Во урбанизмот сега се изработуват тие идеи и најверојатно црквата ќе се дислоцира, но не е дефинитивно. Има идеја на местото на црквата да се гради административна згрaда, но сепак, не се конечни ни работните верзии. За стилот сè уште е рано да се каже, но убаво би било да се вклопи во концептот на „Скопје 2104“ - рече Тодоровиќ.

Ееее, што го заслуживме ова незнам.. :(

БОНУС:

Панорамското тркало на нов пешачки мост

Локацијата за овој проект е предвидена со новиот детален урбанистички план за „Мал ринг“, кој сé уште се изработува во проектантската куќа „Ин-пума“

Не се знае дали има студија колку е безбедно тркалото да се постави на мост
На пешачки мост, кој ќе почнува меѓу објектите на поштата и идниот офицерски дом и ќе води кон Музејот на македонската борба и новиот театар, ќе се постави панорамското тркало. Локацијата за тркалото е предвидена со новиот детален урбанистички план за „Мал ринг“, кој сé уште се изработува во проектантската куќа „Ин-пума“. Од општината Центар не потврдуваат ништо, само велат дека измените и дополнувањата на планот се во тек и дека сé уште не се знаела новата локација.

- Откако комисија ќе го разгледа планот, ќе имаме точен податок за новата локација на тркалото - изјави Јовица Ацковски, портпаролот на општината.

Ова е втора локација за изградба на панорамското тркало. Првата беше кејот, веднаш до зградата на МЕПСО, но планот се измени поради подземната сообраќајница, која треба да се гради на истата локација. Од градот направиле студија што покажала дека врз сообраќајницата не треба да има тешки објекти. Сé уште не се знае дали од градот, чиј проект е поставувањето на тркалото, направиле и студија за тоа колку ќе биде безбедно тркалото да се постави на мост. Дали е побезбедно тркалото да биде поставено врз подземната сообраќајница или, пак, на мост на река што, кога има пообилни врнежи од снег и дожд, може многу да надојде.

Горан Марковски, професор на Градежниот факултет, вели дека многу несоодветно решение е да се постави панорамско тркало на мост.

- Факт е дека сé може да се дизајнира, но постојат некои инженерски логики што треба да се запазат, а да не зборувам за регулацијата на Вардар и протокот на ветерот. Според мене, ова е многу несоодветно решение, непотребно силување и на конструкцијата и на просторот. Мостот ќе треба да биде премасовен, за да може на него да се постави и тркалото и да се овозможи тој да биде пешачки мост - објаснува професорот Марковски.

Во огласот пишува дека идејното решение се однесува на панорамското тркало со придружни елементи, но сé уште не е определено што друго се планира да се постави. Со тендерската документација од претходниот конкурс беше предвидено на тркалото да можат да се возат 144 посетители, по шестмина распоредени во кошници. Дополнително ќе треба да се утврди и на кого градот ќе му го даде тркалото на стопанисување, дали за возење, односно за разгледување на градот ќе се наплатуваат билети и колку би чинело да се види панорамата на Скопје.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102111920359&id=14&prilog=0&setIzdanie=22411
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Се фатиле за ова панорамско тркало ко пијан за бандера.:tapp:
А и не знам што да се гради нова барокна зграда на плоштад.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
185
Поени од реакции
96

Немој само да ми кажеш дека инормацијата за наводната зграда на плоштад е од плус инфо:pos:
--- надополнето: Oct 21, 2011 6:18 PM ---
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Немој само да ми кажеш дека инормацијата за наводната зграда на плоштад е од плус инфо:pos:
--- надополнето: Oct 21, 2011 6:18 PM ---
Што има врска од каде е кога Тодоровиќ го изјавил тоа!?
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Ме фрапира податокот дека бројот што ја клеветат политиката на Југославија заради „форсирањето“ на останатите Ју републики преку трупање на индустрија и бла бла ствари кои го овозможуваат развојот, за разлика од „зафрлената“ Македонија и нејзиното изолирање од сите тие важни работи кои се случуваат само во Словенија, Србија и Хрватска, е адекватен на бројот кој го поддржуваат трупањето на тие „бла бла“ ствари и форсирањето на главниот град Скопје, на штета на останатите изолирани градови „од провинција“ кои умираат бавно.

Go on...
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
185
Поени од реакции
96
Што има врска од каде е кога Тодоровиќ го изјавил тоа!?
Зашто не го изјавил тоа.Најди друг медиум кој ја пренесува таа изјава-нема.

Ова ти е оф топик.Имаш форум за економија.Па па
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Зашто не го изјавил тоа.Најди друг медиум кој ја пренесува таа изјава-нема.
Ова ти е оф топик.Имаш форум за економија.Па па
Каква иронија лежи во твоето идентификување со Мето... :)

Мојот пост не е “само“ економија. Се базира на тоа фамозно „трупање“ на главниот град и „умирачката“ на другите градови заради СЕ што се случува за и во Скопје.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Што има врска од каде е кога Тодоровиќ го изјавил тоа!?
Ќе бараш низ бибиси, азијатудеј или танјуг, :)

Туку еве и во дневник
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=318C217C50D52C4F8401CCEF235C06E4
како преку ноќ ги менуваат маркиците, локациите, плановите...не можеа со прст да мрднат за другите места, само за центар. Набутајте све у центар, што има потреба друг да живее.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
185
Поени од реакции
96
Каква иронија лежи во твоето идентификување со Мето... :)

Мојот пост не е “само“ економија. Се базира на тоа фамозно „трупање“ на главниот град и „умирачката“ на другите градови заради СЕ што се случува за и во Скопје.
Тука темата е СК2014 од аспект на архитектура.Башка што твојата констатација е разглобуана претходно на темава,врати се прочитај.
Плачење за тоа као у Скопје се дешава се , а другите градови умирале па се со мртовци се полни, иди на темата

Скопје низ призмата на еден „провинцијалец
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
185
Поени од реакции
96
Ќе бараш низ бибиси, азијатудеј или танјуг, :)

Туку еве и во дневник
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=318C217C50D52C4F8401CCEF235C06E4
како преку ноќ ги менуваат маркиците, локациите, плановите...не можеа со прст да мрднат за другите места, само за центар. Набутајте све у центар, што има потреба друг да живее.
Не ми се верува тоа да го направат,не се до толку.Најверојатно тинекс се збунил нешто.Сепак си кажува дека не е ништо конечно и дека е во фаза на разгледување опции.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom