Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Под српска окупација Скопје изгледало подобро,отколку под "слобода" во периодот 45-90.Македонски парадокс.
И дај да ги рушиме Ристиќева и Собранието.Па и тие се од српската окупација.
Камени мост е од отоманско време.Дај да го рушиме.
Никој не вика да се руши (иако и тоа не е лоша опција), само постои иронија во фактот што "вмровци" возобновуваат обијекти кои се симбол на српското владеење тука, под таа окупација многу прави ВМРОВЦИ го дадоа животот за Македонија а истото тоа ВМРО му организираше и атентат на српскиот крал Александар. Инаку многу повеќе смисла има да се возобновуваат обијекти кои некогаш постоеле (ако се оди на таа автентична варијанта на Скопје, која мене не ми е по ќеиф), одколку да си измислуваме подправци во необарокот и неокласицизмот, ако и можат да се класифицираат ко такви.
 
Подправци вие си измислувате.Станавте експерти за барок и неокласицизам.До вчера мислевте дека е тоа вид француска пудлица.
 
А што се возобновува ос тој период ..само офицерски дом и стариот театар два објекта по кој плачат сите посебно постарите.. тоа што вреди си вреди
 
Подправци вие си измислувате.Станавте експерти за барок и неокласицизам.До вчера мислевте дека е тоа вид француска пудлица.
Ниту сум експерт ниту ништо, само си кажувам мое лаичко мислење, ама гледам ти ја разбираш материјата доста подобро од мене, до толку добро што владата да реши и нужник на плоштад да изгради пак ќе викаш дека е ОК.
 
Како дел од СК2014 е и мостот на уметноста каде ќе има 29 скулптури на најзначајните фигури од Македонската уметничка и културна историја: Петре Прличко, Војдан Поп Георгиев Чернодрински, Кочо Рацин, Стефан Гајдов, Јордан Хаџи Константинов - Џинот, Властимир Николовски, Димитар Пандилов, Тодор Скаловски, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Браќа Миладиновци, Блаже Конески, Григор Прличев, Крсте Петков Мисирков, Никола Мартиновски, Петар Мазев, Трајко Прокопиев, Никола Јонков Вапцаров, Стале Попов, Неџати Зекирија, Муртеза Пеза, Адем Гајтани, Васил Иљоски, Димитар Кондовски, Ванчо Николески, Живко Чинго, Ристо Шишков и Лазар Личеноски. Меѓу нив и Тоше:

tose1-skulptura500.jpg

Не ми е јасно зошто толку непрофесионално се изработуват скулптурите... Прво Никол Карев сега Тоше, а најверојтно и останатите од мостот. Слично е и со релјефите на постаментите. Толку се плтики, монотони и неинтересни... Повеќето се и неисполнети, со прости и едноставни слики како ученик во оновно да ги нацртал на часот по ликовно. И многу се плитки, како да е само застругана бронзата колку да се познаваат линии. Единствено пофалба за скулптурите на Кирил и Методиј, Наум и Климент, тие се мислам професионално изработени.
 
Ниту сум експерт ниту ништо, само си кажувам мое лаичко мислење, ама гледам ти ја разбираш материјата доста подобро од мене, до толку добро што владата да реши и нужник на плоштад да изгради пак ќе викаш дека е ОК.
Сигурно ме имаш читано претходно на темава дека критикувам што се градат многу споменици.
А на темава се дискутира за вкусови,а не за функционалноста на новоизградените објекти.
 
Скопје 2014 е апсурд на македонската инвестиција. Што повеќе споменици повеќе црно-бојадисани со испружена рака за 10 денари. Каква глетка само, се гордееш со тоа што си го направил и веднаш дотебе: Абе дете дај една банка... ахахаха
 
Најчевска ти ли си ?
 
Па поголема глупост од тоа да ги споредуваш градбите Скопје-центар 2014 со Битола, не знам (впрочем сличностите не значат дека мора да го градиме токму истото Скопје, токму истата Битола). Спореди ги сликите од периодот меѓу двете светски војни и сега.
арно де, честопати стававте знак еднаквост на Скопје центар 2014 со македонскиот национален идентитет. Отоманско, српско, бугарско...е се само не македонски национален идентитет. Можеби наколни населби на Вардар...околу до врбите.
постирав линк од скајскрејперсити за класичната архитектура низ југославија/европа, архитектурата во Скопје не е ништо поразлична од Таа во Витола, велес, Солун. кавала, Софија Белград, Ниш или било кој Европски град, едноставно класиката е класика.
ЈАС ЛИЧНО и многу други никогаш не ставаа равенство идентитет = архитектура, таква работа не постои, толку ме читаш и памтиш, тоа го направија а1 и компанија и го крунисаа со термин антиквизација, што е далеку од умот на било кој барем со средно образован човек.

а зошто мора Скопје центар 2014 да личи 90% на Скопје од пред 2 св. војна? Зошто се копира старо предратно Скопје (пардон, Скопје центар) ? Не мора да знам како се вика стилот за да ми се допадне или не.

а зошто мора да биде ултра модерно, а зошто да биде во 60та брутално, на твоето зошто има и затоа и уште 100 зошто, тоа е прашање на вкус и избор.

за разлика од Римско, Турско, Српско, Бугарско и пост Земјотресно Скопјекога никој нит ги праша нит ги консултира жителите, нит имаше дебатни емисии, ни геј паради за рушење цркви, овој проект (мегудругото) одеше на избори неколку пати. легитимно избрана власт, со легитимни буџетски пари, по проект изведен од докажани фирми прави десетина згради...не се секавам султанот да бил нешто потранспарентен кога ја правеа чаршијата.
--- надополнето: Oct 16, 2011 5:58 PM ---
Никој не вика да се руши (иако и тоа не е лоша опција), само постои иронија во фактот што "вмровци" возобновуваат обијекти кои се симбол на српското владеење тука, под таа окупација многу прави ВМРОВЦИ го дадоа животот за Македонија а истото тоа ВМРО му организираше и атентат на српскиот крал Александар. Инаку многу повеќе смисла има да се возобновуваат обијекти кои некогаш постоеле (ако се оди на таа автентична варијанта на Скопје, која мене не ми е по ќеиф), одколку да си измислуваме подправци во необарокот и неокласицизмот, ако и можат да се класифицираат ко такви.

ајде пак, за тие што поспоро сфакаат - со илустрации

отомнаската банка во Скопје
16_1.jpg

српштина невидена:vozbud: како бе вака си дозволувате да се брукате на теми од кој немате основно познавање...солам ли ја памет во футбал на пример?
--- надополнето: Oct 16, 2011 6:00 PM ---
par29rf.jpg

Сарај ("Кермес") - Скопје Saray - Üsküp
Изграден во втората половина на 19 век, од страна на турски бег 1896 година , (дом во кој живеел бегот) исто кога е изграден и новиот градски парк„Ислахане“ (денешен Градски парк) кога си заминал од Македонија, во 1918 година, ја подарил на Градот .
 
И што со ова сега, демек еве во Скопје имало барок и тоа од Турци граден, па зошто да нема и од Срби кога и они граделе тука? Човек се работи за идеологијата на ВМРО, дај земи прочитај ја историјата на ВМРО од 1918 до 1941, види колку атентати над Срби и Србомани биле извршени, види кои биле непријатели број 1 на ВМРО тогаш па после збори ми. Не се проблем градбите или архитектурата, проблем е партијата ВМРО - ДПМНЕ која се декларира како наследник на историското ВМРО (ако не се декларира така не знам што им стои тоа ВМРО напред) а додека делата им немаат врска со тоа ВМРО. Ко што кажав немам проблем со возобновување на автентични градби, али ако она музејот кој што личи на турски затвор (ако не тоа има некои ориентални белези сигурно) го ставате во класа на овие градби тогаш секоја чест на паметот. Или па ај подобро да ги земеме зградите што тек ќе се градат на ЈП Водовод и канализација и на Градска куќа, дали бе ти човек си слушнал некогаш за урбанистичко планирање, постои и таков смер на Архитектонски Факултет. Дали сметаш дека вакви градби треба да стојат една до друга

JP%20Vodovod%20i%20Kanalizacija%20CROP.jpg

Gradska%20kuka%20viz%200101.jpg

Зградите поединечно може да бидат и совршени, но доколку околината не соодветствува со објектот, крајниот ефект може да биде и срање. Кај нас не се обрнува внимание на ова, само се нафрлаат градби, се мешаат стилови, се ебава матер ко игрица да играме некоја. Битно е и значењето што го имаат овие градби, кога ќе видиш онаков објект наменет како зграда за Водовод и канализација станува дури и малку смешно :)
 
Ја не разбирам,предходно се одраа од плачење, зашто градат вакви градби кога никат ги немало во Скопје,а сега зашто емитираат градби од српско и отоманско време.Крај нема.Кажи се ми смета и готово,не се мачи, не се зрачи пред монитор.Бог богу...
--- надополнето: Oct 16, 2011 8:09 PM ---
Коце ќе копа тунел од 900 метри во центарот на Скопје

Коце го вклучи алармот - доаѓа трамвај!

Може не се дел од проектот, ама не можев да најдам друга тема поврзана со ова па нека одат овде.
http://www.time.mk/read/e1ddc28c92/7f2fd57652/index.html
Градската власт заедно со Владата во 2013 година ќе почне изградба на подземна сообраќајница од „Илинденска“ до Народна банка, односно булевар Kузман Јосифовски-Питу, беше вчера усвоено на седница на Советот на Град Скопје. Овој капитален проект, со кој ќе се овозможи директна врска меѓу источниот и западниот дел од градот, ќе чини 30 милиони евра, информира градоначалникот Kоце Трајановски. Изградбата ќе значи дека граѓаните повеќе нема да мора да ги користат улиците од Малиот ринг кон западниот дел од Скопје, со што, според градските власти, ќе биде значајно за намалување на бучавата и на загаденоста во овој дел од метрополата. Предвидено е подземната улица да биде готова две до три години од почетокот на градежните работи. .Браво,браво,пред некој ден чув нешто и за трамвајот.Ќе се растерети сообраќај бајаги.
 
И што со ова сега, демек еве во Скопје имало барок и тоа од Турци граден, па зошто да нема и од Срби кога и они граделе тука? .

јас ти кажувам за твое добро - ке ти се смеат утре во друштво на работа, син ти дома.

*српска архитектура не постои, нема таква работа...
*постои неокласична, својствена за Скопје и секој мал и голем град во Македонија, Балканот ЕвропаАзија, Австралија, Јужна и Северна Америка. (благодарејки на колонијална Шпанија и Англија)значи секој КОНТИНЕНТ населен со луге на планетата земја.

Не се проблем градбите или архитектурата, проблем е партијата ВМРО - ДПМНЕ

ова не е подфорум политика, проблемот решавај си го на избори

Зградите поединечно може да бидат и совршени, но доколку околината не соодветствува со објектот, крајниот ефект може да биде и срање. Кај нас не се обрнува внимание на ова, само се нафрлаат градби, се мешаат стилови, се ебава матер ко игрица да играме некоја

како се мешаат стилови? - 95% од проектот е во неокласичен стил!
.

Битно е и значењето што го имаат овие градби, кога ќе видиш онаков објект наменет како зграда за Водовод и канализација станува дури и малку смешно :)

а што треба ако е зграда на водовод, да ја проектираме и трпиме, грда голема и бетонско сива??? ако е зграда на водовод треба да е ружна? тоа е некое правило оставено во аманет од Грчев?
--- надополнето: Oct 16, 2011 9:12 PM ---
Градската власт заедно со Владата во 2013 година ќе почне изградба на подземна сообраќајница од „Илинденска“ до Народна банка, односно булевар Kузман Јосифовски-Питу, беше вчера усвоено на седница на Советот на Град Скопје. Овој капитален проект, со кој ќе се овозможи директна врска меѓу источниот и западниот дел од градот, ќе чини 30 милиони евра, информира градоначалникот Kоце Трајановски. Изградбата ќе значи дека граѓаните повеќе нема да мора да ги користат улиците од Малиот ринг кон западниот дел од Скопје, со што, според градските власти, ќе биде значајно за намалување на бучавата и на загаденоста во овој дел од метрополата. Предвидено е подземната улица да биде готова две до три години од почетокот на градежните работи. .Браво,браво,пред некој ден чув нешто и за трамвајот.Ќе се растерети сообраќај бајаги.

проектот за подземна сообракајница е стар 50 години, идејата за трамвај 30, да видам па да поверувам!
 
Ја не разбирам,предходно се одраа од плачење, зашто градат вакви градби кога никат ги немало во Скопје,а сега зашто емитираат градби од српско и отоманско време.Крај нема.Кажи се ми смета и готово,не се мачи, не се зрачи пред монитор.Бог богу...

Тоа ти ко "вмровец" треба да ми го кажеш, јас мојот став во однос на Скопје го кажав. Не сум против возобновување генерално како чин (има многу примери низ светот, на пример Москва после Втора светска војна http://www.cornellpress.cornell.edu/book/?GCOI=80140100982900), но лично јас не би возобновувал во вакво Скопје. Затоа што тоа Скопје буквално исчезнало од лицето на земјата по земјотресот, ако некогаш требало да се размислува за возобновување и градење реплики тогаш тоа бил периодот после земјотресот. Е арно ама тоа не се случило и се изградил сосем нов град. И сега ти после толку години да пробуваш да враќаш некаква автентичност преку пар објекти од тоа време и новокомпоновани барок и неокласицизам и сето тоа да го споиш со она што претходно било изградено. На крај добиваш калакурница од стилови до тој степен што центарот на Скопје заличува на селска распуштеница.

Направени се систематски грешки. Прво требаше да се креира официјална дискусија помеѓу архитекти, урбанисти, инженери, со еден збор луѓе од фелата (домашни и странски) околу тоа што треба да се гради а што треба да се руши во Скопје, а што од старото треба да остане, после требаше да се направат консултации со Владата, како инвеститор, околу буџетот и временскиот период во кој би требало да се одвива целиот проект а притоа да не се оптерети буџетот на РМ и да се јави потреба за задолжување како и пробивање на некои project milestones and timelines како што имаме во нашава ситуација.
--- надополнето: Oct 16, 2011 9:59 PM ---
јас ти кажувам за твое добро - ке ти се смеат утре во друштво на работа, син ти дома.
Не ме смеј :)

*српска архитектура не постои, нема таква работа...
*постои неокласична, својствена за Скопје и секој мал и голем град во Македонија, Балканот ЕвропаАзија, Австралија, Јужна и Северна Америка. (благодарејки на колонијална Шпанија и Англија)значи секој КОНТИНЕНТ населен со луге на планетата земја.
Точно српска архитектура не постои, но градбите се симбол на тогашната српска хегемонија. Тоа е едниот парадокс. А поголем парадокс е што тие симболи ги гради партија која се нарекува ВМРО (ваљда тебе ко на професионален вмровец ти е јасно што значи тоа име, кои ликови го воделе и кои се нивните дела)

ова не е подфорум политика, проблемот решавај си го на избори
Проблемот не е политички ,туку историски

како се мешаат стилови? - 95% од проектот е во неокласичен стил!
Сега неокласичен (Greek revival architecture ) ли е или барокен е, или од се по нешто има, без концепт испонаредено едно до друго.

а што треба ако е зграда на водовод, да ја проектираме и трпиме, грда голема и бетонско сива??? ако е зграда на водовод треба да е ружна? тоа е некое правило оставено во аманет од Грчев?
Тука веќе самиот си констатираше што е добро а што не, така да немам коментар
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom