Ниту би клекнала, ниту би го побарала, таа должност му ја оставам нему.
Туку да раскажам една случка од пред 2-3 години. Му беше роденден на дечкото, се бевме собрале неколку души кај него и така во домашна атмосфера прославуваме. Во еден момент ми текна да му го дадам подарокот. Вадам од чантата мало кутивче убаво завиткано и велам тарааарам тебе шо не ти текнува да ме бараш, не ти текнува туку јас ја преземам работата во мои раце (на сите и беше јасно на што мислам). А тој јадниот се здрви, неколку секунди вџашено ме гледаше, ми го зеде поклонот од раце го стави до фотелјата велејќи после ќе видам што е. Тука веќе настана громогласна смеа и му стана јасно дека се зезам само. Инаку ова не ми беше претходно планирано, туку идејата ми дојде после неколку чаши алкохол и поклонот не беше прстен.