Кој?

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.918
Поени од реакции
34.762
Поминаа и 8 години од последниот цар Колозов. Жените веќе не се купуваат за 2 алтани или 3 кози. Имаат право да гласаaт. Модерни се. Рамноправни. Или барем илузијата од рамноправност. Старите дискриминирачки начини и традиции повеќето се зад нас. Да позборуваме околу еден кој останал. Фамозното клекнување на колено. Кој?
Знам, знам.. на повеќето ви е апсурдно воопшто да се замисли ситуацијава. И со право. Тоа е работа на мажот. Последна романтична ствар пред бракот, каде ќе си доаѓа изморен од работа, чекајќи да му ги измиете нозете додека тој гледа тв и пие пиво. Но тоа не го оспорува фактот дека многу девојќи околу светот имаат запросено. Мислам, адетов има толко разноразни девијации на толку креативни но и моронски начини, што the other way around и не е толку лошо.

pros
- Тука го играме блефот на жените, комплетна рамноправност, practice what you preach, дека во теорија, дури овде на форумов имаме многу модерни, либерални девојки коишто се отворени на се' што е ново, надвор од нормалното и остало, а во пракса се истите копии на нивните мајки кои, нормално, мораат да имаат маж кој ќе им го "вози" (get it? get it?) животот. Значи ја обелоденуваме хипокризијата, дека "jajцата" на мажите понекогаш се неизбежно потребни.

- Takes the pressure off, секако ако парот е веќе сигурен, само останува да се постави прашањето, ова може да излезе супер за мажи со.. помали "jajца".

cons
- Жениве, романтичниве душички кои се и какви што ги знаеме според филмовите, не би имале контрола, и така overwhelmed oд преслаткиот, романтичен трет состанок - би ве запросиле. Или барем така наивно се претставени. Како и да е, кој од овде би ризикувал? :icon_lol: Мажите го имаат перфектниот тајминг.

- Не би седел во ресторан полн со луѓе и сите да гледаме девојка како си завива фустанот за да може да клекне и да ми става бурма на прстен. Или какоида запросуваат модерниве жени.

Знам дека, кога сме кај традиции, традиција е оп да внесе личен став во воведот, ама рано ми е, немам многу размислувано, and frankly I couldn't care less. Само ви давам тема да дискутирате. Да се карате.
Some men just want to watch the world burn.
 
А бе какво клекнување за лигуши е тоа, не клечиме ние не плачиме по жени освен сами во соба кога сме, има риби во морето ако си лош рибар или не ти е сезона па тоа. Добив фетиш ама ми помина, крива е македонската кошаркарска репрезентација волкот и Викторија Лоба. Заврши првенството заврши рекламата и волкот изладе, а стварно личи на Викторија Лоба мајку му невероватно нешто. Заеби :icon_lol:, не ми е добро обично кога врни дожд сум во ред ама сега сета магија не ми помага не оди ама ќе биде сега малку дезиорентиран сум само да најдам во кој правец терам и тоа е тоа :icon_lol:.
 
Абе од старт контра пример :) Мајка ми го запросила татко ми.
Е јебига :)
Инаку во поголемиот дел си во право, повеќето жени се романтични душички, им требаат мажиња да се грижат за нив и да им го возат животот.
И не сум една од нив, добро е.
 
Дали вие девојките би клекнале?
Мажи, како би реагирале?
 
Дали вие девојките би клекнале?
Мажи, како би реагирале?

Не би клекнала, ама би го запросила.
На пример, би го однела на трка на Формула1 (дечково мој тоа сака, и тоа многу) и на крајот би средила некако некој да му донесе чаша/плик/ што било, со прстенот внатре и прашањето.
А може и ќе пиеме пивце вака петочки, па ќе му кажам ,,ај бе ожени се со мене, ми се сака деца да ти родам!!!,, :)
 
Дали вие девојките би клекнале?
Мажи, како би реагирале?

Не би клекнала зашто не сум романтична душа и не сакам ни романтики од негова страна. Иначе дали би го запросила, зависи што се подразбира под запросување, значи не би правела никакви околности и незнам што ама би го прашала дали сака да се ожени со мене и кога планира да го направи тоа... па ако ова спаѓа во запросување тогаш да, би го запросила :))
 
Значи ако (веќе) се ориентирате според начелто на рамноправност(меѓу мажите и жените нормално), за кое се крева толку прашина, логично е да не треба никој да клекне пред никого, најнормално и за мене доста нетрадиционално и модерно си седнуваат двајцата некаде можда ресторан или некое друго отмено место и кројат план за иднината на врската, свршувачка, веридба, свадба, деца, иднина без да треба некој да клечи или моли некого! А според мене тој што почнува не моли туку само покренува иницијатива везразлика кој пол и да е.....
 
Кај нас немаше вакво класично предложување на колено, туку се случи некако спонтано, ај да живееме заедно, па да се вериме, па договоривме свадба и така бидна. Испадна некако од нигде никаде, ама и мене така најмногу ми одговараше. не сакам романтики и лигавења, чудно реагирам во такви ситуации, па со таков предлог веројатно немаше ни да помине добро.
А онака класика женско да клекне на колено не верувам дека има во нашава земја случај. Може да му спомне, да го подбуцне, или да му рече да се земат, ама ова со клекнувањево не ми иде некако.
 
Кај нас немаше вакво класично предложување на колено, туку се случи некако спонтано, ај да живееме заедно, па да се вериме, па договоривме свадба и така бидна. Испадна некако од нигде никаде, ама и мене така најмногу ми одговараше. не сакам романтики и лигавења, чудно реагирам во такви ситуации, па со таков предлог веројатно немаше ни да помине добро.
А онака класика женско да клекне на колено не верувам дека има во нашава земја случај. Може да му спомне, да го подбуцне, или да му рече да се земат, ама ова со клекнувањево не ми иде некако.
Спонтано, што и да ти се деси у живот, ако е такво тоа е најдобро што може да биде :)
 
Би клекнала з'ш да не.
Ако сакаме да сме рамноправни со мажите, а и 21 век е не глеам нишо лошо у тоа да го побарам љубениот за маж.
Не глеам дали е престапна година или не, тоа не игра некоја улога :icon_lol:
 
Би клекнала з'ш да не.
Ако сакаме да сме рамноправни со мажите, а и 21 век е не глеам нишо лошо у тоа да го побарам љубениот за маж.

Побарај го на утакмица некоја пред цел стадион, биди ептен оргинална :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom