Гледај да земеш нешто поново и позачувано и по можност од прв сопственик.
Немој да зимаш увезени коли бидејќи повеќето од нив се со враќана километража и се кршови.
Има одлични зачувани Пунта од кај 2004/2005 за околу 3.200/3.300 евра, Шевролет Авео исто од кај 2005 се наоѓа за околу 3.000 евра ...
Значи за старо возило не е толку битно од која марка е, туку многу побитно е колкава километража има пројдено и да е зачувано.
Значи барај поново возилце, позачувано и со помала километража.
За 3.000 евра можеш да купиш и Мерцедес и БМВ и Ауди ама колку тоа ќе биде сочувано и исправно, само господ знае, мислам дека сваќаш што сакам да кажам
Значи за та сума од 3.000/3.500 евра некое помало возилце од пониска класа баш како што сакаш и ти и позачувано.
И избегнувај да купуваш од автоплацеви.
И уште еден совет кој што малкумина го знаат е како со сигурност да познаеш дека колата е увезена.
Ќе ја познаеш по регистарските таблички (незнам до која буква се стигнати по другите градови али за Скопје знам).
Во Скопје табличките се стигнати до буквата V ( а пред V беше буквата U)
Значи ако видиш некоја постара кола (значи не нов модел, туку некој постар) со букви на регистрацијата SK-555 (бројкиве се небитни) и ако завршува регистрацијата со
првата буква U или
V тоа значи дека сега скоро е увезена од странство и сега скоро е префрлена на МК таблички.