Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Ај да видам мислења и дискусија. Пред набавка на половно возило сум и според она што ми е потребно се мислам помеѓу:
-Alfa Romeo 156 2.4 JTD
-BMW 318 tds compact или било што но да е во ок состојба и се разбира дизел од истиот производител со цена до максимум 5.000 евра(под услов да не е увоз од Бугарија)
-Audi A4 1.9 TDI
-Mercedes E или C лкаса, се разбира во дизел изведба.
Мислења?
 
L

Lu

Гостин
Не ми одредиле конкретна сума, меѓутоа сакам да имам малку од малку усул што се вика... До кај 3 000 евра... сеа не е проблем нешто минимално над :) Ама пежоава беа по 4 000 евра, е толку не ми се дава навистина... :)
Гледај да земеш нешто поново и позачувано и по можност од прв сопственик.
Немој да зимаш увезени коли бидејќи повеќето од нив се со враќана километража и се кршови.
Има одлични зачувани Пунта од кај 2004/2005 за околу 3.200/3.300 евра, Шевролет Авео исто од кај 2005 се наоѓа за околу 3.000 евра ...

Значи за старо возило не е толку битно од која марка е, туку многу побитно е колкава километража има пројдено и да е зачувано.
Значи барај поново возилце, позачувано и со помала километража.

За 3.000 евра можеш да купиш и Мерцедес и БМВ и Ауди ама колку тоа ќе биде сочувано и исправно, само господ знае, мислам дека сваќаш што сакам да кажам :)

Значи за та сума од 3.000/3.500 евра некое помало возилце од пониска класа баш како што сакаш и ти и позачувано.
И избегнувај да купуваш од автоплацеви.

И уште еден совет кој што малкумина го знаат е како со сигурност да познаеш дека колата е увезена.
Ќе ја познаеш по регистарските таблички (незнам до која буква се стигнати по другите градови али за Скопје знам).
Во Скопје табличките се стигнати до буквата V ( а пред V беше буквата U)
Значи ако видиш некоја постара кола (значи не нов модел, туку некој постар) со букви на регистрацијата SK-555 (бројкиве се небитни) и ако завршува регистрацијата со првата буква U или V тоа значи дека сега скоро е увезена од странство и сега скоро е префрлена на МК таблички.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
Мојот совет е да бегаш од Peugeot :) особено од 206. Имам цела листа на информации за проблеми од прва рака :)

Пример купуваш греачи за дизел, се крстиш дали ќе ти пасуваат. За една серија се едни, за друга други.

Ако ти рикни мењач 700 - 800 евра, шал табла (километраж) последно во пролетта беше 400 евра.
--- надополнето: Oct 19, 2011 12:59 PM ---
Ај да видам мислења и дискусија. Пред набавка на половно возило сум и според она што ми е потребно се мислам помеѓу:
-Alfa Romeo 156 2.4 JTD
-BMW 318 tds compact или било што но да е во ок состојба и се разбира дизел од истиот производител со цена до максимум 5.000 евра(под услов да не е увоз од Бугарија)
-Audi A4 1.9 TDI
-Mercedes E или C лкаса, се разбира во дизел изведба.
Мислења?
За Алфата слушам го фалат овој мотор.
BMW го знам моторот ама не знам да ти кажам ништо конкретно, мада за парите купуваш кола со дизајн од 1992.
А4-ката супер мотор ама треба да го најдеш од сигурно место оти се многу експлоатирани, ...
И заклучок се знае Mercedes ти е најсигурна игра. И да е возен, (500 000км) уште 500 000 ќе ги помине без да рече оф. Барај CDI мотор (220 да речеме) оти овие другите се по 90КС. Удри есап толку тешка кола со 90...CDI-то се 120 КС.
 
Ако се кандисам за „Мечка“, нема да биде ништо помало од 220!. CDI баш и не верувам дека лесно ќе најдам, најчесто се каравани тие што овде се продаваат од таа изведба, а баш и не сум расположен за караван (некако, арабаџиски ми делува:)). Ако не би ми бил проблем дали ќе е седан или караван, знам дека многу полесно би нашол, вака изборот ми е сепак лимитиран.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Џабе му е на Крузот што има 1.6 мотор и 124 кс кога самиот автомобил е многу тежок и слабо влече.
1.6 моторот со 124 кс е слаб за крузот и многу е тром со тој мотор и многу троши.
Додека круз со 1.8 и 141 кс е сосема друга приказна, (тоа е исто како стариот Фокус со 1.4 моторот и со 1.6 моторот, таква е разликата исто и со крузот помеѓу 1.6 и 1.8 моторот)
Неможиш да ме убедиш дека 124 кс не влечи. Во никој случај. Не е крузот потежок од Мерцедесот шо го имам, па ене го, со 70 кс оди сосема задоволително. Можеби 1.8 е подобар избор, кога се двата на маса, ама 1.6 не е опција за занемарување. Особено не е за споредба со 1.4 литарската баба на Форд кој што го укинаа и не го вградуваат повеќе во фокус.

А кој е тој мотор 1.4 со 60 кс во Октавија ?
Веројатно мислеше на атмосверецот 1.4 со 80 кс (кој што повеќе не се вградува) бидејќи колку што знам 1.4 со 60 кс непостои.
Постои, само колку си запознаена со него незнам... се води како 1.4 MPI и се вградуваше во Голф 3 и 4, Октавија и Fabia. Го сменија со посилниот откако Fabia и Octavia добија редизајн и ден денес го има како опција на палетата во Шкода.
 
L

Lu

Гостин
Неможиш да ме убедиш дека 124 кс не влечи. Во никој случај. Не е крузот потежок од Мерцедесот шо го имам, па ене го, со 70 кс оди сосема задоволително. Можеби 1.8 е подобар избор, кога се двата на маса, ама 1.6 не е опција за занемарување. Особено не е за споредба со 1.4 литарската баба на Форд кој што го укинаа и не го вградуваат повеќе во фокус.

Постои, само колку си запознаена со него незнам... се води како 1.4 MPI и се вградуваше во Голф 3 и 4, Октавија и Fabia. Го сменија со посилниот откако Fabia и Octavia добија редизајн и ден денес го има како опција на палетата во Шкода.
За Шкодата незнаев дека постои таков мотор 1.4 60 кс (атмосверец), знам дека постои тој атмосверецот 1.4 80 кс кој што веќе престанаа да го вградуваат во Голф (за Шкода незнам дали сеуште го вградуваат тој атмосверецот 1.4 со 80 кс).
Волксваген повеќе не вградува атмосверци, отсега и бензинците се турбаши.

А за тоа дека Крузот е тром и дека невлечи можат да ти потврдат и самите сопственици на Круз.
Зачленет си и во други форуми за коли, веројатно имаш читано дека 1.6 моторт не одговара за таа тежина на круз и моторот е доста слаб за да ја повлече тешката шасија, затоа крузот со тој мотор е тром и послабо влече.
А и плус бидејќи е атмосверец максималната снага односно тие 124 кс ги развива на многу високи обртаи, мислам на 6.000 дека беше и затоа нема снага да ја влече добро каросеријата.

И јас не го споредив Круз 1.6 со стариот Фокус 1.4 , туку само реков дека колкава што е разликата во перформанси помеѓу Фокусот со 1.4 и 1.6 моторот, таква е и разликата во перформанси помеѓу Крузот со 1.6 и 1.8 моторот.
Значи 1.6 кај стариот Фокусот и 1.8 кај Крузот имаат далеку подобри перформанси отколку 1.4 Фокус или 1.6 Круз

И малку отидовме оф топик, али добро е да имаат повеќе информации луѓето што се во план да купат нова кола.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ај да видам мислења и дискусија. Пред набавка на половно возило сум и според она што ми е потребно се мислам помеѓу:
-Alfa Romeo 156 2.4 JTD
-BMW 318 tds compact или било што но да е во ок состојба и се разбира дизел од истиот производител со цена до максимум 5.000 евра(под услов да не е увоз од Бугарија)
-Audi A4 1.9 TDI
-Mercedes E или C лкаса, се разбира во дизел изведба.
Мислења?
Алфа и БМВ нити сум имал, нити можам да коментирам за нив....

Мерцедес Е или Ц класа, CDI за 5000 евра нема да најдиш добар примерок ти гарантирам со шо сакаш. CDI моторите почнаа да ги вградуваат некаде околу 2000-та, така да имаш две опции: да одиш со извозен CDI, или да ја падниш годината (да се откажиш од CDI-то) и да одиш со нормален трубо дизел. Ако одиш со она второто, мој совет ти е 250 TD за Ц класа и 300 TD за Е. 6 цилинцричниот со 24 вентили во Е класа (го има во верзија со 136 и 177 KS), рачунај дека ти паднало бинго. Ретки се, ама тој мотор е многу подобар од првите CDI (пример 200). Мене ако ме прашаш, тоа е мојот избор. 300 TD, ич во CDI не се гледам. Само да ти напоменам, 270 евра е нова дизна за CDI... математиката за мојот мерцедес ја виде која е, дизните ги платив по 800 денари една. Па сега ти думај се.

За Ауди 1.9 TDI нема многу шо да се коментира. Го имам од Април месец, до сега немам видено греач да се вклучи (последниве 2-3 дена -2, -3 гледам на мерачот и добивам Icy Roads предупредување). Го има во две изведби, со 90 и 110 кс (јас го имам посилното, кое со мал ремап оди до 140 кс). Кратко и едноставно, колата вреди за секое евро шо го дадовме за неа. Се ближат 10.000 км, а масло сменавме ко ја зедовме. Аудито за разлика од Мерцедесот е нешто поевтино и 5000-ки ќе ти бидат доволни за да земиш некое околу 2000-та.

Друго шо можам да ти кажам, незнам, ако те интересира, прашвај...
--- надополнето: Oct 19, 2011 1:38 PM ---
Го пишал дека е 220, а уствари 200 има ознака на капакот назад :)
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
31
soveti okolu tt me predomislija za mazdava na drugiot forum no za tt posebno 1.8 mislam dek ae dobra ideja ??? od germanija da se zeme
 
D&E

Член од
15 февруари 2009
Мислења
87
Поени од реакции
1
Друже... шо ќе сервисираш, прајме муабет за ново возило. Промена на масло и не е некој сервис. 5 години на било кое возило штрафче нема да гибниш.

VW за дизел, да... добра е машината. Ама за бензин, GM е далеку понапред, колку сакате бидете пристрасни треба да признајте.
Да да, за дизелот сум пристрасен, за бензин можеби, незнам. Инаку 5 години и не се толку долг период!
 
L

Lu

Гостин
Да да, за дизелот сум пристрасен, за бензин можеби, незнам. Инаку 5 години и не се толку долг период!
Долг или недолг не е битно, важно знаеш дека си е ново и дека нема да си имаш никакви проблеми.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
За Шкодата незнаев дека постои таков мотор 1.4 60 кс (атмосверец), знам дека постои тој атмосверецот 1.4 80 кс кој што веќе престанаа да го вградуваат во Голф (за Шкода незнам дали сеуште го вградуваат тој атмосверецот 1.4 со 80 кс).
Волксваген повеќе не вградува атмосверци, отсега и бензинците се турбаши.
Jaп го имаат и го фураат уште во Шкода и тоа само во Октавија. Во Фабија го нема. Ваљда дури да се потрошат резервите па ќе свртат на 1.2 TSI.

веројатно имаш читано дека 1.6 моторт не одговара за таа тежина на круз и моторот е доста слаб за да ја повлече тешката шасија, затоа крузот со тој мотор е тром и послабо влече.
А и плус бидејќи е атмосверец максималната снага односно тие 124 кс ги развива на многу високи обртаи, мислам на 6.000 дека беше и затоа нема снага да ја влече добро каросеријата.
Еве мала споредба:
chevrolet cruze 1462 kg (1.6l 124 ks)
ford focus 1490 kg (1.6 104 hp)
golf 6 1820 kg (1.4 TSI 122ks)
skoda octavia 1598 (1.4 TSI 122 ks)

Ај сеа ти кажи ми кое од овие возила има најдобар сооднос маса/сила? Инаку имам читано најразлични работи крузот.

Ко го зедов Аудито, пред то имав Ескорд со 60 кс. Аудито е 110, и ми се чинеше дека кузнај колку оди. Сега, горе долу исто ко ескордо да си го возам, исто ми оди. Така да и дојдов до заклучок дека после 2000 км поминати со исто возило и ферари да ти дадат ќе ти биде бавно. Нека повози фокус со 100 кс (кој е потежок од крузот а исто така е атмосферец) па да видиш како 1.6 ќе има солидни перформанси.

Да да, за дизелот сум пристрасен, за бензин можеби, незнам. Инаку 5 години и не се толку долг период!
Ако си малку внимателен, тие 5 години можат многу лесно да дојдат до 10.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Алфа и БМВ нити сум имал, нити можам да коментирам за нив....

Мерцедес Е или Ц класа, CDI за 5000 евра нема да најдиш добар примерок ти гарантирам со шо сакаш. CDI моторите почнаа да ги вградуваат некаде околу 2000-та, така да имаш две опции: да одиш со извозен CDI, или да ја падниш годината (да се откажиш од CDI-то) и да одиш со нормален трубо дизел. Ако одиш со она второто, мој совет ти е 250 TD за Ц класа и 300 TD за Е. 6 цилинцричниот со 24 вентили во Е класа (го има во верзија со 136 и 177 KS), рачунај дека ти паднало бинго. Ретки се, ама тој мотор е многу подобар од првите CDI (пример 200). Мене ако ме прашаш, тоа е мојот избор. 300 TD, ич во CDI не се гледам. Само да ти напоменам, 270 евра е нова дизна за CDI... математиката за мојот мерцедес ја виде која е, дизните ги платив по 800 денари една. Па сега ти думај се.

За Ауди 1.9 TDI нема многу шо да се коментира. Го имам од Април месец, до сега немам видено греач да се вклучи (последниве 2-3 дена -2, -3 гледам на мерачот и добивам Icy Roads предупредување). Го има во две изведби, со 90 и 110 кс (јас го имам посилното, кое со мал ремап оди до 140 кс). Кратко и едноставно, колата вреди за секое евро шо го дадовме за неа. Се ближат 10.000 км, а масло сменавме ко ја зедовме. Аудито за разлика од Мерцедесот е нешто поевтино и 5000-ки ќе ти бидат доволни за да земиш некое околу 2000-та.

Друго шо можам да ти кажам, незнам, ако те интересира, прашвај...
--- надополнето: Oct 19, 2011 1:38 PM ---

Го пишал дека е 220, а уствари 200 има ознака на капакот назад :)
Искрен да бидам, ич не се палам на CDI посебно што ми е позната цената на одредени делови како на пример што ги спомна дизните. Ем релативно скапо да го платам, ем скапи делови...? Не бе батка, половна кола за повеќе од 5.000 еурони не ми влегува во есап не толку за ради парите што ќе ја платам при купување. Многу повеќе ми е битно да има што поевтино одржување. Секогаш влегувам со есап дека колку и да е ок моторот, 90% има шанса да треба да се направи ремонт. Во таа ставка есапам од 1000 до 1500 еурони максимум и цената доаѓа на 6000 до 6500 еурони. За поголеми цени имам плитка материца, не можам толку многу да го примам.;):):vozbud:
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Еве мала споредба:
chevrolet cruze 1462 kg (1.6l 124 ks)
ford focus 1490 kg (1.6 104 hp)
golf 6 1820 kg (1.4 TSI 122ks)
skoda octavia 1598 (1.4 TSI 122 ks)
Од каде ти се податоциве за масата на возилата? Толкави бројки во ниеден каталог или интернет сајт немам видено. Голф 6 1820 кг? Колку што знам, сите овие возила се отприлика 1250-1350 кг, така нешто.
 
L

Lu

Гостин
Еве мала споредба:
chevrolet cruze 1462 kg (1.6l 124 ks)
ford focus 1490 kg (1.6 104 hp)
golf 6 1820 kg (1.4 TSI 122ks)
skoda octavia 1598 (1.4 TSI 122 ks)

Ај сеа ти кажи ми кое од овие возила има најдобар сооднос маса/сила? Инаку имам читано најразлични работи крузот.

Ко го зедов Аудито, пред то имав Ескорд со 60 кс. Аудито е 110, и ми се чинеше дека кузнај колку оди. Сега, горе долу исто ко ескордо да си го возам, исто ми оди. Така да и дојдов до заклучок дека после 2000 км поминати со исто возило и ферари да ти дадат ќе ти биде бавно. Нека повози фокус со 100 кс (кој е потежок од крузот а исто така е атмосферец) па да видиш како 1.6 ќе има солидни перформанси.
Тежината на Голфот не ми се верува дека е точна, кај најде Голф со 1820 кг ?

А кое возило има најдобар сооднос маса/сила од тие што ги наброја, би рекла Крузот, ама серазбира на ХАРТИЈА (y)
На хартија е едно, но во реалноста е сосема друго.
Фокусот 1.6 е каде каде побрз од Крузот 1.6 и Фокусот 1.6 ако не се лажам има повеќе Nm на пониски обртаи заразлика од Крузот 1.6.

А за црвениот болд - no comment :eek:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom