Kurtlar Vadisi - Долина на волците

  • Креатор на темата Креатор на темата The_LiGhT'
  • Време на започнување Време на започнување
Добро е, очекував многу нови гласови но се испадна во најдобар ред, конечно и јас да седнам да гледам ТВ со мерак.
 
Почна првата епизода на сител
tumblr_lfcijqA3Pb1qbvc38o1_500.jpg

wtf пола саат трае една епизода -.-
дефинитивно.. чим и ја почнав да ја гледам.. значи таман е :P
 
Еј, излегов да купам цигари, завршило?

Инаку и јас очекував многу нови гласови, што и има, ама најбитните се останати.
 
Долина на волците изгледа од оваа сезона ќе бидат наместо 35 епизоди овие од сител ќе ги направат 70-80 епизоди, а тоа се да речам 80 епизоди - 80 дена месечно по 20 епизоди или 4 месеци и неколку дена некаде траење ќе биде до средината или крајот на февруари , па потоа изгледа ќе ги откупат од новата 6-та сезона од истиов серијал -- Долина на волците - Заседа --. Од реклами по 10 мин (се надевам дека оваа порака ќе ја прочитаат од АЕК и да видат како се прекршува законот за рекламирање во еден час се даваат цели 30 мин реклами срамота е ова нели законот им беше во 1 час само 15 минути реклами зар сител прави кампањи со рекламиве или има една цена реклами од месечно по 1200 евра па некоја будала плаќа толку пари за да рекламира) ми се гади ама тоа е сакам да ја догледам комплетно целава серија и потоа не ни гледам телевизија повеќе сега термин за гледање после 22 до некое време 23:15 толку.
 
И мене не ми се допаѓа време траењето на епизодите,но тоа е тоа за сега.
Зимата е долга па можеби и затоа намерно ги кратат епизодите :D
 
Во турција моментално се стигнати до 133епизода, а ние до 93. Ако се даваат цели епизоди набрзо ќе ги стигнеме, па ќе мора да се гледа по 1 епизода неделно.

Инаку синхронизацијата беше далеку подобра на А1, ама со оглед на тоа дека очекував многу полошо, задоволен сум.
 
Една од најубавите епизоди беше оваа!!:vozbud:Ем смеа,ем акција имаше.
Заза му вели на Мемати сакаш пак кај сладоледџијата :pos:
 
Јас ви посакувам пријатно гледање на новата сезона, ама само да напоменам - спојлери во никој случај, ве молам од срце, воздржете се да пишите каков и да е детал кој може да го упропасти уживањето. Знам многу форумџии се далеку понапред од овие епизоди, ама солидно е да не им се расипе забавата на другите.
 
Секако нема да коментирам посебно јас што ќе се случува во идните епизоди само ќе бидам присутен на темава и ќе ја следам - нека уживаат сите кои сакаат да е гледаат серијава задоволен сум ги има познатите гласови на личностите, а сега за синхронизацијата можам да кажам се потрудиле не кажувам добро или лошо само кажав се трудат но онаа синхронизација што беше предходно подобро од тоа немаше толку за сега.
 
ААа арна епизода, одма почнаа густо. Е сеа финтава е што сме пред крајот на сезоната затоа така.
За синхронизацијата и јас очекував полошо ама и тоа арно испаднало.
Заза пак со нови бисери. Мемати сиот се треси а овај му вика Знам зошто не го пијаш чајот... без шеќер чај не се пија. :icon_lol:
 
Не бев во можност да ја гледам оваа епизода. Не постои ли некаква шанса да успеам некако да гледам снимка (незнам дали има во прогамата на СИТЕЛ) или пак ако ја има снимано некој од вас, или било како на друг начин ?
 
Чии гласови се сменети? Јас неможев да ја гледам, втора смена бев :(
 
Сега најверојатно ќе има реприза од вчерашната епизода на ТВ СИТЕЛ, барем така е најавено во програмата. Еве можност да гледаат сега сите кои вчера неможеле да ја проследат епизодата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom