Need for Speed: The Run

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.752
Поени од реакции
52.714

The Run е најновото, 18то продолжение на NFS франчизата. Ја развиваат EA Black Box кои стојат зад World, Undercover, Pro Street, Most Wanted, Underground 1,2 и Hot Pursuit 2. Треба да излезе на 15ти ноември за сите платформи.

Во The Run учествувате во трка од Сан Франциско до Њу Јорк, а по пат поминувате низ Лас Вегас, Денвер, Детроит и многу други. Треба да се напомене дека ова е првата НФС игра која користи вистински локации. Значи, од Сан Франциско до Њу Јорк се тркаат 200 возачи за награда од 25 милиони долари. Ќе треба да поминеме 300 километри, што е 3 пати повеќе од Hot Pursuit и ја прави The Run најголемата НФС игра досега.
Пречки по патот секако ќе бидат полицајците, како и сообраќајот, одронувања по планините и тесни кањони со многу кривини во кои ќе треба да имате добра контрола врз колата. Друга новост во The Run е тоа што за прв пат возачот ќе излага од колата и ќе бега од полицијата.


Демото за PS3 и XBOX 360 излезе пред 2 дена. Го пробав пред малце на xbox. Има две трки. Во првата почнуваш од единаеста позиција, и треба до финишот да претркаш 10 други возачи, а во втората со уште еден треба да се симнете од врвот на една планина покриена со снег. Вака на прв поглед добар впечаток ми остави играта, и мислам дека овој пат може да очекуваме квалитетна НФС игра. Во втората трка по планината, многу се лизга колата по снегот, и треба добро да внимавате зошто многу лесно може да излетате од патот. Цело време паѓа снег по патот како и карпи од планината кои треба добро да се потрудите да ги избегнете, а и ако премногу споро поминувате низ пределот кај што паѓа снег од планината може да бидете затрупани. Има можност за 5 враќања, секој пат кога ќе бидете потрупани од снег или ќе ја скршите колата во некоја карпа, се користи по едно, а кога ќе ги искористите сите 5, мора да се вратите од почеток.
Исто така треба да се напомене дека играта го користи Frostbite 2 енџинот, кој се користи и во BF3.


Што очекувате вие од играта? Дали мислите дека ќе добиеме квалитетна НФС игра или ќе биде уште едно разочарување.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.125
Мислам дека ќе биде разочарување по тоа што го имам видено....али никад не се знае ;)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Го проба демото Донев?

Мене ме мрзи хардот да го конектирам со ПЦ, иначе симнато ми е. :)

Ај ваљда вечер/утре.
 

Woofer

I'm a very neat monster.
Член од
21 април 2010
Мислења
854
Поени од реакции
325
Го проба демото Донев?

Мене ме мрзи хардот да го конектирам со ПЦ, иначе симнато ми е. :)

Ај ваљда вечер/утре.
Како го конектираш хардот од икс боксот со PC?
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.752
Поени од реакции
52.714
Го проба демото Донев?

Мене ме мрзи хардот да го конектирам со ПЦ, иначе симнато ми е. :)

Ај ваљда вечер/утре.
хахаха
Па пишува дека го пробав.
Не е лоша, мислам дека може да изненади.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Ако може некој да каже побарувањата,дали ќе можам да ја играм на кантава моја?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Зар е можно после толку време ЕА да извадат стварно добра Need For Speed?
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
Ако може некој да каже побарувањата,дали ќе можам да ја играм на кантава моја?
Need For Speed The Run Minimum System Requirements

CPU: 2.4 GHz Intel Core 2 Duo or equal AMD
RAM: 3 GB
GFX: 512 MB RAM ATI Radeon 4870 or better or 512 MB RAM NVIDIA GeForce 9800 GT or better
DX: DirectX 10
OS: Windows Vista SP2 32-bit
HDD: 18 GB
Audio: DirectX compatible
ODD: DVD Rom
Network: 512 KBPS Internet connection or better
ама мислам дека не се конечни овие, кога ке излезе тогаш ке има.
иначе ја чекам играва, се надевам дека ке биде добра. според трејлерите изгледа ке биде доста добра,
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Need For Speed The Run Minimum System Requirements

CPU: 2.4 GHz Intel Core 2 Duo or equal AMD
RAM: 3 GB
GFX: 512 MB RAM ATI Radeon 4870 or better or 512 MB RAM NVIDIA GeForce 9800 GT or better
DX: DirectX 10
OS: Windows Vista SP2 32-bit
HDD: 18 GB
Audio: DirectX compatible
ODD: DVD Rom
Network: 512 KBPS Internet connection or better
ама мислам дека не се конечни овие, кога ке излезе тогаш ке има.
иначе ја чекам играва, се надевам дека ке биде добра. според трејлерите изгледа ке биде доста добра,
Можам да се простам од играва :( :(
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Како го конектираш хардот од икс боксот со PC?
Не не, неам јас оригинал Xbox 360 хард-диск, иам обичен ATA диск кој го конектирам преку усб на xbox-от. :)

Иначе Донев, мислев стара тема е ова и се актуелизирала поради демото. Ме мрзи сеа форца да ја мењам за Need for Speed, ај утре.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Брао на тој клипот со полициската кола,го пукаат од хеликоптер....и колава ни гребнатинка.....значи има ли поглупо од тоа колата да има отпорност на тенк,како што беше и во претходните делови??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom