Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.752
- Поени од реакции
- 52.714
The Run е најновото, 18то продолжение на NFS франчизата. Ја развиваат EA Black Box кои стојат зад World, Undercover, Pro Street, Most Wanted, Underground 1,2 и Hot Pursuit 2. Треба да излезе на 15ти ноември за сите платформи.
Во The Run учествувате во трка од Сан Франциско до Њу Јорк, а по пат поминувате низ Лас Вегас, Денвер, Детроит и многу други. Треба да се напомене дека ова е првата НФС игра која користи вистински локации. Значи, од Сан Франциско до Њу Јорк се тркаат 200 возачи за награда од 25 милиони долари. Ќе треба да поминеме 300 километри, што е 3 пати повеќе од Hot Pursuit и ја прави The Run најголемата НФС игра досега.
Пречки по патот секако ќе бидат полицајците, како и сообраќајот, одронувања по планините и тесни кањони со многу кривини во кои ќе треба да имате добра контрола врз колата. Друга новост во The Run е тоа што за прв пат возачот ќе излага од колата и ќе бега од полицијата.
Демото за PS3 и XBOX 360 излезе пред 2 дена. Го пробав пред малце на xbox. Има две трки. Во првата почнуваш од единаеста позиција, и треба до финишот да претркаш 10 други возачи, а во втората со уште еден треба да се симнете од врвот на една планина покриена со снег. Вака на прв поглед добар впечаток ми остави играта, и мислам дека овој пат може да очекуваме квалитетна НФС игра. Во втората трка по планината, многу се лизга колата по снегот, и треба добро да внимавате зошто многу лесно може да излетате од патот. Цело време паѓа снег по патот како и карпи од планината кои треба добро да се потрудите да ги избегнете, а и ако премногу споро поминувате низ пределот кај што паѓа снег од планината може да бидете затрупани. Има можност за 5 враќања, секој пат кога ќе бидете потрупани од снег или ќе ја скршите колата во некоја карпа, се користи по едно, а кога ќе ги искористите сите 5, мора да се вратите од почеток.
Исто така треба да се напомене дека играта го користи Frostbite 2 енџинот, кој се користи и во BF3.
Што очекувате вие од играта? Дали мислите дека ќе добиеме квалитетна НФС игра или ќе биде уште едно разочарување.