Како се вовело обожувањето на дева Марија - Богородица

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Константин бил паган и таков останал до крај на животот, велат дека го покрстиле на самртната постела, но прашање е колку самиот беше свесен за тој чин.
Ајде де, еве, елаборирај колку бил Константин свесен за својата постапка, т..е одлука за да се покрсти пред смртта своја.
--- надополнето: Oct 19, 2011 8:12 AM ---
Тој ја вовел Неделата како неработен ден во царството, “во чест на непобедливото сонце“ кој ден после и христијаните го прифаќаат како свој ден на место до тогашната Сабота.
Ма да, а пред Константин нели постоеше и Црквата Христова, која не ја славеше саботата туку неделата, едно 3 века прeд Констатнин да се „сети„ на таков гест?
--- надополнето: Oct 19, 2011 8:14 AM ---
За оние кои тврдат дека кутриот константин бил христијанин, нека ги видат монетите кои во негово време ги ковал. Дали на нив има христијански симболиили пагански богови.
Св, Цар Констатни нема свој историски претходник и урнек за тоа како треба да владее еден цар-христијанин па преизбрзани се Твоите очекувања дека сите државни белези, вклучувајќи ги и кованите пари, мораат да имаат впишан крст.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277

значи кутрио од шо немал упатство за владение над христијанско царство, си продолжил да си кова монети со пагански богови?! хахахаха поооо Мики мислам дека веќе премина на ново ниво !!! хахах му носат на Константин урнек како ќе изгледа новата монета (на предна страна неговиот профил, со круна, на задната лик на пагански бог и пагански натписи) а Константин се крсти и вика жими господ многу е убава, прајте вакви!!
хахаххаааааа а бе деца....

За Сабота ќе ти најдам во библијата директна наредба да се слави и пази како ден божји.
Најди ми во целата библија наредба да се слави неделата место саботата.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
значи кутрио од шо немал упатство за владение над христијанско царство, си продолжил да си кова монети со пагански богови?! хахахаха поооо Мики мислам дека веќе премина на ново ниво !!! хахах му носат на Константин урнек како ќе изгледа новата монета (на предна страна неговиот профил, со круна, на задната лик на пагански бог и пагански натписи) а Константин се крсти и вика жими господ многу е убава, прајте вакви!!
хахаххаааааа а бе деца....
.
Монетите/парите се овосветовна а не црковно-духовна категорија па затоа Христос им рече на оние кои Го искушуваа: „....Давајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога!...„ (Марко, 12.17).
--- надополнето: Oct 19, 2011 8:32 AM ---
За Сабота ќе ти најдам во библијата директна наредба да се слави и пази како ден божји.
Најди ми во целата библија наредба да се слави неделата место саботата.
Можеш во Билбијата да најдеш разно-разни нешта, но тоа ќе Ти биде само уште една проверена протестантска финта: ќе бараш од Твојот неистомисленик да најде „нешто„ во Билијата за кое однапред знаеш дека го нема во Библијата....:icon_lol:

Ајде, еве, за мене, најди ми старозаветен стих, во кој е запишан рецепт за сарма од свинско месо, завиткано во лозов лист...:icon_lol:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Монетите/парите се овосветовна а не црковно-духовна категорија па затоа Христос им рече на оние кои Го искушуваа: „....Давајте му го на царевото на царот, а Божјото на Бога!...„ (Марко, 12.17).
поточно е “Вратете му го на царот царевото а на богот божјето“ и тогаш беше прашан дали да се плаќа данок, со тие зборови Исус му порачал да ја вратат Јудеја и ерусалем на Бога, пошто тоа беше Божја земја а тогаш под окупација на пагански римски војници и пагански римски цар. Дека тоа значеле неговите зборови се гледа и по обвиненијата против Исус, дека му забранувал и велел на народот на на народот да не плаќа данок.
А кое е оправдување еден христијански цар во една христијанска држава да кова пари со пагански богови на нив...
--- надополнето: Oct 19, 2011 8:36 AM ---
Монетите/парите се овосветовна а не црковно-духовна категорија па затоа Христос им рече на оние кои Го искушуваа: „....Давајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога!...„ (Марко, 12.17).
--- надополнето: Oct 19, 2011 8:32 AM ---

Можеш во Билбијата да најдеш разно-разни нешта, но тоа ќе Ти биде само уште една проверена протестантска финта: ќе бараш од Твојот неистомисленик да најде „нешто„ во Билијата за кое однапред знаеш дека го нема во Библијата....:icon_lol:

Ајде, еве, за мене, најди ми старозаветен стих, во кој е запишан рецепт за сарма од свинско месо, завиткано во лозов лист...:icon_lol:
Свињата е валкано животно и према законите божји н треба да се јади. Ако деес некој јади свинско, ја држи неделата место сабота, не ги почитува прописите и законите во библијата, нема шо да очекува за возврат од Бога.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Погрешно: Христос никаде не забранил да се плаќа данок на царот (на власта, на државата...), туку такви клевети Му подметнуваат Неговите противници и лажните сведоци, кои на разно-разни начини Го искушуваа, сметајќи дека се попаметни од Христа Бога а, слично на денешните неверници, сакаа да ја оправдаат својата верска предубеденост по нивниот есап. Христос Е јасен: дајте му на царот (власта) што му должите-данокот, а дајте Му го на Бога она што е Негово-а тоа сме ние самите, секој од нас како поединец и како творение Божјо.

Што се однесува до дилемата околу саботата или неделата или (не)јадењето свинско, тоа Апостолите веќе го решија-погледни во „Дела апостолски„ 10.13 . и во „Колосјаните„.2.16.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Погрешно: Христос никаде не забранил да се плаќа данок на царот (на власта, на државата...), туку такви клевети Му подметнуваат Неговите противници и лажните сведоци, кои на разно-разни начини Го искушуваа, сметајќи дека се попаметни од Христа Бога а, слично на денешните неверници, сакаа да ја оправдаат својата верска предубеденост по нивниот есап.
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зошто, вистина во велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето најмал ќе се нарече во царството небесно, а оној што ќе ги исполни и поучи тој голем ќе се нарече во царствто небесмо
Матеј 5 17-19

И овие ли зборови на Исус се нечија клевета од негови противници и лажни сведоци.

1. Небото и земјата се уште постојат
2 се уште не е се исполнето (второто доаѓање на Исуса
3 Кој ги укина и прекрши не само најмалите туку и најголемиуте закони и прописи и така ги научи луѓето?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ојдеме надвор од темава ама еве, ќе Ти одгворам.

Под поимот „Закон и пророци„ се подразбираат 10-те Божји Заповеди, но само онака како што биле познати, разбрани и прифатени од старозаветните јудеи.

Така, кога Христос ги наведува „...Законот и пророците...„ , Он мисли на погоре напишаното. Рабира се, Христос беше/Е јудеец во својата човечка природа па токму затоа и ги испочитува Заповедите и токму затоа посочи дека нема да се променат. Затоа, Христос не воскресна во саботата и со тоа го испочитива сабатот, туку во недела, кој (ден) за нас рисјаните е Денот Божји, „киријаки„.

Кон листата:
1. Да, небото и земјата (духовниот и материјалниот Свет) сеуште постојат.
2.Да, Христос сеуште не Е дојден, по втор пат, но Неговото доаѓање не е дел од Заповедите Божји! Христос дојде првиот пат и со тоа го исполни протокот Исаија.
3. Никој (смртник) не ги укина! Сам Христос го укина Стариот Завет, а на Велики Четврток го воведе Новиот Завет. Сам Христос ги научи Апостолите на учење битно поинакво од старозаветното и сам Христос ги испрати Апостолите да го проповедаат тоа Негово учење на сите народи. На пример: Стариот Завет не познава крштевање но еве, Он им рече на Апостолите да ги крштеваат сите народи! Старитот Завет познава одредба/пропис, познат како „...Око за око, заб за заб...„ ама Христос вели: :„Сакајте ги непријателите свои!„

Дали се сега јасно Кој Е „менувачот„ на Заповедите и пророците?
 
слаб човечки обид да се извртат и изменат зборовите Божји.

Исус вели дека НЕ Е ДОЈДЕН ДА ГИ ПОНИШТИ ТУКУ ДА ГИ ИСПОЛНИ. Каде стои дека е дојден да ги поништи. Каде спомна дека е тоа неговата цел. Исполнил но НЕ ПОНИШТИЛ, и нема да се поништти или измени додека постојат и небото и земјата.
И сега не убедуваш дека у стврари дошол да ги поништи и измени?? Ако рекол дека не е дојден да ги поништи тој сепак ги поништил?? онака на неќење... слуучајно... забораил шо кажал предходно??
Кој Исус ја зборува вистината?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Никаде немам напишано дека Христос дојде нештата да „поништи„, туку да исполни. Он исполни многу нешта, а кога се во прашање 10-те Божји Заповеди, лично Он ги промени и ги усоврши, издигнувајќи ги на ниво од проста прагма, на ниво од духовна категорија.

Така, ако сметаш дека нешто не Ти „штима„, ќе мораш лично до Христа Бога да е обратиш. :rolleyes:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ако никој не ги слави не значи дека не постојат, туку дека ѓаволот ги завел луѓето да веруваат во некој смртник кој демек воскреснал.
И тоа којзнае чиј ѓаол; келтски, мајански, хинду-минду... бескрајни варијации - катаљон неприлики да налеташ на некаков ѓаол!
--- надополнето: Oct 19, 2011 9:56 PM ---
Никаде немам напишано дека Христос дојде нештата да „поништи„, туку да исполни. Он исполни многу нешта, а кога се во прашање 10-те Божји Заповеди, лично Он ги промени и ги усоврши, издигнувајќи ги на ниво од проста прагма, на ниво од духовна категорија.

Така, ако сметаш дека нешто не Ти „штима„, ќе мораш лично до Христа Бога да е обратиш. :rolleyes:
Нема што до Исус да се праќа ферман. Прашањето е ного едноставно:

додека постојат небото и земјата... нема да се измени

Како тоа саботата се измени со неделата? Како го тоа измениле светите отци?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нема што до Исус да се праќа ферман. Прашањето е ного едноставно:

додека постојат небото и земјата... нема да се измени
Во црковното толкување, поимот „додека„ нема свое временско траење-тоа значи дека настанот не мора да заврши, може и да биде траен, трајна категорија. Така, ако одреден закон се исполни, тоа не значи дека тој закон и ќе престане да важи, затоа што бил исполнет-законот може да продолжи да важи, иако бил исполнет. Таков е и случајот со Мајката Божја, на која и‘ припишуваат раѓање деца, после раѓањето Христово, иако Црквата не исповеда други деца Богородичини, освен првородениот Младенец. Види во Матеј, 1.25.
--- надополнето: Oct 20, 2011 8:17 AM ---
Како тоа саботата се измени со неделата? Како го тоа измениле светите отци?
Саботата им беше дадена од Бога само на јудеите, преку Мојсеја. Ниту еден друг старозаветен народ не бил обврзан да ја почитува сабоата. Затоа, саде јудеите и тогаш и денес ја слават саботата а не неделата. Сите кои сеуште ја слават саботата а не се јудеи, наликуваат на старозаветни јудеи а не на новозаветни рисјани.

Неколку битни настани се случија кои го поместија денот за одмор од сабота во недела: Христос воскресна во недела, Христос влезе во Ерусалим во недела, Духот Свет слезе врз Апостолите во недела, Апостолите ги укинаа старозаветните обичаи (види во Колосјаните, 2.16) и сл. Значи, неделата, како ден за одмор ја одредија не Светите Оци, туку сам Бог а по Него и Апостолите. Ако саботата останеше ден за одмор се‘ до денес, ние, кои се исповедаме за рисјани, по ништо не би се разликувале од денешните јудеи. Но така, не само што би требало да ја почитуваме саботата, туку би требало да ги чиниме и сите други дејанија, својствени за Стариот Завет.
 
Додека постојат небото и земјата - ништо нема да се смени од законот.
Небото и земјата постојат - законот се смени.

Мислиш дека со духовни вратоломии можеш да измениш сирови факти? Не можеш.

Според учењето на Исус, како што е предадено во неговата книга, сите сте вие расколници и еретици.

Инаку, можеш ти слободно да си тренираш гимнастика - добро е тоа за синапсите - штити од Паркинс.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Додека постојат небото и земјата - ништо нема да се смени од законот.
Небото и земјата постојат - законот се смени.
Ако некој еднаш Ти одговорил, не барај повторен одговор на веќе поставено прашање.

Под поимот „закон„, во Светото Писмо се подразбираат 10-те Божји Заповеди, кои иако се дадени од ист Бог, не се со исто значење во Стариот и во Новиот Завет-Христос ги промени и усоврши. И сега, па ќе речам, ако нешто некому не му е по кеифот, нека се обрати „до горе„, до Бога и Нему нека Му се пожали ради настаната промена.
--- надополнето: Oct 20, 2011 8:48 AM ---
Мислиш дека со духовни вратоломии можеш да измениш сирови факти? Не можеш.
.
Веќе посочив кој е „менувачот„-јас не сум сигурно, а и не можам да ги променам, признавам.
--- надополнето: Oct 20, 2011 8:49 AM ---
Според учењето на Исус, како што е предадено во неговата книга, сите сте вие расколници и еретици.
.
Да, доколку учењето Христово токму Ти ни го толкуваш. Црквата вели нешто друго.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
И тоа којзнае чиј ѓаол; келтски, мајански, хинду-минду... бескрајни варијации - катаљон неприлики да налеташ на некаков ѓаол!
--- надополнето: Oct 19, 2011 9:56 PM ---

Нема што до Исус да се праќа ферман. Прашањето е ного едноставно:

додека постојат небото и земјата... нема да се измени

Како тоа саботата се измени со неделата? Како го тоа измениле светите отци?
DBack, едно време и мене ме бунеше прашањето околу саботата, се додека не ги споредив следниве три цитати од Библијата по ова прашање:

Осија 2:11 Ќе им направам крај на сите нејзини веселби; прослави, млади месечини, саботи, и на сите нејзини празници.

Еремија 31:31 Еве настапуваат дни, вели Господ, и ќе склучам со домот Израилев и со домот на Јуда нов завет.
32 Не онаков завет, каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за раце, за да ги изведам од Египетската земја; тој Мој завет тие го нарушија, иако останав во сојуз со нив, вели Господ.

И еве што е напишано во тој Нов Завет, како е исполнето пророштвото запишано во книгата на Осија:

Колосјаните 2:14 а тоа стана, кога Христос го избриша ракописниот закон, што беше против нас, а кого го зеде од средината и го прикова на крстот;
15 и, откако ја одзеде силата на началствата и властите, Он ги изложи јавно на позор и ги победи на него.
16 Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млад месец или сабота;
17 тоа е сенката на иднината, а телото е Христос.
--- надополнето: Oct 20, 2011 9:23 AM ---
секој сакал да биде христијанин - и покрај тоа што искрено не верувале, ниту имале абер околу учењето на Исус (слично како просечниот македонец денес).
И така црквите, особено свештенските редови се преполниле со декларативни „верници“, верници кои не оделе таму затоа што верувале во Исус, туку за да добијат привилегии. Подоцна примањето на верата настанувала и со декрет на царот, а крштевањето било со масовно попрскување, па почнале да се создаваат „христијанските“ земји каде што сите се нарекувале христијани, а 0.1% од населението знаело што всушност значи тоа.
Аааа, значи ти си надпросечен Македонец, така? Добро е да се знае. Значи ти си од тие 0,1% кои што единствено знаат што значи Христијанството.

Се до големата реформацијата, кога Библијата почнала да се преведува на народните разбирливи јазици и почнала да станува достапна до народните маси..
Ете, стигннавме и до целта. Реформацијата. Голема, велиш била реформацијата а? Колку тоа голема? Гледам Мики ти даде еден многу добар одговор:

Но, да не заборавиме и тоа дека едно 6 векови пред славната Реформација, Светите рамно Апостоли Кирил и Методиј, почнаа да ги поучуваат и описменуваат словенските народи на сосема нова азбука, со цел да ги христијанизираат не на латински, туку на црковно-словенски јазик.
 
G

galaxy

Гостин
Па тој Господ бил бетер од нашето собрание. Секоја година нов закон.

Ако бил сезнаен зошто од почеток не дал совршен закон?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom