Успех во бизнис?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ruzmarin
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 февруари 2011
Мислења
336
Поени од реакции
88
Jas sum mlad covek,koj saka da se vpusti vo biznis svetot.Nekoja ideja kako moze da se zapocne biznis,koi se nekoi biznisi so koi moze da se zapocne???Koja e tajnata na uspesniot biznismen?
 
Биди оригинален, немој ни во сон да влегуваш во трговија или угостителство, биди мајстор во она што го работиш, биди самоуверен биди луд и нема причина а да не успееш.
Бизнисот ти е како фаќање женска кој бие тај добие.

И батали тоа фудбалот ќе ти го спржи мозокот, научно е докажано.
 
Jas sum mlad covek,koj saka da se vpusti vo biznis svetot.Nekoja ideja kako moze da se zapocne biznis,koi se nekoi biznisi so koi moze da se zapocne???Koja e tajnata na uspesniot biznismen?
Почитувај едно основно правило: - На волкот му е дебел вратот , оти сам си ја брка работата!
Еве еден бизнис со кој би можел да почнеш ,а притоа да немаш многу за организирање и други заебанции со овие нашиве институции. Се што ти е потребно е да имаш минимален почетен капитал, а другото го имаш овде.
 
Jas sum mlad covek,koj saka da se vpusti vo biznis svetot.Nekoja ideja kako moze da se zapocne biznis,koi se nekoi biznisi so koi moze da se zapocne???Koja e tajnata na uspesniot biznismen?

Најпрво како позитивна страна е тоа што имаш заинтересиранос и желба да станеш млад претприемач, тоа е една позитивна страна за тебе, и исто така мора да си упорен во тоа и да настјуваш до крај, да си сигурен во самиот себеси.

Секој Бизнис се започнува со бизнис идеа, без бизнис идеа нема бизнис. Најпрво за секој оној кој што сака да постане претприемач мора да дојде до бизнис идеа, дали неговиот или поточно твојот бизнис ќе зе занимава со производни или услужни производи или услуги.

Во овој текст ќе наведам прашања кој што самите треба да си одговориме на нив, а тие прашања ќе ни служат и за потик на свој бизнис.

Пред да основаш бизнис пожелно и посакано би било да направиш бизнис план, кој истиот план би ти помогнал многу во твојата намера за да постанеш претприемач.

Многу луѓе мислат дека финансиите се најбитни и најпотребни. Да финансиите се потребни но не можеби бизнисот кој сакаме да го отвориме ни бараа повеќе финансии, а ние не ги имаме, тогаш ние не треба да се откаќеме од тоа.

Едно да ни биде на памет а тоа е, ако немаме доволно финансии, да се позајмиме од пријатели, ако бизнисот го отвараме со партнери ке ги видиме сите можни финансии кој ги поседуваме, можеби некој би се осмелил и на кредит. Само ние не треба да се откажеме од идата која ни паднала во ум. Идеата која може да го осветли твојот деловен живот.

Знај дека многу биле оне кој што дошле до бизнис идеа, а поради финансиите се откажале, а потоа конкурентот таа бизнис идеа ја оформил и потоа успејал со бизнисот кој го водил. Знај дека секогаш треба да бидеш прв. Биди иноватор.

Пред се да не го заборавиме она што најповеќе ќе ни користи, купувачите. Да ги прашаме нив што им е потребно, што му недостасува, какви производи и услуги користат од нашите конкуренти. Колку се задоволни од те производи или услуги?

Пријателе, немој да мислиш дека некој ќе ти каже готов бизнис, знај дека таквиот човек, тој бизнис и би го оформил. Јас се потрудив да ти кажам нешто за да ти помогнам во тоа што на сите нас ни е потребно.

Со почит: Муаз
--- надополнето: 12 мај 2012 во 01:41 ---
Прашања кои еден претприемач си ги поставува

Прашања за бизнис идеја
Претприемач е човек кој препознава можност и превзема одреден ризик за таа можност да ја претвори ов одличен бизнис кој ќе обезбеди вредност како за него така и за пазарот – потрошувачите.
За да станеш претприемач кој може да ги препознае бизнис можностите, потребно е да се прашате себеси и да одговорите на повеќе прашања. Користете ги следниве прашања како идеја во процесот:
  • Што најмногу ме нервира кога идам да купувам нешто? Нервоза во секојдневен контакт со различни бизниси предизвикана од недостаток на нешто очекувано од страна на еден индивидуалец може да биде добар извор на бизнис идеја.
  • Кои производи и услуги можат да го подобрат мојот живот? Барање на нешто подобро или нешто што ќе го подобри животот на еден индивидуалец претставува одлична можност за бизнис идеја.
  • Што е она што навистина ми пречи? Сигурно сте се нашле во ситуација кога односот на некој продавач ви пречи, или пак користењето на производот кој сте го набавиле не ви е по волјата.
  • Кои производи и услуги можат да ги елиминираат тие пречки? Забележувајте го се она што ви пречи и размислете за можните производи и/или услуги кои можат да ги елиминираат тие пречки.
  • Која е едната работа која најмногу од сé би сакал да ја имам? Вашите желби и особено желби за кои сеуште не можете да најдете одговор како би ви се исполниле може да претставуваат добар извор на бизнис идеја за вас.
  • Како изгледа таа работа и што таа може да направи? Онаа што сакате да го имате замислете го како би изгледало, што би правело, каков вкус би имало доколку е храна или каков мирис би имало доколку е нешто што може да се мириса, каква боја или пак форма би имало… Сетоа ова се прашања кои можат да ве доведат до квалитетен дизајн на вашиот нов производ и/или услуга.
  • Дали можноста е атрактивна за потрошувачите? Секогаш треба да се запрашате за оваа прашање. Можеби мислите дека имате најкул бизнис идеја, но сепак тоа е ваше лично мислење. Таа треба да биде атрактивна за оние за кои е наменета – вашите потрошувачи.
  • Ќе функционира ли таа можност во мојата бизнис околина? Сепак вашиот бизнис ќе функционира во специфична бизнис околина каде што ќе биде лоциран и до каде што преку различни канали на дистрибуција ќе може да обезбеди присутност. Скопје и Кратово како две бизнис околини не се исти. Затоа мора да проверите дали таа бизнис идеја ќе може да биде функционална онаму каде што ќе опстојува бизнисот.
  • Дали можм да обезбедам производи и услуги по цена која ќе биде атрактивна за потрошувачите и сеуште ќе биде доволно висока за да заработам профит? Оваа е прашање кое навистина бара микс на уметност и знаење. Цената треба да биде прифатлива и во исто време да обезбедува профит за вашиот бизнис.
  • Дали имам ресурси и вештини за да започнам со бизнис, или пак знам некој кој знае и би можел да започне бизнис со мене? Оваа прашање мора да се разреши пред започнување, инаку подоцна ќе биде доста болно. Секој бизнис бара претприемнички вештини и секако ресурси заради нормално започнување и функционирање на бизнисот во период на почетоците.
Ова се само некои од позначајните прашања на кои ќе треба да дадете одговор и кои ќе ве водат низ процесот на формулација и имплементација на соодветна бизнис идеја. Сепак, се она што мислите дека ќе треба да се одоговори, а не е опфатено тука слободно одговорете го. Колку повеќе одговори имате, толку повеќе ќе го поедноставите процесот на самото започнување.
 
Најпрво како позитивна страна е тоа што имаш заинтересиранос и желба да станеш млад претприемач, тоа е една позитивна страна за тебе, и исто така мора да си упорен во тоа и да настјуваш до крај, да си сигурен во самиот себеси.
опфатено тука слободно одговорете го. Колку повеќе одговори имате, толку повеќе ќе го поедноставите процесот на самото започнување.


:)...ти ова озбилно???..јас после долгогодишно , посебно емпириско искуство дојдов до констатација дека се е лук и вода околу шемите за успех во бизнисот освен: да имаш среќа и мајкати да те фрли на улица.
Големата заебанција е што овие две работи...ама истовремено.., се случуваат мноооогу ретко дали кај 0,00001% од популацијата. Обично или се нема среќа, или мајкати не ни помислила да те фрли на улица..;)
 
:)...ти ова озбилно???..јас после долгогодишно , посебно емпириско искуство дојдов до констатација дека се е лук и вода околу шемите за успех во бизнисот освен: да имаш среќа и мајкати да те фрли на улица.
Големата заебанција е што овие две работи...ама истовремено.., се случуваат мноооогу ретко дали кај 0,00001% од популацијата. Обично или се нема среќа, или мајкати не ни помислила да те фрли на улица..;)

Разликата од човек со искуство и човек без искуство во бизнис :icon_mrgr:
 
ако имаш многу многу кеш ќе успееш..
Ако имаш многу кеш, а малку памет - многу брзо ќе ти се потроши кешот.
Така да, без вакви генијални совети, ве молам :)

Баниран е affy&flospearse од темава поради тролување, а избришани се и 5-6 оф-топик мислења.
 
Тајната на успехот на бизнисот секако дека е храброста на претприемачот,колку и колкави му се бизнис способностите.
Дали е храбар да сноси ризик,а знаеме дека колку е поголем ризикот,толку е и поголема заработувачката :)
 
Back
На врв Bottom