Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
16 октомври 2011
Мислења
80
Поени од реакции
22
Ми се ближи времето за полагање за кола, па ме интересира (така имав слушнато) дека до 20 и некоја година не смеам да возам автомобил со поголема кубикажа од 1400 и незнам колку киловати без присуство на поискусен возач (поминати да му се овие критериуми).

Може ли некој да ми даде точна информација за ова, затоа што ако е така треба да се купува нова кола, бидејќи сега имаме 2.5, па треба да се купува нова кола !

Само напред за полагањето... Kick some Ass! А за кубикажа и ред други спецификации во однос на полагање за возачка и користење на истата, мислам дека нема таков закон ... Јас сум запознаен дека, после полагање, односно добивање на возачката дозвола, имаш право до две години од добивање на в. дозвола до 23:00 да возиш сам/а. На автопат во тој период не можеш да возиш без присуство на лице кое имало воз. дозвола над две години!

Значи после две години од добивање на воз. дозвола можеш да правиш што ди душа сака! :D
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913

Nein......Возило што можеш да возиш е до 2.5 што значи колку твојата, и до 75 киловати да е возилото.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не е 2 години ако положиш на 18. До својата 21ва година ќе треба да го почитуваш законот.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
348
Поени од реакции
81
Значи возилото треба да е до 2.5 и 75kw ? Ако е така супер значи, а тоа за после 23h и не ми смета многу. Низ Велес немам гајле за ништо, само за настрана ми е повеќе :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Него со искусен возач постар од 25 години до тебе можеш да возиш и после 23:00, ама кола појака од 100hp ни во тој случај не, а?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Значи возилото треба да е до 2.5 и 75kw ? Ако е така супер значи, а тоа за после 23h и не ми смета многу. Низ Велес немам гајле за ништо, само за настрана ми е повеќе :)
Ќе налеташ на некој што нема да му е денот и после и те како ќе имаш гајле.
 
Член од
16 октомври 2011
Мислења
80
Поени од реакции
22
Nein......Возило што можеш да возиш е до 2.5 што значи колку твојата, и до 75 киловати да е возилото.
Nein... Das weiss ich nicht so sicher! Јас положив пред 5 и кусур год. Така што можно е да имаат изменето законите ... затоа после 23:00 тогаш беше ново ... сега кој знае ...понатака можно е да дадат закон да ставиш флуресцентни бандаши ... или да мораш да имаш вградено термален скенер на 10 Км. и така натаму ... Времето си носи свое :D
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
глупо е со тоа да не смееш да возиш сам после 23.. а ваму сакаат да напраат 16 годишни да полагаат
 
Член од
16 октомври 2011
Мислења
80
Поени од реакции
22
глупо е со тоа да не смееш да возиш сам после 23.. а ваму сакаат да напраат 16 годишни да полагаат
Абе самиот фундамент на законот си беше супер .. и после почнаа да го китат со глупостите како: После 23:00 не смее да вози сам, не смее на автопат без искусен со-возач. АКО ТЕ БИВА МОЖЕШ И БЕЗ РАЦЕ ДА ВОЗИШ... :D :D - шала.... стварно ако те бива .. можеш кога сакаш да возиш ... дали во 8 сабајле .. или во 2 и пол по полноќ, или пак 700 и кусур километри во правец на Србија!
 
P

Princ

Гостин
Ова за автопат првпат го слушам од вас. Додуша, пред некој ден се расправав со едни кои тврдеа дека на автопат возач што има возачка помалку од 2 години не смее да вози без присуство на некој со повеќе од 2 години возачко искуство (јас го тврдев спротивното, односно дека не смееш да возиш од 23 до 5 сабајле без разлика дали на Партизанска или автопат). Му се јавив на инструкторот и ми го потврди она што јас го мислам - од 23 до 05 забрането било каде без присуство на поискусен возач, од 05 до 23 дозволено било каде без задолжително присуство на горенаведениот.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
348
Поени од реакции
81
Во ред тоа, само уште има ли некој сигурна информација за кубикажа и киловати на колата. Зошто двајца познаници ми рекоа дека било до 1.4, а тука пиша некој 2.5 :unsure:
 
L

Lu

Гостин
Во ред тоа, само уште има ли некој сигурна информација за кубикажа и киловати на колата. Зошто двајца познаници ми рекоа дека било до 1.4, а тука пиша некој 2.5 :unsure:
Кубикажата нема врска со законот.
Законот вели дека:

Возач почетник НЕСМЕЕ да вози автомобил појак од 80 киловати односно 100 коњски сили, а за кубикажата ништо не се спомнува.

А твојата кола штом е 2.5 кубици тогаш не верувам дека има помалку од 80 киловати (100 коњски сили).
Значи ти твојата кола од 2.5 кубици НЕСМЕЕШ да ја возиш додека си почетник.

А почетник се смета возач до 2 години искуство, односно 3 години доколку положиш на 18 ќе треба до 21 да чекаш.

Кубикажата не игра улога, важно е калата да не е над 80 киловати односно 100 коњски сили.
Еве ти еден пример, новиот Голф 1.2 турбо (има со 85 кс и 105 кс) е тој појакиот со 105 кс, безразлика што има мала кубикажа 1.2 кубици нема да смееш да го возиш бидејќи има над 100 кс.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
BTW дали има некакво мислење за Rover 75 2.0 дизелче :) ?
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
31
ne mi e jasno sea
:P ka imam kola pojaka od 100 konja 110 konja e i sea sakaat moite da mi zemat uste edna kola isto pojaka od 100 konja ama se ake polagam i kako ni 2 nemozam da gi vozam 2 godini ?? pa so da vozam koa nemam drugo :P i so posle tie 2 goini ja pak nema da znam da vozam a kolite ke si ostanat isti :p
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
ne mi e jasno sea
:P ka imam kola pojaka od 100 konja 110 konja e i sea sakaat moite da mi zemat uste edna kola isto pojaka od 100 konja ama se ake polagam i kako ni 2 nemozam da gi vozam 2 godini ?? pa so da vozam koa nemam drugo :P i so posle tie 2 goini ja pak nema da znam da vozam a kolite ke si ostanat isti :p
Епа нека ти купат послаба..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom