eBay (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата corpz
  • Време на започнување Време на започнување
И мене сега ми се појави овој проблем , а парите ми се во денари (денарска ми е картичката, не ми е девизна). Можно е да ме блокирале ? Дека нели почнале да ги блокираат тие што сме пишани како од Словенија... Им пратив меил, ама уште нема одговор, може се заебав што им пишав (ако не сум блокиран, сега може ке ме блокираат откога ке го разгледаат проблемот :) )

Јас само сменив во денари и толку. И јас сум пишан како од Словенија па до сега сум немал никаков проблем.
 
Јас само сменив во денари и толку. И јас сум пишан како од Словенија па до сега сум немал никаков проблем.
А девизна или денарска сметка имаш ?

Исто сакав да те прашам за странава што ја имаш постирано http://www.dealextreme.com/ . Само преку PayPal иде плаќањето ?
 
за кинезите има посебна царина и мислам дека беше 15% ама не ме држите за збор.
али за ситна роба или едно парче ( демек не за големо) не прават проблеми. евентулно на пошта можат да ти побарат некој денар ситно што не е страшно, ова барем од мое искуство а рака на срце го имам.
стварно не знам страв ми е а сакам да порачам нешто од над 150 евра вредност
ебате државата да можеш лично да внесеш а преку интернет да не може
па зошто тогаш не направат да порачам преку интернет и да ми стои на царина робата и лично да си ја подигнам без да ме царинат

еве оваквите стории ме плашат (Goran_Makedon)
http://forum.kajgana.com/threads/paypal-во-Македонија.12614/page-3
--- надополнето: Oct 17, 2011 12:14 AM ---
Исто сакав да те прашам за странава што ја имаш постирано http://www.dealextreme.com/ . Само преку PayPal иде плаќањето ?
јас како што можев да видам со paypal i кредитна

п.с која пошта е најдобра за пратка во македонија ?
dhl , ups , Fedex, Tnt ....
 
Во врска со ова, ќе сакаш да ги избегнеш фирмите како Федекс, ДХЛ и УПС, бидејќи тие наплаќаат шпедиција и лежарина околу 3-4 илјади денари, па може за царина да треба да платиш само неколку стотки, ама за нивните услуги ќе си платиш многу. Значи, пред да нарачуваш само увери се кај продавачот дека ќе ти го испрати производот преку УСПС, ако е од Америка, или од националната пошта на било која друга земја, во тој случај пратката ќе стаса преку Македонски Пошти, и ќе ги немаш тие непотребни трошоци.

Што се однесува до делот зошто не важи преку пошта истото правило како за внес на граница, објаснувањето е дека на граница ќе пројдеш еднаш, а по пошта можеш да направиш неограничен број пратки и на тој начин да избегнеш плаќање на царина и данок.

Моето искуство кажува дека ако сакаат ќе ти наплатат, ако не сакаат нема. Имам пишано и поназад, за две речиси идентични нарачки, од иста продавница, вредност по околу 200 долари, првиот хард диск ми го пуштија без давачки, а неколку месеци подоцна за вториот ми наплатија. Значи, според правилата требаше и во двата наврати да платам, па зошто не ми побараа првиот пат, а вториот побараа, е мистерија за мене. Друг случај, имав нарачка со вредност 150 долари, не ми побараа ништо, ама во фактурата во пакетот, продавачот сам имаше впишано вредност 40 долари. Можеш да се обидеш да замолиш продавачот да напише помала вредност на производот, за да избегнеш давачки.
 
стварно не знам страв ми е а сакам да порачам нешто од над 150 евра вредност
ебате државата да можеш лично да внесеш а преку интернет да не може
па зошто тогаш не направат да порачам преку интернет и да ми стои на царина робата и лично да си ја подигнам без да ме царинат

еве оваквите стории ме плашат (Goran_Makedon)
http://forum.kajgana.com/threads/paypal-во-Македонија.12614/page-3
--- надополнето: Oct 17, 2011 12:14 AM ---

јас како што можев да видам со paypal i кредитна

п.с која пошта е најдобра за пратка во македонија ?
dhl , ups , Fedex, Tnt ....
абе види сега без ризик нема добивка ако ме сваќаш.
јас лично имам порачано роба од околу 100 и нешто долари и не ми побараја царина туку нешто доплатив во пошта ( мислам 300 денари за незнам шо).
законот мислам дека вели дека до 500 долари го рачунат за поклон, а претходно беше до 300. сега колку е ова сигурно и колку е цариникот писмен тоа е сосем друго.
преку кредитна ако префрлуваш пари ке те отепат од провизии. прво нашата банка ке ти земе провизија за услугата, па после најверојатно и нивната, во секој случај не се исплаќа.
за пошта најбавна но најевтина и најисигурна за царинење ти е онаа најнормалната, ни дхл ни федех ни ништо. а башка со нив и ништо чудно да ти заглави на терминал и дури тогаш ке си ја земиш бељата.
па сега напрај ти математика дали тоа што сакаш да го купиш 150 долари ти се исплаќа да го купиш тука ако го има и колкава е разликата во цени. ако не е толку голема разлика купи го од тука, а ако го нема тогаш друго чаре нема, а ако го има и е голема разлика во цени тогаш незнам што да ти речам, стегниги забите и ризикувај :)
 
направив мала порачка од неколку долари каде free shipping имаше преку TNT и уште една мала преку UPS Express Saver
викаш може да наебам ?
а инаку ако порачувам нешто поголемо дефинитивно ке му кажам на продавачот да го пиши како отпад :icon_lol: со мала вредност

@Vucjak колку ти наплатија за хард дискот
 
Нешто околу 600-700 денари беше. За компјутерска опрема знаеш дека се плаќа 0% царина и 5% ддв. Додека на пример, Киндл-от што го порачав од Амазон, 160 долари беше, и достава преку УПС, тука платив 3-4 илјади денари, не се сеќавам точно, и тоа речиси сите пари беа за шпедиција и лежарина на УПС. Е сеа, стаса за 2 дена од Америка, додека со пошта ќе чекаш месец дена.
 
А девизна или денарска сметка имаш ?

Исто сакав да те прашам за странава што ја имаш постирано http://www.dealextreme.com/ . Само преку PayPal иде плаќањето ?
картичката виса електрон што претпоставувам ја имаш нема врска со девизна или денарска. тоа зависи како парите ги имаш внесено.
и јас имав таков проблем еднаш. наводно кога ги уплатив во банка на трансакциона ги уплатив во евра и во евра ми ги внесија.
пробувам да платам неможи. фино лепо пак во банка ми ги сменаја во денари и завршив работа.
сакам да ти кажам дека кога плаќаш преку пејпал тој парите на сметка ги препознава само тие што се денари, а девизи не.ако имаш девизи исто како да немаш, како да немаш пари на сметка.
се надевам дека помогнав.
 
совет : да ги откажам порачките преку наведената пошта што ја споменав ?
да не треба да плакам 50 евра давачки за 5 долари продукт
 
совет : да ги откажам порачките преку наведената пошта што ја споменав ?
да не треба да плакам 50 евра давачки за 5 долари продукт

Не е можно такво нешто да ти се случи.
 
Не е можно такво нешто да ти се случи.
епа која е разликата fedEX да ти достави пратка од 1 долар и 100 долара
ист е патот

и точно ли е тоа дека на аеродром стигала пратка од ups , fedex

надополнето : во секој случај ги откажав пратките
 
епа која е разликата fedEX да ти достави пратка од 1 долар и 100 долара
ист е патот

и точно ли е тоа дека на аеродром стигала пратка од ups , fedex

надополнето : во секој случај ги откажав пратките
Па со тоа што таа пратка од 1 долар не подлежи на царина, би требало да нема дополнителни давачки, но не сум сигурен за тоа. А и да ти речат да платиш 50-60 евра, можеш едноставно да не платиш, па нека ја враќаат пратката назад, ти би ги загубил само тие неколку долари.

А пратките си стасуваат дома, они сами си ја тераат целата постапка на царинење и го превземаат пакетот од аеродром, нормално откако ќе ги подмириш нивните побарувања.
 
значи крајно каква пратка да барам т.е како ја пишува обичната пошта

- U.S. Postal Service (USPS) Express и Priority Mail / Америка
- Royal Air Mail / Америка

- China Post Air Mail / Кина

други обични пошти ?
 
Дали има некој начин да купам од Амазон или Ибеј имам пејпал нешо слушнав со нлб нешто словенија ништо не разбрав ако може некој да ми објасни дали може некако?
 
Дали има некој начин да купам од Амазон или Ибеј имам пејпал нешо слушнав со нлб нешто словенија ништо не разбрав ако може некој да ми објасни дали може некако?
ако имаш пејпал и уште ако тие верифициран без никакви проблеми можеш да купуваш ,ако немаш е тогаш или повикај пријател кој има или ке ме побараш мене.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom