Во врска со ова, ќе сакаш да ги избегнеш фирмите како Федекс, ДХЛ и УПС, бидејќи тие наплаќаат шпедиција и лежарина околу 3-4 илјади денари, па може за царина да треба да платиш само неколку стотки, ама за нивните услуги ќе си платиш многу. Значи, пред да нарачуваш само увери се кај продавачот дека ќе ти го испрати производот преку УСПС, ако е од Америка, или од националната пошта на било која друга земја, во тој случај пратката ќе стаса преку Македонски Пошти, и ќе ги немаш тие непотребни трошоци.
Што се однесува до делот зошто не важи преку пошта истото правило како за внес на граница, објаснувањето е дека на граница ќе пројдеш еднаш, а по пошта можеш да направиш неограничен број пратки и на тој начин да избегнеш плаќање на царина и данок.
Моето искуство кажува дека ако сакаат ќе ти наплатат, ако не сакаат нема. Имам пишано и поназад, за две речиси идентични нарачки, од иста продавница, вредност по околу 200 долари, првиот хард диск ми го пуштија без давачки, а неколку месеци подоцна за вториот ми наплатија. Значи, според правилата требаше и во двата наврати да платам, па зошто не ми побараа првиот пат, а вториот побараа, е мистерија за мене. Друг случај, имав нарачка со вредност 150 долари, не ми побараа ништо, ама во фактурата во пакетот, продавачот сам имаше впишано вредност 40 долари. Можеш да се обидеш да замолиш продавачот да напише помала вредност на производот, за да избегнеш давачки.