Има пејпал....хелоу
Виса електрон од НЛБ Тутунска и се регистрираш на пејпал као Словенија. Адресата твоја домашна и Пријатно создравје.
Пробано, работи, доставуваат.
Туторијал
одјете во НТБ Тутунска Банка и земете си Visa Electron дебитна картичка (ако немате сметка ќе треба да отворите, малолетни може да извадат дополнителна картичка за +200 денари трошок, месечен трошок е 10 денари по транзакциска сметка).
Откако ќе ја земете и активирате, појдете на PayPal страната и регистрирајте се како Personal aкаунт.
За земја на регистрација, одберете ја Словенија, а сите други информации внесете ги точни (Македонска адреса на живеење, телефон...).
Откако ќе го направите вашиот акаунт, одете во делот „Add Credit or Debit Card„.
Внесете ги сите информации барани од вас (Card Verification Number е на задната страна од картичката).
Кликнете „Add Card„.
Од вашата сметка ќе бидат одземени 93 денари (1.5 евра) како потврда, а подоцна вратени на вашиот PаyPal акаунт.
Сега појдете на овој линк од НЛБ Тутунска Банка, направете си профил (горе лево) и автоматски ќе ви ја поврзат картичката со профилот.
Потоа ќе појдете овде, и ќе ја одберете Visa Electron од листата. Ќе видите дека како резервирани средства имате 93 денари (ако не и повеќе од други транзакции). Ќе чекате се додека тие не се намалат на 1 или 0 денари.
Тогаш ќе појдете на овој линк, ќе кликнете на „Побарај„ копчето и ќе ги видите вашите транзакции. Најпоследнaта треба да е таа од PayPal. Во описот ќе стои нешто слично на ова:
Код:
XXXXXXXXXXX YYYYПАЅПАЛ*ЕЏПУСЕ
Ќе ги запазите бројките овде назначени со Y. Тоа ќе се 4 бројки.
Логирајте се сега на PayPal и одете „Verify„ од „My Accout„ страната.
Ќе ви биде побаран тој четроцифрен број. Внесете го.
Сега сте потврдени и на вашата PayPal сметка ќе бидат вратени тие 1.5 евра што ви беа земени од картичката, во рок од 24 часа.
Исто така можете да го направите вашиот акаунт од Personal во Premier за да ги дигнете вашите лимити, а колку што видов, се прави бесплатно.