Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Македонската машка репрезентација во рамките на подготовките за Европското првенство 2012 во Србија од 2. до 6. ноември ќе учествува на меѓународниот ракометен турнир „Бринг Куп“ во Норвешка.

Покрај нашата селекција и домаќинот Норвешка, учесници на турнирот се и репрезентациите на Литванија и Португалија. Селекторот Звонко Шундовски се одлучи со себе во Норвешка да поведе 18 ракометари кои ќе бидат тестирани пред нашето учество следната година на најквалитетниот собир на Стариот континент.

СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА „БРИНГ КУПОТ“ ВО НОРВЕШКА

ГОЛМАНИ: Борко Ристовски (Вардар), Петар Ангелов (Металург), Никола Митревски (Металург)

КРИЛА: Стевче Алушевски (Металург), Златко Мојсоски (Металург), Владимир Темелков (Башараж, Луксембург)

БЕКОВИ: Кирил Лазаров (Атлетико М, Шпанија), Наум Мојсоски (Металург), Филип Миркуловски (Металург), Влатко Митков (Бармбах, Австрија), Мите Стоилов (Металург), Бранко Ангелевски (Констанца, Романија), Филип Лазаров (Вардар ПРО), Милорад Кукоски (Вардар ПРО), Велко Маркоски (Металург)

ПИВОТИ: Ванчо Димовски (Металург), Стојан Стоилов (Вардар ПРО), Никола Маркоски (Вардар ПРО)
мора да се стави веќе Червар за селектор, мора...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.069
Поени од реакции
74.743
Пак се зимаат тоа каменот Филип Лазаров на сметка на Стојановиќ, како и Златко Мојсоски на сметка на Георгиевски и Левов.
Ууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууу!!!!!!!!!
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Георгиевски го нема како може да игра Златко Мојсов зар тренеров не гледа како играат во Металург па за вака да прави незнам што е а и гледам Левов го нема замена за Кире немаме ако нешто се случи кој ќе игра у пм..Филип Лазаров дрвото го земал го нема Стојанович уште ако го пуштаат да игра Филип стварно нема да ја минеме групата.Шундовски е само пиун други кажуваат кој ќе играат затоа нашава репрезентација никогаш нема да направи поголем успех.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ајде да не испаѓаме како со кошаркарите кога пцуевме све пред ЕП,па после Чековски на аватари го чувавме.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.988
Поени од реакции
16.426
Ама не е тоа работата сеа да споредуваме со кошарката.
Очигледно е дека Филип е дрво недоделкано, во Вардар си нема врска, барем тоа што го глеав со Извиѓач и уште некој дуел во СЕХА лигата.
Стојановиќ и без утакмици до сеа ќе изигра подобро од него во репрезентацијата.
Малиот Манасков не е повикан, Георгиевски исто така, а повикан е Златко Мојсов...(n)
Не е крив Шундовски, кога некој друг е над него и командува.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
А кај игра Стојановиќ моментално !?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
А прочита ти една страна поназад да видиш дека ја има оваа вест ти што ја постави?
ОК ај да не одам оф топик обично јас сум тој што секогаш ги исправа тие што грешат во ваквите случаи и што прашуваат и по завршен резултат и слично "Колку е резлутат", "Колку пари се карти" значи не е местово за паметен и попаметен текстот е во контекст на претходната дискусија а твојте забелешки се непотребни.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
А кај игра Стојановиќ моментално !?
Во Ал-Сад од Бејрут... Либан...
За брзо ќе играат во ЛШ на Азија,и се најголеми фаворити за трофејот...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Стојановиќ сигурно има екипа... оти последната информација беше дека е без екипа. А што се однесува до квалитетот на ракометот во Азија доволно е да се погледнат табелите од последните светски шампионати да се види кој е кој.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Ок, зарем се нема замена за Стевче Алушевски? Со 38 години човекот кај и да е ќе се пензионира... сериозно не знам зошто не земаат замена за него. Зарем толку немаме леви крила за во репрезентацијата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom