Извештајот на Европската Комисија за Балканот 2011-та

  • Креатор на темата Креатор на темата Katunec
  • Време на започнување Време на започнување
Со самото тоа што кажав дека Македонија драстично ја губи меѓународната подршка јасно е дека ќе се соочува со се поголем и поголем притисок од истите да попушти за името.
Изоставување на придавката „македонски“ е само суптилно посочување од ЕУ дека доколку ние си играме играчки со нив, тие ќе си играат играчки со нас.
Како на поинаков начин би можеле да кажат дека тоа што ние ја провоцираме Грција не е добро за нас? Како поинаку да ни кажат дека мора да го решиме спорот со Грција за да тргнеме напред? Како на поинаков начин да ја казнат нашата ароганција и невоспитаност насочена кон претставниците на Европската Унија?
Веројатно тоа постојано им го кажуваат на нашиве политичари во четири очи - ова е начин истото да им го соопштат на целиот народ.
И што сега,ние,народот треба да се посериме в гаќи па да го смениме името во пакет со јазик и идентитет???
Си играме играчки со ЕУ??Дека не го менуваме името???Дека сме Македонци???
Ја провоцираме Грција??Со статуа на А.Македонски??Во Шкотска може да има статуа негова,кај нас не може??
Арогантни сме кон нивните преставници овде??Со што сме арогантни??Со тоа што постоиме како Македонци и зборуваме македонски??Со тоа што се буниме кога ќе не обезличуваат??
Што,тие од Брисел се безгрешни,најдобри,најпоштени??Им се клањате како богови.
 
Изоставување на придавката „македонски“ е само суптилно посочување од ЕУ дека доколку ние си играме играчки со нив, тие ќе си играат играчки со нас.
Ќе ми извиниш дечко ама ти не си тачен дефинитивно. Ако за тебе негирање од корен на цел народ е суптилно тогаш ти си забегал. Алоо па тие 20 години не престанаа да си играат играчки со нас, а сега кога почнавме и ние да играме играчки нешто не им се допаѓа баш.
 
Само ме интересира кој ќе победи во ова играње играчки... Мислам дека се знае однапред, ама ај да не ти го расипувам изненадувањето.

Инаку погоре не го напишав твојот ник, тоа значи дека и покрај цитатот целосно сум те изнегирал од корен!
 
И што сега,ние,народот треба да се посериме в гаќи па да го смениме името во пакет со јазик и идентитет???
Си играме играчки со ЕУ??Дека не го менуваме името???Дека сме Македонци???
Ја провоцираме Грција??Со статуа на А.Македонски??Во Шкотска може да има статуа негова,кај нас не може??
Арогантни сме кон нивните преставници овде??Со што сме арогантни??Со тоа што постоиме како Македонци и зборуваме македонски??Со тоа што се буниме кога ќе не обезличуваат??
Што,тие од Брисел се безгрешни,најдобри,најпоштени??Им се клањате како богови.

- Да го смениме името, без загуба на јазикот и идентитетот...
- Моментот кога беше подигната статуата, преименувањето на аеродромот и стадионот беше глупав и контрапродуктивен...
- Груевски не сакаше да го прими Фуере на проштална средба, секој европарламентарец кој не критикува е етикетиран како СДСМ-овец, пративме медиумски мегафони да направат скандал во ЕП...
- Тие од Брисел се лоши, но ние имаме наши тотеми овде за кланање...
--- надополнето: Oct 14, 2011 6:26 PM ---
Tи што мислиш, кој ќе "победи"?

Натпреварот се ига 200 години, и засега водиме...

Водиме, со тоа што секои 50 години сме се помали и помали а последниве 30 години се посиромашни и посиромашни...
Спијте вие на тоа уво... како Србите што спиеја...
 
- Да го смениме името, без загуба на јазикот и идентитетот...
- Моментот кога беше подигната статуата, преименувањето на аеродромот и стадионот беше глупав и контрапродуктивен...
- Груевски не сакаше да го прими Фуере на проштална средба, секој европарламентарец кој не критикува е етикетиран како СДСМ-овец, пративме медиумски мегафони да направат скандал во ЕП...
- Тие од Брисел се лоши, но ние имаме наши тотеми овде за кланање...
-Чекај ти стварно,ама стварно веруваш дека грција би прифатила решение Македонци и македонски јазик???
-Јас уште еднаш прашувам.Зошто може да има негова статуа во Шкотска,а не кај нас??
Контрапродуктивен потег??Па во 95-та сменавме знаме , и устав за да и удоволиме на Грција.Станавме членки на ЕУ и НАТО??Не.
-Груевски не сакал да го прими Фуере???
http://www.time.mk/read/3076cbed9d/9a832e3508/index.html
 
Solid: неколку поста поназад дотичниот зборуваше за "антиквизација на културата", па ти сега види колку е саат.

Менување на името без губење на Македонскиот идентитет - нема! Затоа реков дека целава наречи критика е тотална утка. Е сега, имало напредок ама мал бил, во суштина затоа што не можеле да отидат чекор понатаму во негирањето на македонскиот идентитет.

Тој филм нема да го гледаат, без разлика како го филуваат терминолошки.

И добро што Грујо им го плесна во лице, бидејќи мораше да почне да се менува односот. Впрочем, затоа нашиве домашни кукумјавки се засегнати, тотално го губат тлото -- во ситуација кога на многумина во Македонија ама ич не им е битен извештајот бидејчќи знаеме на каде оди работава.

Кога веќе го спомна "вистинскиот прогрес" на Црна Гора, секој што ја знае ситуацијата таму знае дека нема никаков голем прогрес, туку дека таквата оценка е кажана заради политичко-стратешки потреби на Унијата, т.е. затоа што власта во Црна Гора игра по свирката на ЕУ. Бугарија е друг пример за "големиот прогрес" и внесување во ЕУ без критериуми.

Водиме, со тоа што секои 50 години сме се помали и помали а последниве 30 години се посиромашни и посиромашни...Спијте вие на тоа уво... како Србите што спиеја...

Посиромашни сме заради блокадата на Грција/Бугарија и дволичноста на ЕУ во нивна поткрепа. Има причинско-последична врска тука, мешање баби и жаби како што прават во Бихаќка не помага. Што е до нас - правиме, напредок има и покрај блокадата, и покрај подметнувањата на внатрешните тројански магариња од типот на Бранко и Борјан.
 
-Чекај ти стварно,ама стварно веруваш дека грција би прифатила решение Македонци и македонски јазик???
-Јас уште еднаш прашувам.Зошто може да има негова статуа во Шкотска,а не кај нас??
Контрапродуктивен потег??Па во 95-та сменавме знаме , и устав за да и удоволиме на Грција.Станавме членки на ЕУ и НАТО??Не.
-Груевски не сакал да го прими Фуере???
http://www.time.mk/read/3076cbed9d/9a832e3508/index.html

- Да, стварно верувам... со добра политика со разумно преговарање и со конструктивен консензус
- Јас велам дека статуата не е проблемот, проблемот е гестот на Владата која го прави тоа во лош момент со проѕирна тенденциозност.
Инаку од 95 до 2005 пројдовме прилично добар пат во евроатланските интеграции и меѓународните врски и асоцијации. Верувам ќе се сложиш со тоа?
- Да, не сакаше да го прими Фуере:
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=34259
http://epm.org.mk/index.php?option=...-02-24-20-06-30&catid=1:latest-news&Itemid=50
http://zurnal.mk/content.asp?id=23211152457
 
- Да, стварно верувам... со добра политика со разумно преговарање и со конструктивен консензус
Ми беше мило што помуабетивме.Биди ми поздравен.
 
Прикаската со Македонија на лично ниво

Кој сака 3000 евра да има ама дома голи да ви шетаат ?
Е сеа ќе онадат дома, можда ќе се договорите тоа во парни денови да биде, да не се користат груби помагала и тоа ќе биде успех во преговорите.
Сепак за добра сума на пари се работи.

Тоа е ороспилак бе алоооооооо, да им даваш да те сексаат на оваков начин.
Само доблесен и достоинствен човек реагира на сето ова, ороспиите ќе си ќутат.
Секое проституирање е исплатливо на кратки стази, на долги стази ороспијата станува потрошена роба, душата ја нема, останале само лузните.

Ќе одиме по потешкиот пат, ама со дигнати глави, достоинствено, ќе работиме повеќе, ќе бидеме свои на своето.
 
Затоа што не напишале Македонија, ниту македонски во извештајот требало да им се врати на поправка. Не смее да се прифаќаат такви документи.
Ова е МАКЕДОНИЈА, не е Недојдија!
 
Затоа што не напишале Македонија, ниту македонски во извештајот требало да им се врати на поправка. Не смее да се прифаќаат такви документи.
Ова е МАКЕДОНИЈА, не е Недојдија!

Како да има "Македонија" и "македонски", како уште нема решение за овие термини. Ако ви пишуваат земјата "Македонија" тоа значи да преземат страна во преговорите.
 
Како да има "Македонија" и "македонски", како уште нема решение за овие термини. Ако ви пишуваат земјата "Македонија" тоа значи да преземат страна во преговорите.

Што лупате бе бугари тотално не поврзани...

Вашите браќа од југот можат да ни се фатат за долниов без "некој" да не завзема толку цврст став по тоа прашање.

Главен негатор во целава приказна е еурогејскија сојуз...
 
Makedonija treba i mora da bide clenka na EU .Makedonija tamu pripaga vo sekoj pogled Srbija i Crna Gora se na cekor , Hrvatska e vece clen ( 2013 ) .
--- надополнето: Oct 14, 2011 8:04 PM ---
Ako Makedonija ne bide clenka na EU taa ce bide zrtva na sosedite .Hrvatska vece ima aspiracii da go siri katolicizmot , Turcija ja koristi Makedonija kako baza za zastita na svoite interesi vo Sandzak i Bosna , Albanije jasno pokaza sto misli za Zapadna Makedonija , Srbije e se pojaka i ima aspiracii za severniot del , za Bugarije da ne diskutirama .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom