Извештајот на Европската Комисија за Балканот 2011-та

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Nonteizam: целосно си ја утнал работата, се надевам не по партиска линија бидејќи тоа што си го напишал се големите “аргументи“ на опозицијата кои ги слушаме деновиве.

Прво, извештајот е ПОЗИТИВЕН. Тој е за малку подобар од извештајот минатата година кој пак беше најдобар досега. Значи во старт ти паѓаат тезите.

Второ, Мирка Велиновска и многу други реагираат на (напумнаните) делови во тој извештај кои се користат да извршат притисок да го смениме името. Tреба да си слеп за да не приметиш каков беше односот и како ни се обратија Фуле и Александра Кас Грање, а тој однос да го оправдаш со тоа што ќе кривиш некој друг.

Трето, ЕУ ја достигна точката на кршење. Сегашната финансиска криза во ЕУ се должи на класична состојба на системска несинхронизација. ЕУ не е еден систем, туку збир на запчаници што би требало да се вртат синхронизирано. А тоа не се случува управо заради тоа што на различни страни и начини ги навиваат, како на пример со Јунанистан против Македонија. И затоа мораа да зарибаат гадно. Ова што го гледаме сега со извештајот е симптом на зарибаната, дволична и корумнпирана политика на ЕУ. Македонците со право реагираат, како впрочем и многу други народи во земји кои се членки во ЕУ.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
Бугар, продолжи да не смееш.......... :pos:

Не е во прашање глупоста на изјавата дека ќе не немало ако не сме биле земја членка на ЕУ.

Поентата е ако влеземе во ЕУ, ќе ни влезе и ѕрцките ќе ни излезат!!

ЕУ не може да стане федерална држава, а како сојуз на држави го достигна максимумот. Сега се во кома, ни жив ни мртов. Пациентот се уште е жив, ама вегетира.

Факт е дека се дојдени на работ на пропаста, тоа веќе тимот на Борјан и Геровски не можат никако да го скријат.

Едно ќе речам, што се не поминало досега, па и овие ЕУропејциве ќе врват.

Туку мене ми е драго дека стратегијата на Груевски е јасно пред целата јавност да се каже непринципиелната политика на ЕУ, иако народов уште поодамна вели да стоиме што подалеку од таа багра.
Секоја чест на напишаното, ако си овде со мене во Македонија...

ама ако и ти си со газето удобно сместен во НАТО или ЕУ земја и ми го пишуваш ова, е тогаш си ....
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Кога би бил на местото на Грујо, би се изјаснувал дека сме за влез во еу, за да ги црпиме нивните фондови, и постепено да се развиваме на економски план. Кога приближно ке го постигнеме стандардот на Швајцарија, тогаш да направиме еден референдум за или против влез во ЕУ. Референдумот нормално ке биде негативен, значи народот нема да сака влез во ЕУ пошто си живее убаво ,така да, и политичарите ке си останат чисти и ние ке си продолжиме самите со водење на стабилна економија.
На такво лицемерие со лицемерие треба да им враќаме.
Јас одамна се декларирав овде на форумот дека сум против влез, но не и против откажување за влез. Мислам дека Грујо игра лицемерно и итро спрема ЕУ и тоа мене ми се допаѓа.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Пази сега ЕУ била изненадена од реакцијата на Премиерот.Па во 80 страници да не спомниш ниту еднаш македонски,е јасна порака што тие мислат за нас.Што сме бе ние??Црна дупка??Овде живеат орангутани???
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.649
Кога би бил на местото на Грујо, би се изјаснувал дека сме за влез во еу, за да ги црпиме нивните фондови, и постепено да се развиваме на економски план. Кога приближно ке го постигнеме стандардот на Швајцарија, тогаш да направиме еден референдум за или против влез во ЕУ. Референдумот нормално ке биде негативен, значи народот нема да сака влез во ЕУ пошто си живее убаво ,така да, и политичарите ке си останат чисти и ние ке си продолжиме самите со водење на стабилна економија.
На такво лицемерие со лицемерие треба да им враќаме.
Јас одамна се декларирав овде на форумот дека сум против влез, но не и против откажување за влез. Мислам дека Грујо игра лицемерно и итро спрема ЕУ и тоа мене ми се допаѓа.
Грешка си за ова, Швајцарија своите успеси ги постигнува надвор од НАТО и ЕУ, никогаш досега не била држава членка ни на НАТО ни на ЕУ, најнеутрална држава е од сите во цела Европа од Прва Светска Војна па наваму.

Ако сакаме и ние да бидеме како Швајцарија, ќе мораме да се држиме настрана и од НАТО и од ЕУ и од евентуална нова војна на Балканот или во Европа.

А тоа тешко дека ќе се случи кај нас, бидејќи доколку дојде до војна на Балканот или во Европа, со нетрпение ќе чекаме некој од соседите да не испровоцира, за да влеземе во војна против него, по можност Бугарија или Грција, кои имаат окупирано најголем дел од источна и јужна Македонија.

Албанија ја има окупирано Мала Преспа, а Србија ги има окупирано Прешево, Бујановац, Прохор Пчински и уште по некои мали места.

Секој од нашите соседи сака да го дочека распаѓањето на Македонија, бидејќи се свесни дека имаат окупирано македонска територија, а ние тешко дека ќе успееме да се воздржиме среде балканска или европска војна од влегување во војна против некој од нашите соседи.

Доколку успееме во нешто такво, да поминеме балканска или европска војна неутрални и да не влегуваме воопшто во војна, тогаш ние ќе учествуваме во обновата во поствоениот период, е тоа ќе не направи како Швајцарија, кога двајца се караат третиот користи, така е со Швајцарците, така треба да биде и со нас доколку сакаме да станеме исти како нив или уште подобри од нив.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
Кога би бил на местото на Грујо, би се изјаснувал дека сме за влез во еу, за да ги црпиме нивните фондови, и постепено да се развиваме на економски план. Кога приближно ке го постигнеме стандардот на Швајцарија, тогаш да направиме еден референдум за или против влез во ЕУ. Референдумот нормално ке биде негативен, значи народот нема да сака влез во ЕУ пошто си живее убаво ,така да, и политичарите ке си останат чисти и ние ке си продолжиме самите со водење на стабилна економија.
На такво лицемерие со лицемерие треба да им враќаме.
Јас одамна се декларирав овде на форумот дека сум против влез, но не и против откажување за влез. Мислам дека Грујо игра лицемерно и итро спрема ЕУ и тоа мене ми се допаѓа.
На лицемерие со дупло лицемерие одговараш, многу едноставно.

Се надевам дека не е лицемерен и спрема нацијата...
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Nonteizam: целосно си ја утнал работата, се надевам не по партиска линија бидејќи тоа што си го напишал се големите “аргументи“ на опозицијата кои ги слушаме деновиве.

Прво, извештајот е ПОЗИТИВЕН. Тој е за малку подобар од извештајот минатата година кој пак беше најдобар досега. Значи во старт ти паѓаат тезите.

Второ, Мирка Велиновска и многу други реагираат на (напумнаните) делови во тој извештај кои се користат да извршат притисок да го смениме името. Tреба да си слеп за да не приметиш каков беше односот и како ни се обратија Фуле и Александра Кас Грање, а тој однос да го оправдаш со тоа што ќе кривиш некој друг.

Трето, ЕУ ја достигна точката на кршење. Сегашната финансиска криза во ЕУ се должи на класична состојба на системска несинхронизација. ЕУ не е еден систем, туку збир на запчаници што би требало да се вртат синхронизирано. А тоа не се случува управо заради тоа што на различни страни и начини ги навиваат, како на пример со Јунанистан против Македонија. И затоа мораа да зарибаат гадно. Ова што го гледаме сега со извештајот е симптом на зарибаната, дволична и корумнпирана политика на ЕУ. Македонците со право реагираат, како впрочем и многу други народи во земји кои се членки во ЕУ.
Како може извештајот да биде позитивен ако во секое поглавје е нагласено дека е направен „многу мал“, „недоволен“ или „неуедначен“ напредок? Како може извештајот да биде позитивен ако Македонија е оценета како земја со „многу мал“ напредок?
Фразите на Латас од типот „ова е најдобриот извештај досега“ се манипулација и извртување на вистината.

Не треба да сме многу политички едуцирани за да го разбереме речникот на Фуле: мал прогрес - значи дека земјата не соработувала добро со ЕУ, извонредниот напредок на Србија - значи дека мора да се осврнат на прашањето со Косово (ситуација во која се наоѓавме пред 3 години), а вистинскиот прогрес на Црна Гора е мотив за земјата дека е на правиот пат.
Треба ли да се правиме слепи и да премолчиме дека се она што беше усвоено како европски закон е далеку од спроведувањето на терен? Треба ли да се правиме мутави и да не признаеме дека „штанцаните“ европски закони не успеваат да профункционираат во пракса? Па дај да не се лажеме, малиот прогрес е поради тоа - но би бил многу многу поголем доколку се вложел барем мал напор ова да профункционира на терен.
„Малиот прогрес“ на Филе значи дека земјата глуми европеизација, додека се повеќе ја враќа земјата наназад - кон загрозување на демократијата, кон дерогирање на правото, кон владеењето преку страв и кон антиквизацијата на културата.
Најпосле, извештајот во делови е и премногу благ - изборите се оценети како успешни - додека во практиката имавме избирачки список од 1 милион и 820 илјади гласачи и брутален притисок кон државната администрација да гласа за партијата која им обезбедила работно место или услуга. Нема везе.

Кои се тие напумпани делови од извештајот кои ги изнервираа Груевски и Мирка (и дел од јавноста очигледно)? Партизираната гаргантулска администрација? Корумпираното судство? Партиските медиуми?
Што ги возбуди од тоа?
Треба да се лажеме помеѓу себе? Зарем критиките во овие области се „напумпани“? Секој ден имаме фрустрации од неспособната администрација, од неможноста да ги оствариме своите права и од тоа што сме селективно информирани... можеби некој е задоволен со тоа, јас, извини, не.

Во третата поента, се сложувам со тебе. Но ЕУ е жива материја. Тоа што не функционира се менува, запчаниците што чкрипат се подмачкуваат (морално или неморално - тоа е тоа), политиката на ЕУ секогаш ќе биде најпрво насочена кон својот интерес и заштита на истиот, па дури потоа кон земјите кои се кандидати за тоа членство и кои секогаш се во второстепен приоритет (за мене потполно разбирливо). Затоа е подобро да си внатре отколку надвор. Затоа е подобро да бидеш еден од оние кои ќе одлучуваат и кои ќе дискутираат за европските проблеми, отколку да бидеш изоставен и да одлучуваат за тебе.

Најпосле, дали ние мислиме дека Европа ќе не милува и ќе не гали цело ова време? Дипломатијата е немилосрдна... додека ги имавме на своја страна извештаите беа позитивни и реални, сега кога ги изгубивме одеднаш истите се „напумпани“ со негативности...
Специфичниот тон на Европа е поради тоа што постојано правиме глупави чекори, што постојано правиме тоа што не треба да го направиме.
Устите на власта беа полни со Европа и интеграциите кога бараа гласови и кога се шеткаа по прогресивниот свет, сега одеднаш тој изгледа толку злобен кога ќе ни акне шамар бидејќи цело време им пркосиме и ги провоцираме.

Треба веќе да разбереме дека ЕУ не не моли нас, туку ситуацијата е обратна... и треба да се свеснеме дека со неа неможеме да си поигруваме, како што се прави тоа со домашното „јадно“ население.
Тоа ти е како кога сакаш да смуваш убава женска, некогаш ќе мора и да истрпиш и мали понижувања и критики за да бидеш со неа - затоа што ти си заинтересиран, не таа.

П.С. За моите ставови кои се подудараат со тие на опозицијата (иако тоа повеќе ме навредува со оглед на „квалитетот“ на опозицијата)... веројатно е така затоа што Власта е одговорна за сево ова. Одговорноста неможе да се префрла. Власта носи одлуки во име на народот и јас лично не сум задоволен со одлуките кои таа ги носи... дали тоа ме прави опозиционер? Да! Дали тоа ме прави СДСМ-овец? Не!
Јас неможам да го оправдам тоа што сме се подалеку од НАТО и ЕУ, неможам да го оправдам тоа што премиерот вчера арогантно и дрско се конфронтираше со Европа без основана подлога, неможам да ги проголтам медиумските манипулации и неможам да преминам преку срозувањето на демократијата... Сепак, очигледно е дека мнозинството може да замижи на сево ова - така да „владеењето на народот“ ме победува како и да ја вртиш работата.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.604
@ Nonteizam: Толкав текст си напишал за извештајот и ама баш нигде не видов кој е твојот став за тоа што ЕУ нашиот народ/јазик не го именува.
Имаш ли објаснување за тоа зошто немаат проблем да кажат Грузијци или Албанци, а имаат проблем да кажат Македонци?
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Доста се просеравате со неуспех на земјата а притоа ниту една бројка не давате.
Неуспех е за олигархијата која ги купи сите комбинати и компании а денеска ја губат позицијата.
Цел еден регион од тиквешијата поради олихархот С.Ј. кој ја зема винарската визба Тиквеш е во незавидна состојба. Но интезивното отварање на мали винарски визби, стварање на услови за тоа, сето тоа ќе го промени и ќе боли за тие кои се учени на гага.

Што кажуваат бројките.

Дека Македонија расте најбрзо во регионот.
Расте или не расте ?
БДП втор во Европа, после Турција, за 2011.
Исто беше и минатите години.
Дека Македонија спроведува реформи кои на пример Грција може да ги сонува.
Од фискализација, државна управа, катастар итн...

Извозот на земјоделски производ за 2010 година е 450 милиони евра и е најдобар резулатат во историјата на Македонија.
И сега ?

Банкарскиот систем, СТАБИЛЕН.

Задолженоста на државата Македонија, НИСКОЗАДОЛЖЕНА.

Ама сиромаштија е .

Па нафтата што е 70 денари литар е поради западните шпекуланти кои го рекетираат светот за да тој да ја финансира војната на блискиот исток.

Цената на храна е една од политиките на иситот тој свет.

Државата оди напред.
Тој што работи ќе има, тој што не работи ќе мрчи муда.
Точно, тој што работи тој ќе има - меѓутоа како што гледам горе не си ја спомнал и бројката на невработеност.

Не си споменал дека Македонија има најмалку странски инвестиции од целиот регион.

Не си споменал дека просечната плата неможе да ја покрие потрошувачката кошничка.

Секоја паричка има две страни...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Не сме ретардирани,аман немој да не третираш и ти како такви.ЕУ јасно кажа дека е на страната на Грција затоа што "тие се внатре,а ние надвор".Мило ми е што повеќе Македонци ќе видат каква е всушност ЕУ и што ни мисли.

Те обезличуваат,па уште и не смееш да им се побуниш. Бреее!!!

Македонија,Македонец,Македонско-никогаш вака нема да влезиме во ЕУ. Мене ми е јасно.Сега нека им стане јасно и на многу други.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
Не треба да сме многу политички едуцирани за да го разбереме речникот на Фуле: мал прогрес - значи дека земјата не соработувала добро со ЕУ, извонредниот напредок на Србија - значи дека мора да се осврнат на прашањето со Косово (ситуација во која се наоѓавме пред 3 години), а вистинскиот прогрес на Црна Гора е мотив за земјата дека е на правиот пат.
Треба ли да се правиме слепи и да премолчиме дека се она што беше усвоено како европски закон е далеку од спроведувањето на терен? Треба ли да се правиме мутави и да не признаеме дека „штанцаните“ европски закони не успеваат да профункционираат во пракса?
Во третата поента, се сложувам со тебе. Но ЕУ е жива материја. Тоа што не функционира се менува, запчаниците што чкрипат се подмачкуваат (морално или неморално - тоа е тоа), политиката на ЕУ секогаш ќе биде најпрво насочена кон својот интерес и заштита на истиот, па дури потоа кон земјите кои се кандидати за тоа членство и кои секогаш се во второстепен приоритет (за мене потполно разбирливо). Затоа е подобро да си внатре отколку надвор. Затоа е подобро да бидеш еден од оние кои ќе одлучуваат и кои ќе дискутираат за европските проблеми, отколку да бидеш изоставен и да одлучуваат за тебе.

Најпосле, дали ние мислиме дека Европа ќе не милува и ќе не гали цело ова време? Дипломатијата е немилосрдна... додека ги имавме на своја страна извештаите беа позитивни и реални, сега кога ги изгубивме одеднаш истите се „напумпани“ со негативности...

иТреба веќе да разбереме дека ЕУ не не моли нас, туку ситуацијата е обратна... треба да се свеснеме дека со неа неможеме да си поигруваме, како што се прави тоа со домашното „јадно“ население.
1. "Мал прогрес" - земјата не соработувала со ФЕУ доволно = не го сменавме името.

2. Штанцаните европски закони не профункционираа во пракса 20 години точно. Исто како и во ФЕУ. Една од причините за нивната сегашна ситуација е таа. На крај ,дали е нормално продажба на алкохол до 19:00 ? Ебати ги европските 'принципи'.

3. ФЕУ секогаш ќе биде насочена кон својот интерес и подобро е да си во неа од колку надвор? Мислам НЕ, особено па не во ваков период кога се 'на врвот' ,а од друга страна сме уценети за нешто најбитно.

4. Европа не милувала и не галела досега? Фала им многу за милувањето и галењето, ама ако ова досега е мазење, не знам каква им е лошата страна. Или знам. Србија во 1999 и кај нас во 2001-ва?

5. Ние не ја молиме ФЕУ, а тие се во позиција да не уценуваат. ДА. Ама ние не ја молиме, си ги пазиме националните интереси како идентитет исто како ФЕУ. Само што тие немаат идентитет, го губат. Ние не сакаме. .А нивниот интерес е чисто лихварство законски потврдено.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Има едно многу интересно прашање кое ме копка деновиве.....а тоа е:

Како знаат дека извештајот е за Македонија...што пишува на извештајот на корицата....сигурно не пишува само "извештај"??...и зошто нашите не го искористат тој џокер,и да прашаај која е таа "ваша земја".....нека се прават луди и нека речат,дека им ја згрешиле папката,дека погрешен извештај им донеле,за некоја безимена земја.

Оти овака намерно го навлекоа нашиот државен врв да избувне,за да можат после 1месец од како ќе стаса пресудата од спорот во Хаг...да се вадат на тоа дека сме националисти.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
@ Nonteizam: Толкав текст си напишал за извештајот и ама баш нигде не видов кој е твојот став за тоа што ЕУ нашиот народ/јазик не го именува.
Имаш ли објаснување за тоа зошто немаат проблем да кажат Грузијци или Албанци, а имаат проблем да кажат Македонци?
Со самото тоа што кажав дека Македонија драстично ја губи меѓународната подршка јасно е дека ќе се соочува со се поголем и поголем притисок од истите да попушти за името.
Изоставување на придавката „македонски“ е само суптилно посочување од ЕУ дека доколку ние си играме играчки со нив, тие ќе си играат играчки со нас.
Како на поинаков начин би можеле да кажат дека тоа што ние ја провоцираме Грција не е добро за нас? Како поинаку да ни кажат дека мора да го решиме спорот со Грција за да тргнеме напред? Како на поинаков начин да ја казнат нашата ароганција и невоспитаност насочена кон претставниците на Европската Унија?
Веројатно тоа постојано им го кажуваат на нашиве политичари во четири очи - ова е начин истото да им го соопштат на целиот народ.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.604
Ние ја провоцираме Грција? И затоа Европа сега ќе го проблематизирала и името и јазикот? Ова ново нешто? Покрај името на земјата ќе треба и името на народот и јазикот да ги стаиме на преговори?

Со што бре сме ги испровоцирале?
Со тоа што они посакаа, а ние (т.е. Бранко) одма ги отпишавме нашите во соседството. Официјално преку интервенција во устав.
Со тоа што го тргнавме (т.е. Бранко го тргна своерачно) националниот симбол од знаме?
Од кога е провокација градење на споменици со национална и историска содржина?
Какви споменици треба да имаме според тебе? Национално неутрални? Другите земји само такви имаат?

Најсмешен од се ми е твојот оправдувачки тон. Беда.
Јеби га транзицијава уништи неколку генерации. Духовни инвалиди сте.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Како знаат дека извештајот е за Македонија...што пишува на извештајот на корицата....сигурно не пишува само "извештај"??...и зошто нашите не го искористат тој џокер,и да прашаај која е таа "ваша земја".....нека се прават луди и нека речат,дека им ја згрешиле папката, дека погрешен извештај им донеле,за некоја безимена земја.
Ова го пишува:
Извештај за непознатата, вонземска земја аспирант за длабока пенетрација во ЕУ.
И да, требало нашите претставници да се направат на Тошо да речат, "ние не знаеме која е оваа ваша земја, ниту пак знаеме географски каде се наоѓа".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom