Извештајот на Европската Комисија за Балканот 2011-та

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Дарданиа ОК знаеме сите дека ЕУ е само економска унија и ниеден друг принцип на кој што почива унијата не важи односно важи само на хартија... знаеш ситни работи како човекови права, рамноправност во унијата и демократија. :tapp:

Тоа што ние сакаме да цицаме од европските фондови привремено значи дека сакаме да ги заебаваме исто како што и тие нас не заебаваат 2 децении ништо друго.

Не пиеме нафта ние тука, јасно ни е колку е саатот и покрај тој ЕУ-шупакот што ни го навиваше саатот за територијалната поделба на општини.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
мајку му, Албанциве и Бугарите ПРВИ ке не убедуваат...:vozbud:
Да, сто стапа по туѓ грб ич не болат. Али ОК, навикнати сме на нивното лицемерие и двојните аршини. Посебно од нашите комшии Албанци.

Никаде никој не преговара за име на народ или јазик. Нигде во ООН или на друго место нема документ или било што официјално, кај што се вели дека е доведено во прашање тоа. Ја колку што знам преговорите во ООН се за "надминување на разликите околу името на државата".

Така да не ми е ич јасно - врз која правна основа не го употребуваат името на народот/јазикот?
Ако ова не е кршење на човекови права, тогаш не знам што е. Европа (или некој од таму) упорно преку вакви документи, надвор од секакви процедури и легислчативи, го негира националниот идентитет. Никаков договор нема за ставање под знак прашалник на идентитетот. Спорно им е името на државата.

И кај се сеа тука силните невладини организации што цицаат млеко од вимето на Сорос, за унепредување на човековите права и слично. Они први треба да реагираат. А до сега, видовме само реакции од мал број поединци и државни институции. А тие кои себе си се представуваат како стражари на браникот на човековите права и слободи, нигде ги нема.
Ова е официјално флагрантно кршење на правото на национален идентитет.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Просечна работна плата 2000 - 100 евра. Днес 2011 - просечна плата - 350 евра.
:vozbud::vozbud:

Сакаш да кажеш дека после влезот во ЕУ просечна плата во Бугарија е 350 евра ???

Па вие сте биле јад, беда и мизерија...
 
P

PewDiePie

Гостин
Убаво им го спопика Груевски со говорот,па уште превтувале очи, во гроб да се превртувате се да ви ебам циганско.

Значи ова е безизлезна ситуација, буквално безизлезна ако единствен услов за влегување во ЕУ, Нато е решавање на спорот за името (читај јазикот,националната определба како Македонци), тогаш тоа никогаш нема да се реши.

Незнам како не им е срам да се толку лицемрни,погани и неправедни,како може една нација да и кажува на друга како се вика,од кога постои и што е по националност?? Како можат да се прават слепи на такво основно кршење на човековите права?

Очигледно треба да се откажеме веќе,нив не им е важно да спроведеме реформи,да донесеме закони,тие едноставно не не сакаат,знаеш кога не сакаш некого?

Тоа е тоа,си ја сакаат грција која очигледно ќе ги втурне во длабоки гомна што ми е страшно мило,и се надевам дека во скоро ќе време ќе доживееме распад на ЕУ.

Можеби е попаметно повеќе да се осврнеме накај Русија,иако прашање е тие колку нас ќе ни помогнат,и како би можеле да ни помогнат,можеби воено,финасиски,нафта???...........само едно е сигурно веќе треба да престанеме да трчаме за влез во организација на која веќе и се одбројани деновите.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.180
Поени од реакции
18.255
:)

Абе да не бевме на курсот кон ЕУ, немаше да бидиме ни 1/10 од ова што сме, и најверојатно ќе бевме некоја посткомунстичка диктатура во стилот на Србија и веќе поделена на два дела, а можеби и повеќе во стилот на Босна.

Ајт не се просерувајте многу не ни треба НАТО, не ни треба ЕУ.

Едно да знајте, ако не влезиме таму НЕМА ДА НЕ ИМА КАКО ДРЖАВА.

Па прајте си со умо бајрам уште.
Како ме изнасмеа за цел ден да сум расположен :pos:

Инаку ,нормална држава по ваква реакција на оваа идиоткава би ја протерала.Кој од вас би примил дома гостин кој му се мешат во финансиите ,кујната ,односите во семејството?И уште од хир те викат по некое икс име ,чисто поради занимација...:sick:
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Моментот беше кога ЕВРОкомесарот кажа:

„... ние не ја избегнуваме наставката, едноставно се придржуваме на принципите поставени од предходните извештаи.“

Aха, значи ако вчера убивав Евреи во логори, морам и денес само да се држам на предходно поставен принцип и да не нарушувам континуитет.

Браво бре легендо.
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
:vozbud::vozbud:

Сакаш да кажеш дека после влезот во ЕУ просечна плата во Бугарија е 350 евра ???

Па вие сте биле јад, беда и мизерија...
Пред неколку години бевме полошо од вас. Тоа е вистината. Сега сме подобро.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Пред неколку години бевме полошо од вас. Тоа е вистината. Сега сме подобро.
Па просечна плата во Македонија е колку во Бугарија, а ние на грб ги имаме Грците со нивните глупости. Една Хрватска која не е членка на ЕУ има 550-600 евра просечна плата. По кој критериум вие влеговте во ЕУ пред Хрватска?
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Бугар, вие бевте и останавте мизерија Нема што да се бае, ве знаеме и ве гледаме. Јас не сакам да му се ситам на некого, тоа мене ми е ниско, но факт е дека со целата таа помош и протекција, во услови кога сте примени мимо многу критериуми, пак сте само маргинално подобри.

Туку, не сте вие битни, нас ни е битно дека расчистувме со старата ороспија.

Добивме извештај за работата на Теута Арифи

“...Јас за вас имам три смешни вести и две констатации. Првата е дека ЕУ-бирократијата веќе трипати е принудена на Македонија на секои шест месеци да и ги става под телескоп мааните колку само фамозните извештаи за напредок да бидат „избалансирано критички“, демек, да не излегуваат премногу од рамката со перцепција за неуредениот Балкан во кој живеат луѓе што не знаат што е тоа држава.

Втората е дека овој пат, наместо извештај за Македонија, добивме тримесечен извештај за ликот и делото на Теута Арифи.

Третата, онаа најсмешната, е дека ЕУ ни ги избриша името и придавката што нé идентификуваат и ни даде грејс-период од една година во која ќе треба да избереме или да почнеме преговори со ЕУ како тера инкогнита со безимен народ или да си останеме она што сме, Македонија и Македонци ама надвор од европското банкрот-друштво. Значи, многу тежок избор! Изгледа пак ќе мора да излеземе на плоштадите за референдумски да кажеме: Ај сиктер!

Да е жив Другарот Филе, ама ние со Коминтерната под раководство на Другарот Сталин одамна имаме раскрстено како и со оваа под раководство на Саркози и Меркел. Зашто оваа „модерна“ Европа и онака веќе политички и цивилизациски банкротира, ете, пак ќе мора ние Македонците да го одржуваме сонот за демократска, толерантна, мултикултурна хуманистичка, прогресивна Европа во која реално значење ќе имаат симболите „слобода - братство - еднаквост“. Не за џабе сме Гоцева раса, нели?

Тоа на конфузниот и компромитиран Брисел во стил на голем државник и одговорен политичар елегантно му го соопшти премиерот Никола Груевски, и тоа во името на народот и државата што ЕУ ја малтретира веќе две децении, прекршувајќи ги сите можни антифашистички принципи и стандарди, и тоа во присуство на курирката на Комесаријатот за проширување што му го донесе извештајот за напредокот на Теута.

Не знам за вас, но мене настапот на екс-комунистот Штефан во улога на комесар ми изгледаше како да сум во кабаре во кое неталентиран комедијант ја изведува својата точка пред анемична новинарска публика што дошла да отепа малку време гледајќи во празно. Слушајќи го Филе се сетив на Слободан Милошевиќ и неговиот славен предлог да го реши распадот на СФРЈ така што ќе даде пауза од 15 минути, по што комесаријатот ќе констатира нов кворум, кој ќе продолжи да работи како ништо да не се случило. Не бидна ни тогаш пред 20 години, како што не бидува ни сега. Она што е гнило напросто не може да се шитне како свеж производ.

Еве ми ги констатациите од дведецениското искуство со ЕУ: оваа заедница на држави, сé до својот официјален политички банкрот, ќе продолжи да ја поддржува, помага и финансира несолидната грчка државна дивоградба. Наспроти тоа, ќе продолжи со сите средства и начини да го попречува и оневозможува постоењето на реалната и одржлива држава Македонија.

Тоа е европскиот хендикеп и европскиот комплекс. Од Александар Македонски до денес. Тоа е и историскиот цинизам, кој како токмак ја удира западноевропската империјална глава. И како ви се молам да не се смеам кога ќе ми текне на што сé како народ бевме изложени изминативе две децении (а да не говорам за целиот 19 и 20 век) во напорите на Европа да нé збрише од лицето на Земјата, а сепак тука сме и држиме лекции за издржливост, цврстина, хуманизам, цивилизираност, амбициозност, упорност, кроткост, толерантност. Македонија, на која никој не и даваше ни два-три месеци живот, казнувана со секакви оркестрирани економски, етнички, трговски, инвестициски, политички, културни блокади, е стабилна, самоодржлива, организирана, просперитетна и небанкротирана држава. А Грција, галеничето, миленичето, бунарот без дно, темелот на европската цивилизација, остана најобична дивоградба потпрена на гнили диреци, кои сега ја клатат цела ЕУ. Го слушнавте ли крикот на другиот европски комедијант Жозе Баросо? Господинот апелира дека не само земјите од еврозоната туку цела Европа, вклучувајќи нé и нас од Балканот, требало да го исплаќаме грчкиот долг, да сме биле солидарни и да и помогнеме на распрдената грчка држава да продолжи да дели тринаесетта плата, пензии до петто колено, бонуси за таксисти. Да, бе! Ќе бидне тоа кога „она“ ќе рече ку-ку! Ќе си ги задолжуваме ние децата и внуците за одржување на грчкиот мит дека постојат само два вида луѓе: Грци и оние што сонуваат да бидат Грци.

Бреј! Што ти е космичка закономерност. Просто кажано, не може да се урне, да се сотре она што е природно, солидно фундирано, односно од Бога дадено. Македонија, вопреки извештаите на Филе, необременета од времето и условите, ќе си го оди својот државен пат и ќе памети, ќе го бележи секој срам и блам на европската политика. Фала богу, сега си имаме и Музеј на македонската револуционерна борба. А и Македонска енциклопедија. Во меѓувреме, ќе стекнува искуство, отпорност, знаења, вештини и интелигенција, а дечкиве од Брисел секој ден сé повеќе ќе ги изложуваат својата срамота, неспособност, политичка сенилност и корумпираност на сончевата светлина. Македонија како што е познато има 275 сончеви денови. Тамам доволно за да ги види секој секаде.

Втората моја констатација нема директна врска со поведението на евробирократијата, ама е нејзин нуспроизвод. Благодарение на европската кретеноидна политика кон Македонија, се искристализира политичкиот простор во државава. Локалните играчи на кои се обложуваше Брисел се насукаа на левоцентристичкиот брег на „реката“ Лајнарка (нека ми простат прилепчани на асоцијацијата). Додека го вежбаа свитканиот ‘рбет пред црвените Комесари и чекаа американската и европската амбасада во Скопје да им обезбедат победа на избори, оној безобразен Груевски им го зазеде целиот политички простор. Од лево, преку центарот, до десно. Кутрите дилетанти и корисници на странски интервенции немаат сега на кој терен да играат. Со реални политички проекти се опфатени сите категории, интересовни групации на граѓани во Македонија. Со тоа се елиминирани сите можности пропагандно и преку манипулации да се разигрува и стимулира незадоволството на населението, а за потребите на еди-ми-ти какви ад хок востанија, буни и револуции во режија на специјални служби.

Гледате ли само како „нежно“ ем отворено своето незадоволство од ваквиот развој на настаните го искажаа домашните фронтмени на бриселската „калакурница“ кога се обелодени легализацијата на дивоградбите, па се стимулираше изградбата на станови, па се утврди минималната плата, па се случи во Штип да дојде голема инвестиција што ќе ги крене платите, а со тоа ќе ги загрози позициите на газдите што своите работници ги држеа на робовски ниска надница, па дојдоа поголеми странски инвестиции, па дојде и почна со работа „Агрокор“... Страшна работа, нели? Сега кој ли ќе ги истура среде автопат грозјето, доматите, кромидот?

Септември беше преубав месец зашто Македонија испраќаше пораки до јадосаната Европа. Сега, во октомври, добивме возвратни разгледници од некои адреси. Ќе ги има уште ама, па, што ако! Ќе си се допишуваме со нашите партнер-пријатели, а ќе си работиме, како што вели Груевски, со тројно поголема енергија зашто ем си ја имаме, ем така си го држиме во кондиција тројно поголемото срце. Идеали и идеалисти го градат и го менуваат светот. Сé друго е ситна боранија.“

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101411958418&id=13&prilog=0&setIzdanie=22405
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Бугар, вие бевте и останавте мизерија. Со целата таа помош и протекција, пак сте само маргинално подобри.

Туку, не сте вие битни, битно е да расчистиме со старата ороспија.
Знаеш ли, интересното е дека и вие се ставивте во истата мизериja, па да не речам поголема. От подобро, паднавте надоле. Докато не разгледуваш сека една членка како дел от ЕУ, дотогава ке си биеш главата во зид. Еве затова и гледаме поредниот извештаj со недадена дата за почеток на преговори. Некои мислеха,дека ке можат да заобиколат става на Грциja - не стана. Некои се надеваха,дека како падне Грциja во икономска и финансова криза ке попушти, еве гледаме и таа приказка не оди. Уште што да чекаме? Jaс стварно не гледам како со истиот третман и истите предросуди, един ден ке бидете соузник во ЕУ. Вие не се готвите да бидете соузници и полноправни членови на униjaта,а се готвите да надхитрите, да измамите униjaта. Вие мора прво да ставите на рефендум,дали сакате да влезете во ЕУ, а после да мислите за други референдуми.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Бугар, откриваш топла вода. Продолжи да не смееш.......... :pos:

Како ме изнасмеа за цел ден да сум расположен
Не е во прашање глупоста на изјавата дека ќе не немало ако не сме биле земја членка на ЕУ.

Поентата е ако влеземе во ЕУ, ќе ни влезе и ѕрцките ќе ни излезат!!

ЕУ не може да стане федерална држава, а како сојуз на држави го достигна максимумот. Сега се во кома, ни жив ни мртов. Пациентот се уште е жив, ама вегетира.

Факт е дека се дојдени на работ на пропаста, тоа веќе тимот на Борјан и Геровски не можат никако да го скријат.

Едно ќе речам, што се не поминало досега, па и овие ЕУропејциве ќе врват.

Туку мене ми е драго дека стратегијата на Груевски е јасно пред целата јавност да се каже непринципиелната политика на ЕУ, иако народов уште поодамна вели да стоиме што подалеку од таа багра.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.131
Поени од реакции
795
Секогаш кога ќе прочиташ текст на „новинар“ (ќе ја кажам новинар), кој целосно кореспондира со ставот на Владата, или поточно нивниот лидер, тогаш нешто гадно мириса во целата таа ситуација.

Ова се дел од серијалот текстови насочени кон ширење на евроскептицизам, евродемонизирање и европровоцирање... Кога ќе стигне негативен извештај, потоа на Мирка-свирка ѓаволот и е крив...

За жал, се повеќе лицата на Баросо, Филе, дванесетте ѕвездички на знамето на ЕУ, зградата на Европскиот Парламент се претворија во симбол на нешто што треба да се мрази од страна на граѓаните на Македонија.
Поддршката на НАТО и ЕУ во идните испитувања на јавното мислење ќе опаѓа драстично, спорот со Грција ќе стагнира, Македонија ќе ги губи надворешните поддржувачи...
Повторно ќе плукаме по амбасадорите, претставниците, парламентарците кои доаѓаат од ЕУ, повторно ќе се сливаат илјадници евра во џебовите на „новинарите“ за нарачани текстови, ќе продолжи сеењето страв дека всушност влезот во ЕУ и НАТО е најголемата опасност по битисувањето на оваа земја, а уште повеќе ќе се засилат и пораките на пркос и одбивност кои ќе ги праќаме како фидбек надвор од нашите граници.

Зошто? Која е целта на сево ова?
Многу едноставно - прикривање на неуспехот на земјава, префрлање на неспособноста на нашата елита да ја носи земјава напред во ЕУ, НАТО, европските вредности и солидарност и на „нашиот јужен сосед“.
Груевски продолжува да лебди на облакот на популизмот и национализмот, извивнувајќи се над катастрофалната економска, социјална, етничка и политичка состојба во Македонија. Секоја година со нови непријатели - најпрво тоа беше СДСМ, потоа следеше претседателствувањето на некооперативниот Црвенковски, потоа беше Грција, потоа беше А1, за најпосле непријател да стане Европа.

Криви се сите други освен ние самите... логика која можеби пали дома кога ќе добиеш кец по математика, но е комплетно непродуктивна на ниво на држава која додека ние се расправаме со нашите „непријатели“ скапува, гние и полека но сигурно пропаѓа.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Доста се просеравате со неуспех на земјата а притоа ниту една бројка не давате.
Неуспех е за олигархијата која ги купи сите комбинати и компании а денеска ја губат позицијата.
Цел еден регион од тиквешијата поради олихархот С.Ј. кој ја зема винарската визба Тиквеш е во незавидна состојба. Но интезивното отварање на мали винарски визби, стварање на услови за тоа, сето тоа ќе го промени и ќе боли за тие кои се учени на гага.

Што кажуваат бројките.

Дека Македонија расте најбрзо во регионот.
Расте или не расте ?
БДП втор во Европа, после Турција, за 2011.
Исто беше и минатите години.
Дека Македонија спроведува реформи кои на пример Грција може да ги сонува.
Од фискализација, државна управа, катастар итн...

Извозот на земјоделски производ за 2010 година е 450 милиони евра и е најдобар резулатат во историјата на Македонија.
И сега ?

Банкарскиот систем, СТАБИЛЕН.

Задолженоста на државата Македонија, НИСКОЗАДОЛЖЕНА.

Ама сиромаштија е .

Па нафтата што е 70 денари литар е поради западните шпекуланти кои го рекетираат светот за да тој да ја финансира војната на блискиот исток.

Цената на храна е една од политиките на иситот тој свет.

Државата оди напред.
Тој што работи ќе има, тој што не работи ќе мрчи муда.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom