Бугар, вие бевте и останавте мизерија Нема што да се бае, ве знаеме и ве гледаме. Јас не сакам да му се ситам на некого, тоа мене ми е ниско, но факт е дека со целата таа помош и протекција, во услови кога сте примени мимо многу критериуми, пак сте само маргинално подобри.
Туку, не сте вие битни, нас ни е битно дека расчистувме со старата ороспија.
Добивме извештај за работата на Теута Арифи
“...Јас за вас имам три смешни вести и две констатации. Првата е дека ЕУ-бирократијата веќе трипати е принудена на Македонија на секои шест месеци да и ги става под телескоп мааните колку само фамозните извештаи за напредок да бидат „избалансирано критички“, демек, да не излегуваат премногу од рамката со перцепција за неуредениот Балкан во кој живеат луѓе што не знаат што е тоа држава.
Втората е дека овој пат, наместо извештај за Македонија, добивме тримесечен извештај за ликот и делото на Теута Арифи.
Третата, онаа најсмешната, е дека ЕУ ни ги избриша името и придавката што нé идентификуваат и ни даде грејс-период од една година во која ќе треба да избереме или да почнеме преговори со ЕУ како тера инкогнита со безимен народ или да си останеме она што сме, Македонија и Македонци ама надвор од европското банкрот-друштво. Значи, многу тежок избор! Изгледа пак ќе мора да излеземе на плоштадите за референдумски да кажеме: Ај сиктер!
Да е жив Другарот Филе, ама ние со Коминтерната под раководство на Другарот Сталин одамна имаме раскрстено како и со оваа под раководство на Саркози и Меркел. Зашто оваа „модерна“ Европа и онака веќе политички и цивилизациски банкротира, ете, пак ќе мора ние Македонците да го одржуваме сонот за демократска, толерантна, мултикултурна хуманистичка, прогресивна Европа во која реално значење ќе имаат симболите „слобода - братство - еднаквост“. Не за џабе сме Гоцева раса, нели?
Тоа на конфузниот и компромитиран Брисел во стил на голем државник и одговорен политичар елегантно му го соопшти премиерот Никола Груевски, и тоа во името на народот и државата што ЕУ ја малтретира веќе две децении, прекршувајќи ги сите можни антифашистички принципи и стандарди, и тоа во присуство на курирката на Комесаријатот за проширување што му го донесе извештајот за напредокот на Теута.
Не знам за вас, но мене настапот на екс-комунистот Штефан во улога на комесар ми изгледаше како да сум во кабаре во кое неталентиран комедијант ја изведува својата точка пред анемична новинарска публика што дошла да отепа малку време гледајќи во празно. Слушајќи го Филе се сетив на Слободан Милошевиќ и неговиот славен предлог да го реши распадот на СФРЈ така што ќе даде пауза од 15 минути, по што комесаријатот ќе констатира нов кворум, кој ќе продолжи да работи како ништо да не се случило. Не бидна ни тогаш пред 20 години, како што не бидува ни сега. Она што е гнило напросто не може да се шитне како свеж производ.
Еве ми ги констатациите од дведецениското искуство со ЕУ: оваа заедница на држави, сé до својот официјален политички банкрот, ќе продолжи да ја поддржува, помага и финансира несолидната грчка државна дивоградба. Наспроти тоа, ќе продолжи со сите средства и начини да го попречува и оневозможува постоењето на реалната и одржлива држава Македонија.
Тоа е европскиот хендикеп и европскиот комплекс. Од Александар Македонски до денес. Тоа е и историскиот цинизам, кој како токмак ја удира западноевропската империјална глава. И како ви се молам да не се смеам кога ќе ми текне на што сé како народ бевме изложени изминативе две децении (а да не говорам за целиот 19 и 20 век) во напорите на Европа да нé збрише од лицето на Земјата, а сепак тука сме и држиме лекции за издржливост, цврстина, хуманизам, цивилизираност, амбициозност, упорност, кроткост, толерантност. Македонија, на која никој не и даваше ни два-три месеци живот, казнувана со секакви оркестрирани економски, етнички, трговски, инвестициски, политички, културни блокади, е стабилна, самоодржлива, организирана, просперитетна и небанкротирана држава. А Грција, галеничето, миленичето, бунарот без дно, темелот на европската цивилизација, остана најобична дивоградба потпрена на гнили диреци, кои сега ја клатат цела ЕУ. Го слушнавте ли крикот на другиот европски комедијант Жозе Баросо? Господинот апелира дека не само земјите од еврозоната туку цела Европа, вклучувајќи нé и нас од Балканот, требало да го исплаќаме грчкиот долг, да сме биле солидарни и да и помогнеме на распрдената грчка држава да продолжи да дели тринаесетта плата, пензии до петто колено, бонуси за таксисти. Да, бе! Ќе бидне тоа кога „она“ ќе рече ку-ку! Ќе си ги задолжуваме ние децата и внуците за одржување на грчкиот мит дека постојат само два вида луѓе: Грци и оние што сонуваат да бидат Грци.
Бреј! Што ти е космичка закономерност. Просто кажано, не може да се урне, да се сотре она што е природно, солидно фундирано, односно од Бога дадено. Македонија, вопреки извештаите на Филе, необременета од времето и условите, ќе си го оди својот државен пат и ќе памети, ќе го бележи секој срам и блам на европската политика. Фала богу, сега си имаме и Музеј на македонската револуционерна борба. А и Македонска енциклопедија. Во меѓувреме, ќе стекнува искуство, отпорност, знаења, вештини и интелигенција, а дечкиве од Брисел секој ден сé повеќе ќе ги изложуваат својата срамота, неспособност, политичка сенилност и корумпираност на сончевата светлина. Македонија како што е познато има 275 сончеви денови. Тамам доволно за да ги види секој секаде.
Втората моја констатација нема директна врска со поведението на евробирократијата, ама е нејзин нуспроизвод. Благодарение на европската кретеноидна политика кон Македонија, се искристализира политичкиот простор во државава. Локалните играчи на кои се обложуваше Брисел се насукаа на левоцентристичкиот брег на „реката“ Лајнарка (нека ми простат прилепчани на асоцијацијата). Додека го вежбаа свитканиот ‘рбет пред црвените Комесари и чекаа американската и европската амбасада во Скопје да им обезбедат победа на избори, оној безобразен Груевски им го зазеде целиот политички простор. Од лево, преку центарот, до десно. Кутрите дилетанти и корисници на странски интервенции немаат сега на кој терен да играат. Со реални политички проекти се опфатени сите категории, интересовни групации на граѓани во Македонија. Со тоа се елиминирани сите можности пропагандно и преку манипулации да се разигрува и стимулира незадоволството на населението, а за потребите на еди-ми-ти какви ад хок востанија, буни и револуции во режија на специјални служби.
Гледате ли само како „нежно“ ем отворено своето незадоволство од ваквиот развој на настаните го искажаа домашните фронтмени на бриселската „калакурница“ кога се обелодени легализацијата на дивоградбите, па се стимулираше изградбата на станови, па се утврди минималната плата, па се случи во Штип да дојде голема инвестиција што ќе ги крене платите, а со тоа ќе ги загрози позициите на газдите што своите работници ги држеа на робовски ниска надница, па дојдоа поголеми странски инвестиции, па дојде и почна со работа „Агрокор“... Страшна работа, нели? Сега кој ли ќе ги истура среде автопат грозјето, доматите, кромидот?
Септември беше преубав месец зашто Македонија испраќаше пораки до јадосаната Европа. Сега, во октомври, добивме возвратни разгледници од некои адреси. Ќе ги има уште ама, па, што ако! Ќе си се допишуваме со нашите партнер-пријатели, а ќе си работиме, како што вели Груевски, со тројно поголема енергија зашто ем си ја имаме, ем така си го држиме во кондиција тројно поголемото срце. Идеали и идеалисти го градат и го менуваат светот. Сé друго е ситна боранија.“
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101411958418&id=13&prilog=0&setIzdanie=22405