Breaking Bad

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Која катастрофа беше сцената со бомбата,имавме шанса да видиме како може одлична серија да стане мизерна поради 1(една) сцена.Прво си мислев некоја зафрканција е кога го дадоа Гас како испаѓа,и кога сврте камерата си помислив дека е терминатор :icon_lol:
Прочитај го ова:

Добро, и мене не ми се допадна начинот на кој се струполи Гас ама целта на режисерите, како што прочитав на официјалната страна, била да помислиме барем на момент дека Гас ќе се извлече од таа невозможна ситуација, а снимањето на таа сцена траело со недели.

И им успеа, as i recall додека се одвиваше сцената низ мојот мозок се движеа овие мисли:

*пука бомбата*

ОООООООООО

*излегува Гас и си ја мести вратоврската*

АУУУУ МАЈЧИНОТ ПРЕЖИВЕА, НЕВОЗМОЖНО!

*ја покажуваат уништената страна од лицето*

ААААААААААААААААА

*паѓа*

АИИИИ ШТО СЕ СЛУЧИ, УМРЕ ИЛИ НЕ?!?!?! (mindblown)

Јес да беше нереално, ама никако не би рекол таа сцена го уништи финалето, баш напротив.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Прочитај го ова:
Незнам од која гледа точка ви се свиѓа тој дел..по секоја логика кога пукна бомбата се знаеше дека е готово..немаше потреба да го покажуваат Гас и слично...секој нормален човек знае дека ако пукне бомба на пола метар од тебе нема спас..освен бомбата ако била ЕМП по грешка :pos:
--- надополнето: Oct 12, 2011 11:08 PM ---

Ви текнува?
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Мислам дека на 95% од фановите им се допадна таа сцена, вклучувајќи ме и мене.
Една од највпечатливите сцени во било која серија. За некое време во секое фан-мејд видео ќе е присутна.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.483
Ми се свиѓа што се повеќе и повеќе гледам нови фаци на темава, тоа значи дека серијава конечно го добива заслуженото внимание кај нас :)
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Да го дадам и мојот придонес на темава затоа што вреди.

Со Breaking Bad се запознав пред неколку години. Кога си рошкав на имдб да барам серии и предлози и мојот ентузијазам никогаш не ме предаваше па некако наидов на Breaking Bad. Тогаш беше излезена само една сезона и ја спуштив. Со таков интернет тогаш (кабелски) ми требаше точно една недела за сите 7 епизоди. Дури компјутерот и ноќе ми работеше...
После се нафатив да гледам други серии. Тогаш актуелна беше Heroes, а на повидок беше уште еден мегахит - Fringe, па паралелно ги следев Fringe и Prison Break додека правев Heroes маратон, во исто време играше и Lost и 24 па бев преполн со серии и време само за истите. Така BB се заборави во некој фолдер.

Помина некое време кога Psyside ја препорача овде на форум. Ја најдов првата сезона во компјутеров негде испикана безвезе, си ја копирав во фолдер "Серии", ама се заразив со Lie to me и пак заборавив на BB.
После некое време требаше да се форматира компјутерот и многу работи ми отидоа јабана. Најмногу ми беше мака за сите избришани сезони од Six Feet Under и за таа од BB.

Кога заврши учебнава година заклучно со мај, си реков после јунската сесија цело лето ќе го посветам на двеве серии и се снабдив со сите сезони на SFU (Болиглава ми ги даде) и ја гледав неа. Ми одзеде повеќе време отколку што мислев и ја изгледав тек на крајот на јули. Серијата беше life time experience за мене и бев тотално издрецкан од земја. Решив да си земам малку одмор од филмови и серии, а во меѓувреме Болиглава ми ги даде првите 2 сезони од BB.

Ама лето ко лето, секој ден плажа и други обврски немав време да ја почнам. Се посветив на читање книги затоа што морам да компензирам и ја исчитав Војна и Мир на цели 2008 страни и се осеќав ко херој. После дојде августово/септемвриска сесија и ми останаа уште 2 предмети за полагање и морав да вежбам за нив. Математика ми беше последна шанса да си ја спасам годината (и си ја спасив indeed) и немав кога да ја почнам BB.

Се преселив пак во Скопје за новава учебна година, со нови сили, со нови предмети пред мене и нови серии за гледање. Пред 2 недели, се сеќавам беше недела и јас се врткав ваму-таму, немав почнато уште со учење затоа што ми беше рано па рошкав низ лап топов со идеја да изгледам некој филм, ама се сетив дека не сум ја почнал BB и пуштив да ја гледам. Надвор пукаше сонце, добро беше времето ама не ни помислив да излезам. Цимерите не беа тука и јас си бев сам на себе со мојата единствена пасија - гледање серии маратонски, па си отидов до Тинекс, купив 2-3 шишиња кока кола, чипс и карамели за да се спремам по прописи затоа што очекував многу.

Ја изгледав цела прва сезона. Кога завршив со седмата епизода веќе беше 12 навечер и си легнав за сабајле да станам на факултет. Бев фасциниран од текот на приказната и од ликовите, и се останати што сте го споменале на темава... го имав она чувство кога ти недостигаат ликови од серија. Кога заврши првата сезона сфатив дека доаѓам поблизу до крајот што беше лошо, затоа што не сакав да заврши тоа чувство на воодушевување.
Станав сабајле за на факултет од 8 сатот, си отидов све по прописи, седнав на првите 2 часа и умот ми беше само во BB. Мислев на Волт, на Џеси и на Хенк најмногу. Размислував како би можела да се одвива приказната. Ја сакав драматичноста и исто така го сакав оној мал детективски шмек што го даваше од една страна.

Немав трпение и во 12 излегов и не ги дослушав последните 2 часа за да гледам BB. Дојдов дома и ја пуштив втората сезона. Гледав цело време.. .на моите дома им реков - ќе спијам не ме чепкајте, и покрај тоа што умрев за спиење не се мрднав од екранов. Можам да кажам дека ја изгледав цела втора сезона буквално во еден здив, со многу мали паузи. Три-четири пати станав да мочам и 2-3 минути се тегнев на кревет поради грчевите кои ги имав. И вратов ми се шина целиот. Беше веќе 1-2 после полноќ кога завршив и требаше пак да станам за на факултет.

Морам да кажам дека втората сезона ми беше најдобрата воопшто. Поради возбудливоста и поради тоа што најголемата драма ја достигна според мене токму тогаш, јас одвај чекав да почнам нова сезона за да гледам. Ама веќе беше касно, немав спиено доста време и сфатив дека немам јадено цел ден. Одвај си намачкав две три лепчиња мармалад колку да не сум без ич.
Пред да завршам, 2-3 епизоди пред крајот на втората сезона му се јавив на Болиглава да се видиме набрзина да ми ги даде останатите две епизоди, ама тој беше во гужви а јас не можев да чекам ни секунда повеќе и додека си ги гледав последните епизоди ја спуштив дела трета сезона.

Другиот ден станав во 7 за да одам на факултет ама не ми се одеше. Ме копкаше дејствието на BB. Си имав и омилен лик. Покрај Волт по дифолт и Гас како добар негативец, мене најомилен лик ми беше Џеси. Се молев да е тука до крајот на серијата (не ни проверив имдб да видам нешто или да прочитам кој колку епизоди ќе е тука).
Па јас донесов одлука тој ден да не одам на факултет. Се измив, се расонав и одма уклучив да гледам. Беше 2 часот поручек кога стигнав до средина негде и кога им се јавив на моите да им кажам дека сум бил на факултет, дека сум добар и дека се е во ред. А со мене ништо не беше во ред. Немав ни јадено ко чоек ни спиено тие 2-3 дена а не ни планирав.

Тој ден не ни прозборив со цимерите. Само имав ставено слушалки на мене во знак на добрата волја и мирот да не ме замараат и вечерта ја изгледав и цела трета сезона. Изедов едно триста карамели, 5-6 паковања Доритос и 2 шишиња Кока Кола (сите работи ги купи цимерот затоа што јас не планирав ни да излезам од дома):
И таа вечер кога си легнав се осеќав ко да сум издрогиран. Па сонував метамфетамини, жолти скафандери, хемиски знаци и што не друго... Дури знам дека го сонував и крајот на BB, значи до таму ми ојде фантазијата што после го заборавив за жал.

Спиев повеќе од 12 сати. Ни во среда не отидов на факултет. Пак се јавив поручекта дома да му кажам на татко ми дека си бев на факултет дека добро поминав и се по нормала... кога огладнав максимално, бев истоштен и ги замразив карамелите и чипсот што го јадев затоа што тоа беше единствено што го имав пикнато в уста последните три дена. Седнав поручекта да ја гледам 4та сезона која ја симнав додека ја гледав 3тата.
Си го исклучив мобилниот да не ме замара никој, на фејсбук не ни се појавив, а форум проверив само 2 пати.
Ги изгледав сите 12 епизоди во еден здив, исто како и другите. Бев разочаран од тоа што брзав со гледање и сега немам што да правам. Се осеќав ко да сум се скарал со некого, осеќав ко да сум изгубил фудбал со 10 разлика а единственото нешто што ме мачеше беше тоа дека моето пријателство со BB завршува за една епизода.

Цела недела ја поминав во чекање на последната епизода и ги исчитав овде сите страни. Па станав сабајле во понеделникот, ја спуштив последната епизода и ја изгледав.
И го добив тоа што го очекував. Дури добив и повеќе. Сите избегани предавања на факултет не ми беа воопшто важни затоа што времето го потрошив на оваа серија. Сега сум за една скала подобар и попаметен. Како што SFU промени многу нешта во мене, така и BB и сум ептен благодарен што имав прилика да гледам вакво нешто.

Мое мислење е дека наредната сезона токму Волт ќе биде негативецот, т.е. дека ќе се бори сам со себе. Според мене, најпаметната борба што може да ја има понатака е борбата на Волт со самиот себеси и како таа ќе се одрази на крај.

Имам изгледано многу серии, ама Breaking Bad секогаш ќе ми е една од омилените, што и да се случи понатака.
Големо браво за членовите како Psyside, wot, Болиглава и останатите кои ја форсираат серијава. Ова мора да биде видено, јас веќе му ја дадов на двајца мои другари да ја гледаат.
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Значи да се разбереме, уште сум кај втората епизода ( од тековната сезона) али од оправдани причини. Страв ми е да ве читам погоре ( да не налетам на некој спојлер) само да го споделам сликичево ( кое и како ми наговестува шо се дешава али јбг се заебав више).

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Џими брат ти си будала. :)

Форест... грешка ти е шо си рошкал по интернетов однапред.
Зборов ми беше јас заразив веќе четворица со серијава, кој е вашиот број? (H)
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
И јас исто ко Болиглава ама мојата дејност тука не запира. :icon_lol:
Туку што ќе правиме со Интериста, уште не ја почнал ми вика нема време? :eek:
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
И јас исто ко Болиглава ама мојата дејност тука не запира. :icon_lol:
Туку што ќе правиме со Интериста, уште не ја почнал ми вика нема време? :eek:
Да, а за Тера Нова(кхмсрањекхм) имал? Позериште :D
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.483
Мојот број? pretty much сите од форумов кои постираат на темава :D

П.С. Џими, за твојот пост можам да кажам дека е толку искрен и реален што не ми се верува дека некој имал воља да ни долови сегменти од "приватниот живот" за само да ни прикаже колку многу му се допаднала серијата, и колку големо влијание има на него a воедно се осеќал обврзан за ваков детален пост, тоа значи тоа ни кажува многу, стварно многу.....за влијанието на Breaking Bad кај гледачите. Сега знам дека ти си дефинитивно најголемиот фан на Breaking Bad во државава/градов но можеби и пошироко.... ваков пост се гледа еднаш во години, а кога ќе размислам подобро дури ни тогаш, задоволство и привилегија е да се дели форумов и темава со тебе, и уште поголемо што токму јас сум еден до тие што те навлекоа на ова маестрално шоу :)

Секоја чест другар!
:cuc:
 
Јас ти благодарам тебе, да не беше ти форумов можеби и немаше да слушне за серијава. Тоа е добро во нашиот подфорум што секогаш има некои членови што туркаат напред и напред. Кога како искусен гледач на серии/филмови доаѓа оној период кога буквално удираш во ѕид, секогаш има некој кој те турка напред.
Сакам да кажам, има период кога сакаш да си направиш еден рестарт на мозокот од премногу гледање филмови/серии и да се дистанцираш од тој свет еден период, кога мислиш дека си видел се и сешто, тогаш отвараш форум и читаш повеќе и повеќе работи кои не ги знаеш. Кај мене се случува (верувам и кај 90 проценти од форумџииве) кога гледаме предлози, на еден гледан филм ми се продолжува списокот за уште 10 други.

На крајот на BB се осеќав ко да се скарав со некој многу добар другар. Тоа е исто кога ќе прочиташ добра книга, или изгледаш добар филм. Ко да губиш дел од тебе.

Следна моја цел до излегувањето на нова сезона е да си испечатам маица.
Предлози, некој? Можеме и во повеќе броја да испечатиме ист наслов/quote/слика, да се организираме ќе не фати поефтино.

Пример:

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Сега кога Џимеј почна да фантазира за петта, се замислив и јас...

На моменти си мислам дека Волт ќе има гаден крај. Се осети во неговото "I won" глас на полубог, глас на човек преполн со хибрис. Е сега, ако кармата работи и саботи и недели, или на Волт ќе му се случи нешто или на неговиот син/жена. Тој се што прави е со една цел - да си ја заштити фамилијата. Но по 5-6-7 жртви веќе стана во нешто друго. Е тука кармата(или Мајк, или некој X мафијаш) можи да замеша прсти и да го спушти Волт на земја, па и подолу!

После па ми врти мозокот на Хенк. Си двоумам дали ќе го направат во новата сезона малку попаметен па ќе си го врати филмот и ќе почни да го склопува мозаикот. Па на крај кога ќе го спој мозаикот можи да го пикни Волт во затвор.

Па на крај се мислам ова е BB, не се знае ништо, џабе се мислиш.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.483
Јас ти благодарам тебе, да не беше ти форумов можеби и немаше да слушне за серијава. Тоа е добро во нашиот подфорум што секогаш има некои членови што туркаат напред и напред. Кога како искусен гледач на серии/филмови доаѓа оној период кога буквално удираш во ѕид, секогаш има некој кој те турка напред.
Сакам да кажам, има период кога сакаш да си направиш еден рестарт на мозокот од премногу гледање филмови/серии и да се дистанцираш од тој свет еден период, кога мислиш дека си видел се и сешто, тогаш отвараш форум и читаш повеќе и повеќе работи кои не ги знаеш. Кај мене се случува (верувам и кај 90 проценти од форумџииве) кога гледаме предлози, на еден гледан филм ми се продолжува списокот за уште 10 други.

На крајот на BB се осеќав ко да се скарав со некој многу добар другар. Тоа е исто кога ќе прочиташ добра книга, или изгледаш добар филм. Ко да губиш дел од тебе.

Следна моја цел до излегувањето на нова сезона е да си испечатам маица.
Предлози, некој? Можеме и во повеќе броја да испечатиме ист наслов/quote/слика, да се организираме ќе не фати поефтино.
Фала ти уште еднаш, и извести ме за идејата за маиците, заинтересиран сум! дефинитивно одлична идеја :)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јас ти благодарам тебе, да не беше ти форумов можеби и немаше да слушне за серијава. Тоа е добро во нашиот подфорум што секогаш има некои членови што туркаат напред и напред. Кога како искусен гледач на серии/филмови доаѓа оној период кога буквално удираш во ѕид, секогаш има некој кој те турка напред.
Сакам да кажам, има период кога сакаш да си направиш еден рестарт на мозокот од премногу гледање филмови/серии и да се дистанцираш од тој свет еден период, кога мислиш дека си видел се и сешто, тогаш отвараш форум и читаш повеќе и повеќе работи кои не ги знаеш. Кај мене се случува (верувам и кај 90 проценти од форумџииве) кога гледаме предлози, на еден гледан филм ми се продолжува списокот за уште 10 други.

На крајот на BB се осеќав ко да се скарав со некој многу добар другар. Тоа е исто кога ќе прочиташ добра книга, или изгледаш добар филм. Ко да губиш дел од тебе.

Следна моја цел до излегувањето на нова сезона е да си испечатам маица.
Предлози, некој? Можеме и во повеќе броја да испечатиме ист наслов/quote/слика, да се организираме ќе не фати поефтино.

Пример:

Ха исто, после 3 те сезони (пред да почне 4 та сезона) јас не можев филм или било каква друга серија да следам. Јбг после ББ се има горчлив вкус и делува "плитко", еднаш пишав - Кај серијава има една добра и една лоша работа.: добрата е што денес имаш можност, да не речам привилегија, да изгледаш едно вистинско ремек дело и буквално секоја епизода е мало ремек дело од сите аспекти. Лошата е што кога се ќе заврши ниедна друга серија нема да ти биде доволна утеха, нешто ко прва љубав :icon_lol:

Инаку ок маички, особено првата, само помал фонт на букви.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom