Да го дадам и мојот придонес на темава затоа што вреди.
Со Breaking Bad се запознав пред неколку години. Кога си рошкав на имдб да барам серии и предлози и мојот ентузијазам никогаш не ме предаваше па некако наидов на Breaking Bad. Тогаш беше излезена само една сезона и ја спуштив. Со таков интернет тогаш (кабелски) ми требаше точно една недела за сите 7 епизоди. Дури компјутерот и ноќе ми работеше...
После се нафатив да гледам други серии. Тогаш актуелна беше Heroes, а на повидок беше уште еден мегахит - Fringe, па паралелно ги следев Fringe и Prison Break додека правев Heroes маратон, во исто време играше и Lost и 24 па бев преполн со серии и време само за истите. Така BB се заборави во некој фолдер.
Помина некое време кога Psyside ја препорача овде на форум. Ја најдов првата сезона во компјутеров негде испикана безвезе, си ја копирав во фолдер "Серии", ама се заразив со Lie to me и пак заборавив на BB.
После некое време требаше да се форматира компјутерот и многу работи ми отидоа јабана. Најмногу ми беше мака за сите избришани сезони од Six Feet Under и за таа од BB.
Кога заврши учебнава година заклучно со мај, си реков после јунската сесија цело лето ќе го посветам на двеве серии и се снабдив со сите сезони на SFU (Болиглава ми ги даде) и ја гледав неа. Ми одзеде повеќе време отколку што мислев и ја изгледав тек на крајот на јули. Серијата беше life time experience за мене и бев тотално издрецкан од земја. Решив да си земам малку одмор од филмови и серии, а во меѓувреме Болиглава ми ги даде првите 2 сезони од BB.
Ама лето ко лето, секој ден плажа и други обврски немав време да ја почнам. Се посветив на читање книги затоа што морам да компензирам и ја исчитав Војна и Мир на цели 2008 страни и се осеќав ко херој. После дојде августово/септемвриска сесија и ми останаа уште 2 предмети за полагање и морав да вежбам за нив. Математика ми беше последна шанса да си ја спасам годината (и си ја спасив indeed) и немав кога да ја почнам BB.
Се преселив пак во Скопје за новава учебна година, со нови сили, со нови предмети пред мене и нови серии за гледање. Пред 2 недели, се сеќавам беше недела и јас се врткав ваму-таму, немав почнато уште со учење затоа што ми беше рано па рошкав низ лап топов со идеја да изгледам некој филм, ама се сетив дека не сум ја почнал BB и пуштив да ја гледам. Надвор пукаше сонце, добро беше времето ама не ни помислив да излезам. Цимерите не беа тука и јас си бев сам на себе со мојата единствена пасија - гледање серии маратонски, па си отидов до Тинекс, купив 2-3 шишиња кока кола, чипс и карамели за да се спремам по прописи затоа што очекував многу.
Ја изгледав цела прва сезона. Кога завршив со седмата епизода веќе беше 12 навечер и си легнав за сабајле да станам на факултет. Бев фасциниран од текот на приказната и од ликовите, и се останати што сте го споменале на темава... го имав она чувство кога ти недостигаат ликови од серија. Кога заврши првата сезона сфатив дека доаѓам поблизу до крајот што беше лошо, затоа што не сакав да заврши тоа чувство на воодушевување.
Станав сабајле за на факултет од 8 сатот, си отидов све по прописи, седнав на првите 2 часа и умот ми беше само во BB. Мислев на Волт, на Џеси и на Хенк најмногу. Размислував како би можела да се одвива приказната. Ја сакав драматичноста и исто така го сакав оној мал детективски шмек што го даваше од една страна.
Немав трпение и во 12 излегов и не ги дослушав последните 2 часа за да гледам BB. Дојдов дома и ја пуштив втората сезона. Гледав цело време.. .на моите дома им реков - ќе спијам не ме чепкајте, и покрај тоа што умрев за спиење не се мрднав од екранов. Можам да кажам дека ја изгледав цела втора сезона буквално во еден здив, со многу мали паузи. Три-четири пати станав да мочам и 2-3 минути се тегнев на кревет поради грчевите кои ги имав. И вратов ми се шина целиот. Беше веќе 1-2 после полноќ кога завршив и требаше пак да станам за на факултет.
Морам да кажам дека втората сезона ми беше најдобрата воопшто. Поради возбудливоста и поради тоа што најголемата драма ја достигна според мене токму тогаш, јас одвај чекав да почнам нова сезона за да гледам. Ама веќе беше касно, немав спиено доста време и сфатив дека немам јадено цел ден. Одвај си намачкав две три лепчиња мармалад колку да не сум без ич.
Пред да завршам, 2-3 епизоди пред крајот на втората сезона му се јавив на Болиглава да се видиме набрзина да ми ги даде останатите две епизоди, ама тој беше во гужви а јас не можев да чекам ни секунда повеќе и додека си ги гледав последните епизоди ја спуштив дела трета сезона.
Другиот ден станав во 7 за да одам на факултет ама не ми се одеше. Ме копкаше дејствието на BB. Си имав и омилен лик. Покрај Волт по дифолт и Гас како добар негативец, мене најомилен лик ми беше Џеси. Се молев да е тука до крајот на серијата (не ни проверив имдб да видам нешто или да прочитам кој колку епизоди ќе е тука).
Па јас донесов одлука тој ден да не одам на факултет. Се измив, се расонав и одма уклучив да гледам. Беше 2 часот поручек кога стигнав до средина негде и кога им се јавив на моите да им кажам дека сум бил на факултет, дека сум добар и дека се е во ред. А со мене ништо не беше во ред. Немав ни јадено ко чоек ни спиено тие 2-3 дена а не ни планирав.
Тој ден не ни прозборив со цимерите. Само имав ставено слушалки на мене во знак на добрата волја и мирот да не ме замараат и вечерта ја изгледав и цела трета сезона. Изедов едно триста карамели, 5-6 паковања Доритос и 2 шишиња Кока Кола (сите работи ги купи цимерот затоа што јас не планирав ни да излезам од дома):
И таа вечер кога си легнав се осеќав ко да сум издрогиран. Па сонував метамфетамини, жолти скафандери, хемиски знаци и што не друго... Дури знам дека го сонував и крајот на BB, значи до таму ми ојде фантазијата што после го заборавив за жал.
Спиев повеќе од 12 сати. Ни во среда не отидов на факултет. Пак се јавив поручекта дома да му кажам на татко ми дека си бев на факултет дека добро поминав и се по нормала... кога огладнав максимално, бев истоштен и ги замразив карамелите и чипсот што го јадев затоа што тоа беше единствено што го имав пикнато в уста последните три дена. Седнав поручекта да ја гледам 4та сезона која ја симнав додека ја гледав 3тата.
Си го исклучив мобилниот да не ме замара никој, на фејсбук не ни се појавив, а форум проверив само 2 пати.
Ги изгледав сите 12 епизоди во еден здив, исто како и другите. Бев разочаран од тоа што брзав со гледање и сега немам што да правам. Се осеќав ко да сум се скарал со некого, осеќав ко да сум изгубил фудбал со 10 разлика а единственото нешто што ме мачеше беше тоа дека моето пријателство со BB завршува за една епизода.
Цела недела ја поминав во чекање на последната епизода и ги исчитав овде сите страни. Па станав сабајле во понеделникот, ја спуштив последната епизода и ја изгледав.
И го добив тоа што го очекував. Дури добив и повеќе. Сите избегани предавања на факултет не ми беа воопшто важни затоа што времето го потрошив на оваа серија. Сега сум за една скала подобар и попаметен. Како што SFU промени многу нешта во мене, така и BB и сум ептен благодарен што имав прилика да гледам вакво нешто.
Мое мислење е дека наредната сезона токму Волт ќе биде негативецот, т.е. дека ќе се бори сам со себе. Според мене, најпаметната борба што може да ја има понатака е борбата на Волт со самиот себеси и како таа ќе се одрази на крај.
Имам изгледано многу серии, ама Breaking Bad секогаш ќе ми е една од омилените, што и да се случи понатака.
Големо браво за членовите како Psyside, wot, Болиглава и останатите кои ја форсираат серијава. Ова мора да биде видено, јас веќе му ја дадов на двајца мои другари да ја гледаат.