Неколку прашања, кои од секогаш ме интересирале...

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.047
Поени од реакции
15.014
се наплаќа...еве пример....нашиве попчиња не осветуваат вода ако не си платиш.....
и сега то е христијански? па тоа е сосема обратно од тоа...
сега и поповите си градат хотелчиња....бензиски...некоја викендичка...да се најде...
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Значи вистинска приказна ( мислам не дека ќе ве зачуди туку еве да ја споделам). Имаше едно дете кај мене у маало. Нормален клинец, мислам повише од нормален ( све шо беше женско лудуваше по него). Баскетџија со невиден дриблинг, си ги слушаше Металика и Ајрон Мејден со невидена шишка, си пиуцкаше ( додуша умерено не некоја хроника = 5-6 виски - миски на едно искачање), навиваше за Ливерпул и еден ден реши да стане поп. Како шо е ред де сите тие ритуали БРАДЕ; средно, па факултет, па дома славје, па кршење на чинии, па викање на локалниот кларинетџија, па ќебапчина , па стриптиз ( ова последното могуче и да го излажав). Е арно ама детево гладно за религиски ствари испадна. Се мантиоса ама у очи му гореше некоја искра шо кажуваше дека не бе ќе идам до крај, сад или никад. И така и бидна, стана калуѓер. Небото потемне, дождои на сите страни, девојчиња со искубани коси, неговите дома само турски серии почнаа да гледаат ( џоа оправдување за поцрвенети очи), бавчата у двор им остана некопана, али малиов имаше муда и не потклекна на никакви притисоци и многу го поштуем ради то. Веруваше у нешто, отиде до крај и никакви размачкани креони не успеаа да го вратат од неговата замисла. Минаа 2-3 години, у маало само можеше да се чуе по некој глас тука и таму за него ( у главно дека се хранел со лути корени и компири али не у помфрит форма и дека не сакал да се сретне со неговите ради газење на сонот) - ок и то поштуем. Минаа тие 3 години и на кривината од моето маало се појави црно БМВ, со затемнето стакло и воздухот го параше

Морам да признаам дека баскетот се испушти од рацете (тропна 5-6 пати на земја) а од Бмв -то у слоумошн движење излезе нашиот ни ожален калугер со рацете кон небото. Мислам еве да не биде ептен ЧДА мислењево али очекуев да излезе некое бате у каубојки ( онакви змиести) и неколку горила околу него али гадно сум се заебал. Славје кај него дома, опет ќебачиња, опет локални кларинетџија, не стриптиз реално да правиме муабет немаше. И сега знаете шо децава кај нас у маало веќе не сакаат да го спасуваат светот, ниту се тепаат кој да биде Пандев, сите сакаат да бидат калуѓери. И знам дека никој нема да праша зошто, али еве за атер ЗОШТО? - затоа што таму лежат парите. Македонските свештени лица ( у која било форма) се најдобри претприемачи у свет (ма какви Доналд Трамп, каков Стив Џобс, ма какви бизнис идеи). Кога ќе влезам у црква, да го имам тоа чуство на Виша сила и смиреност али то ми трае се додека не се појави некој поп кој ме демне као да ќе украдам нешто. И у Крушево ми се има десено оваква ствар, влегуваме у црква, купуваме свеќи ги палиме и само шо го свртивме грбот да идеме до една од иконата, тетката шо продаваше свеќи и беше како задолжена за црквата, со своите абибас влечки и брзина поголема од птицата итрица ги зема свеќите ( пред нас бе човече) ги дува и си ги враќа на пултот за продавање. Мислам останавме со подзинати усти ХЕЛОООУУУУУУУУУУУУ. Или пази една ситуација - парафразирам " Абе си идам у црква, наапан од животов, скурчено ми беше нешо и идам као секој верник да ја зауздам душава. Внатре беше еден поп и една од жените таму шо се. Си палам свеќа и седнувам, али воспоставуем конекшн више со небото ( молитви, желби, гревови...) и вика ко ја гледам женава штрак ми ги дува свеќите ( а нема 2 секунди како ги ставив) и си ги става у џеб. Алооо бе тетке само шо ги оставив - и викам. И попот толку духовно ми се додаде од страна, Ако сине немај гајле се важи. Се важи WTF. Како бе се важи ова као демек кош со неправилна рампа е , па се ВАЖИ БЕ АЛОООООООООООООООООООООООООО???".
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ај без претерување. Не се плаќа во секоја црква, тоа во овие со туристички набој се практикува.;)

Туку ооо попе слушам си се подновил????
Човек без коментар да остане на вакви потези боли глава. А на Коце очи ќе му истеравме за колата. Имало бетер.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.418
Поени од реакции
6.056
Јас досега не сум сретнал црква во која се наплаќа влез,и во Охридов и пошироко. Можеби ви наплатиле за некои други културни споменици околу црквата/манастирот.

А околу другото нема што да се искоментира...им се дозволило си прават и на крај краева никој од нашите верници не се бунат јавно за ваквиот пристап на владиците и поповите...јебига што сме мирен народ(и верниците и неверниците) кој одредени субјекти го газат и го газат.
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Тоа е , денес поп само за пари се станува.....испаѓа само богатите можат верници да бидат
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Џабе брчите сите. Утре кога ќе се мажите/жените, или кога ќе бидете кумови/девери, ќе се построите сите в црква и ќе си платите арач. Се дури тоа го правите, ќе ве стрижат. Што би рекол Мики1, ами ако, само еднаш се плаќа за тоа...
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.425
Поени од реакции
7.799
Џабе брчите сите. Утре кога ќе се мажите/жените, или кога ќе бидете кумови/девери, ќе се построите сите в црква и ќе си платите арач. Се дури тоа го правите, ќе ве стрижат. Што би рекол Мики1, ами ако, само еднаш се плаќа за тоа...
Еднаш се зафркнав да бидам девер на свадба во која имаше и церемонија во црква. Попот за пола саат а-у собра од сите нас, малку по малку 100 евра. После домашните си муабетеа меѓу себе и викаа, лелеее не острижа попот, а јас им велам, чекајте бре малку луѓе, попот вози мерцедес, мерцедесот троши многу бензин, а и бензинот поскапе, мислите лесно му е.
А тие јадните, младоженецот без кола, а на невестата таткото има еден стар стокец.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Јас досега не сум сретнал црква во која се наплаќа влез,и во Охридов и пошироко. Можеби ви наплатиле за некои други културни споменици околу црквата/манастирот.

А околу другото нема што да се искоментира...им се дозволило си прават и на крај краева никој од нашите верници не се бунат јавно за ваквиот пристап на владиците и поповите...јебига што сме мирен народ(и верниците и неверниците) кој одредени субјекти го газат и го газат.
ima prijatele kako ne sv Jovan Kaneo se naplajka
od ohrid sum i znam
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Еднаш се зафркнав да бидам девер на свадба во која имаше и церемонија во црква. Попот за пола саат а-у собра од сите нас, малку по малку 100 евра. После домашните си муабетеа меѓу себе и викаа, лелеее не острижа попот, а јас им велам, чекајте бре малку луѓе, попот вози мерцедес, мерцедесот троши многу бензин, а и бензинот поскапе, мислите лесно му е.
А тие јадните, младоженецот без кола, а на невестата таткото има еден стар стокец.
Јас бев кум, на мој многу добар пријател. Неговите сакаа церемонија в црква. Никако не е човек, треба да им расипува ќеф на стари луѓе. Не стругнаа официјални 5000 денари, и неофицијално уште 2000, така за адет.

Банда арамиска, тоа треба со стап да се истера се, на чело со свињата Стефан...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.197
Поени од реакции
34.431
Добро, ако никогаш не сте виделе дека се наплаќа - тоа не значи дека не се наплаќа. Туку дека сте имале среќа да влезете во црква во која не се наплаќа влез.
Да разјасниме. Не мислам на она „купи свеќа“ или „света вода“. Туку баш онака, со натпис: "Влез 50 денари" и "Влез 100 денари за странци".

Колку само христијански, па уште ги делат верниците на наши и странци... И не ме убедувајте дека е во ред, затоа што било „туристичка сезона“.

Јас сум верник, но ова што се случува воопшто не ми се допаѓа. После неколку слични случки, кои крајно ме испровоцирале затоа што ја вреѓаат мојата интелегенција, сериозно почнав да губам волја да посетам некоја црква. На крај краева, одењето во црква е со цел да најдеш душевен мир, а не да платиш влез и да пронајдеш немир. А од друга страна, одењето во црква те прави верник исто толку колку што стоењето во гаража те прави автомобил. Земете си кандилца, свеќи, икончиња, библија и молете се дома... Господ сигурно нема да ви се налути.

ima prijatele kako ne sv Jovan Kaneo se naplajka
od ohrid sum i znam
Канео и Св. Наум сигурно се наплаќаат. Потврдувам.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.504
Поени од реакции
58.903
Неверојатно е за мене што сте изненадени и шокирани од ова. Па ова се случува луѓе божји од кога постои црквата, не е од сега. Затоа и постои, всушност. Што сте се изреволтирале за четвртата кола на архиепископот?

Дискусијава сум ја водел неколку пати со другари:

Зошто оставаш пари во црква?
- За здравје.
Како за здравје?
- Па така, како сите други.
Добро, не си свесен дека попон си купи ново Ауди од твоите пари?
- Јас не ги оставам парите за попот.
Добро, ти не ги оставаш за попот, ама попот ги троши. За кого ги оставаш, за Господ? Што ќе му се него?
- Јас за здравје ги оставам...

И така во круг.

И се надевам дека ќе почнат да наплаќаат во сите цркви. Белким тогаш ќе им стане јасно на сите дека освен за културно-историски споменици за ништо друго и не служат. И тоа се многу по-фер заработени пари, барем не те манипулираат дека нема да фатиш рак еден ден затоа што си оставил на иконите. Плаќаш за услуга, молим лепо.

Да резимирам: Црквата е криминална организација која е надвор од законот. Тоа е се што е.
 
Член од
8 август 2011
Мислења
232
Поени од реакции
79
Mnogu retko posetuvam crkvi(posto ne sum nekoj golem vernik),Ali kako so vikate se plakalo vlez za vo crkva(jas da sum na vase mesto bi vlezil vnatre i bi ukradel se so ima vo taa takanarecena CRKVA.

p.s - Za tia so se od Kavadarci novata crkva so se grade Sv.Petka
mislam deka e peralnica na pari...
 
С

сашенко

Гостин
Зошто оставаш пари во црква?
- За здравје.
Како за здравје?
- Па така, како сите други.
Добро, не си свесен дека попон си купи ново Ауди од твоите пари?
- Јас не ги оставам парите за попот.
Добро, ти не ги оставаш за попот, ама попот ги троши. За кого ги оставаш, за Господ? Што ќе му се него?
- Јас за здравје ги оставам...
И така во круг.
.
Идиотштина.Пари за здравје само на лекар се остава, какви цркви какви глупости.И мојот лекар вози мерцедес ама бар он си го има заслужено
 

Kajgana Shop

На врв Bottom