Квалитетен и релативно објективен документарен филм.
Ако не се лажам производот потекнува од рацете на креаторот на Еднооки - режисерот Борис Дамовски сопственик на продукцијата „Контрабанда“.
Го следам серијалот и досега неможам да кажам дека филмот е про- било кого. Но нормално, дури допрва доаѓа времето на сегашното ВМРО- ДПМНЕ, така што ќе оставам мала резерва. Инаку засега реално и доволно беа искритикувани владите до 2001 година, но истовремено добро се документирани и сите работи кои истите ги направиле за втемелувањето на македонската држава и белезите на сувереност, независност и светска интегрираност.
Од малкуте забелешки кои ги имам е отсуството на Бранко Црвенковски како говорник во серијалот. Дамовски едноставно морал да инистира човекот да учествува во ваков „капитален“ проект.
Иако го разбирам форматот на серијалот - од нас за нас, можеби би требало да се контактираат и најзначајните меѓународни личности, кои ја одбележаа историјата на Македонија. Тука пред се мислам на Робертсон, Солана, Пердју и Леотар.
Инаку од другите учесници во серијалот, сите се тука - од Груевски и Георгиевски, Гошев и Ахмети, преку Андов, Фрчковски и Пендаровски до Малевски, Поповски, Ханџиски, Миљоски, Фити, Петковски, Љубиша Георгиевски, Чашуле, Мирчев, Трпевски, Неновски, Биљали, Алити... и.т.н.
Навистина подржувам ваков проект (кој се надевам нема да биде расипан од 2001 па наваму), кој останува и на идните генерации и кој е извонредно обемен, тежок и напорен за изработка.