Не треба целото верување во Бог да се заснова на тоа што може да се добие од него доколку му се молиме. И не треба ако не добиеме ништо од „божеството“ да велиме Епа од денес атеист сум. За да го спознаеш бог, треба да се спознаеш самиот себе, па ако таму нема место за божество тогаш си Атеист. Не треба да го гледаме полесниот пат во животот. Ќе бидам атеист зошто за нив се е дозволено и не се плашат од „Судниот ден“?
п.с. И Атеисти живеат според филозофијата „Целта не ги оправдува средствата...“
Е ова го зборам јас цело време.
Боженственото совршенство е во нас, само треба да го пронајдеме, да се осознаеме себе си значи да ја осознаеме нашата внатрешна природа, од која сме оддалечувани од страна на системот на функционирање на светот. Сите тие предрасуди туѓи мислења, информации што ни се во главата мораме да ги оттргнеме за да се запознаеме самите себе си.
Начинот кој што јас го знам за спознавање на самите себеси е медитацијата, поготово медитацијата во природа.
Одиш на некој врв од планина, на некоја карпа или пак во некоја длабока шума каде се слуша секоја птица, шумот на ветерот, жуборот на водата. На тие места човекот се претопува во природа, т.е се соединува со природата и повеќе нема разграничување на природа и човек, туку човекот и природата се едно цело.
Со континуирано медитирање (има повеќе техники) човекот се доближува до својот дом, до душата своја, додека претходно бил далеку од него, одведен од поповите и општеството, со медитацијата се враќаме дома.
Затоа луѓето кои медитираат се посвесни, попаметни, стабилни личности кои зрачат со љубов, бидејки се осознале себе си, ја осознале јачината на љубовта која ја имаат во себе, а само кога ке ја осознаеш љубовта во себе, ке можеш да ја пренесуваш на другите.
Мораме да бидеме чисти како новородено бебе, без никакви предрасуди и мислења, и само тогаш можеме да си ја вратиме љубовта и среќата што ја чувствувавме кога бевме деца, кога шивотот ни беше толку забавен, весел, без притисоци и страв од осуда од општеството.
Сте се запрашале ли некогаш, каде отишла таа чиста среќа и радост и љубов што сме ја имале кога бевме деца?
Јас знам дека тогаш сум знаел дека сум среќен со ист интензитет и свесност како што сега знам кога сум лут.
Сите ние знаеме дека сме лути нервозни, и тоа е толку чисто. Кога мразиш некој, јас знаеш дека го мразиш, а кога треба да сакашм, тогаш све нешто се мислиш, триста прашања ти се вртат во глава, па се плашиш да не те осуди некој друг за твојата постапка све е тоа испомешано и нејасно.
А кога бевме деца беше обратното, многу јасно ни беше кога бевме среќни и весели, кога сакавме некој или нешто.
Е од таа среќа ние сме оттргнати од религијата и општеството, од чистотата на душата бидејки со текот на годините толку ни трупаат глупости што многу информации се собираат и го бунат човекот.
А како дете нит си имал некакви информации нит некој те осудил и затоа си мислел природно, си бил природен а природата на човекот е да биде среќен радосен, расположен и сите тие убави зборови што поттикнуваат убави чувства.
Еве јас додека го пишувам ова се потсетив на детството и ми дојде некое убаво чувство на среќа.