Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045
N

Nessa Alcarin

Гостин
poubavo e da bides ateist zasto ako veruvas vo bog i koga ke ti zgusne a ke vidis deka od gorniot i negovata pomos nema aber ke dozivees dlaboko razocaruvaje,toa licno go imam videno vo semejstvoto
Не треба целото верување во Бог да се заснова на тоа што може да се добие од него доколку му се молиме. И не треба ако не добиеме ништо од „божеството“ да велиме Епа од денес атеист сум. За да го спознаеш бог, треба да се спознаеш самиот себе, па ако таму нема место за божество тогаш си Атеист. Не треба да го гледаме полесниот пат во животот. Ќе бидам атеист зошто за нив се е дозволено и не се плашат од „Судниот ден“?
п.с. И Атеисти живеат според филозофијата „Целта не ги оправдува средствата...“
 
Член од
27 март 2011
Мислења
362
Поени од реакции
163
abe samo velam deka gospod e perenje pari,znaes veruvam vo isus zasto toj navistina postoel pred 2000 godini ama gospod go slusal kako glas vo glavata i nikoj drug osven isus ne go slusal.epa sto mi garantira mene deka isus ne bil sizofrenicar?
 
Никој не ти гаранита. Не значи дека бил или не бил шизофреничар. Важно во приказната е дека го спознал Бог и се водел(живеел) според тоа. Сакал да им покаже на другите околу себе како тој верува и во што верува и му успеало. Затоа треба да му се честита. Е сега што луѓето направиле цела религија заснована на тоа тврдење и на тој човек/бог, не ја намалува веројатноста на постоење на Бог.
Теистичките религии во денешно време не му дозволуваат на човекот сам да го спознае битието/небитието Бог. Веднаш осудуваат, палат, колат и т.н Затоа и ќе имаат „пречки“ прекриени во маските на Атеисти. :)
 
S

Sagan

Гостин
За мене религиите се зло, значи јас ги гледам како пречка и кочница за човештвото, за разлика од некој атеист кој рамнодушно гледа на нив, и не му е битно дали ќе постојат или не.
За евреите, христијанството и исламот се зло. За христијаните, зло се евреите и муслиманите, и секако, за муслиманите и евреите и христијаните се зло. За тебе, сите три (и еден куп други) се зло. Што те прави тоа тебе подобар од еден евреј, христијанин или муслиман?

Твојата претстава за атеизмот и неговите безбројни форми, е погрешна. Еден атеист, прави многу повеќе од еден сатанист, со самото тоа што е доволно свесен да ги согледа лошите работи во религиите и да се дистанцира од нив, отколку да зазема страна на опозиција, каква што различните религии веќе зазеле една за друга. Јас знам дека е невозможно да убедиш еден екстремистички религиозен во непостоењето на бог, како што тебе никој не може да те убеди во неговото постоење, па затоа и не посветувам значење на таквите. Моја должност, како атеист, е да им ги предочам лошите страни на екстремната религиозност, на оние кои сеуште се неоштетени од религиите.

Провери кој повеќе допринесува за здравата слободоумна мисла на форумов, атеистите или сатанистите?

Сатанизмот нема догми, незнам од каде таа идеја?!... Примарната цел на ритуалите е да му помогнат на сатанистот да се справи со неговите емоции.
Јас од 66 страни не можам да знам дали сатанизмот има или нема догми. Вашиот апостол ЛаВеј вели “сатанизамот поседува и церемонии и догми“, за кои ти велиш, се потребни за справување со емоциите. Има доволно записи по нетов за сатанистичките ритуали, од палења на крстови, собирање во круг на голи сатанисти и оргијање.

Сатанската библија е театрален и саркастичен начин на кој се исмеваат трулите и себеодрекувачки религиозни догми, норми и правила. Начин на кој се пркоси преку сарказмот на религиското лицемерие.
Зошто потребата да ги исмевате догмите на слабите, на кои вербата во бог им е единствена емоционална потпора во животот? Со “смрт за слабите, раскош за силните“ ли се борите за подобрување на човештвото?

Се спомнува Хитлер во т.н. сатанска библија. ЛаВеј за него вели
Хитлер не беше будала што му понуди на германскиот народ среќа, на лично ниво, за да ја осигура нивната лојалност и нивната врвна ефективност.
Не ли е лицемерие на сатанизмот тврдењето дека Хитлер им понудил среќа на индивидуално ниво, кога сѐ што им даде беше заблуда за возвишеноста на нивната раса, која резултираше со прав и пепел?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Религијата е плитка и досадна, и атеизмот е плиток и досаден. Атеизмот сфатен како идеологија е смешен. Атеизмот е прашање на момент. Еднаш кога ќе се помине низ тој момент, самиот атеизам станува неважен. Атеизмот сфатен како Богоборство е глупост.

Време е да се заборави и на религиозното, и на атеизмот. Тоа се досадни и застарени учења...
 
Ееее па и ти. Ако ги заборавиме нив после „етикета“ од каде.... :) Ќе се мислиш што да и кажеш на новата тетка што ќе дојде да те попише :D
 
S

Sagan

Гостин
Време е да се заборави и на религиозното, и на атеизмот. Тоа се досадни и застарени учења...
Те разбирам, ама времето воопшто не е дојдено. Свет ослободен од религии и догми е наменет за човечки суштества со висока свест и одговорност кон целото човештво, а не за човеколики животинки полни со страв и наследена злоба.
 
Член од
27 март 2011
Мислења
362
Поени од реакции
163
da epa jas mu cestitam ama vreme e pak po 2000 godini da se pojavi i da go napravi istoto sto i pred 2000 godini zasto...-ke ni otidet svetov
 
Време е за оној за кого е време. Не може вечно да се чека на сиромашните по дух, нивно и вака и онака е царството небесно...

;)
 
S

Sagan

Гостин
Време е за оној за кого е време. Не може вечно да се чека на сиромашните по дух, нивно и вака и онака е царството небесно...

;)
Хех. А тебе што те спречува да го зграпчиш своето време? Или тоа е поврзано со газење по труповите на сиромашните по дух?
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Ееее па и ти. Ако ги заборавиме нив после „етикета“ од каде.... :) Ќе се мислиш што да и кажеш на новата тетка што ќе дојде да те попише :D
Смислата за етика е постара од религијата....Убаво рекол Фројд: „оној пат кога била фрлена првата навреда (збор) настанала цивилизацијата“.. Па така ако ја следиш изрекава, оттука и етиката..... А како пишан или непишан кодекс на правила на однесување, етиката наравно дека иде рамо до рамо со религијата и философијата до денес.....
--- надополнето: Oct 11, 2011 5:51 PM ---
da epa jas mu cestitam ama vreme e pak po 2000 godini da se pojavi i da go napravi istoto sto i pred 2000 godini zasto...-ke ni otidet svetov
Нема да отиде верувај... :)
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
Зошто атеизмот го поврзувате само со христијанството?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Хех. А тебе што те спречува да го зграпчиш своето време? Или тоа е поврзано со газење по труповите на сиромашните по дух?
Не е, јас одамна веќе не се оптеретувам ниту со атеизмот ниту со сиромашните по дух. По некоја иронична забелешка на јавен форум и не е некој критериум за тоа што некој прави во животот.

Јас си го чекам моментот на мојата апотеоза...

:pos:
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Смислата за етика е постара од религијата....Убаво рекол Фројд: „оној пат кога била фрлена првата навреда (збор) настанала цивилизацијата“.. Па така ако ја следиш изрекава, оттука и етиката..... А како пишан или непишан кодекс на правила на однесување, етиката наравно дека иде рамо до рамо со религијата и философијата до денес.....
--- надополнето: Oct 11, 2011 5:51 PM ---

Нема да отиде верувај... :)
Душо зборев за етикЕТа, лабела, лепенка како сакаш кажи ја не за етика. Секој од нас сака во нешто да се пронајде и така да го нарекуваат нели (Освен Ставрогин :P, де бре р`чни ме малце сакам да се испокарам, ама немој да ме расплачеш... :D)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom