Верував во бог а ни самиот не знаев зошто, и бидејки сакав да дознаам барав и најдов, ми стана јасно дека вербата во бог била залудна бидејки постоиме само ние на земјава, живите суштества, нашите креации, растенијата, воздухот, водата,земјата, планетите и универзумот, и бесконечната енергија која ја прави еволуцијата континуирана и балансирана.
Зошто треба веруваме во бог? Тој нели е совршен и пошто е совршен знае како ние несовршените функционираме.Нека се симне од каде и да треба да се симне, со лифт,со авион, со ракета, а ако сака нека се симне и на метла само нека се симне, и ние веќе еднаш да се запознаеме со него. Да не треба повеќе да веруваме во него дека постои, туку да знаеме дека постои, и после тоа нека биде и он раат дека нема да грешиме ние што се сомневаме во него, и ние ке си бидеме раат што ке знаеме дека тој е тука и не гледа сите нас и ни помага и не сака.
И што е најважно нема да има потреба од попови кои ке треба да не водат по патот до бога бидејки тој ке биде тука присутен со нас. Овој патов до бога веке неколку векови е долг, а не му се гледа ни крајот.
Само во тој случај поповите ке му бидат љути на бога пошто откако тој ке се симне нема кој да им остава парички на иконите и нема на кој да наплаќаат за погреб за душата на мртвиот да отиде до бога. Бог ке биде со нас и така и ние живите и душите на мртвите ке си бидат на едно место, попови (медијаторите до бог) нема да постојат и сите среќни задоволни, освен самите попови.
Ете до толку сме контролирани ние простите луѓе денес, и погодете од кој? Од медијаторите, што ветуваат и кажуваат приказни и употребуваат нејасни зборови, а никогаш не се докажало дека се во право за тоа што го зборат.
Е па извинете ама јас нема да ве слушам вас, бидејки јас си се почитувам и сакам сам себе многу повеќе него вас поповите, вие што велите сакајте ги другите а никогаш не велите сакајте се самите себе. Од кај ке произлезе љубовта према другите кога ние не сме ни ја осетиле на самите себеси, од каде?
Мене тоа "сакајте ги другите", повеќе ми сличи на "слушајте ги другите и бидете дисциплинирани зошто во спротивно бог ке ве фрли во пеколот". Ова сигурно не е тој бог кој треба да биде љубов, бог кој сака, и простува. Ова е бог кој уценува, диктира и се заканува.
Кога сме кај простувањето, зошто јас да му простам на некој кој ке ме удри? Зошто да не му вратам и да му дадам дознаење дека не смее пак тоа да го направи пошто и тој ке настдрада? Испаѓа дека бог го оправдува садизмот а и мазохизмот. Штом вели прости му на тој што ке те швркне со стап по грб, ондак и бог лично и персонално бил мазохист, а во исто време ја одобрува постапката на садистот и го поттикнува пак тоа да го направи, пошто гледа дека никој не му враќа, не го спречува во неговата болна намера, и тој ужива да тепа други луѓе. Каков ли е овој бог?