За мене религиите се зло, значи јас ги гледам како пречка и кочница за човештвото, за разлика од некој атеист кој рамнодушно гледа на нив, и не му е битно дали ќе постојат или не.
За евреите, христијанството и исламот се зло. За христијаните, зло се евреите и муслиманите, и секако, за муслиманите и евреите и христијаните се зло. За тебе, сите три (и еден куп други) се зло. Што те прави тоа тебе подобар од еден евреј, христијанин или муслиман?
Твојата претстава за атеизмот и неговите безбројни форми, е погрешна. Еден атеист, прави многу повеќе од еден сатанист, со самото тоа што е доволно свесен да ги согледа лошите работи во религиите и да се дистанцира од нив, отколку да зазема страна на опозиција, каква што различните религии веќе зазеле една за друга. Јас знам дека е невозможно да убедиш еден екстремистички религиозен во непостоењето на бог, како што тебе никој не може да те убеди во неговото постоење, па затоа и не посветувам значење на таквите. Моја должност, како атеист, е да им ги предочам лошите страни на екстремната религиозност, на оние кои сеуште се неоштетени од религиите.
Провери кој повеќе допринесува за здравата слободоумна мисла на форумов, атеистите или сатанистите?
Сатанизмот нема догми, незнам од каде таа идеја?!... Примарната цел на ритуалите е да му помогнат на сатанистот да се справи со неговите емоции.
Јас од 66 страни не можам да знам дали сатанизмот има или нема догми. Вашиот апостол ЛаВеј вели “сатанизамот поседува и церемонии и догми“, за кои ти велиш, се потребни за справување со емоциите. Има доволно записи по нетов за сатанистичките ритуали, од палења на крстови, собирање во круг на голи сатанисти и оргијање.
Сатанската библија е театрален и саркастичен начин на кој се исмеваат трулите и себеодрекувачки религиозни догми, норми и правила. Начин на кој се пркоси преку сарказмот на религиското лицемерие.
Зошто потребата да ги исмевате догмите на слабите, на кои вербата во бог им е единствена емоционална потпора во животот? Со “смрт за слабите, раскош за силните“ ли се борите за подобрување на човештвото?
Се спомнува Хитлер во т.н. сатанска библија. ЛаВеј за него вели
Хитлер не беше будала што му понуди на германскиот народ среќа, на лично ниво, за да ја осигура нивната лојалност и нивната врвна ефективност.
Не ли е лицемерие на сатанизмот тврдењето дека Хитлер им понудил среќа на индивидуално ниво, кога сѐ што им даде беше заблуда за возвишеноста на нивната раса, која резултираше со прав и пепел?