Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
во секој нормален град, особено Европски, за стари објекти, обележја, СЕКОГАШ се оди на реконструкција! пНеразбирлива и политичка беше одлуката не само да не се РЕИЗГРАДАТ срушените објекти туку И СО ЗЕМЈА ДА СЕ СРАМНАТ оние кој можеа да бидат санирани. Како секаде во светот старото градско јадро требаше да се санира И ЗАШТИТИ! А место за градба на нови објекти имаше и има доволно во Скопската котлина. јас немам ништо против нови модерни објетки - МОДЕРЊАЦИВЕ застапуваат фашистички став дека освен модерно се друго е забрането за Македонија, па пакар тоа модерно било по пример на грдосии како студентски Гоце, Пошта и Лумикс пред евн
Брат,тоа не е модерно..хаха.. тоа е модерна грдосија на 21 век,т.н. комунистичка архитектура, на комби лего блокови..таква грдосија во архитектурата ја мислам дека повеќе нема да се појави
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Брат,тоа не е модерно..хаха.. тоа е модерна грдосија на 21 век,т.н. комунистичка архитектура, на комби лего блокови..таква грдосија во архитектурата ја мислам дека повеќе нема да се појави
http://en.wikipedia.org/wiki/Brutalist_architecture

не е ексклузивно комунистички пристап, така нас ни се чини бидејки за нас беше карактеристичен за тоа време, стилот е раширен како чума по цел свет особено по Западот.

брутализмот на страна, немам ништо против современото денес или модерните градби од било кој правец доколку се убави репрезентативни и функционални, иако сметам дека колку и да се модерни имаат век на траење и не се безвремени како класичните градби.

НО јас не искачам на протести да ја бутам народна банка, лумикс, и телеком???
НЕ забранувам, не викам од петни жили дека градењето нови градби е градење нов марсовски идентитет.нели таа е логиката? стара градба - антиквизација, нова - марсовизација!
НЕ тврдам дека не требало да се изгради пошто претходно не постоела и не била својствена за Скопје
НЕ викам странци да им плачам за да ми го понижуваат народот и да се впуштаат во историски дискусии кој не ги познаваат и не им се поле на експертиза
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.299
Поени од реакции
26.186

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Брат,тоа не е модерно..хаха.. тоа е модерна грдосија на 21 век,т.н. комунистичка архитектура, на комби лего блокови..таква грдосија во архитектурата ја мислам дека повеќе нема да се појави
Чекај малку нели архитектура на 21 век се зградите налик Еу центарот и Нлб незнам како ги нарекуваат со архитектонски назив, но тие се градби на модерното време, од кога згради како Гоце и овие после земјотресот се градби на 21 век, на 20 век да, но на 21 век воопшто не наликуваат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
http://edition.cnn.com/video/#/video/world/2011/10/10/shubert-macedonia-skopje.cnn

CNN секој ден.цела недела репортажи за Македонија..главен акцент Ск 2014 :rolleyes:

Џе сте хејтери :P
CNN па еве споменаа и BBC, се релевантни тв медиуми за информации и репер за успешноста/состојбите во Македонија?

Macedonia is remaking its capital with the "Skopje 2014" project, but at what cost to the country and national identity?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
CNN па еве споменаа и BBC, се релевантни тв медиуми за информации и репер за успешноста/состојбите во Македонија?
Зависи за што. Кога известуваа за конфликтот во 2001 како ги оценивме, а сега како. Тоа Луртз ти доаѓа како ти одговара така го ставаш изворот :icon_lol:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Зависи за што. Кога известуваа за конфликтот во 2001 како ги оценивме, а сега како. Тоа Луртз ти доаѓа како ти одговара така го ставаш изворот :icon_lol:
токму така. Секогаш луѓето имаат 2 аршини што е потврда и овој текст
легитимно за дискутирање и прашање на вкусови, поспорно беше пред 50 години гога во централното СТАРО ЈАДРО каде доминираше класичната архитектура СЕ ИЗГРАДИЈА МОДЕРНИ ЧУДОВИШТА наместо да се реконструираат старитеобјекти, и тоа без дебата, без медиуми без ничија согласност.
порано немало дебати низ медиуми, немало општа согласност...сега има? :confused:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
токму така. Секогаш луѓето имаат 2 аршини што е потврда и овој текст

порано немало дебати низ медиуми, немало општа согласност...сега има? :confused:
Не е само CNN..Euronews направи прекрасни репортажи,што порано никогаш не сме ги виделе за Македонија
А што значи општа согласност..референдум.. за секоја зграда..или ?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Не е само CNN..Euronews направи прекрасни репортажи,што порано никогаш не сме ги виделе за Македонија
А што значи општа согласност..референдум.. за секоја зграда..или ?
не знам, не е мое цитираното мислење за согласност.
Инаку за проектот беа потребни јавни дебати со архитекти, економисти, можеби историчари...беше потребна презентација со пресметки и крајна цел, беше потребен можеби и некој вид референдум (трошоци, функционалност, приоритети, стил...), барем за скопјани а можеби и за цела република (пошто се финансира од државен буџет).
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Малку глупава споредба, ама држи вода.Играјте SimCity и направете само leisure градби, па видете што ке се деси со вашата економија.
Глупаво е да се споредува животот со игра, ама каде и да одам, се градат само споменици, паркови, фонтани и остали тракатанции.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
http://en.wikipedia.org/wiki/Brutalist_architecture

не е ексклузивно комунистички пристап, така нас ни се чини бидејки за нас беше карактеристичен за тоа време, стилот е раширен како чума по цел свет особено по Западот.

брутализмот на страна, немам ништо против современото денес или модерните градби од било кој правец доколку се убави репрезентативни и функционални, иако сметам дека колку и да се модерни имаат век на траење и не се безвремени како класичните градби.

НО јас не искачам на протести да ја бутам народна банка, лумикс, и телеком???
НЕ забранувам, не викам од петни жили дека градењето нови градби е градење нов марсовски идентитет.нели таа е логиката? стара градба - антиквизација, нова - марсовизација!
НЕ тврдам дека не требало да се изгради пошто претходно не постоела и не била својствена за Скопје
НЕ викам странци да им плачам за да ми го понижуваат народот и да се впуштаат во историски дискусии кој не ги познаваат и не им се поле на експертиза
Ако земеме дека за ТЕБЕ и компанија т.е мнозинството - "убави репрезентативни и функционални" значи, класично, класично и класично т.е "сметам дека колку и да се модерни имаат век на траење и не се безвремени како класичните градби"-тогаш ваквиот исказ звучи ко да си се збунил. Што стварно сакаш да кажеш? Едноставно, бате, ти разбираш само и само класика. Или мислиш дека ја разбираш.

Пошто постојано се повикуваш на предземјотресно скопје, еве, дали сметаш дека во објектите (и целата турли-тава) од Ск2014 има елементи на реставрација, на пример? Го "повампирија" само театарот-овојпат, тој е малкуцка поголемичок и е обратно свртен, ама нема веза, убавичко ни се уклопи во останатото...И, зошто би постоела реставрација во веќе дефиниран простор? Вака опсесивна примена на класицизам, САМО зашто после земјотресот "злите комунисти и режимот" ни ги турнале доказите за нашето класично минато? Според мене, ако за некого класиката е ин-а сака да ја стави во модернистичко опкружување-треба да се ограничи САМО на еден објект, пример во скучајот со Скопје-Судот! Не ја ставаш во БУКВАЛНО СВЕ НОВО ШТО ЌЕ ИЗГРАДИШ, не шминкаш постојни фасади, само колку да ти се уклопат во сопственото сфаќање за убавото. Значи, во случајот со Скопје и класицизмот НЕ ПОСТОИ ни реконструкција, ни реставрација. Постои само фантазирање! Ние се наоѓаме во нечиј "класичен" кошмарен сон!

Дете, пак си збунка-никој не искача за да бута нешто-се искача(ше) за да се СПРЕЧИ сквернавењето на градот, да се спречи задавањето на фатален удар кон неговата и нашата меморија, да се спречи мењањето на личниот опис, како сакаш дефинирај...
За второто НЕ и "викањето", што да ти кажам, осим-ПОВТОРНО ПРОЕКЦИЈА. А тоа што си ја сплескал заедно со марсовизација/антиквизација, практично и не знам како да ти го коментирам. Осим дека е без врска, а под ова подразбирам намерно правење на конфузија. Под антиквизација, во контекст на проектот Ск2014 се знае што се подразбира. Не знам зошто имаш потреба да правиш паралела со модерно-марсовизација и "нов марсовски идентитет"? Градењето на нови објекти во модерен стил означува пратење на светски трендови-знаеш како коа си ги меревте као деца со другарчињата-покажуваш КОЛКУ и КАКО можеш, дали можеш да се покажеш (и со што) на светската сцена, такви моменти имаш овде.

Третото НЕ, не знам зошто си го ставил, бидејќи ти се коси со првото НЕ.

Ти стварно сметаш дека никој ама баш никој на светот, што не е од "твојот народ", не смее да даде коментар за Скопје 2014? Ајде, бе, да не сме ние тоа стварно на Марс? Ние сме дел од светската сцена (уметничка, архитектонска, економска, порно итд) На коментар има право СЕКОЈ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom