http://en.wikipedia.org/wiki/Brutalist_architecture
не е ексклузивно комунистички пристап, така нас ни се чини бидејки за нас беше карактеристичен за тоа време, стилот е раширен како чума по цел свет особено по Западот.
брутализмот на страна, немам ништо против современото денес или модерните градби од било кој правец
доколку се убави репрезентативни и функционални, иако сметам дека колку и да се модерни имаат век на траење
и не се безвремени како класичните градби.
НО јас не искачам на протести да ја бутам народна банка, лумикс, и телеком???
НЕ забранувам, не викам од петни жили дека градењето нови градби е градење нов марсовски идентитет.нели таа е логиката? стара градба - антиквизација, нова - марсовизација!
НЕ тврдам дека не требало да се изгради пошто претходно не постоела и не била својствена за Скопје
НЕ викам странци да им плачам за да ми го понижуваат народот и да се впуштаат во историски дискусии кој не ги познаваат и не им се поле на експертиза
Ако земеме дека за ТЕБЕ и компанија т.е мнозинството - "
убави репрезентативни и функционални" значи, класично, класично и класично т.е "
сметам дека колку и да се модерни имаат век на траење и не се безвремени како класичните градби"-тогаш ваквиот исказ звучи ко да си се збунил. Што стварно сакаш да кажеш? Едноставно, бате, ти разбираш само и само класика. Или мислиш дека ја разбираш.
Пошто постојано се повикуваш на предземјотресно скопје, еве, дали сметаш дека во објектите (и целата турли-тава) од Ск2014 има елементи на реставрација, на пример? Го "повампирија" само театарот-овојпат, тој е малкуцка поголемичок и е обратно свртен, ама нема веза, убавичко ни се уклопи во останатото...И, зошто би постоела реставрација во веќе дефиниран простор? Вака опсесивна примена на класицизам, САМО зашто после земјотресот "злите комунисти и режимот" ни ги турнале доказите за нашето класично минато? Според мене, ако за некого класиката е ин-а сака да ја стави во модернистичко опкружување-треба да се ограничи САМО на еден објект, пример во скучајот со Скопје-Судот! Не ја ставаш во БУКВАЛНО СВЕ НОВО ШТО ЌЕ ИЗГРАДИШ, не шминкаш постојни фасади, само колку да ти се уклопат во сопственото сфаќање за убавото. Значи, во случајот со Скопје и класицизмот НЕ ПОСТОИ ни реконструкција, ни реставрација. Постои само фантазирање! Ние се наоѓаме во нечиј "класичен" кошмарен сон!
Дете, пак си збунка-никој не искача за да бута нешто-се искача(ше) за да се СПРЕЧИ сквернавењето на градот, да се спречи задавањето на фатален удар кон неговата и нашата меморија, да се спречи мењањето на личниот опис, како сакаш дефинирај...
За второто НЕ и "викањето", што да ти кажам, осим-ПОВТОРНО ПРОЕКЦИЈА. А тоа што си ја сплескал заедно со марсовизација/антиквизација, практично и не знам како да ти го коментирам. Осим дека е без врска, а под ова подразбирам намерно правење на конфузија. Под антиквизација, во контекст на проектот Ск2014 се знае што се подразбира. Не знам зошто имаш потреба да правиш паралела со модерно-марсовизација и "нов марсовски идентитет"? Градењето на нови објекти во модерен стил означува пратење на светски трендови-знаеш како коа си ги меревте као деца со другарчињата-покажуваш КОЛКУ и КАКО можеш, дали можеш да се покажеш (и со што) на светската сцена, такви моменти имаш овде.
Третото НЕ, не знам зошто си го ставил, бидејќи ти се коси со првото НЕ.
Ти стварно сметаш дека никој ама баш никој на светот, што не е од "твојот народ", не смее да даде коментар за Скопје 2014? Ајде, бе, да не сме ние тоа стварно на Марс? Ние сме дел од светската сцена (уметничка, архитектонска, економска, порно итд) На коментар има право СЕКОЈ.