Uninstaller (за бришење апликации)
Advanced Task Killer/Manager (убивање/средување на апликациите што работат во позадина)
Talking Tom (апликација со мачка што повтора секое зборење, хит е)
iGo (навигација, која според мене е најдобра за Андроид)
pazar3.mk
Astro (за инсталирање на апликации)
Тие се сега за сега што ми текнуваат. Ако ми текне уште некоја ќе пишам..моментално не користам телефон со Андроид и вака ти набројав од памет што не сум ги заборавил.
Advanced Task Killer/Manager-от не го препорачувам, троши многу батерија а и блокира многу системски апликации кои се потребни телефонот нормално да работи. Да не спомнувам и дека го успорува телефонот.
iGo my way - се сложувам со marick дека е можеби најдобра GPS апликација, имаш и Copilot, Sygic, Navigon. Најдобро е да ги пробаш и сам да си оцениш која е најдобрата за тебе. Мене на пример Copilot ми трошеше многу батерија кога е исклучена т.е. работеше во позадина и затоа ја баталив и сега имам IGO mayway.
ES File Explorer - прелистувач на фолдери и фајлови во телефонот.
Директно од телефонот оди на Android market и таму имаш илјадници апликации/игри/виџети за симнување и платни и бесплатни, со детален опис на истите. Така да што ти одговара симнувај. Истиот market можеш и на PC да го разгледуваш и симнуваш.
https://market.android.com/
--- надополнето: Oct 15, 2011 12:02 PM ---
kako da apdejtuvam u verzija 2.3.4 na htc sensation?
Можеш директно од телефонот преку OTA - over the air. Барај Software update во телефонот или така нешто или преку PC со инсталирана програма што ти доаѓа на CD во кутијата со телефонот. Е сега многу зависи од кај ти е купен телефонот и која верзија на софтвер е последна за него. Зависи од држава до држава (многу SHIT политика на Google), на пример за некого последна верзија на Android е 2.3.3 а за некого 2.3.7, така да пробај па кажи.