Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
28 јуни 2011
Мислења
802
Поени од реакции
287
Inter - Lugano 0-2 BEBETO ...Даде два гола и гледам негде одма го порврзуваат со Интер.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.761
1.Сега ти од целиот мој пост за Бенитез се фати. Сите знаеме кој е Бенитез, а кој Мурињо, не мора да се повториме, тука сме читаме се, го спомнав затоа што исто ко него и јас мислам дека Морати греши премногу, сеа незнам точно Бенитез за какви грешки зборува, можеби не мислиме на истите.

2.Викаш Милан бил јак за Интер со Бенитез, а од друга страна викаш дека го критикуваш Морати и Бранка само за Гасперини, па добро бе кој го донесе Бенитез, ја ли? И ја ли сум крив што Морати кога си отиде Мурињо не направи ниту еден трансфер, па мораше тогаш на зимскиот трансфер период да го донесе Ранокиа.

3.Јас не се сложувам со тебе дека Мурињо е крив повеќе од Морати. Мурињо сите знаеме дека не е тренер кој практикува да остане на тренерската позиција во еден клуб на подолго време. Човекот сака нови предизвици, сеа друго е тоа што ти си се надевал Мурињо да остане цел живот во Интер. Јас секогаш знаев дека овој човек не останува во Интер на подолго време. Потоа он ја мразеше Италија. Значи он на неколку даваше изјави дека и недостастасува животот во Англија. Морати е тој што трбаше да размисли, што после Мурињо, не јас или ти, бидејќи немаме ние ингренции, ништо во тој поглед, освен да тепаме време тука на форумот.
1. За Бенитез се фатив зашто ти го спомна што рекол пред некој ден ...
Он знаеш што кажа пред почетокот на сезоната лани, Интер е тим кадарен да освојува големи трофеи, задоволен сум со моменталниот играчки кадар. Знаеш што кажа у Декември ? Интер ќе го освои скудетото на крајот, по што следеше дебакл у Рим ...
Така да он многу работи рекол али истите благе везе си немале со реалноста, лани баш пишував за нашиот сајт една статија а се повикав на друга колумна од еден англиски медиум каде беа посочени неговите грешки во Ливерпул, и како случајно, истите се повторуваа и во Интер, копи-пејст.

2. Читај убаво, кој беше изборот по Мурињо ...
Кажи ми кој по Мурињо гарантираше успех ? Бенитез ? Михајлович ? Имаше ти подобра идеја за тренер тој период кој ќе се покажеп? Ти сметаше што Рафа беше донесен а не ... Михајлович ?
Лесно е сега да се зборува, али тогаш изборот беше тој, незнам што се чудиш сега, затоа потенцирав, Мурињо ги лимитираше, создаде тим за себе, а замина оставајќи ги на магариња во ситуација кога и не можат здраво да парираат на трансфер пазарот.

3. Мурињо вети дека останува во Интер сигурно до крај на договорот, а може и повеќе, незнам што сега ги превртуваш работите, он си замина по само 2 години, он во Челзи ќе останеше повеќе од 4 години доколку не беше отпуштен и немаше нарушени односи со Абрамович, што значи 2 години престој во тим ко Интер е премалку за него со оглед на фактот што Интер му даде многу и имаше преидеални услови во тимот ко во ниту еден клуб до сега ( освен Порто еве, али Порто е скалило под Челзи, Интер и Реал ), премалку за човек кој ветуваше нешто друго.

Убаво прашање ти поставив, кој гарантираше успех по Мурињо, со оглед дека секој кој има и макар елементарно познавање на работите во фудбалот, знае која е улогата на еден тренер. Да беа достапни Капело, Гвардиола, Фергунсон, Венгер, па да те сватам, вака ич не те разбирам, од една страна го критикуваш Морати за Бенитез а од друга знаеш дека изборот се сведуваше на пацерајски тренери, ако не беше Рафа, ќе беше Михајлович, или некој од нивниот ранг, скалила и скалила под Мурињо.
Ама не, Морати бил крив што некој друг не си го испочитува договореното со клубот, и ветувањето кое го даде пред медиумите а се однесуваше на секој фан на Интер.

Со Гасперини друга е приказната, и мало дете од улица знаеше дека има подобри опции од него, Рафа кога дојде 90% од фановите го прифатија со голема доза на оптимизам, сепак имал и шампионски моменти во неговата кариера, Гасперини не, скептицизам на тони имаше, поготово за неговиот 343 формат.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.761

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426

1. Звршивме!

2. Јас мислам дека ни Мурињо немаше да гарантира успех, после таја година, барем не во Европа, па затоа човекот едноставно го напушти тимот, бидејќи знаеш за тоа. Го извади максимумот од играчите, а и логично беше да се очекуват повреди, и на крајот тоа и се случи, почна повредите, играчите летеа во воздух. Они(играчите) веруваа само во Мурињо дека е тој вистинскиот, па кога дојде Крофната, уште од првиот ден почна да изиграва шериф, што дополнително ја наруши атмосферата во тимот?! Така да не очекувај резултати. Не негирам дека имав нешто против Бенитез кога беше назначен како тренер на Интер, и јас верував во него како сите други, но можеби ќе беше подобро Морати да донесеше некој просечен, кој нема да изиграва шериф, и да ги иритира играчите

3. Да не се повторам, но знаеш и ти дека Мурињо откако триумфираше во ЛШ со Порто, ја напушти екипата и отиде во Челзи, и во Англија човекот ќе ја реализираше целта ако не беа судиските грешки, па почна после и Абрамович да и се меша во работата, а знаеме дека овој не попушта и е тврдоглав, и се случи тоа што се случи за наша среќа беше отпуштен од Челзи, па дојде кај нас. Морати го отпушти Манчини затоа што Интер се мачеше во ЛШ, Мурињо ако не се лажам имаше и дел во договорот каде во случај да го освои трофејот во ЛШ, клубот нема да бара од него оштета ако сака да го напушти тимот. Што сакам да кажам е следново, Мурињо е донесен во Интер исклучиво само за ЛШ, човекот овој трофеј го освои само за 2 поминати години во клубот, и со тоа го заврши својот дел од работата, го направи Интер после 40 години Европски/Светски првак, незнам што ти е крив тебе Мурињо, што не го почитувал договорот. Јас ти гарантирам дека Мурињо во случај да не триумфираше во ЛШ, ќе го испочитуваше договорот до крај. А тоа што он ветил, сведоци сме и на многу други ветувања кои не се испочитувани. На крај на краиштата ова е фудбал, и се е можно тука. Некои играт за пари, а некои други за слава и лубов.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.761
Во ЛШ ништо не гарантира успех, и најдобриот тим да го имаш таму секогаш нешто повеќе е потребно, со Лео дојдоа до 1/4 финале и беа декласирани од еден мочан Шалке од кого имаа 100 пати посилен тим, со Мурињо можеа да атакуваат пак на тој трофеј, тоа е најбитно, а и онака мене лично приоритет секогаш ми било Скудетото а тоа со Мурињо можеа комотно да го освојат.

Што се однесува до лојалноста на Мурињо, не можеме да ги споредиме Порто со Челзи или Интер, Мурињо ко прво, веднаш по натпреварот Баерн - Интер замина кај Перез што доволно говори дека Мурињо веќе бил во сериозни контакти со Перез чим таа средба била средена уште пред финалниот меч Баерн - Интер, инаку зашто фановите уште по победата во Купот, и по освојувањето на Скудетото бараа од него да остане.

Ја се имам изјаснето за него дека он си искористи прилика која може немаше да ја има во иднина, сепак Реал е Реал, кад-тад ќе добиеа некое здраво тренерско име ко Дел Боске на времето и неговата позиција ќе беше недопирлива. И кажав, ако веќе заминуваше, можеше тоа на друг начин да го изведе, прво, да ја прослави титулата со тимот во Милано, и второ, да им посочеше на Морати и компанија свој наследник или ако ништо друго, да ги насочеше како да постапат во иднина бидејќи на некој начин тој тим беше негов продукт, знаеше како дишат фудбалерите.

п.с. Ниту еден тренер не плаќа оштета кон тимот доколку си заминува, тоа го прават клубот кој сака да го ангажира, ко Реал што платија 15м евра за него, исто и Челзи за Боаш направија.
 
hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Очигледно не се разбираме.
Едноставно е, Мурињо го исполни своето ветувањето, нема повеќе што да бараме од него, и нема тој што да и посочува на Морати и компанијата. А можеби и никогаш не ни бил прашан од страна на Морати за негов можен наследник, зошто мора да ги комплицираш работите. Така да нема што да кукаме по Мурињо и начинот на кој го напушти тимот, треба да му бидеме благодарни засекогаш, и тоа е се.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.761
Сакаш да кажеш дека ако освоеше ЛШ уште првата година, ќе си отидеше, зашто така му доаѓа по твојава логика ;), дека неговата цел било да освои титула во Лигата на Шампионите и толку ...

Али пак овој твој став контрира со фактот дека преговараше со Реал Мадрид пред финалето со Баерн, и дека фановите скандираа за неговото незаминување од тимот недели пред да биде финалето во ЛШ, никој не гарантираше дека ќе победат таму Интер. ;)

А ако треба да му бидеме благодарни на Мурињо и да мижиме пред начинот на кој замина, тогаш зашто истото не го правиш и за Морати и неговите грешки ?! ;)
Ја не ги комплицирам работите, нема што тука да се комплицира зашто премногу е едноставно и просто, Мурињо не го почитуваше договорот кој го продолжи летото пред сезоната кога освоија тројна круна, факт, не дојде да ја прослави титулата освоена во ЛШ заедно со тимот и фановите, факт, преговараше со Реал пред да ја освои титулата во ЛШ, факт, како и да ја вртиш, го остави тимот на цедило но и со ЛШ трофеј во витрини у пакет со Серија А и Куп на Италија ( кредит еден тон, што не значи дека е отпорен на критика ), факт, ниту Морати планираше толку рано да замине Мурињо, ниту пак фановите, факт, тоа се косеше со плановите на тимот за наредните 2 сезони ...

Како што реков, заслепен си од Мурињо и со сила мижиш пред очигледни работи, никој не го оспорува тоа што го направи за Интер, ниту пак ја велам дека не треба да му бидеме благодарни, напротив, тој за мене е легенда за овој клуб, но и претставува личност која, како што вели и Морати, има проблеми со лојалноста.

Мурињо беше тоа што е Ферги за Јунајтед, без разлика што само 2 години беше во тимот, ја имаше слободата ко никој до сега, а во Јунајтед сигурно нема америте да бираат нов тренер, факт. ;)
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Случајно налетав на видеово.

Каква дибечина човече.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.761
Ова наиде на пофалба тогаш на форумов, дискутиравме за тоа дека го има она '' лидерското '' во себе, изигра страшен меч тука ко главен напаѓач, man of the match беше.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Признавам дека ме мрзи да читам сериозни теми деновиве, ама што е работава со Мурињо што напнавте? За мене е многу јасна тааа приказна: човекот направи неверојатно многу за Интер за што треба вечно да сме благодарни, си замина педерски за што треба гомна да јаде ама ај. Од мене се му е простено а човечки е да се згреши, амбицијата е некогаш заебана работа. За наша среќа мислам дека остана емотивната врска меѓу клубот и Жозе, а човекот има уште долги долги години во тренерската професија, така да се надевам дека патиштата ќе ни се вкрстат пак.

Дека изборот на тренери моментално е срање, така е. Но Морати треба да свати дека подобро е да купи еден играч помалку и да заштеди за тренер, затоа што тоа е темелот, без тоа, купувај што сакаш. Боаш едноставно беше изнуден потег, мораше да се земе тоа во моментот. Друг пат коцкање, не.
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Ова наиде на пофалба тогаш на форумов, дискутиравме за тоа дека го има она '' лидерското '' во себе, изигра страшен меч тука ко главен напаѓач, man of the match беше.
Добро се сеќавам, ама кое лидерско во себе го има кога пред секој натпревар се знае кој ќе ги шутира пеналите? Знам како изигра, знам колку голови и колку асистенции направи тогаш во првото полувреме. Се чудам уште како Занети не му врза една заушка тогаш?
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.761
Враќањето на Мурињо во Интер ќе биде грешка од проста причина што ќе победува а кога ќе замине, а сигурно ќе замине ( затоа и велам дека ова ќе биде грешка ) во тимот повторно ќе остави пустош и нема да се знае кој јаде а кој пие, затоа ја увек пишував дека моја желба е некој од моменталниов технички кадар на Интер, кој работеше со Мурињо, да го води тимот али ете тоа не се случи, прво Гасперини а потоа Раниери.

Инаку за Боаш дури и да ги дадеа парите, Бранка кажа дека не е проблем само парата која треба да се даде, има и друга работа али не кажа што, очигледно зашто не сакал да се меша во односите Челзи - Порто, инаку он договорен веќе бил со нив а и го следеше советот од Мурињо кој му посочи прво Англија па после кај сака нека оди.
--- надополнето: Oct 10, 2011 7:12 PM ---
Добро се сеќавам, ама кое лидерско во себе го има кога пред секој натпревар се знае кој ќе ги шутира пеналите? Знам како изигра, знам колку голови и колку асистенции направи тогаш во првото полувреме. Се чудам уште како Занети не му врза една заушка тогаш?
Ja само потсетив на тоа што се пишуваше на темава тогаш, тој Балотели беше далеку од оној кој потоа беше предмет на хејт тука.
Тој Балотели со Палермо сите ние го гледавме ко иден лидер на Интер, арно ама ... :icon_lol:
 
hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
@Syn
Да освои се и сешто уште првата година, мало морген, тоа немаше шанси да се случи. Но и да се случеше по некоја случајност. тоа секако немаше да биде по негова заслуга, и можеби би продолжил со тимот и за уште една година, а кој знае или па кој ти гарантираше дека не би го напуштил тимот, само после една годиниа?!

Фактот дека преговарал со Реал уште пред мечот со Баерн, сите го знаења, и се шпекулираше за тоа на големо, незнам зошто се изненадуваш сеа . Реал беше подготвен да оди до крај за да го добие Мурињо во своите редови, а елиминацијата на една таква силна Барселона, уште повеќе ги зацвртси Реал во својата намера.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Не знам кај слушнав/прочитав дека Мурињо 2-3 месеци однапред решил да го напушти Интер на крајот од сезоната.

Сеедно, не се прави преку ноќ трансфер во Реал, тоа било планирано и Морати бил свесен, единствено може играчите да не знаеле...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom