1.Сега ти од целиот мој пост за Бенитез се фати. Сите знаеме кој е Бенитез, а кој Мурињо, не мора да се повториме, тука сме читаме се, го спомнав затоа што исто ко него и јас мислам дека Морати греши премногу, сеа незнам точно Бенитез за какви грешки зборува, можеби не мислиме на истите.
2.Викаш Милан бил јак за Интер со Бенитез, а од друга страна викаш дека го критикуваш Морати и Бранка само за Гасперини, па добро бе кој го донесе Бенитез, ја ли? И ја ли сум крив што Морати кога си отиде Мурињо не направи ниту еден трансфер, па мораше тогаш на зимскиот трансфер период да го донесе Ранокиа.
3.Јас не се сложувам со тебе дека Мурињо е крив повеќе од Морати. Мурињо сите знаеме дека не е тренер кој практикува да остане на тренерската позиција во еден клуб на подолго време. Човекот сака нови предизвици, сеа друго е тоа што ти си се надевал Мурињо да остане цел живот во Интер. Јас секогаш знаев дека овој човек не останува во Интер на подолго време. Потоа он ја мразеше Италија. Значи он на неколку даваше изјави дека и недостастасува животот во Англија. Морати е тој што трбаше да размисли, што после Мурињо, не јас или ти, бидејќи немаме ние ингренции, ништо во тој поглед, освен да тепаме време тука на форумот.
1. За Бенитез се фатив зашто ти го спомна што рекол пред некој ден ...
Он знаеш што кажа пред почетокот на сезоната лани, Интер е тим кадарен да освојува големи трофеи, задоволен сум со моменталниот играчки кадар. Знаеш што кажа у Декември ? Интер ќе го освои скудетото на крајот, по што следеше дебакл у Рим ...
Така да он многу работи рекол али истите благе везе си немале со реалноста, лани баш пишував за нашиот сајт една статија а се повикав на друга колумна од еден англиски медиум каде беа посочени неговите грешки во Ливерпул, и како случајно, истите се повторуваа и во Интер, копи-пејст.
2. Читај убаво, кој беше изборот по Мурињо ...
Кажи ми кој по Мурињо гарантираше успех ? Бенитез ? Михајлович ? Имаше ти подобра идеја за тренер тој период кој ќе се покажеп? Ти сметаше што Рафа беше донесен а не ... Михајлович ?
Лесно е сега да се зборува, али тогаш изборот беше тој, незнам што се чудиш сега, затоа потенцирав, Мурињо ги лимитираше, создаде тим за себе, а замина оставајќи ги на магариња во ситуација кога и не можат здраво да парираат на трансфер пазарот.
3. Мурињо вети дека останува во Интер сигурно до крај на договорот, а може и повеќе, незнам што сега ги превртуваш работите, он си замина по само 2 години, он во Челзи ќе останеше повеќе од
4 години доколку не беше отпуштен и немаше нарушени односи со Абрамович, што значи 2 години престој во тим ко Интер е премалку за него со оглед на фактот што Интер му даде многу и имаше преидеални услови во тимот ко во ниту еден клуб до сега ( освен Порто еве, али Порто е скалило под Челзи, Интер и Реал ), премалку за човек кој ветуваше нешто друго.
Убаво прашање ти поставив, кој гарантираше успех по Мурињо, со оглед дека секој кој има и макар елементарно познавање на работите во фудбалот, знае која е улогата на еден тренер. Да беа достапни Капело, Гвардиола, Фергунсон, Венгер, па да те сватам, вака ич не те разбирам, од една страна го критикуваш Морати за Бенитез а од друга знаеш дека изборот се сведуваше на пацерајски тренери, ако не беше Рафа, ќе беше Михајлович, или некој од нивниот ранг, скалила и скалила под Мурињо.
Ама не, Морати бил крив што некој друг не си го испочитува договореното со клубот, и ветувањето кое го даде пред медиумите а се однесуваше на секој фан на Интер.
Со Гасперини друга е приказната, и мало дете од улица знаеше дека има подобри опции од него, Рафа кога дојде 90% од фановите го прифатија со голема доза на оптимизам, сепак имал и шампионски моменти во неговата кариера, Гасперини не, скептицизам на тони имаше, поготово за неговиот 343 формат.