Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
На вратов имам едно топченце, не е црвено, не ме чеша, не ме боли, не го осеќам, ама таму е.:mad:
Пробвам да го стегнам некако(пошо порано на вратов имав акни) ама нишо, дај ако знајте кажете како да го отстранам.
каде на вратот ?
--- надополнето: Oct 6, 2011 11:02 PM ---
Кај се наоѓа клиниката на Жан Митрев?
до воена болница
 
Nekoj sovet za koristenje tamponi za usi (za spienje) ? Dali moze da ima nekoi stetni posledici ?
 
Позади, на тилот.
ништо остај го така сега за сега зошто очигледно не е мозолче, ќе видиш ке се повлече после некое време
--- надополнето: Oct 8, 2011 11:19 AM ---
ко
Nekoj sovet za koristenje tamponi za usi (za spienje) ? Dali moze da ima nekoi stetni posledici ?
колку што јас знам нема последици, инаку добри се
 
Пред 2-3 дена ми се појавија црвени пликови исти како кога ќе ме касне комарец на нозете и во долниот дел на стомакот.Вчера нивниот број се зголеми.Од време на време ме чешаат.Сипаници не се со сигурност бидејќи имам прележано пред 3-4 години.Дали е алергија или нешто сосема друго и како да ги натерам да се повлечат?
 
Пред 2-3 дена ми се појавија црвени пликови исти како кога ќе ме касне комарец на нозете и во долниот дел на стомакот.Од време на време ме чешаат.Сипаници не се со сигурност бидејќи имам прележано пред 3-4 години.Дали е алергија или нешто сосема друго и како да ги натерам да се повлечат?
веројатно се уртики , и се работи за алергија, ако не поминат напиј се некој антихистаминик, против алергија, цетиризин, лоратидин, лево-цетиризин...
 
веројатно се уртики , и се работи за алергија, ако не поминат напиј се некој антихистаминик, против алергија, цетиризин, лоратидин, лево-цетиризин...
А дали е можно да се работи за shingles(херпес зостер) бидејќи истражував низ интернет, и за тоа се карактеристични вакви пликови?Моите пликови се расфрлани низ телото а не се во еден појас.
 
А дали е можно да се работи за shingles(херпес зостер) бидејќи истражував низ интернет, и за тоа се карактеристични вакви пликови?Моите пликови се расфрлани низ телото а не се во еден појас.
може да и тоа, ако навистина најде некоја сличност со твоите и тоа што си го нашол на интернет, тогаш посети го твојот матичен лекар
 
може да и тоа, ако навистина најде некоја сличност со твоите и тоа што си го нашол на интернет, тогаш посети го твојот матичен лекар
И колку време трае лекувањето на таа состојба и со што се лекува? Дали е можно за една недела да се опоравам од тоа?
 
И колку време трае лекувањето на таа состојба и со што се лекува? Дали е можно за една недела да се опоравам од тоа?
Тоа неможе да се каже, најпрво посети лекар, ние немаме опиплива слика за да можеме нешто подетално да ти кажеме
 
кои се најчести и најизразени симптоми на систематска кандида,како се дијагностицира,има лекарства за тоа ??
 
Чувство на растревоженост и неспокојство без никаква причина од нигде никаде???
 
Сега ми е јасно зашто пред неколку дена ми беше топло и имав покачена температура...
Еве ме настината сум...Имам главоболка, очите ми тежат и гласот ми е засипнат... И грлото ме гребе...

Пред неколку дена исто дојде на братучед ми жена му кај нас на гости и седеше со саати, а беше настината и на секоја минута киваше...Ми беше срам пред неа да отварам прозори и врати и да луфтирам...И најверојатно од неа префатив...
Како можат луѓето да се толку покварени, не ми е јасно...Кога си болен не оди по куќи ебате и други да разболеш... :mad:
 
кои се најчести и најизразени симптоми на систематска кандида,како се дијагностицира,има лекарства за тоа ??
извини што касно одговарам , ама вака сеа кандидијаза е состојба на инфекција со кандида род на габи, клинички најчесто се манифестира со бели наслаг на устата исто кај женските почеста е и се јавува леукореа, која мириса на квасец, најчесто настанува заради нарушување на пХ и микрофлората на вагината, и преовладува кандидата, лекови секако постојат дури може да се јави локализиран косопаст, а од антимикотиците најчесто се употребува канестенот, има амфотерицин, нистатин, кетоназол, реконазол, итн, лесна е за дијагноза и ја има голем број од популацијата така да матичните лекари добро се запознати со оваа проблематика
--- надополнето: Oct 10, 2011 11:42 PM ---
Чувство на растревоженост и неспокојство без никаква причина од нигде никаде???
анкзиозност, ако навистина не можеш да се соочиш со овој голем проблем побарај помош од лекар
 
Се надевам некој ќе може да ми помогне.
Дали знаете каде во Скопје може да се купи Psyllium Husk Powder и Бентонит медицински прав?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom