Dexter

Woofer

I'm a very neat monster.
Член од
21 април 2010
Мислења
854
Поени од реакции
325
Едноставно скоро се од Dexter имам изглеано у HD и сеа не сакам да си расипам импресии со DVDSCR :)
И јас ги имам гледано повеќето во HD, меѓутоа DVDScr е со ист квалитет како и останатите SD епизоди, единствено нешто што ми сметаше е што немаше 5.1 звук, али нестрплив бев морав да ја изгледам. :) Не ми расипа импресии во никој случај.
 
T

Tetro

Гостин
Спиете. Јас ја гледав пред една недела, ама никој не кликнал на линкот кој го оставив, изгледа. :icon_lol:
 
Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Малце каснам...само што изгледав... Dexter thank God you're here!
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Фајнали да ја изгледам. Само мене ли ми се чини или епизодава целава беше посветена на религиозниот моменац (ми се мота у глава дека и целава сезона ќе биде со обреди, култови и религиски срања). Убица и неговиот судир со Господ и дали по дифолт се атеисти. Не ми се свиѓаше сугестијата од продуцентите со оној крст и Исус на рамо кај "хамер " исецканиот квотербек. Почетоков на сезонава ми личи на комбинација од првата и четвртата сезона, али ветува ветува. Нема тука мистерија која лебди у ваздух, заебани фацки се спаринг партнерите на Декстер. Ми се чини дека се игра на карта Декстер и неговиот татко (однос = тичер + ученик) и од другата страна исто така као рефлексија ги имаме овие двајца кои треба да го прикажат Декструс у боље издание и уште повеќе да се добие на големина на неговиот лик и дело. Се на се сега навистина сваќам колку ми фалеше. Одвај ја чекам наредната епизода.

П.с Абе се трудат да внесат малце секс, малце грудима и ногу комика , приметивте?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724

Мое мислење е дека глaвен момент во целата сезонa ќе бидат размислувањата на Декстер за смислата на животот и за тоа што е нaјдобро за Харисон, дали причината што тој е монструм е во тоа што побегнал од било какво верување... Ќе го бара Господ, но речиси сум сигурен дека тоа што до крајот ќе го најде нема да го направи верник. Може и во некои момнти ќе бега од злосторства единствено од причина што ќе се чувствува како грешник и ќе бара покајание. Тешко би се надминала четвртат сезона иако двајцана психопати уште во старт ми се поодвратни од Артур...
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Морам да признам на мојата скала на ликови од серија кои ми се вовлекле под кожа Декстер го дели првото место со Соер од Лост (а мислев дека Соер е незаменлив :)). Толку симпатично скроен лик и такви актерски способности ретко имам видено на големото платно. Освен тоа морам да признам дека иако гледам некои наоѓаат маани на дупки во приказната, јас дефинитивно им давам голема оценка на сценаристите зашто знаат да одржат тензија. Четвртата сезона за мене е една од најдобрите сезони кои некоја серија ги имала досега воопшто. Совршено скроени 12 епизоди со крај кој ме извади од кожа.
Освен тоа го гледав Мајкл и по интервјуа и човекот е феноменално човечко суштество. Преживеа битка со рак и е екстремно позитивен човек. Дефинитвно ме мотивираше да ја симнам Six Feet Under, прво и основно заради својот актерски талент, второ зашто серијава има висок кредибилитет.

Како и да е, шеста сезона започна одлично. Конечно го соочуваат Декстер со Бог и духовноста, нешто што се си мислев порано ќе го направат, ама и онака во сиот овој концепт е неминовно да се помине како прашање. Ќе видиме каков заклучок ќе донесе Декстер. Не знам зошто не ја оставиле старата дадилка на Харисон, прекрасен спореден лик беше.
Првава епизода ме изнасмеа дефинитивно. Масука станува се позабавен, а и Декс исто така.

П.С И не ми ставајте тука торенти. I'm gonna send Dexter to deal with you ;)
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Толку симпатично скроен лик и такви актерски способности ретко имам видено на големото платно.

Освен тоа морам да признам дека иако гледам некои наоѓаат маани на дупки во приказната, јас дефинитивно им давам голема оценка на сценаристите зашто знаат да одржат тензија. Четвртата сезона за мене е една од најдобрите сезони кои некоја серија ги имала досега воопшто. Совршено скроени 12 епизоди со крај кој ме извади од кожа.
Освен тоа го гледав Мајкл и по интервјуа и човекот е феноменално човечко суштество. Преживеа битка со рак и е екстремно позитивен човек. Дефинитвно ме мотивираше да ја симнам Six Feet Under, прво и основно заради својот актерски талент, второ зашто серијава има висок кредибилитет.

Како и да е, шеста сезона започна одлично. Конечно го соочуваат Декстер со Бог и духовноста, нешто што се си мислев порано ќе го направат, ама и онака во сиот овој концепт е неминовно да се помине како прашање. Ќе видиме каков заклучок ќе донесе Декстер. Не знам зошто не ја оставиле старата дадилка на Харисон, прекрасен спореден лик беше.
Првава епизода ме изнасмеа дефинитивно. Масука станува се позабавен, а и Декс исто така.
За болдот: на кино ја гледаше? :)

Другото океј, само би додал дека сценаристите треба да имаат за нијанса поголеми јајца и да се трудат приказната во секоја сезона да не се одвива толку линеарно... рандом убиство, запознавање и опседнтост со "кралицата"-убиец, негово убивање, хепиенд(исклучок 4та).

Да не ме сфатиш погрешно, многу ја сакам серијава и имаш и од мене препорака за Six Feet Under, и би те предупредил дека не е ни малку каква шо очеквиш. :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
За болдот: на кино ја гледаше? :)

Другото океј, само би додал дека сценаристите треба да имаат за нијанса поголеми јајца и да се трудат приказната во секоја сезона да не се одвива толку линеарно... рандом убиство, запознавање и опседнтост со "кралицата"-убиец, негово убивање, хепиенд(исклучок 4та).

Да не ме сфатиш погрешно, многу ја сакам серијава и имаш и од мене препорака за Six Feet Under, и би те предупредил дека не е ни малку каква шо очеквиш. :)
За болдот. Да, до толку е добар што го споредувам со големото филмско платно :) Обично актери кои растураат во серии лошо минуваат понатаму во кариерата затоа што се етикетирани со некој лик, ама се надевам Мајкл С. Хал нема да биде дел од тоа правило.

За сценаристите. Нема серија што нема шаблон, без разлика дали ќе тера две три сезони или десет, Декстер не е исклучок, ама затоа има нешто што ретко која серија го има. Лик кој е доволно интересен да те задржи сам по себе, а да не мораш да чекаш интересни крими случаи. На пример втората сезона со Лајла, да беше со некој друг повеќе од две епизоди немаше да изгледам. Ликот на Декстер ме задржа да ја догледам. За останатите сезони си имам и јас замерки, ама ниедна серија не е совршена.

Кога сме кај Мајкл...
 
Maјкл е класа глумец и јас се надевам дека ќе се пробие во добри филмов и ќе добие внимание какво што заслужил.
Исто така и неговиот лик во серијава е многу јако изглумен, со душа.

Инаку, и јас мислев така дур не ја изгледав Брејкин Бед. Ево денес излезе последната епизода од 4та сезона, не ја имам излгедано и немам ни најмала идеја како би можела да заврши. Лост исто така... итн.

П.С.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.542
Поени од реакции
33.756
Не препорачувам гледање една по друга. Од искуство. Одма после Six Feet Under ја почнав Dexter и никако да се навикнев. Не дека е лош во Dexter, Мајкл е ѕвер, само нијансата во разликите во улогите е преголема и ствара конфузија. Се согласувам со Болиглава околу Breaking Bad. Само што јас ја изгледав, бев до плакар, земав капа и ја спуштив.

Инаку новава епизода од Dexter ми остави далеку поголеми импресии од првата. И мислам дека треба да се навратиме на дискусијата колку језива и јака музика има. Мислам дека тоа ја прави пола од серијата што е. Секоја чест, лазат морници. Друго, ми се допадна што повеќе го вклучија Харисон. Ми се допаѓа правецот, госпо и остало. Мада со новиве негативци, малку ќе е јасен крајот. Ми се допаднаа изненадувањата, со Дебра и слично. Се во се, повеќе од одлична епизода.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.832
Поени од реакции
18.522
За болдот: на кино ја гледаше? :)

Другото океј, само би додал дека сценаристите треба да имаат за нијанса поголеми јајца и да се трудат приказната во секоја сезона да не се одвива толку линеарно... рандом убиство, запознавање и опседнтост со "кралицата"-убиец, негово убивање, хепиенд(исклучок 4та).

Да не ме сфатиш погрешно, многу ја сакам серијава и имаш и од мене препорака за Six Feet Under, и би те предупредил дека не е ни малку каква шо очеквиш. :)
Се слагам со целиов твој пост и пошто веќе почнаа да се прават паралели со Breaking Bad ( иако не би сакал да навалувам со други серии на оваа тема пошто се гледа дека серијава има дајхард фанови кои ќе ме убијат од пцуење), јас само би додал како споредба дека Декстер е приказна која горе доле постојано се прераскажува од различни аспекти или на различни начини, со некои плус - минус елементи. Додека брејкинг бед е приказна која константно тече, понекогаш е спора а понекогаш се случуваат толку работи во една епизода што остануваш со подотворена уста (обично најмалку кога очекуваш). Тоа и дава некој шмек на оригиналност и реалност (богзнае што се десило во финалето, мора да се гледа :) ). Иако пак ќе кажам она што се случи во Декстер 4 та сезона ретко како ме здрмало и изненадило, па може од Фајт Клаб во средно кога го гледав. Иако и прва сезона е доста квалитетна и според мене најтензична и онака баш како јас сметав дека би требало да се одвива понатака оваа серија, со повеќе мистерија и повеќе тензија. Кога би ги рангирал сезоните тогаш тоа би одело вака: 4 та, 1 ва, 2 ра, 3 та и на крај 5 та. Толку вештачки крај немам видено до сега во било која серија (зборам за петтата сезона). Се надевам дека 6 та сезона ќе понуди поголем квалитет, не можам да коментирам пошто ги немам гледано епизодите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom