А бе остајте вие се губела легитимност, да не им се верува, досадно им било... немојте толку наивно да гледате на работите. Да се разбереме, не верувам многу во теории на заговор, ама вакви работи се прават систематски. Зборуваме за официјални организации, може губат легитимитет на индивидуално ниво, ама на глобално ниво и те како имаат влијание.
Се почнува вака невино, потоа одеднаш експерти и психолози ќе вршат тестирања кои наводно ќе ја потврдат тезата и полека со пропаганда незабележливо ќе го создадат црвот на сомнеж и ете така се создаваат предрасуди и стереотипи.
Систематски се уништува душата на човекот, се додека очите на човекот не станат стаклени, а неговиот поглед изгубен во во свемирот, се со цел да стане машина која носи профит и која ќе служи за повисоките цели на моќниците.
Не смее вакви работи да се гледаат невино, треба многу да се внимава. Мене оваа вест ми го расипа целиот ден, толку многу сум се напнала што немам ни зборови да ја опишам мојата напнатост, затоа што иако ќе кажеш а бе глупости што им е на менталниве, за 15 години децата, новите генерации ќе растат со таа пропаганда, така што овие работи не се ни малку смешни. Лично јас почнав да се осеќам како карактер од 1984 на Орвел!
Знам дека пишувам многу напнато, ама не можам посилно од мене е. Ме чепнаа во мојата најслаба и најсвета точка!