Љубовта - ментално растројство според СЗО

  • Креатор на темата Креатор на темата -Sluzbarski-
  • Време на започнување Време на започнување
Za onie sto ne se slozuvaat so temava deka ljubovta e psihicka bolest ne doziveale takvo nesto ili se pravat deka ne e taka . Od licno iskustvo za se mozam da najdam resenie no za toa kolku i da si stabilen nema nemozes da bides vo kolosek....
 
Тоа не ја прави психололошко растројство. Ако се вработиш, ти даваат отказ, паѓаш у депресија, дали работата е растројство?
Имаш фамилија, се рзведуваш, децата не те сакаат??? паѓаш неизбежно во депресија, и тоа многу полоша од раскинување блаблабла...дали и бракот и семејството е растројство.
И на крај, зашто љубовта ја поврзувате само према партнер од спротивен пол???
Ова е чист нонсенс, објективен нонсенс, нема простор за поинакво мислење.
 
I don't want to live on this planet anymore.

Го обезличија човекот, го сведоа на статистика и бројки, му ја одземаа душата, се обидуваат упорно да пропагираат дека љубовта не постои, љубовта е лоша, љубовта е БОЛЕСТ, љубовта е ова, љубовта е она... Упорно се пропагира само и само физичко задоволство, се со цел човекот да стане робот, без чувства, само махинално да ги врши работите и да се размножува само за да има потомство.

Па преку глава ми е од ваков кретенизам, идиотизам, дебилизам. Болни луѓе, уште малце ќе им биде срам на луѓето да се заљубуваат, да не бидат прогласени за шизофреничари.

1984! Ееее мој Џорџ Орвел... Сигурно сега самозадоволно се смешкаш и велиш I told you so!

Не сум јас за ова општество, не сум јас за ова време... Не можам повеќе да ги поднесам овие медиокритети. Ова е страшно, затоа што официјална организација го вели ова, ова е само уште еден огромен чекор кон уништување и деструкција на човештвото. Барем на оној чист и искрен дел.
 
Од 1995 и педофилијата не е веќе болештина, према СЗО...:eek:

Не дека љубовта не знае да поприми чудни форми, према замислени ентитети или пари е по дефиниција болештина, сепак ваква одлука е крајно ретардирана.
Infinite love is the only truth, everything else is illusion.;)
 
истата СЗО прогласуваше пандемии на птичји и свински грип....полека но сигурно ја губи легитимноста
 
Дојде тој ден кога најблагородното чувство стана болест.
Претпоставувам дека дечињата се психопати кога невино ја гледаат мајка си во очи.
Сега треба да ги избегнувам момчето и девојката што искрено се гушкаат.
Може треба да си резервирам некоја соба во Бардовци. Претпоставувам дека ќе има гужва по ова научно достигнување.
 
загрижувачко е што институција како Светската Здравствена Оррганизација сака да пропагира вакво лудо нешто........на каде ли само одиме......
а па ти ако веруваш на се шо пишуваат оние лудине ..
тоа го прават затоа шо не се способни нешто паметно да кажат а и премногу им е досадно се гледа..
 
истата СЗО прогласуваше пандемии на птичји и свински грип....полека но сигурно ја губи легитимноста
а па ти ако веруваш на се шо пишуваат оние лудине ..
тоа го прават затоа шо не се способни нешто паметно да кажат а и премногу им е досадно се гледа..

А бе остајте вие се губела легитимност, да не им се верува, досадно им било... немојте толку наивно да гледате на работите. Да се разбереме, не верувам многу во теории на заговор, ама вакви работи се прават систематски. Зборуваме за официјални организации, може губат легитимитет на индивидуално ниво, ама на глобално ниво и те како имаат влијание.
Се почнува вака невино, потоа одеднаш експерти и психолози ќе вршат тестирања кои наводно ќе ја потврдат тезата и полека со пропаганда незабележливо ќе го создадат црвот на сомнеж и ете така се создаваат предрасуди и стереотипи.

Систематски се уништува душата на човекот, се додека очите на човекот не станат стаклени, а неговиот поглед изгубен во во свемирот, се со цел да стане машина која носи профит и која ќе служи за повисоките цели на моќниците.

Не смее вакви работи да се гледаат невино, треба многу да се внимава. Мене оваа вест ми го расипа целиот ден, толку многу сум се напнала што немам ни зборови да ја опишам мојата напнатост, затоа што иако ќе кажеш а бе глупости што им е на менталниве, за 15 години децата, новите генерации ќе растат со таа пропаганда, така што овие работи не се ни малку смешни. Лично јас почнав да се осеќам како карактер од 1984 на Орвел!

Знам дека пишувам многу напнато, ама не можам посилно од мене е. Ме чепнаа во мојата најслаба и најсвета точка!
 
Симптомите што ги навеле се точни ама за невозвратена љубов а не за врска што супер функционира (освен еден или два симптома) :).

Го испуштиле зборот невозвратена од научниот труд кој и да го правел, ама не ни откриле топла вода.

Ништо ново ништо старо, се знае кои се симптоми кога си заљубен а не ти е возвратено или ти раскинале.

Но со силна обострана љубов овие симптоми врска немаат, барем повеќето од нив освен тој за самодовербата :).
 
А бе остајте вие се губела легитимност, да не им се верува, досадно им било... немојте толку наивно да гледате на работите. Да се разбереме, не верувам многу во теории на заговор, ама вакви работи се прават систематски. Зборуваме за официјални организации, може губат легитимитет на индивидуално ниво, ама на глобално ниво и те како имаат влијание.
Се почнува вака невино, потоа одеднаш експерти и психолози ќе вршат тестирања кои наводно ќе ја потврдат тезата и полека со пропаганда незабележливо ќе го создадат црвот на сомнеж и ете така се создаваат предрасуди и стереотипи.

Систематски се уништува душата на човекот, се додека очите на човекот не станат стаклени, а неговиот поглед изгубен во во свемирот, се со цел да стане машина која носи профит и која ќе служи за повисоките цели на моќниците.

Не смее вакви работи да се гледаат невино, треба многу да се внимава. Мене оваа вест ми го расипа целиот ден, толку многу сум се напнала што немам ни зборови да ја опишам мојата напнатост, затоа што иако ќе кажеш а бе глупости што им е на менталниве, за 15 години децата, новите генерации ќе растат со таа пропаганда, така што овие работи не се ни малку смешни. Лично јас почнав да се осеќам како карактер од 1984 на Орвел!

Знам дека пишувам многу напнато, ама не можам посилно од мене е. Ме чепнаа во мојата најслаба и најсвета точка!

абе те разбирам и мене ме иритира тоа шо секојдневно ни го перат мозокот со глупости секакви... ама не верувам дека ќе допре до некој нормален човек ова... пошо ја лично никогаш нема да поверувам во таквите нивни измислици ... а на моите деца ќе се трудам да им ги отворам очите предвреме и да не допуштам некој си така наречен експерт за бла бла да му го пере мозокот и да му кажува како да мисли што да чуствува како да гледа на некои работи .. пошо нивна цел е ние да затупавиме.. да не го користиме мозокот и да бидеме роботи...
се додека постои бар еден паметен човек на планетава, тоа нема да им успее... среќа наша шо нашиов менталитет е таков па не прифаќаме се туку така, нити веруваме во се шо ќе прочитаме....
 
СЗО го допре дното, се надминаа себеси. Хахаха, баш така би се изнасмеал кога ова би било смешно наместо трагично, земајќи го во предвид влијанието што допрва ваквата смислена пропаганда на СЗО ќе го има врз младите. Уште еден чекор напред на светската политика за губењето на сите човекови вредности и на се она што не прави луѓе. После пропагандата со гриповите мислам дека СЗО треба да наиде на осуда од сите држави во светот и сериозно да се размисли за дискредитација на оваа организација.
 
Тоа не ја прави психололошко растројство. Ако се вработиш, ти даваат отказ, паѓаш у депресија, дали работата е растројство?
Имаш фамилија, се рзведуваш, децата не те сакаат??? паѓаш неизбежно во депресија, и тоа многу полоша од раскинување блаблабла...дали и бракот и семејството е растројство.
И на крај, зашто љубовта ја поврзувате само према партнер од спротивен пол???
Ова е чист нонсенс, објективен нонсенс, нема простор за поинакво мислење.
Pravnice aj definiraj ja ljubovta...
 
Да прашам: знае некој на форумот како може да се делува преку петиции да ја тргнат љубовта од ментално растројство? Ако направиме петиција и ја проширеме некако... ова вака не смее да се остави. Само некој нека го објасни овој процес и колку всушност ќе влијаеш.
 
Pravnice aj definiraj ja ljubovta...
Exactly my point, не може да се дефинира во секој случај е двигател во животот. Која љубов е ментално растројство? Во секој случај, накај што целиш??? Го оправдуваш овој потег?
 
А авторот да дадеше официјален линк од СЗО? Bummer, некому му било досадно изгледа :cautious: Гугл не дава ништо под таа дијагноза, а на линкот од ЗаЗдравје нема апсолутно никаков извор наведено. А, како што ги гледам и другиве статии на сајтот кои не се напишани од нашите доктори, сите се без извор, повеќето ги имам прочитано на англиски (оригиналните статии) и повеќе од пола од работите се испуштени за да изгледаат посензационално. Кој и да им ги уредува овие статии, "секоја чест" за ваквите пропусти. :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom